|
Вести |
Внеси реплика | страница <1 2324252627 61> |
Автор | |||
gonzo
Сениор Мачкозил Регистриран: 04.Декември.2008 Локација: У дневну Статус: Офлајн Поени: 3137 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ih sto ce ima mestenki na ovie dva posledni...
|
|||
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
|||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ренова ќе гостува на Кипар21 јуни 2010, 15:23
Извор: Макфакс
Македонскиот првак Ренова ќе настапи во второто квалификациско коло за Лигата на шампионите. Жрепката одржана денес во Нион, Швајцарија сакаше Ренова да и гостува на Омонија од Кипар. Првиот меч ќе се игра на 13/14 јули, а реваншот на 20/21 јули. Во Уефа евро лигата нашите претставници имаа среќа. Работнички во првиот меч на 1 јули ќе гостува на Луситанс во Андора, а Металург и Карабаг од Азербејџан беа последните тимови останати во шеширот. Металург гостува на првиот натпревар во истиот термин, реваншите се една недела подоцна |
|||
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
|
|||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Мојот Реал ќе игра убаво и ќе победува
Со секој нов ден Жозе Мурињо е сè поблиску до клупата на Реал Мадрид. Остануваат само детали до конечниот договор меѓу Интер и Реал, па Португалецот може уште викендов да биде претставен како нов предводник на "Кралскиот клуб". Во пресрет на официјализирањето на договорот, Мурињо даде интервју за АС во кое ги обелодени своите планови за работата во новиот клуб. ЗА ТРАНСФЕР-ЦЕЛИТЕ... Засилувања во одбраната ќе бидат основните приоритети за Мурињо во Реал. Португалскиот стручњак најмногу би сакал да ги донесе Ешли Кол и Мајкон, но прашање е дали Челзи и Интер се расположени да се откажат од нив. "Сакам тројца или четворица квалитетни дефанзивци затоа што нападот на Реал е доста силен. Вообичаено, моите екипи играат со четворица играчи во одбраната, но со оглед на офанзивната улога на Ешли Кол и Мајкон, можено е да играме со тројца стопери. Мајкон е физичко чудо, поседува огромен квалитет бидејќи е бек што може да постигне шест-седум гола по сезона и тоа не од прекини. Не велам дека не го сакам во Реал", вели Мурињо. Сепак, како што стојат работите, многу поверојатно е понуда да биде испратена до Фабио Коентрао од Бенфика. Интересен е и неговиот соиграч Анхел ди Мариа, кој, сепак, сè уште не е играч на Реал. "Евентуален ангажман на Коентрао е како да сме го купиле бразилскиот Марсело. Би сакал да донесам фудбалер со поинакви карактеристики, но тој бележи огромен прогрес. Што се однесува до Ди Мариа, тој е фантастичен фудбалер, но во слаба лига. Се сомневам дека би имал ист придонес во Примера или во Серија "А". Ако можеме да го донесеме за помала цена, би сакал да го имам во тимот, но не сакам Реал да плаќа астрономска отштета за кој било фудбалер", додаде Португалецот. Тој не крие дека би сакал во својот тим да ги има Милито и Де Роси како искусните Лампард и Џерард. "Како центарфор, Милито има сè што е потребно, но мислам дека тој е фудбалер што влезе во историјата на Интер и клубот нема да сака да го пушти. Речиси невозможно е да го донесеме ниту Де Роси, кој заедно со Тоти е легенда на Рома. Инаку, морам да кажам дека јас сакам фудбалери кои се на залезот на кариерата, на околу 33-34 години. Лампард и Џерард не се толку стари, но се работи за извонредни играчи кои секогаш го даваат максимумот", вели Мурињо. ЗА УБАВИОТ ФУДБАЛ... Мурињо планира да го продолжи својот стил на игра, но и да остави печат на Сантијаго Бернабе кога станува збор за формацијата. "Во средниот ред сакам да играме во формација 'дијамант'. Ако користиме триаголник, можеме во нападот да играме со тројца играчи. Сепак, тоа ќе биде балансиран тим, ќе имаме свој идентитет и нема да имитираме никого. Тешко е да се контролира играта и да се диктира темпо во текот на сите 90 минути, па затоа ќе мора нешто да се жртвува. Сепак, мојот Реал ќе игра убаво, ќе напаѓа и ќе победува", додава Мурињо. ЗА РАУЛ И ГУТИ... Можеби некој ќе рече дека е кукавица, но Португалецот сè уште не е подготвен да влезе во конфликт со некој од милениците на "Бернабе". "Ветераните заслужуваат да бидат среќни, а тоа ќе се случи ако играат во друг клуб или ако имаат некоја функција во клубот каде поминале долго време. Според мене, Гути е веќе заминат. За Раул навистина не знам. Кога ќе дојдам во Мадрид, би сакал да поразговарам со него и да ги слушнам неговите намери", вели Мурињо. ЗА КАКА... "Тој беше повреден долго време и се чини дека во последните месеци ја загуби самодовербата. Сепак, станува збор за еден од најквалитетните светски фудбалери и не гледам пречка наскоро да се врати во својата најдобра форма. Потребно е малку психолошки да се работи со него и сè ќе биде в ред", тврди довчерашниот тренер на Интер. ЗА ШАМПИОНСКАТА ТИТУЛА ВО ПРИМЕРА... "Јас не сум ничиј непријател. Не сум анти-Барселона, анти-Атлетико или анти-Милан. Јас сум фанатик на Интер, а отсега ќе бидат фанатик на Реал. Не сакам да создавам непријател каде и да работам, тоа никогаш не ми била намера. Шпанската лига отсекогаш била атрактивна, а особено тоа се однесува на минатата сезона. Мислам дека Валенсија, Мајорка и Атлетико можат да освојат нешто во следната кампања, но во исто време ќе биде интересно првенство затоа што Барселона веќе донесе едно исклучително засилување и ќе биде посилна од претходната. Јас немам проблем со Гвардиола, го знам долго време, имаме добар однос и многу го респектирам. Сакам да ја освојам титулата затоа што ниеден тренер во историјата нема трофеи од англиското, италијанското и шпанското првенство. Јас сакам да бидам првиот со таков успех и, исто така, прв што со три различни клуба ќе ја освои Лигата на шампионите. Сепак, не можам да допатувам во Шпанија и да кажам дека сигурно ќе станам шампион затоа што со тоа ќе потценам еден клуб како што е Барселона. Само големи клубови освојуваат тројни круни. Ако Реал стане такво нешто, ќе освои тројна круна", вели Мурињо. ЗА ХОРХЕ ВАЛДАНО... "Јас и Хорхе сме комплетно компатибилни. Немам никаква дилема дека добро ќе соработуваме затоа што Валдано бил играч и тренер, а и јас исто така. Спортскиот директор не треба да влегува во соблекувалната и да зборува со фудбалерите. Јас и тој можеме да зборуваме за засилувања и такви работи. Во Интер јас го сакав Карваљо, но Бранка ми рече дека Лусио е подобар и беше во право. Клубот е подобар кога сите функционира добро на сите нивоа", додава трофејниот стручњак. ЗА СВОЈАТА ПОСВЕТЕНОСТ... "На Реал ќе му го дадам она што им го дадов на сите клубови во кои работев досега - апсолутно сè од себе. Мој живот се семејството и клубот во кој работам. Нема да имам многу време да шетам низ Мадрид, да играм тенис или голф. Ветувам комплетна посветеност на работата", заврши Мурињо. Изменето од fiks - 28.Мај.2010 во 10:22 |
|||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ди Мариа прво засилување за Реал
Аргентинскиот репрезентативец и досегашен фудбалер на Бенфика, Анхел ди Мариа е првото засилување за Реал Мадрид и тоа уште пред официјалниот потпис на договорот со Жозе Мурињо. Ваквата информација ја објави португалската радио-станица ТСФ и наскоро се очекува официјална потврда од клубот. Неверојатно звучи сумата која "кралскиот клуб" ја плати за 22-годишен крилен играч - 40 милиони евра иако постои опција дел од тие пари да се исплатат со размена на играчи. Во комбинација се Езекиел Гарај и Ројстон Дренте кои треба да покријат дел од сумата, а дел да се плати во готово. Ди Мариа имаше договор со Бенфика до 2015 година, а зад себе има сезона во која оствари дури 12 асистенции во португалското првенство. Тој е еден од најголемите таленти на аргентинскиот фудбал откако вниманието врз себе го навлече со одличните настапи на Олимписките игри во Пекинг пред две години. Со Бенфика сезонава ја освои двојната круна во португалскиот фудбал и клубот од Лисабон сега има можност добро да профитира од него. Наводно, "зелено светло" за неговиот трансфер дал и самиот Мурињо кој долго време е негов фан. Неофицијално, во следниот период Реал ќе се обиде да го ангажира и фудбалерот на Севиља, Хесус Навас кој минатата сезона беше еден од најдобрите играчи на андалузискиот тим. Втор на листата на желби е соиграчот на Ди Мариа од Бенфика, Фабио Коентрао. Засега не се спомнува кои играчи од актуелниот кадар би можеле да си заминат, но има понуда од 32 милиони фунти од Челзи за Карим Бензема. |
|||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Мурињо ќе го чини Реал 80 милиони евра
Можеби екипата на Реал не освои ниту еден трофеј оваа година, но постојат области во кои е беспрекорна. Кога во прашање е трошењето пари, Реал е убедливо на првото место. Претседателот на Реал, Флорентино Перез минатата сезона за засилувања издови околу 300 милиони евра, а сезоната ја заврши како и претходната, со празни раце. Но, никој никогаш не потрошил 80 милиони евра на тренер. Поголемиот дел од оваа сума е наменета за плата. Мурињо веќе е најплатениот тренер на светот со годишна заработка од 9,5 милиони евра. Уште ако се додат и платите на неговите помошници, на што годишно одат околу 5 милиони евра, за четири сезони, се добива сума до 60 милиони. Останатото отпаѓа на трошоците на неговото ангажирање. За неговата отштета е потребно да се издвојат 8 милиони евра. Од друга страна, договорот на Пелегрини важи и за следната сезона, а тој е вреден 8 милиони евра. На тоа се додава и платата на асистентите на Пелегрини, за конечно да се добие износ од 80 милиони евра. А што се однесува до засилувањата за Реал за следната сезона, Мурињо планира во Мадрид да ги донесе најголемите ѕвезди на Челзи и Ливерпул. Подготвен е да го опустоши и Интер. Португалецот кој следните денови и официјално ќе стане тренер на Реал, планира да испрати понуда за Дидие Дрогба, Франк Лампард, Ешли Кол, како и за Торес и Жерард. "Сан" исто така наведува дека Мурињо ќе добие 100 милиони евра за засилувања. Во наводите уште се вели дека Португалецот од Интер ќе се обиде да ги ангажира Снајдер, Милито и Цезар. |
|||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|||
computer
Сениор Патриот Регистриран: 25.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 504 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Интеееееер! Шампиони! Горан Пандев! Како што вели фикс нека му е со среќа титулата и секоја чест за Македонското знаме.
|
|||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
А со Интер и Горан Пандев.
Нека му е со среќа титулата,го прошета и Македонското знаме,секоја му чест |
|||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Победи Интер
|
|||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Виља е првото засилување за Барселона
Шпанскиот репрезентативец и довчерашен фудбалер на Валенсија, Давид Виља од утре официјално ќе биде член на шпанскиот првак Барселона, објави клубот на својата интернет-страница. Таквата информација ја потврди и претседателот на Валенсија, Мануел Љоренте, кој додаде дека трансферот на 28-годишниот напаѓач изнесува 40 милиони евра. Договорот на Виља со Барселона ќе биде со времетраење од четири години и можност за продолжување на уште една. Виља денеска ќе отпатува за Барселона каде утре наутро ќе ги мине медицинските прегледи и потоа ќе стави потпис на договорот. Официјалното претставување е закажано за в петок, во 13:30 часот по средноевропско време. "Профилот на Виља целосно одговара на играта на Барселона. Има сличен стил на игра со Меси бидејќи може да игра како централен напаѓач, но да делува по крилните позиции. Најважно од сè е што е доста искусен, може да отвора слободен простор и да користи длабински топки од плејмејкерите", изјави спортскиот директор Чики Бегиристаин, кој последните три дена ги помина во преговори со раководството на Валенсија. Виља и лани беше интересен за Барселона, но раководството на Валенсија тогаш не сакаше да го продаде, односно бараше пет милиони евра повеќе од она што го нудеше каталонскиот клуб. И тогаш, а и сега е јасно дека Ел Че има финансиски проблеми кои ќе се обиде да ги реши со продажбата на Виља, како и Силва и најверојатно Мата. "Го продадовме Виља за 40 милиони евра. Како што е познато, тој трансфер можевме да го реализираме и лани, но тогаш заклучивме дека е најдобро да го задржиме актуелниот играчки кадар и да обезбедиме место во Лигата на шампионите. Ја исполнивме таа цел, а Виља притоа многу ни помогна. Сметаме дека со неговата продажба завршивме добра работа, нужна и за финансиската ситуација во клубот", рече претседателот на Валенсија, Љоренте. Нема сомнение дека Виља ќе биде огромно засилување за Барселона, поголемо дури и од Златан Ибрахимовиќ, кој лани дојде на Ноу Камп за двојно поголема сума. Станува збор за најдобриот стрелец од последното Европско првенство и фудбалер кој во последните шест години постигнал најмногу голови во Европа. Ел Мундо Депортиво изброи 122 на 201 натпревар и зад него ги оставил Самуел Ето (120), Диего Форлан (120), Диего Милито (119), Фернандо Торес (99), Златан Ибрахимовиќ (96), Вејн Руни (91) и Дидие Дрогба (84). Никогаш во овие шест сезони немал под 15 гола во сезона, но му недостасува признанието за стрелец на годината во Примера. Најблиску до тоа беше во 2006 година, но тогаш Ето постигна еден гол повеќе. Виља сега ќе може да се насочи на настапите на Светското првенство во Јужна Африка каде со шпанската репрезентација ќе се обиде да ги обедини европската и светската круна. За "фуријата" има 36 гола и е најблиску до рекордот на Раул кој има 44. Што се однесува до Барселона, овој трансфер најверојатно значи дека од Ноу Камп заминува Ибрахимовиќ иако претседателот Лапорта изјави дека е задоволен од неговиот придонес. Анри е само прашање на време кога ќе го официјализира трансферот во САД, па конк*ренција на Виља ќе му остане Кркиќ. Трансферот на Виља во Барселона е само најава за возбудливиот летен преоден рок во Шпанија кој може да биде интересен како и ланскиот. Неверојатни 94 мил. евра за Руни Англиските медиуми вчера објавија речиси неверојатна информација дека Барселона ќе понуди 94 милиони евра за фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни. Англискиот репрезентативец се спомнуваше како засилување за каталонскиот тим уште во текот на сезоната, но цифрата која сега се спомнува за негов трансфер на Ноу Камп е изненадувачка за сите навивачи на Барселона. Според Дејли Експрес, зделката за Руни е главен адут на Сандро Росел во претседателската трка која својата кулминација ќе ја доживее на 13 јуни. |
|||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|||
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Семејството Глејзер одбило понуда за купување на Јунајтед вредна 1,5 милијарди фунти...
Во последно време актуелни си ’Црвените Витези’ група на богати фанови на Манчестер Јунајтед кои се подготвени по крајот на сезоната да достават понуда за превземање на клубот.
Но според медиумите од Англија, семејството Глејзер веќе одбило многу побогата понуда од онаа што ’Црвените Витези’ ја подготвуваат. The Guardian вели дека конзорциум од Средниот Исток далеку од будното око на јавноста доставил понуда од 1,5 милијарди фунти за превземање на Манчестер Јунајтед. Весникот вели дека до семејството Глејзер пристигнале уште неколку тајни понуди вредни над 1 милијарда фунти но Американците ги одбиле сите понуди. Се верува дека семејството Глејзер планира да остане во клубот од Олд Трафорд уште 10 години. Ваквите вести сигурно ќе бидат голем удар за ’Црвените Витези’, чии активности се јавни и се подготвени по крајот на сезоната да достават понуда од 800 милиони фунти за превземање на Манчестер Јунајтед. Магазинот Форбс неодамна го сметси Јунајтед на врвот на листата на најбогати клубови и престижниот бизнис магазин го процени клубот на околу 1,19 милијарди фунти. Понудата на концорциумот од Средниот Исток, што пристигнала до семејството Глејзер кон крајот на минатата година била повисока за 300 милиони фунти од проценката на Форбс но очигледно и тоа не е доволно за Американците да заминат од Манчестер. ....24 FUDBAL ....
|
|||
aLbaneso
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 27.Септември.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 933 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Српско списание го претставува Пандев како Бугарин
Македонската фудбалска ѕвезда Горан Пандев повторно побугарчен- овој пат тоа го стори српското спортско списание Моцарт што го издава истоимениот ланец обложувалници. Во редакцискиот коментар на списанието со намера или поради целосна неинформираност, Пандев е претставен како бугарски играч во редовите на италијанскиот шампион. Интересно е тоа што редакцијата не направила други грешки при претставувањето на националната припадност на остатокот од тимот на Интер. Да биде скандалот уште поголем, примероците од ова списание се продаваат и во спортските обложувалници Моцарт во Македонија. |
|||
Љаеш НЕ касаш !
|
|||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Леонардо си заминува, Милан бара нов тренер
Претседателот на Милан, Силвио Берлускони, вчера призна дека актуелниот тренер Леонардо на крајот од сезоната ќе ја напушти својата позиција и на негово место ќе биде ангажиран друг стручњак. Судбината на Бразилецот извесно време беше тема број еден во италијанските медиуми и многумина шпекулираа дека по само една сезона ќе дојде до разделба меѓу Милан и Леонардо. Причина за тоа беа лошите резултати во првенството, раната елиминација во Лигата на шампионите и фактот што Милан помина уште една сезона без трофеј. "Да, Леонардо си заминува. Работиме на ангажирање на нов тренер. Кој ќе биде тоа? Разговараме со неколку луѓе. Леонардо беше многу тврдоглав, а екипата играше мошне лошо оваа сезона", додаде првиот човек на Милан и актуелен италијански премиер. Кориере дело спорт тврди дека главни кандидати за наследник на Леонардо се некогашните фудбалер на Милан, а сега функционери во клубот Мауро Тасоти и Филипо Гали. Тасоти во моментов му е прв помошник на Леонардо, а Гали е дел од стручниот штаб. Леонардо, пак, подолго време се спомнува како нов селектор на Бразил на местото на Дунга кој најави оставка по Светското првенство во Јужна Африка. |
|||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Летна "чистка" во Челзи
Менаџерот на Челзи, Карло Анчелоти, планира да се ослободи од седум фудбалери во летниот преоден рок без разлика дали ќе ја освои титулата или не и на нивно место да ангажира нови. На оваа листа се наоѓаат голманот Хиларио, потоа дефанзивците Паоло Фереира, Белети и Мансиен, кој моментално игра во Вулверхемптон како позајмен фудбалер, како и халфовите Деко, Михаел Балак и Џо Кол. Последните двајца ќе станат слободни фудбалери на крајот на сезоната, а на нивното место Анчелоти планира да купи двајца квалитетни играчи, а ќе прекомандува и неколку играчи од младинскиот погон. Деко е блиску до враќање во Бразил, за Џо Кол се интересираат Реал Мадрид и Барселона, додека, пак, за Фереира "се загреани" Спортинг и Порто, а се шпекулира дека нова ѕвезда на Стемфорд Бриџ би бил Алесандре Пато. |
|||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|||
Внеси реплика | страница <1 2324252627 61> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |