|
Враќање на инквизицијата! |
Внеси реплика | страница <1 2223242526 27> |
Автор | ||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Бидејќи ме остави без зборови, се што ќе надополнам на горекажаното е еден голем аплауз
Ретко се сложувам со Ateist, ама кога ќе се сложам, тоа е сложување до даске
|
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
протестот немаше никаква врска со религија или политика, едноставно борбата беше против архитектонското нагрдување на градот, затоа паролата беше „не го силувајте Скопје“, да беше против црквата ќе беше „не градете црква“, црквата беше само прв објект на удар како сеуште незапочнат, да не беше крваво спречен протестот ќе се проширеше и кон другите објекти кои допрва не чекаат
а ако толку ја сакате својата религија, изградете по една црква онаму кај што нема, а има христијанско население, довршете ги недоизградените, обновете ги и актуелизирајте ги веќе постоечките!!! мислам дека далеку подобро решение |
||
размисли пред да напишеш глупост
|
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Златник... не си во право.
Прво - не го оправдувам контра-протестот во никој случај. Неколку пати се изјаснив доволно јасно. Второ - прашањето ми беше - ЗОШТО беше протестот? До сега има десетина различни одговори, што наведува на мислата дека е политичко средство, а не граѓанско. Познавајќи лично дел од организаторите и учесниците - сигурен сум во тоа. Но тоа е мое лично видување. Уште нешто - референдумот е средство на народот, а не на власта! Власта не е таа која треба да бара референдум, туку народот! Референдум се реализира во два случаи. Прво - кога власта предлага нешто, со што голема група на граѓани не се согласува и преку референдум бара демократски да се изјасни мнозинството. Второ - кога владата не предлага нешто што е од јавен интерес, па група граѓани бара референдум, за да ја задолжи (обврзе) власта да го спроведе тоа барање во закон. Тоа се практичните примени на референдумот. Тоа е алатка со која НАРОДОТ се служи. И повторно - прашањето не е за МПЦ, за Изгрев, за веронаука во училиштата, за една или друга партија... прашањето е за конкретната црква која треба да се гради на конкретниот плоштад. На коментарот дека не треба со народни пари да се прави тоа - убаво реков - токму затоа има референдум. Има уште поголема група на граѓани која смета дека не треба со народни пари да се прават спортски сали. Уште поголема која смета дека со народни пари не треба да се градат театри, дека не треба да се гради атомска централа, термо-електрана, итн итн итн... секогаш, што и да се предложи, има една поголема или помала група на граѓани која не е согласна со тоа. И исто толку голема или помала група на граѓани која е согласна. Доколку на противниците на идејата навистина им е битно да се слушне нивниот глас - граѓанското општество нуди јасен, брз и многу едноставен механизам. Се додека се продолжува со мешањето на бабите и жабите на едно место - нема ништо да се смени, затоа што не е јасно што тоа чини, што не, против кого, кој и како се буни. |
||
Do what is right, come what may...
|
||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Па токму таа одредена група сакала да се изјасни така, со мирен протест да го искаже своето незадоволство од градењето објект (црква) на тој дел од градот и во тоа беа спречени од друга група јуришници на МПЦ & Со кои „случајно“ се нашле таму. А за тоа што на неколку поста спомнуваш референдум - тоа е работа на власта , а не на некоја одредена група луѓе. Таа до сега требала да спроведе таков референдум за народот да се изјасни, бидејќи оваа идеја не е од вчера. Но, не го прави тоа. Зошто? Се плаши од неприфаќање? Ќе се сруши концептот (идеологијата) на владата за насилно наметнување на верата во општественото живеење? Како поинаку да се протолкуваат постапките на оваа влада со воведувањето на веронауката во училиштата, со градењето на цркви на секој чекор и тоа во строгите центри на градовите (уште една таквва е во изградба во центарот на Велес. Незнам за во другите градови, но претпоставувам дека и таму има слични работи), со воведување верски празници како државни празници... Очигледно е дека кај нас се измешаа баби и жаби, бидејќи политичарите се бават со верски активности, а свештениците со бизниси (Изгрев, „манастирскиот“ комплекс на прота Стојко (тој свештеник што беше на лице место на плоштадот и што даваше изјава) во с. Теово, близу Богомила ... Во право си за индолентниот однос на некои од нашиве верници со некритикувањето или оградувањето од овие немили настани. Дури некои од нив и го оправдуваат! |
||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||
nelson
Сениор НАИВЕН НА МАЈКА Регистриран: 11.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 6313 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
se se znae..ama sto vredi...sekoj si go tera svoeto.
|
||
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
|
||
Ateist
Сениор Регистриран: 01.Јуни.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 757 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Под бр 1. Протестот бил уредно најавен, без разлика кој стои зад него и кој се учествувал, дали се архитекти, наркомани, хомосексуалци.... потполно е неважно
СЕКОЈ има СО ЗАКОН ЗАГАРАНТИРАНО право да го искаже своето мислење под бр 2. Некој со насилство и контрапротести КОИ ШТО НЕ СЕ НАЈАВЕНИ им го забранува правото на искажување на јавно мислење. Кој тие луѓе ги повика на таканаречен „контрапротест“ и по кој повод, и кој дозволи два протеста во исто време и на исто место??? Нели е ова симптоматично??? се знае кој е организаторот, тајфата на 10 до 2 (читај Енџи) Изменето од Ateist - 30.Март.2009 во 00:35 |
||
Да бидеш верник е исто како да си слеп, а да раскажуваш за светлината (Атеист)
|
||
Fotina
Нов член Регистриран: 28.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 20 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Читај погоре...и ние сме против секакво насилство...јас кажав дека ми е жал што тие што се тепаа не покажаа љубов...
Се извинувам |
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Како типично македонска карактеристика е мешањето на баби и жаби...
Почнувајќи од повиците на организаторите на првиот протест, до организаторите на контра-протестот, па се до коментарите на овој форум. Првин, треба да се одговори на прашањето: Зошто беше организиран протестот? Што е неговата (официјална) цел? Односно - дали е заради побуна против архитектонското нагрдување на градот? Ако е така, тогаш би сакал некој да објасни, што тоа ќе се нагрдува - Стоковната Типо, преубавиот влез на Трговскиот Центар или пак прекрасната зграда на ЕСМ? Дали е побуна против изградба на црква воопшто? Ако е така - зошто тоа не е формулирано на тој начин и зошто не се поведе референдум во врска со тоа. Механизмот за референдум е премногу едноставен - ако некој навистина сака нешто да направи во врска со ова, може да провери дали навистина има поддршка од граѓаните за таа своја идеја. Беше спомнато дека не треба да се прави тоа со парите на граѓаните... се согласувам, но исто така - тоа е работа која може да се реши референдумски. Дали е побуна против тоа што една партија го форсира градењето на црквата? Ако е така - тогаш е невкусно да се прави меѓу два круга на избори и сосема неадекватно. Дали овој протест на младите архитекти (повеќето од организаторите на протестот не се архитекти, но тоа е друга тема) кои се загрижени за убавината на градот е ист како протестот против затворањето на плоштадот со тараби, против градењето на огромното здание среде градскиот парк, како протестот против ужасните дивоградби кои никнуваат низ градот на секој чекор, како протестот против новиот предлог за зграда на Драмски Театар? За жал не е... затоа што за сите овие други работи немаше протести. Така што - да престанеме со мешањето на баби и жаби. Ако некој има против нешто конкретно - нека се изјасни така. А "верниците" тука кои го поддржуваат градењето на црквата, нека ви е вам на чест (или на срам!) некритикувањето на употребата на сила. |
||
Do what is right, come what may...
|
||
Fotina
Нов член Регистриран: 28.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 20 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
jas znam deka tie sto go izrazile svoeto mislenje so peenje na crkovni pesni,i pravenje na litija......bea od crkvata.....sigurno.... i ne tepaa nikogo
АМА КОЈ ДА ГО СФАТИ ОВА!!! |
||
aladin
Сениор Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2043 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
jas znam deka tie sto go izrazile svoeto mislenje so peenje na crkovni pesni,i pravenje na litija......bea od crkvata.....sigurno.... i ne tepaa nikogo
drugata grupa na lugje koja se prikluci na crkovnata.......pokasno i vleze vo fizicka presmetka....so onie koi se predstavuvaa kako civilizirani i akademski gragjani-studenti(videte ja i taa grupa na sto vi lici) patem-a koi pocnaa so provokaciite i fizickiot sudir.......,posebno licnosta koja davase izjava na tv(poznat uzivatel na opojni sredstva)....mislam deka poveke nosese partiski predznak celata situacija.--za zal.....no onie koi se sobraa od crkvata odgovorno tvrdam deka nezemaa nikakvo ucestvo vo tepanjeto........namerata im bese da pokazat deka ima lugje koi sakaat tuka da se gradi hram........ |
||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
И јас се сложувам со KINGDAVID и со неговиот пријател монах дека во Македонија има премногу цркви и манастири (самите православни се фалат дека имаат околу 2000!!!), а јас искрено верувам дека бројот на православните верници што ги знаат основните начела на верувања на православната вера не достигнува ни половина од таа бројка (ниту 1000!) Тоа значи дека имаме по 2 храма на 1 вистински православен верник, додека другите се само палачи на свеќи, националисти, етнофилетисти, декларативни верници кои сметаат дека ако си македонец си по дифолт и православен (затоа што инаку би бил албанец-муслиман ) и како што видовме вчера - рекетарска крстоносна служба за сузбивање протести.
Факт е дека, освен за големите православни празници, православните храмови се речиси ПРАЗНИ и во нив може само да се забележи движењето на ѓаконите, клисарите и сл.
Факт е дека центарот на Скопје нема потреба од уште еден храм, бидејќи Соборниот храм е на 5-10мин одење од плоштадот, и тој е доволно празен за да ги прими сите оние православни верници кои имаат потреба од храм.
Оттука јас не гледам причина зошто би се трошеле овие ненаменски пари од буџетот на македонците (буџет кој исто така се полни и од џебовите на атеистите, муслиманите и верниците на другите неправославни верски заедници).
Дали тука станува збор за паганската вера на античките македонци?
Македонија во уставот е дефинирана како СЕКУЛАРНА земја, а тоа значи дека државата е комплетно одвоена од сите верски заедници (и од католичката црква, и од православната црква, и од исламската заедница, и од еврејската итн итн од СИТЕ верски заедници)
Значи Македонија не е православна земја, туку СЕКУЛАРНА! Нека ви влезе ова во вашите уши веќе еднаш! Изменето од EvAngelos - 29.Март.2009 во 15:05 |
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ме радува што има верници како авторот на овој цитиран пост, како Мајкл, Месинџер ... Сите други кои ги оправдуваат овие насилства, па макар и во името на некој си нивен бог, треба да се засрамат и да се покајат. Доколку се навистина верници а не декларативно. Верувам дека тие насилници (кои себе си се претставуваат како верници) кои спречија одредена група луѓе (без оглед дали се студенти, архитекти, па нека се и припадници на некои политички партии, ...) ја немаат прочитано ниту библијата, а не пак да се свесни што претставува верата. Едноставно тие се квази „СА“ одреди на МПЦ и некои други структури. Овие постапки само ќе предизвикаат од атеисти да станеме антитеисти. Дали во иднина сите македонци мора да веруваат во нивниот бог и тоа само затоа што (можеби) се побројни? Дали ако и понатаму си останеме на своето неверување во бог (што од страна на некои полуписмени и заведени умови кои не се способни сами да размислуваат, сосема погрешно се поистоветува со некакво комуњарство), ќе ни’ суди судот на инквизицијата? Тоа беше главното прашање на оваа тема и затоа оваа се постави токму овде во вероисповед. |
||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
http://www.sitel.com.mk/?ItemID=246DECCCB1C1F243BC8B0F15748F4B75
Тука може да го погледнете дневникот на Сител со видеоматеријал од терен и коментари - па нека секој сам процени колку птотестот на “архитектите“ е независен - погледнете го видеото...
|
||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Иако часовникот се промени а мене многу ми се спие - мислам дека ти и твојот пријател МОНАХ да започните да идете у џамија и таму ќе најдете доста народ - притоа не е лошо да си ги измиете нозете - онака за вас во недела нема народ во храмовите. идете у џамија - ГИ ИМАМ МНОГУ ДИВОГРАДБИ НИЗ СКОПЈЕ!!!
Видете тука како вашите пријатели “студенти“ ПРОТЕСТИРААТ, И како тој дечко со зелен блузон провоцира... http://www.youtube.com/watch?v=0lDXuM52BQo видетеги ПАРТИСКИТЕ ВОЈНИЦИ - СЕ ПОЗНАВААТ ОД КИЛОМЕТАР (комуњар до комуњар)
На што личи ова - на распуштена банда без команда - уствари има команда - бандата комунистичка. Па нормално е да си го добие секој шо провоцира. Крајна сметка тие протестираат против Македонија организирани од екипата и кујната на СДСМ - ТОА И СЛЕП ЧОВЕК МОЖЕ ДА ГО ВИДИ. http://www.youtube.com/watch?v=FSqIlnsNxe8&feature=related
Се разбира најголема медиумска подршка имат од антихристијанската телевизија на В.Рамковски - на кого му напишав: Ако него многу го боли за Македонија и ако тој е МАКЕДОНЕЦ - нека си ја врати старата дедовска вера, нека ја врати верата на неговиот дедо во неговото семејство - па ТОГАШ НЕКА ГО “БОЛИ“ ЗА МАКЕДОНИЈА!!!
Тука има еден клип од “СТАРО СКОПЈЕ“ - многу добро се гледа кај бил црквата - крајна сметка ние треба да се запрашаме КОЈ ЈА УНИШТИ АРХИТЕКТУРАТА НА СКОПЈЕ? Кој сака Скопје да е ШКУПИ - како што во моментот е извесно кај нашите соседи и луѓето од светот... Дали СКОПЈЕ Е МУСЛИМАНСКИ ГРАД?
Дали некој се од СТУДЕНТИТЕ АРХИТЕКТИ се побуни против АЛБАНСКАТА КУЌА СРЕДЕ СКОПЈЕ - (мајка тереза) - е драги браќа ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ДЕКА ТАА ЌУЌА ВО СВЕТОТ Е ПОЗНАТА КАКО СТАРА АЛБАНСКА КУЌА - а дали е така? - АРХИТЕКТИ ОДГОВОРЕТЕ!!!
Нешто што тука било пред 50 години СЕГА СО ПОМОШ ОД БОГА - ПАК ЌЕ БИДЕ!!!
Со нас е Бог - разберете народи и покорете се - зашто со нас е БОГ!
И ке ве молам - досадни се коментарите од типот: - како христијни шират агресија, како верниците да тепаат “невини студенти“; тоа не е христијански ... и слични работи...
Значи за тоа се разбравме дека НИКОЈ НЕ ЈА ОПРАВДУВА АГРЕСИЈАТА- најмалку црквата.
Крајна сметка - тоа е протест за МАКЕДОНИЈА - и никој ме му пишува на ЧЕЛОТО ДАЛИ Е ВЕРНИК ИЛИ НЕ!!!
Поголем дел од народот кај контрапротестантите тука беа дојдени за МАКЕДОНИЈА. Кажав еднаш и ќе повторам - не можи во Македонија, македонци да протестираат против Македонија - тоа другите нама да го дозволат
ЦРКВАТА Е СИМБОЛ НА МАКЕДОНИЈА И НАРОДОТ - Секој родољубец ја брани својата татковина - ТУКА НЕ СТАНУВА ЗБОР ЗА ВЕРНИЦИ - НЕВЕРНИЦИ!
Ова не е демократија - АРХИТЕТИ - ТРЕБАШЕ ЗА МНОГУ ДРУГИ РАБОТИ МНОГУ ОДАМНА ДА СЕ СЕТИТЕ И ДА ИЗЛЕЗИТЕ НА УЛИЦА - А НЕ СЕГА - ЗА ПАРТИСКИ ЦЕЛИ!!!!
НЕКА ВИ СЛУЖИ НА ЧЕСТ!!!! Изменето од Tetratka - 29.Март.2009 во 12:00 |
||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
||
Внеси реплика | страница <1 2223242526 27> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |