|
Што се случува со нашето образование? |
Внеси реплика | страница <1 2223242526 28> |
Автор | |
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
да,до ученикот е
ама истиот тој ученик секоја година земаше прво место по историја и Македонски и литература... многу е важно и каков пристап има професорот кон ученикот не мила,не е секогаш проблемот во ученикот некогаш и професорите не се начисто што сакаат |
|
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
|
pagane
Сениор Регистриран: 21.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 13044 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
па има разлика во тоа дали си ученик во основна или во средна школа...се пак се полагат и испити за влегуване во стручните училишта.
тоа што изискуваниjата во Гимназиjа се по големи како и очекуваниjата не прават учителите убиици на желбата за учене...вистинската желба и амбициjа за докажуване и утврдуване не може да биде сломена од една 1. не е само до учителот...наJ веке е до ученикот. |
|
kejt-d-grejt
Сениор Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Синот на наши пријатели додека растеше беше сметан за вундеркид
не беше бубалица со сите петки, ама тоа што му лежеше го учеше со сласт, без тоа да го побараат од него во школо, тој сам земаше дополнителна литература и ги забавуваше гостите со интересни историски факти во шесто одд неговиот есеј доби прва награда на општинско ниво ( татко му цела година го чуваше на шанк од што беше горд) арно ама.... се запиша во гимназија... и... кога го прашав какви му се отценките на тромесечие, се запрепастив по македонски за состав на писмена добил 1 и уште професорката го нарекла неписмен а историја има едвај 3 не можев да поверувам му викам, како бе дете, па ти колку многу сакаше да учиш па вика, ,, ех, тетка К..., па која е целта на нашето образование - да ти ја убијат желбата за учење,, Изменето од kejt-d-grejt - 22.Август.2009 во 22:59 |
|
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
lilica... дали ти си слушнала дека има "ученици" кои... не сакаат да одат во училиште.. а не па да учат... а со сила не можеш да му дадеш некого... нели... можеш само да му земеш... а ако твоето дете е слаб ученик, или тепа професори... прво вината да ја побараш во себе и тоа како си го воспитала... а не да ја префрлаш кај некој друг... (иако, рака на срце, познавам еден куп родители кои мислат дека родителската должност треба да ја превземе училиштето, па после цацко е виновен...) и на крај... а бе зборуваме за училиште... не за медицинска установа која дава психолошки терапии и лечи од беснило... Изменето од којсумјас - 22.Август.2009 во 20:20 |
|
ato
Група Регистриран: 08.Декември.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 76 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Браво Лилица, такви како тебе го водеа образованието до сега и затоа сме на ова дереџе.
Да те информирам дека веќе долго време нема училишта за деца со слабо развиени ментални способности. Сите се на едно место и гнилото и шупливото и она талентираното. Училиштата поради таквите рзмислувања веќе се градинки за големи деца. Таквите родители ги воспитуваат така децата и тие не ги почитуват своите учители и ги тепаат, а ако учителот има бенифициран стаж заради загрозеност на работното место тогаш може поинаку да дискутираме. Зошто родителот грешката од своето воспитание ја префрла кај учителите. Ако вие едно дома не можете да го воспитате што да им прави учителот на 30 така разгалени родители и деца. Едноставно ставај петки и четворки и глава да не те боли. Прашајте се дали училиштата се воспитни, образовни или какви други институции. Кога ќе рачистите со тоа тогаш можеме да полемизираме околу тоа. А сега во ова време со овие современи средства за едукација и комуникација верувај дека училиштата се помалку можат да ја исправат грешката на родителите, кои секогаш се паметни како вас и се знаат и се можат па дури и оценките на своите деца да ги диктираат преку телефон. Ај доста е сега за оваквото ваше размислување. |
|
lilica
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 548 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
За натепаната професорка од Драчево имаше во медиумите овие денови. Од информациите што се пласирани во врска со ова неможам да оценам крив или прав учесник во случувањата.
Зошто детето да има толку единици? Кога на мое дете би му се случило нешто слично, мислам на слабиот успех, ќе барам отчет од училиштето. Тоа е виновно што детето не научило! Ако со лекарско уверение детето е запишано како способно да следи настава во редовно школо, значи треба да има најмалку добар успех. Како заработило единици? Зошто педагозите и псохолозите не превзеле мерки да се префрли во специјално училиште за деца со посебни потреби! Или инспекторите да презеле нешто во врска со стручноста на професорите. Има секакви луге и секакви деца, затоа се студира на Педагошка, за да се знае како да се пренесе знаење а не да се казнува со ниски оцени! професорот е ДОЛЖЕН да го научи детето, сам да најде соодветен метод, а не да оценува што научил , сам дома. Што добива општеството ако детето се испише или казни на друг начин? Ќе се зголеми бројот на луге без образование........Терет за државата, за сите нас.......Дури родителит треба да го тужи училиштето што го довело детето во таков стадиум, да не може да се контролира и да е бесно.......Не ја оправдувам натепаната, а ученикот е сепак сеуште дете. ........Најголем број деца имаат во своите оделенија соученици на кои им се пишуваат високи оцени заради статусот или роднински врски, заради тоа децата на понемоќните родители се одлучуваат на радикални мерки - физичка пресметка со претпоставен, сакајки со тоа да го свртат вниманието кон себе, па макар за миг да се популарни!.............Жалосно! .......Такво образование незнам на кого му користи? .......На матурата просек три!!!!........Срамно! |
|
Кој бара ќе најде.
|
|
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ученикот ќе биде казнет со...
укор пред исклучување... слабо поведение... и под итно ќе биде префрлен во некое друго училиште... (тоа заради социјалните, хуманите и општите состојби во нашето општество..) каде, во новото училиште нели, ќе биде дочекан... како херој... и на мира ќе може да ја продолжи кариерата како... тепач на професори... а зошто да не... кога кај нас образованието, или поточно некои образовни установи... повеќе личат на социјално - воспитно - поправни домови... но што да правиш... ние сме најлиберална, најдемократска, најхумана држава... на целата планета...Марс.. Изменето од којсумјас - 21.Август.2009 во 17:10 |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не многу, само
Ученик ја претепал професорката Да видиме сега просветниот инспекторат дали ке даде наложба ученикот да си продолжи со учење а професорката правдата да ја бара на суд или ке наложи под хитно бркање од училиште без право на упис во друго училиште. Навистина, што се случува во нашето образование? |
|
ato
Група Регистриран: 08.Декември.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 76 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Атвоето школо да не личи на КОЛДИЦ.
|
|
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
1. релативно голем процент на неквалитетен стручен кадар...на педагошки факултет се запишуваат студенти кои немаат квалитет за ваква одговорна работа...се потепуваат од препишување на испити додека асистентите и професорите се прават дека не гледаат, а истите тие (професори и асистенти) подоцна се најгласни кога треба да се критикува наставниот кадар...
2. наставната програма и учебниците ги пишуваат луѓе кои немаат два дена земено дневники во рака, не па одржано час.. исти вакви ги полнат фотељите во Министерство за образование - луѓе кои немаат никаква допирна точка со праксата... 3. неуедначен критериум на оценување, кој се базира на субјектина проценка и субјективен критериум на поединечни наставници... 4. неможност за реално казнување на проблематичните ученици, поради низа причини - пријателски, партиски и социјални.. ќе дообјаснам за социјални- ај пиши му двојка и не го бркајте од училиште инаку ќе остане на улица и ќе стане криминалец, вака (демек) му даваме шанса во животот... а истите тие што спаѓаат во наброените категории во текот на годината ги малтретираат (понекогаш и физички), заебаваат и понижуваат наставниците, а на крај година им се смеат у фаца...каков углед да има тогаш било кој наставник...??? 5. општа ерозија на моралот и етичките вредности... "кул" е оној кој учи, другите се мета на исмејување.. 6. прифаќање на амерички систем на образование, кој не се грижи за мнозинството, но е така дефиниран да бара лидери, ставајќи ги другите во втор план... |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Interesna analiza vo Dnevnik od poranesen visok funkcioner vo MON. Ocigledno mnogu aspekti od rabotata vo obrazovanieto se nepoznati za mnogumina i zatoa polesno e da kritikuvaat odkolku da dadat pridones.
Neosporen fakt e deka ni slucajno ne moze da se sporeduvaat ucilistata bidejki uste na samiot start pri upis na ucenici - pojdovnata tocka ne e ista. Koga bi se napravila edna sporedba na uspehot so koj doshle ucenicite vo edno ucilishte koe ima visok rezultat na znaenja i edno so niski oceni ke se dobie duri deka ovie vo strucnoto pokazale podobri rezultati.
|
|
ato
Група Регистриран: 08.Декември.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 76 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Има многу да се пишува и да се збори за образованието и тоа само кој направи поголема штета од Министрите.
Извинете квази Министрите. Последниот Министер за образование во Макаденија е проф. Бајалџиев. После него сите беа се само не Министри. А најмногу го уништи образованието г-ѓата Министер Емилија Симовска. Таа го донесе Законот во кој ги исфрли сите институции а апсолутна власт си даде самата себе и на останатите нејзини следбеници кои беа се само не и Министи за образование. Таа ја внесе политиката во образованието и со тоа го уништи образованието. А сегашното дете од Министер кој и лектирите не ги има прочитано како ученик ептен ќе го докусури по препораките од неговиот овчар. За крај еден приговор на ученик кој по партиска директива го пишува родителот и се жали оти неговото дете со девет негативни оценки не ја земал годината туку напротив го оставале професорите кои биле сите од СДС. Само 9 единици имало сирото дете од вкупно 11 предмети со се музичко и физичко. Сега на сцена стапува МОК и ќе ја смени директорката оти не ги воспитала наставниците на детето да му ставаат двојки само за тоа што неговите родители биле членови на ДПМНЕ. Препорака. Да ги поделиме и училиштата на СДС-овски и ДПМНЕ-овски. |
|
Buggyman
Сениор Регистриран: 26.Јуни.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1308 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Секако дека сите знаеме за неквалитетниот образовен систем, но на големиот дел од нашата популација таквиот систем на образование одговара, ...ОПППП... од детски јасли на пратеничко место...ОПППП од студенстски протести на некое партиско место...ОПППП од уличен галамџија до “директорско“ место...и.т.н. Кој е како нас, треба да сме пример во светот... |
|
Homo homini lupus est...
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ocigledno deka site znaeme sto se slucuva ama i ocigledno e deka nikoj ne znae kako da ne se slucuva.
Premnogu eksperimenti, premnogu obidi no nikako vistinskite. Sekoj sekogo osuduva za neuspehot i slabite rezultati na ucenicite, za nemanjeto standardi i kriteriumi, za obemnite programi, za nekvalitetnite ucebnici, za malite plati na nastavnickiot kadar, za izgubeniot (naruseniot ) ugled na prosvetarite za politizacija na obrazovanieto i za mnogu ZA. Образованието незрело за матура |
|
Внеси реплика | страница <1 2223242526 28> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |