Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
чаир
Сениор
Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 05.Мај.2008 во 10:28 |
Преподобен Теодор Сикеот
Место на
неговото раѓање е селото Сикеа, заради што го нарекоа Сикеот. Уште како
десетгодишно момче се предаваше на тврд пост и сеноќна молитва, по
примерот на некој старец Стефан, којшто живееше во неговиот дом.
Неговата мајка Марија беше богата вдовица и сакаше својот син да го
посвети на воената служба. Но во сон ѝ се
јави Св. Георгиј и ја извести дека Теодор Му е наменет на служба не на
земниот туку на небесниот Цар. Св. Георгиј многупати му се јавуваше и
на самиот Теодор или за да го поучи или за да го спаси од некоја
опасност во којашто би западнал од злобните демони. Имаше и неколку
виденија на Пресвета Богородица. Неговиот подвиг со суровоста ги
надминуваше подвизите на сите живи подвижници на неговото време. Телото
си го измачуваше со жед и глад и со железни вериги и сеноќно стоење на
молитва. Сѐ само за да ја врзе душата со
љубовта кон Бога и да ја направи господарка над телото. На неговата
љубов милостивиот Господ одговори со љубов. Му подари голема моќ над
нечистите духови и над сите болести и маки човечки. На сите страни се
прочу како чудотворен исцелител. Заради големата чистота и духовност и
покрај неговата волја беше избран за епископ Анастасиополски. На
епископската служба помина единаесет години, а потоа Го измоли Бога да
го ослободи од таа служба за повторно да му се посвети на својот омилен
подвиг. Потоа се врати во својот манастир, каде што на старост Му ја
предаде својата душа на Господ заради Кого драговолно многу страдаше.
Се упокои во почетокот на царувањето на царот Ираклиј, околу 613
година.
Светиот маченик Леонид
Таткото на Ориген. Пострада за Христа во Александрија во 202 година.
Најпрво со царски указ му го одзедоа сиот имот, а потоа го осудија на
смрт. Ориген му пишуваше на својот татко во затворот: „Не грижи се за
нас и не го одбегнувај мачеништвото заради нас“ (т.е. заради децата).
Преподобниот монах Виталиј
Во времето на патријархот Јован Милостив се појави еден млад монах
којшто штом дојде состави список на сите блудници во Александрија. Дење
се грабаше да ги работи најтешките работи, а ноќе одеше во домовите на
блудниците, ги даваше парите на некоја блудница и со неа ќе се
затвореше в соба цела ноќ. Штом ќе се затвореа Виталиј ќе ја замолеше
жената таа да легне да спие, а тој во аголот на собата цела ноќ ќе ја
поминеше молејќи се на Бога за таа грешница. Така ќе ја сочуваше да не
греши барем една ноќ. Наредната ноќ ќе отидеше кај друга, третата кај
трета и така сѐ дури не ги изредеше сите, а
потоа почнуваше од почеток. По неговите совети многу од овие жени го
оставија својот валкан занает и едните се омажија, други отидоа во
манастир, трети тргнаа да работат чесно за својот леб. На сите овие
жени Виталиј им забрануваше да објавуваат зошто оди кај нив. Заради ова
тој стана соблазна за цела Александрија. Луѓето на улица го навредуваа,
го плукаа, а и го тепаа. Но тој трпеливо поднесуваше сѐ,
покажувајќи ја својата добродетел пред Бога, а криејќи ја од луѓето. За
него се дозна дури кога умре. На неговиот гроб почнаа да се случуваат
многу чудесни исцеленија; народот од разни страни почна да ги донесува
своите болни на гробот на Свети Виталиј. Плукан од луѓето, придоби
слава од Бога од Кого ништо не е сокриено.
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
чаир
Сениор
Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 03.Мај.2008 во 16:46 |
Преподобен Теодор Трихина
Цариграѓанин и син на богати родители. Како млад ги остави родителите,
домот и богатството и се насели во еден пустински манастир во Тракија.
Таму се предаде себеси на најтешки подвизи. Спиеше на камења - за да
има помалку сон - постојано одеше гологлав и се облекуваше во една
наметка од кострет, заради што и го нарекоа „трихин“ што значи
„кострет“. Заради ова големо самоизмачување за спасението на душата,
Бог му подари голем дар на чудотоврство и за време на животот и после
смртта. Се упокои мирно околу 400 година. Телото му се покажа
мироточиво.
Преподобен Анастасиј Синајски
Игумен на Синајската Гора. Долго време беше монах кај славниот игумен
Св. Јован Лествичник, а по неговата смрт самиот стана игумен. Освен тоа
што беше голем подвижник, беше и благоглаголлив писател на житија на
Светиите, а и на други поучни списи. Водеше жестока борба против т.н.
еретици акефалити (безглавници), коишто го одрекуваа Четвртиот
Вселенски Собор во Халкидон. Се упокои во длабока старост во 685
година.
Блажениот Анастасиј Синаит патријарх Антиохиски
Беше монах на Синасјката Гора кога го избраа за антиохиски патријарх во
времето на царот Јустинијан. На таа положба го воздигна неговата
добродетел, чистотата на животот, големата духовна ученост и тврдата
вера. Но царот Јустинијан падна во докетската ерес, против којашто
остро станаа цариградскиот патријарх Евтихиј и овој блажен Анастасиј.
Царот го прогони Евтихиј, а сакаше да го гони и Анастасиј, но не можеше
да му најде никаква замерка на животот. Пред смртта царот Јустинијан се
покаја и го врати на престолот патријархот Евтихиј, но неговиот
наследник Јуст врз основа на некои клевети го прогони Анастасиј. Помина
во прогонство дваесет и три години, а во времето на царот Маврикиј
повторно го вратија на престолот. Управуваше со Црквата Божја уште шест
години и својот земен пат го заврши во 599 година.
Блажениот Григориј патријарх Антиохиски
По народност Ерменин. Игумен на манастирот Фаран под Синајската Гора.
Кога блажениот Анастасиј беше протеран од престолот, Григориј и покрај
неговата волја беше поставен за патријарх антиохиски. Многу пофално за
него пишува и блажениот патријарх Софрониј во својот Лемонар. Се
одликуваше со особено милосрдие, особено кон грешниците. Се упокои во
Господ во 593 година.
Светиот апостол Закхеј
Најпрво беше цариник и грешник, но кога Господ го виде качен на дрво во
Ерихон (Лука 19, 1 - 9), влезе во неговиот дом, а ова го приведе Закхеј
кон покајание. Подоцна тој го придружуваше апостолот Петар, којшто го
постави за епископ на Кесарија Палестинска, каде што верно му послужи
на Евангелието и мирно се упокои.
Преподобен Атанасиј Метеорит
Роден во 1310 година. Се подвизуваше на Света Гора. Го устрои познатиот
манастир Метеор во Тесалија. Имаше голем дар на проѕорливост и
чудотворство.
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
Noor4ever
Група
Регистриран: 17.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 74
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 03.Мај.2008 во 00:21 |
Zidarski ti blagodarama na objasnuvanjeto.
sepak da znaes deka sum seriozna, deka stvarno me intresira ova rabota
pozdrav
|
|
zidarski
Сениор
Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 02.Мај.2008 во 23:35 |
Уште нешто - Ѓурѓовден е всушност празникот Св.Вм.Георги и се празнува на 6-ти Мај. Денот како ден, нема некоја посебна поента, се одбележува светец, како и во секој друг ден, само што некои луѓе го празнуваат како семејна слава, а Ромите го празнуваат како национален празник... но, ни во едното, ни во другото нема религиозни побуди...
|
|
zidarski
Сениор
Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 02.Мај.2008 во 23:33 |
Има конкретни критериуми за тоа кој може да се прогласи за Светец, кој за Маченик, кој за Преподобен и слично... тоа зависи од нивното дело додека биле живи. Идејата е токму во тоа што тие не биле обични луѓе, а луѓе кои биле далеку попосветени на Бога и на народот и помагале и со Божја помош вршеле чуда или слично (има различни работи).
Во конкретниот пример - не мислам дека е Црквата таа која сака да го прогласи Тоше за светец... Тоа беше идеја дадена од некои луѓе, веднаш по неговата смрт, кога цела Македонија го жалеше и одговорот на Црквата беше дека ќе го разгледа неговиот живот и дело... што беше одговор на место, за ниту да се повредат чувствата на оние кои жалеа по него, ниту да се даде одговор без да се знаат сите факти.
Ако сериозно те интересира конкретна информација, мислам дека е попаметно да се обратиш на Премин Портал и да им пишеш писмо, ќе ти одговорат (иако бавно одговараат), со конкретни критериуми и податоци...
|
|
Noor4ever
Група
Регистриран: 17.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 74
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 02.Мај.2008 во 22:39 |
A Gjurgjov den koga se slavi?
What is the point of this day gjurgjov den?
Koklu sto jas znam hrsitijanite sekoj den imat po nekoj praznik odnosno slavat po nekoj svetec,
stvrano bas me intresira ova zosto sekoj den nekoj svetec ginel ili se macel, i op posle stanal svetec.... Od kade poteknuva taa ideja od obicen covek da stane svetec?
I sto uslovi treba da ispolni eden covek za da stane svetec? I kako moze covek od krv i meso, gresnik da stane svetec? kako sto e slucajot so Tose Proeski kade i pravoslavanata crkva se zalaga da go proglasi Tose za svetec?Zar lugje toj ne bil normalen kako site nas, gresnik, spiel, piel, jadel, se zabavuval, imal devojka?Zar svetcite ne trebat da bidat bezgresni, posebni, daleku od site zemski raboti?
Ova mi e nesfatlivo, ako moze nekoj neka mi objasni
pozdrav
Изменето од Noor4ever - 02.Мај.2008 во 22:49
|
|
чаир
Сениор
Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 02.Мај.2008 во 10:20 |
Преподобен Јован Ветхопешчерник
Се подвизуваше во т.н. Ветха Пешчера или Лавра на Харитон Велики во
Палестина. Бидејќи со сето срце, со сиот ум, со целата своја душа Го
возљуби Христа, од младоста почна да патува по Светите места и да ги
слуша поуките и советите на светите луѓе. Најпосле се насели во
Харитоновата пештера, каде што се предаде на тврд подвиг минувајќи ги
деновите и годините во пост, молитва и бдеење, непрестајно помислувајќи
на смртта и учејќи се на смирение. Смртта го најде како добро созреан
плод и го внесе во Рајот. Поживеа и се упокои во 8 век.
Светите маченици Христофор, Теона и Антонин
Тројцата беа млади офицери кај царот Диоклецијан. Кога беше мачен
Светиот великомаченик Георгиј, тие ги гледаа неговите маки и чудата што
се извршија при тој настан. Кога го видоа сето тоа, излегоа пред царот
и храбро го исповедаа името на Господ Исус. За ова беа подложени на
големи маки и најпосле фрлени во оган, каде им изгореа телата, а душите
им заминаа во вечната радост на Господ. Пострадаа чесно во Никомидија
во 303 година.
Свети Трифун патријарх Цариградски
Царот Роман, а тој владееше со Византија во почетокот на 10 век, имаше
син Теофилакт на возраст од шеснаесет години кога умре патријархот
Стефан. Царот сакаше да го возведе за патријарх својот малолетен син,
бидејќи го имаше заветувано на духовна служба, но се засрами да го
направи тоа. На патријаршискиот престол седна Свети Трифун, прост но
чист и благочестив старец. Трифун остана на престолот три години. Кога
царскиот син влезе во дваесеттата година, царот намисли по секоја цена
да го тргне Трифун од престолот, а да го постави својот син. Божјиот
светител Трифун не сакаше доброволно да си оди од престолот не заради
нешто друго, туку затоа што сметаше за голема соблазна толку млад човек
да се возвиси на таква одговорна и тешка положба како што е
патријаршиската. Тогаш со сплетка на еден зол епископ измамија од Свети
Трифун потпис на чиста хартија и над потписот во царскиот дворец ја
напишаа божемната оставка на патријархот, којашто царот ја објави. За
ова настана голем смут во Црквата, зашто народот и свештенството стоеја
на страната на Божјиот човек Трифун. Тогаш царот насилно го тргна Свети
Трифун и го испрати во манастир, а својот син Теофилакт го воздигна за
патријарх. Свети Трифун поживеа во манастирот како подвижник две години
и пет месеци и се упокои во Господ во 933 година.
Преподобниот маченик Агатангел
Од Тракија. Служеше кај Турците и тие насилно го потурчија во Смирна.
Како покајник се замонаши во манастирот Есфигмен на Света Гора. Мачен
од совеста посака со својата крв да си го измие гревот. Отиде во Смирна
и таму им ги покажа на Турците крстот и иконата на Христовото
Воскресение. Го убија на 19 април 1819 година, во деветнаесеттата
година од неговиот живот. По смртта му се јави жив на својот духовник
Герман.
Преподобен Симеон Босиот
Се подвизуваше на Света Гора и кратко време беше игумен на Филотејскиот
манастир. Ги утврдуваше христијаните во верата и во многу балкански
краишта се прослави со чудотворство. Одеше бос и затоа го нарекоа
Босиот. Се упокои во Цариград.
Источен Петок - Балаклија
Се слави во петокот на Светлата седмица.
Во Цариград во V век, во близина на таканаречената „Златна Порта“
постоело место полно со кипариси и чинари, уште одамна посветено на
Пресвета Богородица. Во шумичката постоел извор, исто така одамна
познат како источник на чуда. Со текот на времето местото обраснало со
грмушки, а водата исчезнала во калта. Само влажноста на земјиштето
навестувала дека постои извор.
Еднаш војникот Лав Маркел минувајќи низ тоа место наишол на
беспомошен патник, слеп човек кој го беше загубил патот не можејќи да
се снајде. Лав му помогнал да се врати на патеката, и го одведел
човекот, ослабен заради истоштеноста, под сенка да се одмори, а тој,
пак, тргнал во потрага по вода за слепиот. Одеднаш слушнал глас кој му
велел: „Лав, не барај вода некаде далеку. Таа е тука блиску.“ Лав,
вчудоневиден од таинствениот глас, почнал да бара наоколу, но вода не
можел да најде. Додека стоел така, натажен и замислен, истиот глас
повторно му се обратил: „Цару Лав! Појди во сенката на шумичката,
нацрпи од водата што ќе ја најдеш таму и подај му од неа на жедниот.
Стави му врз очите од калта во изворот. Тогаш ќе узнаеш Која сум Јас,
Која е Таа што толку долго време го благословува ова место. Набргу ќе
ти помогнам да подигнеш тука црква со Моето име и на сите што ќе
притекнат овде и со вера ќе Ме повикаат ќе им бидат услишани молитвите
и потполно ќе се исцелат од нивните болести“.
Лав поитал кон назначеното место, зел кал од изворот и ја ставил врз
очите на слепиот, давајќи му и вода да се напие, и на овој веднаш му се
вратил видот. Без водач тој пристигнал во Цариград, славејќи ја
благодатта на Пресветата. Овој настан се случи за време на цар Маркијан
(391-457).
Царот Маркијан го наследил Лав Маркел (457-473). Тој го запамтил
јавувањето на Пресветата и наредил изворот да се исчисти од тињата;
изградиле насип за да се оддели овој од другите извори во близината, а
водата ја затвориле во голем тркалест камен базен, над кој изградиле
црква посветена на Пресвета Богородица.
Царот Лав го нарекол изворот „Животодавен Извор“, зашто таму била објавена чудотворната благодат на Пресветата.
Стотина години по Маркијан, владеел царот Јустинијан Велики
(527-565), човек длабоко посветен на православната вера. Многу време
тој страдал од водена болест, не наоѓајќи помош кај лекарите и сметајќи
се себеси веќе за осуден на смрт. Еднаш на полноќ тој слушнал глас:
„Ти, цару, нема да оздравиш сѐ додека не се
напиеш од Мојот извор.“ Царот не знаел за кој извор му зборувал гласот,
та паднал во очајание. Тогаш, дента, Богородица му се јавила велејќи
му: „Стани, цару, појди до Мојот извор и напиј се од него, па ќе бидеш
здрав како порано.“ Болниот ја послушал Пресветата Владичица. Го нашол
изворот, се напил од неговата вода и наскоро му се повратило здравјето.
Во близина на црквата изградена од Лав, благодарниот цар подигнал нова
велелепна црква, каде што подоцна бил основан голем манастир.
Во петнаесеттиот век царскиот град паднал во рацете на муслиманите.
Прочуената црква на Животодавниот Извор била уништена, а градежниот
материјал бил употребен за изградба на џамија на султанот Бајазит.
Местото каде што порано стоела црквата било покриено со земја и кршен
камен, така што и од самите нејзини темели немало трага. Прекрасната
околина била претворена во муслимански гробишта. Турската стража,
поставена при урнатините на црквата, им забранувала на христијаните не
само да се собираат на тоа место, туку дури и да пријдат таму.
Со текот на времето забраната станала не толку строга и на
христијаните им било дозволено да направат малечка црква на тоа место.
Но, во 1821 г., и таа била урната, а самиот извор бил затрупан. И
повторно христијаните ги расчистиле урнатините, го откопале изворот и
повторно црпеле вода од него. Дури и при овие остатоци од некогашното
величествено свето здание, Пресветата, како и порано, со Својата
благодат им помагала на оние што притекнувале при Неа. Подоцна, меѓу
скршените парчиња кај еден од прозорите била пронајдена, веќе
полураспадната од времето и влагата, плоча на која биле запишани 10
чуда што се беа случиле при Животодавниот Извор меѓу 1824 и 1829 година.
За времето на владеењето на султанот Махмуд, православните добиле
малку слобода за извршување на богослужбите. Тие го искористиле ова да
подигнат, по трет пат, црква над Животодавниот Извор. Во 1835 г., со
големо велелепие, Вселенскиот патријарх Константин, во сослужение со 20
епископи и во присуство на мноштво верници, ја осветил црквата којшто и
до ден денес стои. Во близина била изградена болница и прифатилиште за
сиромашни. Дури и муслиманите зборуваат со голема почит за
Животодавниот Извор, како и за Богородица, Која преку него ја излева
Својата благодатна моќ. „Голема меѓу жените Света Марија“, вака тие
зборуваат за Пресветата Дева. Водата од Животодавниот Извор ја
нарекуваат „вода на Светата Марија“.
Невозможно е да се наведат сите чуда источени од Животодавниот Извор
преку кои беше излеана благодат врз цареви, патријарси, врз големци
како и врз обични луѓе. Силата на благодатта до денешен ден дејствува
преку изворската вода. Таа сила лично ја имаат доживеано не само
православни христијани, туку и католици, Ерменци, па дури и Турци.
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
чаир
Сениор
Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 30.Април.2008 во 10:05 |
Светиот свештеномаченик Симеон епископ Персиски
Во времето на злочестивиот цар Савориј или Сапор, Симеон беше мачен за
Христа заедно со неговите двајца презвитери, Авделај и Ананија. Пред
нив пострада и царевиот евнух Устазан, којшто прво се одрече од Христа,
а потоа трогнат од прекорот на Свети Симеон повторно пред царот ја
исповеда вистинската вера. На губилиште заедно со Симеон беа изведени
уште илјада христијани. Симеон некако се протна за да може да биде
убиен последен, зашто сакаше да ги храбри другите докрај за ниеден од
нив да не се поколеба од страв пред смртта. Кога презвитерот Ананија ја
положи главата на трупецот, со целото тело затрепери. А царевиот
пристав, Фусик, кој беше потаен христијанин, почна да го храбри Ананија
велејќи: „Не плаши се, старецу, затвори ги очите и биди мажествен, за
да ја видиш Божествената Светлина!“ Штом го изговори тоа, го повикаа
како христијанин и го обвинија кај царот. Царот го уби во големи маки и
него и неговата ќерка, девицата Аскитреја. Најпосле го убија и Свети
Симеон, откако прво го испрати своето стадо на оној свет. Следната
година на Велики Петок беше убиен и царевиот омилен евнух Азат, а со
него илјада други верници. Тогаш царот пожали за својот евнух и го
запре натамошното убивање на христијаните. Сите чесно пострадаа за
Господ Христос во 341 или 344 година.
Свети Акакиј епископ Мелитински
Се подвизуваше во својот роден град ерменска Мелитина. Епископот на тој
град, блажениот Отриј, којшто учествуваше на Вториот Вселенски Собор,
го ракоположи за презвитер. После смртта на Отриј епископ стана Акакиј.
Учествуваше на Третиот Вселенски Собор во Ефес, кој го осуди
Несториевото злохулство кон Пресвета Богородица. Овде заедно со Св.
Кирил Александриски тој многу ревнуваше за чистотата на православната
вера. Свети Акакиј имаше голема благодат од Бога и вршеше многубројни
чуда. После долг и ревносен живот во Христа мирно се упокои во 435
година.
Свети Агапит папа Римски
Испратен од готскиот крал Теодот кај царот Јустинијан во Цариград за да
го одврати од поход против Готите. Патем тој исцели еден нем и слеп. Во
Цариград помогна во утврдувањето на Православието и се упокои во 536
година.
Преподобните Саватиј и Зосим
Основачи на подвижничката обител на Соловецкиот остров во Белото Море.
Во таа Соловецка обител се прославија многумина големи светители. Свети
Саватиј се упокои во 1435 година, а Зосим во 1478 година.
|
|
|
|
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
чаир
Сениор
Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 27.Април.2008 во 10:16 |
Свети Мартин Исповедник папа Римски
Во времето на јаросната расправа на православните со еретиците
монотелити, на 5 јули 649 година беше посветен за папа. Тогаш царуваше
Констанс II, внукот на Ираклиј, а цариградски патријарх беше Павле. Со
цел да се воспостави мир во Црквата самиот цар ја напиша книшката
„Гипос“, којашто многу им погодуваше на еретиците. Папата Мартин свика
собор од сто и петмина епископи, на којшто оваа царева книшка беше
осудена. Во исто време папата му напиша писмо на патријархот Павле,
молејќи го да ја држи чистата православна вера и да го посоветува царот
да ги остави еретичките мудрувања. Ова писмо ги разлути и патријархот и
царот. Затоа царот испрати во Рим еден војвода Олимпиј, за да го доведе
римскиот папа врзан во Цариград. Војводата не се дрзна да го врзе
папата, туку наговори еден војник да го убие со меч в црква. Но кога
влезе војникот со скриениот меч во црквата, одеднаш ослепе. И со
Божјата Промисла Мартин ја избегна смртта. Во она време пак, Сарацените
напаѓаа на Сицилија и војводата Олимпиј замина за Сицилија и таму умре.
Тогаш со сплетка на патријархот-еретик Павле, царот испрати друг
војвода, Теодор, за да го врзе и да го доведе папата под обвинение дека
тој, папата, стои во дослух со Сарацените и дека не Ја почитува
Пресвета Богородица. Кога војводата стаса во Рим и го прочита
обвинението против папата, овој одговори дека тоа е клевета, дека
самиот нема никаква заедница со Сарацените коишто се противници на
христијанството, „а оној што не ја почитува Пречиста Богородица и не Ја
исповеда и не Ѝ се поклонува, да биде
проклет и на овој и на оној век“. Ова не ја измени одлуката на
војводата. Тој го доведе папата врзан во Цариград, а таму Св. Мартин
мошне болен лежеше во затвор, мачен и исцрпуван со глад, додека
најпосле не го осудија на прогонство во Херсон, каде што поживеа две
години и издивна заради Господ во 655 година. Две години пред него умре
во покајание Павле. И кога царот го посети пред смртта, тој ја заврте
главата на другата страна и заплака исповедајќи дека многу грешеше
против папата Мартин. Пред смртта Павле го молеше царот да го ослободи
Светиот папа Мартин.
Светите маченици Антониј, Јован и Евстатиј
Сите тројца беа прво незнабожци и поклоници на огнот. Беа слуги на
дворецот на литовскиот кнез Олгард во Вилна. Порано се нарекуваа:
Круглец, Кумец и Нежило. Сите тројца ги крсти свештеникот Нестор. Ги
обесија еден по друг на ист даб во 1347 година. Овој даб христијаните
го исекоа и изградија црква во слава на Пресвета Троица. Во таа црква
ги положија моштите на мачениците, а на трупот од дабот ја направија
Чесната Трпеза. Нивните мошти се во Вилна.
Светиот маченик Ардалион Глумец
Прво беше артист комедијант. За развеселување на народот најпрво играше
улога на маченик за верата и на сите можни начини ги исмеваше
христијаните. Но кога настана гонењето на христијаните во времето на
Максимијан, тој наполно се измени во духот. Гласно извика пред народот
дека е христијанин и за ова го изведоа на суд. Пострада врзан за
усвитена железна леса и така ја одигра својата вистинска и чесна улога
на маченик.
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
чаир
Сениор
Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 27.Април.2008 во 03:59 |
Воскресение Христово 27/04/2008
Откако слугите на првосвештениците израилски
го фатија Исус и Го предадоа на Пилат со барање да биде распнат, а Пилат за да
им угоди конечно така и пресуди иако не Му најде вина, Господ пострада со смрт
на Крст. Висеше меѓу двајца разбојници, од кои едниот Го похули а другиот Го
прослави, спасувајќи се со ова себеси за живот вечен. Во оној страшен миг
неговите ученици се разбегаа како што Самиот им предрече; освен апостолот Јован
Заведеев и мајка Му под Крстот, малку подалеку стоеја и неколку жени коишто
последните години Му служеа со своите имоти. Покрај Него тогаш немаше други,
освен непријателите и минувачите во неверие. Евангелието подробно пишува за
смртта. Потоа Јосиф од Ариматеја, кој Му беше ученик, се осмели и го побара од
Пилат телото за да го погребе. Го положија во еден нов гроб којшто Јосиф го
имаше скроено во карпа. Го затворија влезот со камен и заминаа. За
воскресението дознаа во мугрите во неделата, кога оние верни жени појдоа со
миризливи масла на гробот за да Го помазаат телото, кое не Го најдоа. Веста ја
прими прва Марија Магдалина и побрза да им јави на апостолите и тие не ѝ поверуваа. Петар и Јован самите се
стрчнаа до гробот и го најдоа каменот одвален, а од телото лежеа оставени само
повоите. По ова, кога се собраа заедно во куќата, Исус им се јави и разбраа
дека воскреснал. Но им го отвори умот и за да ги разбираат Писмата. Им се јави
и на Лука и Клеопа додека одеа во Емаус, но не Го препознаа веднаш. Срцата им
гореа на сите.
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
чаир
Сениор
Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 22.Април.2008 во 08:52 |
Светите апостоли Иродион, Руф, Асинкрит, Флегонт и Ермиј
Сите беа од Седумдесеттемина апостоли. Св. апостол Павле ги спомнува во
своите Посланија. „Поздравете го“, им пишува Павле на Римјаните, „мојот
роднина Иродион“ (16, 11). Иродион пострада од Евреите многу како
епископ Неопатарски; го биеја со стапови по главите, со камења по
усните, го бодеа со ножови. И кога го оставија како мртов, Свети
Иродион стана и продолжи да им служи на апостолите. Во Рим му помагаше
на Св. апостол Петар. Го убија заедно со многумина други христијани
истиот ден кога беше распнат Петар. Свети Агав имаше пророчки
дух. Во Делата Апостолски се спомнуваат неговите две пророштва. Прво,
прорече голем глад по сиот свет, кое и се случи во времето на кесарот
Клавдиј. И второ, кога во Кесарија се сретна со апостолот Павле којшто
одеше за Ерусалим, Агав го зеде Павловиот појас, си ги врза себеси
рацете и нозете, велејќи: „Вака вели Светиот Дух: човекот чијшто појас
е ова вака ќе го врзат во Ерусалим Евреите“ (Дела 21, 11). Свети
Руф беше епископ во Тива Јудејска. И него го спомнува апостолот Павле:
„Поздравете го Руф, избраниот во Господ“ (Рим. 16, 13). Беше епископ во
Ирканија азиска. Свети Флегонт, кој се спомнува на истото место, беше епископ во тракискиот град Маратон. Свети Ермиј спомнат со останатите, беше епископ во Далмација.
Сите тие како пчели Христови го разнесуваа медот на Евангелието по
разни краишта, страдајќи многу за љубовта Христова. Сите се преселија
во вечното царство на љубениот Христос.
Свети Нифонт, епископ Новгородски
Се одликуваше со голема ревност во изградбата и поправката на црковните
храмови и со голема храброст во спротиставувањето на силните кнезови.
Тринаесет дена пред смртта му се јави Св. Теодосиј и му ја навести
близината на неговото преминување во оној свет. Се упокои во 1156
година.
Свети Келестин, папа Римски
Голем ревнител на православната вера. За време на Третиот Вселенски
Собор напиша послание против еретикот Несториј. Се упокои мирно во 432
година.
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
чаир
Сениор
Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 21.Април.2008 во 10:26 |
Светите апостоли Иродион, Руф, Асинкрит, Флегонт и Ермиј
Сите беа од Седумдесеттемина апостоли. Св. апостол Павле ги спомнува во
своите Посланија. „Поздравете го“, им пишува Павле на Римјаните, „мојот
роднина Иродион“ (16, 11). Иродион пострада од Евреите многу како
епископ Неопатарски; го биеја со стапови по главите, со камења по
усните, го бодеа со ножови. И кога го оставија како мртов, Свети
Иродион стана и продолжи да им служи на апостолите. Во Рим му помагаше
на Св. апостол Петар. Го убија заедно со многумина други христијани
истиот ден кога беше распнат Петар. Свети Агав имаше пророчки
дух. Во Делата Апостолски се спомнуваат неговите две пророштва. Прво,
прорече голем глад по сиот свет, кое и се случи во времето на кесарот
Клавдиј. И второ, кога во Кесарија се сретна со апостолот Павле којшто
одеше за Ерусалим, Агав го зеде Павловиот појас, си ги врза себеси
рацете и нозете, велејќи: „Вака вели Светиот Дух: човекот чијшто појас
е ова вака ќе го врзат во Ерусалим Евреите“ (Дела 21, 11). Свети
Руф беше епископ во Тива Јудејска. И него го спомнува апостолот Павле:
„Поздравете го Руф, избраниот во Господ“ (Рим. 16, 13). Беше епископ во
Ирканија азиска. Свети Флегонт, кој се спомнува на истото место, беше епископ во тракискиот град Маратон. Свети Ермиј спомнат со останатите, беше епископ во Далмација.
Сите тие како пчели Христови го разнесуваа медот на Евангелието по
разни краишта, страдајќи многу за љубовта Христова. Сите се преселија
во вечното царство на љубениот Христос.
Свети Нифонт, епископ Новгородски
Се одликуваше со голема ревност во изградбата и поправката на црковните
храмови и со голема храброст во спротиставувањето на силните кнезови.
Тринаесет дена пред смртта му се јави Св. Теодосиј и му ја навести
близината на неговото преминување во оној свет. Се упокои во 1156
година.
Свети Келестин, папа Римски
Голем ревнител на православната вера. За време на Третиот Вселенски
Собор напиша послание против еретикот Несториј. Се упокои мирно во 432
година.
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
zidarski
Сениор
Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 20.Април.2008 во 21:02 |
чаир напиша:
zidarski напиша:
Чаир - со оглед на тоа што оваа тема беше оставена на мира од непотребни коментари, се надевам дека ќе прокоментираш за прашањата што беа поставени во темата - Житијата на светците. | Другр погледнав во темава и има неколку коментари што повеке ми личат на констатации отколку на прасања дај конкретно прашање ке одговорам поздрав |
Тогаш, прокоментирај ги констатациите...
|
|
чаир
Сениор
Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 20.Април.2008 во 11:57 |
Свети Георгиј Исповедник
Заради
големата добродетел што ја стекна со долготраен подвиг, Георгиј беше
избран за митрополит митиленски. И светителот управуваше со словесното
стадо ревносно и мудро до својата старост. Но кога настана гонењето под
Лав Ерменин, којшто ги ништеше Светите икони, овој свет старец беше
повикан од царот во Цариград на собор на епископи којшто требаше,
според желбата на царот, да го уништи иконопочитувањето. Но Георгиј не
само што не направи според желбата на злобниот цар туку со некои храбри
епископи стана во заштита на Светите икони. За ова беше исмеан и од
царот протеран во пределите на Херсон, каде што во телесна беда и
секаква неволја го помина остатокот од својот земен живот. Се упокои и
се пресели во Царството на бесмртноста околу 816 година. Заради својата
голема праведност и љубов кон Господ Исус, беше чудотворец за време на
животот и после смртта.
Преподобен Нил Сорски
Еден од големите отци на Руската Црква. Основач на скитскиот монашки
живот во Русија. Се упокои мирно во 1508 година. Моштите му почиваат во
Сорскиот манастир. Неговиот Устав на скитскиот живот претставува
првокласно духовно и практично дело.
Светиот маченик Калиопиј
Единец син, измолен од Бога, на некој сенатор од Перга Памфилиска.
Неговата благочестива мајка Теоклија го научи на богопочитување и на
благочестив живот уште во раната младост. Кога Калиопиј беше уште
момче, настана страшно гонење на христијаните под царот Максимијан. За
да го спаси од смртта мајка му го качи на кораб, му даде доволно пари и
го испрати во Помпеопол. Но Божјата Промисла устрои поинаку. Кога се
симна во Помпеопол Калиопиј западна сред една бурна незнабожечка
свеченост. Кога на навалувањето на залудената толпа не сакаше да земе
учество во незнабожечкиот празник, го истуркаа пред војводата Максим,
на кого тој му исповеда дека е христијанин. Војводата нареди и го биеја
со оловни стапови и го печеа на оган, па најпосле ранет го фрлија во
затвор. Кога слушна за мачењето на нејзиниот син, мајка му Теоклија им
го раздаде имотот на сиромашните и со малку пари побрза во затворот кај
него. Најпосле војводата ја изрече конечната пресуда за Калиопиј да
биде распнат на крст. Кога го поведоа син ѝ
на губилиште, Теоклија им дотури на џелатите пет златници за да го
распнат нејзиниот син не како Господ туку наопаку. Ова го направи од
смирение пред Господ. Калиопиј беше распнат на Велики Четврток, а мајка
му стоеше под крстот благодарејќи Му на Бога. Кога другиот ден мртов го
симнаа од крстот, таа падна врз него и издивна и самата. Така излегоа
обајцата пред престолот на Царот на славата. Чесно пострадаа во 304
година.
Преподобен Данило Перејаславски
Имаше посебен подвиг на грижа за мртвите. Кога и да слушнеше дека некој
смрзнал или умрел на некој друг начин, веднаш брзаше за пристојно да го
погреба и да Му се помоли за починатиот на Бога. Се упокои мирно во
1540 година. Неговите мошти почиваат цели.
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|