|
Молитва кон Пресвета Богородица |
Внеси реплика | страница <1 212223 |
Автор | ||||||||||||||||||||||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||
Добредојде на форумов Nya. Твојот ник ми е познат од еден друг форум, така што ако си ти таа "The Nya", тогаш ми е уште подраго што те гледам и на овој форум
А сега, ред е да ти покажам како јас ги пречекувам новите кои доаѓаат на овој форум не не, се зезам, не со бакнеж, туку со еден пар остри ножички. Збунета? Сега ќе ти стане појасно.
Значи, ги земаме острите ножички.. и одиме по ред...
Христос, Давид, маченикот Стефан итн сите Божји луѓе во Библијата на Господ Му ги предале своите души, а не на Марија.
"Во Твојата рака го предавам мојот дух; Ти ме откупи, Господи, Боже на вистината." (Псалм 31:5)
"Тогаш Исус извика со силен глас: „Татко, Го предавам Својот дух во Твои раце." (Лука 23:46)
"И фрлаа камења на Стефана, кој повикуваше, велејќи: „Господи Исусе, прими го мојот дух!”" (Дела 7:59)
Марија имала маж - Јосиф.
"на Јакова му се роди Јосиф, мажот на Марија, која го роди Исуса, наречен Христос" (Матеј 1:16)
Господ му го продолжи животот на Езекија, а не Марија.
"Отиди и речи му на Езекија: ‘Вака вели Господ, Бог на твојот татко Давид: „Ја послушав твојата молитва, ги видов твоите солзи. Ќе те излечам; по три дни ќе влезеш во Господовиот Дом. Ќе му додадам на твојот век петнаесет години."
(Исаија 38:5)
Господ владее со Ангелите, а не Марија.
Исус е наречен Кнез на Мирот, а не Марија (па уште и Господарка?) "Зашто, ни се роди Дете, Син ни се даде, власта му е на рамото. Името ќе Му биде: Чудесен Советник, Силен Бог, Вечен Татко, Кнез на Мирот." (Исаија 9:6)
Марија Царица?
Марија немала три раце, туку две.
На Христијаните водач им е Христос, а не Марија.
Господов ангел му се јави на Мојсеј преку несогорлива капина, а не Марија.
"Господов ангел му се покажа во распламнат оган од една капина" (Излез 3:2)
Господ е Лекарот на болните и Спасение на Светот, а не Марија.
Христијаните му припаѓаат на Христос, а не на Марија.
Јован Крстителот е најголем меѓу родените од жена, и следствено поголем од Марија.
"Вистина ви велам, меѓу родените од жени не се подигнал поголем од Јован Крстител"
(Исус Христос во Матеј 11:11)
Слово на сите пророци??? Единствен пророк што (маргинално) ја спомнува Марија е Исаија и тоа пророкувајќи за Христос, а не за Марија.
За предавникот Јуда има повеќе и подетални пророштва отколку за Марија.
Пофалбо на апостолите? Па апостолите НИТУ ЕДНАШ не ја спомнале Марија во своите посланија.
Бог е Тој што може да не избави од смрт, а не Марија!
Се читаш ли што пишуваш???
Христос е карпата на верните и спасение на сите луѓе, а не Марија!
Тешко им на умрените ако се надеваат на Марија.
Христос ќе биде нашиот застапник на Судниот ден.
"Кој е оној кој ќе ги осуди? Христос Исус ли, Кој умре - но уште и воскресна - Кој е од десната страна на Бога и Кој се застапува за нас?" (Римјаните 8:34)
"и ако некој згреши, имаме Бранител при Таткото: Исус Христос, Праведникот." (1 Јованово 2:1)
Христос ја згази главата на змијата, а не Марија.
"Тогаш Господ, Бог, и рече на змијата: „Бидејќи го направи тоа, проклета да бидеш меѓу сите ѕверови и меѓу секое полско животно! По мевот ќе се влечеш и прав ќе јадеш Сите денови на својот живот! Јас ќе поставам непријателство помеѓу тебе и жената, помеѓу твоето семе и Нејзиното Семе: Тој ќе ти ја сотрува главата, а ти ќе Му ја сотруваш петицата"
(Битие 3:14-15)
Поопеана и од Бог?
Господ им дава слава на Владетелите!
Демек без "клучот на Марија", нема влез во Небото хм?
Не сите! Христијаните припаѓаат под заштитата на Господ.
Господ е Владетел на светот и Господар на сите, а не Марија!
Заклучок: Христос, а не Марија! Изменето од EvAngelos - 24.Октомври.2008 во 19:58 |
||||||||||||||||||||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||||||||||||||||||||||
Nya
Нов член Регистриран: 26.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 17 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||
МОЛИТВА КОН ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА
МОЛИТВА КОН ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА РАДУВАЈ СЕ БЛАГОДАТНА, ГОСПОД Е СО ТЕБЕ! О семилостива Мајко и помошничке на Христијаните! Тебе ти се радуваат ангелите и ти служат архангелите! Радувај се утехо на нажалените и палко на слепите, помошничке и застапничке на твоите слуги! Радувај се, свет престолу, седиште на Севишниот! Радувај се, красна палато на Царот на сето создание! Радувај се, златна кадилнице на твојот Творец! Радувај се, владичице Марие, златен Столбу! Радувај се, солнечен престолу на небесниот Цар, Дево света и непорочна! Зачувај ме под твоја закрила мене што ја носам и читам оваа молитва. Во твои раце ја предавам мојава душа. Удостој ме изобилно да се умножи мојата правда, та да влезам во Царството Небесно, по зборовите на нашиот Бог и Спасител Исус Христос. О Пресвета Дево Марие и непорочна Владичице, столбу и тврдино на верата! Радувај се Невесто неневесна! Радувај се, непорочна Мајко безмажна, која во својата пречиста и безгрешна утроба го носеше Носителот на небото и земјата и на се` што е на нив! Биди ми помошничка и застапничка на мене – твојот слуга, зачувај ме во животните грижи на овој свет и сите противни околности. Подари ми долг век и продолжи ми го животот како некогаш на Езекија, исполни го со земни добра, во слава и чест на твоето пресвето име, да ти пеам и да те славам секогаш. О Владетелке на ангелите и Господарке на мирот со својата утроба поширока од небесата. Радувај се благодатна, Господ е со тебе! Госпоѓо на госпоѓите, Светињо на светињите, почесна од херувимите и серафи- мите, покриј и зачувај ме! Радувај се, саду златен што манна носиш! Радувај се, Дево Марие, помошничке на Грешниците и горо цврста! Радувај се, пресвета палато на највисокиот Цар- Христос! Радувај се, цвету на мачениците и патријарсите! О Марие, Пресвета Дево што небото го покриваш со облаците на раѓањето од својата утроба на еден од Света Троица; Христос нашиот Бог, помогни ми мене – твојот слуга, и закрепни ме со чесниот и животворен крст на твојот Син, упатувајќи ме на правиот пат на спасението. О свети ангели и архангели Михаиле и Гавриле и свет ангелу чувару на мојата душа, помогнете ми мене грешниот. Чиста и Пресвета Дево и Владичице Богородице, надеж на сите безнадежни, славна како сонцето и преблага, повисока од небесата и почиста од сончевите зраци, почесна од херуви- мите и неспоредливо пославна од серафимите, очекување на сите праотци, славо на пророците, пофалбо на апостолите и радост на на сите маче- ници, преподобни и испосници; веселбо Авраамова, Исаакова и Јаковова; руно Гедеоново; убавино Мојсеева, Ааронова и на сите светители; златна кадилнице и свеќнику светлоносен; саду што манна небесна носиш, животу на Божјиот Закон, Царице моја сефална, најсвет престолу; утехо на расплаканите, Пречиста Трирачице, водителке на сите христијани, Пресвета Дево. О капино несогорлива, сместувалиште, процветан жезлу Ааронов, зашто од тебе, како од Аароновиот жезол процвета твојот Син Христос Избавителот, потомок од коренот Давидов, нашиот Бог Творец и Седржител вишен и единствен добротворец. Ти како девица го роди Бога Словото и по раѓањето остана девица, зашто Христос Бог и Творец со своето бессемено воплотување од твоја- та утроба го зачува твоето девство неповредено и не` помири со Бога Отецот. Ти си помошничка на беспомошните и грешните. Ти си тивко пристаниште на бурното море, утеха на светот и брзо ослободување на затворените. Ти си лекарка на болните и спасение на светот. Ти си тврдина на монасите и надеж на оние што од животни грижи се опфатени. Ти си трпение, жаштита ипокров на вдовиците. Ти си пофалба, венец и убавина на девојките, о девојко чесна! Владичице, Царице и Госпоѓо моја, покриј ме со твојот покров и зачувај ме, да не се пофали над мене сатаната убиец и да не ме победи мојот враг. Помилувај ме мене бедниот и нечист, кој со многу гревови го разгневив мојот Творец и Бог, Судијата и Творецот на сите. Зашто Ти Пречи- ста си мое пристаниште, помошничка и зашти-. тничка. Прибегнувајќи под твојот покров , Влади- чице, ти припаѓам, Сеславна и ропски повикувам, молејќи ти се со солзи; мојот Пресладок Исус- Творецот на се`, заради моите многу сторени гре- вови, да не ме пресече недостоен и неподготвен. Те молам Пречиста, да дојдам кај мојот Христос и да влезам во дворот на праведниците, каде што нема ни невоља, ни тага, ни мака, ни опасност, туку е вечна радост, наслада и уживање со праведниците, убавина и вечен живот без крај, сладост и радување, слава и светлина во друштво на ангелите. Пресвета Дево, удостој ме мене смирениот твој слуга, да се избавам од страстите и од секој грев, и исполни ја мојата уста со бла- годат, Најслатка, и просветувајќи ја мојата душа, израдувана, придвижи ја мојата уста и јазикот, со, радосна душа и усрдно срце да ја пеам оваа ангелска песна, со која Гаврил те поздрави: Радувај се, Дево, најблажена меѓу жените! Радувај се, звездо пресветла, Мајко Дево! Радувај се, ти што го роди Царот на сите! Радувај се, ти што ја запали светлината на правдата! Радувај се, Госпоѓо Владичице, повисока од сите! Радувај се, миру и радост на целиот свет и спасение! Радувај се, радост на целиот човечки род! Радувај се, проповед и слово на сите пророци! Радувај се, пофалбо на апостолите и добрино на мачениците! Радувај се, радост и веселбо на праведниците! Радувај се, венецу на воздржанието на преподобните и умилна песни на монасите! Радувај се, најјасна песно на сите поети! Радувај се, избавителке моја од погубна смрт! Радувај се, избавителке моја од најтежок земјотрес! Радувај се, најславно чудо на вселената! Радувај се, насладо и украсу на сите луѓе! Радувај се, рају сладок и бесмртен! Радувај се, карпо на верните и спасение на сите луѓе! Радувај се, тивко пристаниште, избавување од животните бури! Радувај се, безбедност на сите умрени! Радувај се, пофалбо на твоите смирени слуги! Радувај се, радост и прибежиште на грешниците и туѓинците! Радувај се, помошничке и утехо на повредените! Радувај се, застапничке моја во денот на Судот! Радувај се, Пречиста, многусветол дену на моето просветување! Радувај се, Чиста, што ја згази главата на змијата од која потекна злото! Радувај се, ти што окованите ги ослободуваш од адските ланци! Радувај се, ти што на светот многу радост му донесе! Радувај се, причинителке на спасението на целиот свет и славо! Радувај се, најопеана наша заштитничке и покровителке! Радувај се, Владичице потпоро на верните цареви! Радувај се, ти што на владетелите слава им даваш! Радувај се, славо и радост на свештениците! Радувај се, ти што рајските двери ги отвори! Радувај се, ти што тагата ја пресече и радост донесе! Радувај се, ти што ја исцели тагата на нажалените! Радувај се, клучу од небесното Царство Христово! Радувај се, сигурно пристаниште и надеж доверлива! Радувај се, помошничке на сите Дево Богородице! Радувај се, светлино на Пресветиот, што светот го просветуваш! Радувај се, Мајко на Христос Бог, Синот на живиот Бог! Радувај се, покрове и радост на сите луѓе, ти што во утробата ја носеше надежта на сите умрени! Радува се, ти што во утробата го смести Безграничниот! Радувај се, ти што со млеко го хранеше Христа животодавецот, мојот милосрден Бог и Творец! Радувај се, ти што храниш Хранителот на сите-мојот штедар Човекољубец и Седржител, Кому му припаѓа секоја слава, чест и поклонување, со беспочетниот Отец и пресветиот, благ и животворен Дух негов, сега и секогаш и во вековите на вековите. Амин. ПО ЗАВРШУВАЊЕТО , ОВОЈ ВОСКЛИК СО ПОКЛОН ДО ЗЕМЈА: О Пресвета Госпоѓо, Владичице Дево Богородице, прими ја мојава недостојна молитва и зачувај ме од нагла смрт и пред крајот дај ми покајание (три пати) Богородице Дево, радувај се благодатна Марие Господ е со тебе. Благословена си ти меѓу жените и благословен е плодот на твојата утроба, зашто си го родила Спасителот на душите наши. Богородице Дево, радувај се благодатна, зашто телесно во утробата го носеше Синот Божји; Радувај се оти го роди, Радувај се, оти мудреците му се поклонија, Радувај се, оти Христа по три дена си го пронашла во храмот, Радувај се, оти Христос воскресна од мртвите и се вознесе на небесата, Радувај се, оти ти самата на небесата си земна, Радувај се, оти тебе сите небесни жители ти се послушни. Радувај се, оти се` што сакаш можеш да направиш. Радувај се, Оти блиску си до пресвета Троица. Радувај се, Благодатна Марие, Господ е со тебе. ТРОПАР, ГЛАС 6 Пресвета Владичице, под твоја заштита припаѓаме сите, и те молиме ние недостојните, побрзај и избави го ова место и овој град од секоја невоља и нагла и погубна смрт, зашто знаеме дека можеш се` што сакаш. Владетелке на светот и Господарке на сите, Благодатна, послушај не` нас што се молиме! Пресвета Владичице и застапничке на светот, ангели, архангели, апостоли, блажени, Претечо Христов Јоване, свети четириесет маченици, првомаченику Стефане, Викторе, Мино и Викентие, Теодоре, Димитрие и победоносецу Георгије, со Атанасиј Велики и Григориј, премудар Златоусте со Николај, молете се за нашите души. |
||||||||||||||||||||||||
Внеси реплика | страница <1 212223 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |