|
ПРАВОСЛАВНИ,КАТОЛИЦИ,ИЗВОРНИ ХРИСТИЈАНИ |
Внеси реплика | страница <1 2021222324 41> |
Автор | |
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
па шо ми постираш вештерогонски линкови тогаш? да се вратиме ли у среден век бе мајко му стара? Инквицизијата умре, ама ви остана инквизицијата на умот. СТРАШНО! |
|
goceberberot
Нов член Регистриран: 28.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 25 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Може бе ама вака:
http://www.svetosavlje.org/biblioteka/Apologetika/Pravoslavan.htm http://www.svetosavlje.org/biblioteka/Apologetika/Odgovori-Protestanti ma.htm http:///www.svetosavlje.org/biblioteka/Apologetika/Adventist.htm http://www.svetosavlje.org/biblioteka/Apologetika/Osnovna_istina_ Pravoslavlja.htm Ова колку да не препишувам.Можеби некому ќе му засмети што е пишувано на "непријателски" јазик.Ама тоа за кого како. И уште нешто,без глупави споредби кои немаат врска со реалноста,а и оние приказни за попоите пошто е то друга тема. |
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ако веруваме дека Светиот Дух ги водел апостолите и евангелистите при нивното запишување на Новиот Завет, и ако веруваме дека Светиот Дух е интегритетна личност Кој не си противречи на Самиот Себе, тогаш за да видиме кого денес го води Светиот Дух сметам дека е добро да ги споредиме учењата и праксата на Христос и Апостолите запишани во Новиот Завет со оние кои денес се практикуваат меѓу христијаните и православните, па на тој начин да видиме дали христијаните се водени од Светиот Дух или православните
Се согласуваш со овој критериум (предизвик) гоце берберу? Изменето од EvAngelos - 02.Септември.2007 во 16:17 |
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Освен пароли за лековерните, нема тука никакви докази ниту пак споредби меѓу МПЦ и првата црква. Подеднакво валидно е и следното прашање: Е сега дали МПЦ ја води Св. Дух или некој од духовите кои се шетаат во поднебесеието, this is the question? |
|
goceberberot
Нов член Регистриран: 28.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 25 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
А кој рече дека до 3 век немало Евангелија.Се знае кој ги напишал и кога.Јас реков дека на едно Евангелие се ширеле сто лажни евангелија,и прашање е колку било можно во тоа време слободно да се шират кога Црквата живеела во катакомби.Е сега прашање е по кои критериуми е составен Новиот Завет.Одговорот е даден од самиот Господ Исус Христос:
8 Туку ќе примите сила кога Светиот Дух ќе слезе на вас и ќе Ми бидете сведоци како во Ерусалим, така и во цела Јудеја, и во Самарија, и си до крајот на земјата.” 7 Сепак, Јас ви ја кажувам вистината: подобро е за вас, Јас да си отидам; зашто ако не си отидам, Утешителот нема да дојде при вас; ако пак заминам, ќе ви Го испратам. 8 А кога ќе дојде Тој, ќе го увери светот за грев и за правда и за суд. 9 За грев - зашто не веруваат во Мене; 10 за правда - зашто си одам при Мојот Татко, и веќе нема да Ме видите; 11 за суд - зашто е осуден кнезот на овој свет. 12 Имам уште многу да ви кажам, но сега не можете да носите. 13 А кога ќе дојде Тој, Духот на Вистината, ќе ве упати во сета вистина, зашто нема да зборува Сам од Себе, а ќе зборува она што слуша, и ќе ви навести за нештата што ќе дојдат. 14 Тој ќе Ме прослави Мене, зашто ќе земе од Моето и ќе ви јави. 15 Си што има Таткото - Мое е; затоа реков дека ќе земе од Моето и ќе ви јави.” Значи Светиод Дух е Тој што ја води Црквата. Светиот Дух е Тој што им дава сила на Христијаните така храбро да ја исповедаат својата вера соочувајчи се со сопствената смрт. Светиот Дух е Тој што им ја открил вистината на св.Оци на соборите од Црквата.Вистината за Христа Богочовекот,за Неговата Света Мајка Богородица,за Светата Литургија и Светите Икони,за догмите и каноните кои се уште важат во Православната Црква. Светиот Дух е Тој Кој се уште ја води Црквата,од која дел е и помесната МПЦ. Е сега дали вас ве води Светиот Дух или некој од духовите кои се шетаат во поднебесието,that is the question? |
|
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ако до толку не знаеш берберу, дека Евангелијата се напишани 19 века пред да постои МПЦ, не знам како да ти помогнам освен да те посочам да отвориш барем некоја енциклопедија.
|
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Гоце берберу, какви се овие пародии дека христијаните до 3век го немале Божјиот Збор? Зарем го немале стариот завет? Зарем ги немале евангелијата? пишувањата на апостолите?
За стариот завет е смешно да ти докажувам, но еве ти доказ дека евангелијата и посланијата биле во циркулација меѓу христијаните уште во 1-от век (а камо ли 3век).
1. Петар ги спомнува посланијата на Павле и ги става на исто ниво со предходните Писма (Стар Завет, Евангелијата).
"А долготрпеливоста на нашиот Господ сметајте ја како спасение, како што и нашиот возљубен брат Павле ви напишал, според дадената му мудрост; како што и во сите свои писма зборува за ова; во нив има некои тешко разбирливи нешта, кои неучените и неутврдените ги изопачуваат, како и другите Писма, за своја погибел." 1 Петрово 3:15,16
2. Павле цитира од евангелието по Лука и истото го нарекува "Писмото"
"Зашто Писмото вели: „Не заврзувај му ја устата на волот што врши!” и „Работникот ја заслужува својата плата.”" 1 Тимотеј 5:18
Првиот цитат е од Второзаконие 25:4, но вториот цитат нема да го најдеш никаде во Стариот Завет, но ќе го најдеш во евангелието по Лука 10:7 кое Павле го нарекува како "Писмото" и со тоа јасно ни укажува дека истото без никакви оспорувања уште во тоа време си влегло во канонот на Писмото т.е. Божјото Слово.
3. Пишувањата на апостолите циркулирале низ црквите
Кога ќе се прочита ова послание при вас, погрижете се да се прочита и во Лаодикијската црква! А она од Лаодикија, прочитајте го и вие! Колошаните 4:16
Заклучок:
Христијаните уште во 1век си ги препознавале боговдахновените писма од евангелистите и апостолите и истите биле во голема циркулација и употреба меѓу нив.
|
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
goceberberot
Нов член Регистриран: 28.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 25 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Да бе ги имало пишувањата и преку интернет си ги ширеле.А римјаните пак пред да ги фрлат на лавовите им носеле "христијанин" кој црпел директно од изворот,за да не остане нешто недообјаснато па да умрат во незнаење.
А пак "библии" во тоа време имало толку,скоро за секого по една,нели секој сам си ја тумачи,и нормално може да си напише,нормално ако е писмен. |
|
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
христијаните во првите три века, пред да одлучат што и како, морале да се допрашаат до помесниот Епископ, па тој да оди да заврети три пати околу манастира, да побара света водичка, па да го презентира барањето пред Синодот на (на пример) Грчката Православна Црква, а во исто време морал да ги избегне стапиците оние преку границата во Македонската, Бугарската и во Албанската Православна Црква кои му се смртни непријатели....
???? Мислиш ги немало пишувањата на апостолите? да не ги напиша и нив светиот синод? Само кој: на ПОА или на МПЦ? |
|
goceberberot
Нов член Регистриран: 28.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 25 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во врска со темава баш ме интересира,што правеле изворните христијани првите три века кога не бил дефиниран новиот завет.Од каде се поучувале,и кој се изворните христијани низ историјава,или ги имало па ги немало,па сега пак ги има.
|
|
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еден лопов го фатиле на дело. На суд, судијата му вели, имам 5 сведоци кои ТЕ ВИДЕЛЕ дека крадеш, дали признаваш? - Не признавам. Чесен судија, јас ќе ви најдам минимум 500 сведоци ШТО НЕ МЕ ВИДЕЛЕ како крадам. Наравоучение: милиони ли, милијарди ли, малку менува во однос на вистината. Вистината ја имаат просветлените (сведоците) на Божјата вистина, а кој ја прифати или не е помалку важно. А инаку, навистина ако некој од ЗАБАВА го прави ова, тогаш да, не би било баш човечки, а најмалку христијански. |
|
postariot brat
Сениор Регистриран: 20.Мај.2007 Статус: Офлајн Поени: 491 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Samo tazno e da se sledi koga navistina e poveke od ocigledno deka za nekoi e cista zabava da se vregja religija so milioni predstavnici
|
|
Od iskona, do denes, a i vo vecnosta sekogas so nas e postariot brat Hristos, zosto se smiluva na nas i ni dade sansa da poveruvame, i da se nareceme ceda bozji.
|
|
postariot brat
Сениор Регистриран: 20.Мај.2007 Статус: Офлајн Поени: 491 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Dobro se povlekuvam Evangelos vo pravo si deka i taka moze da se dojde do vistinata pa super prodolzete so raspravija. Amin
|
|
Od iskona, do denes, a i vo vecnosta sekogas so nas e postariot brat Hristos, zosto se smiluva na nas i ni dade sansa da poveruvame, i da se nareceme ceda bozji.
|
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Дечки, темава е Православие, Католицизам vs. Изворно христијанство.
А ако сакате да "протестирате" имате друго место за тоа.
Постар брату, тема посветена на екуменизмот е Универзлана Мисла. Оваа тема е посветена на VS.
Не се лути, мора да има и такви и такви теми, за да ни биде интересно нели? Соочувајќи се со разликите и со помош на дијалектички критицизам, и едната страна и другата, се изградуваат.
|
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
Внеси реплика | страница <1 2021222324 41> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |