IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - На денешен Ден
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

На денешен Ден

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2021222324 36>
Автор
Порака Обратен редослед
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Ноември.2007 во 12:00

1221.- Роден е кастилијанскиот крал Алфонсо X Учениот, кој е познат како втемелувач на законодвството, покровител на науката и знаењето, како и верски многу толерантен. Во текот на владеењето со Кастиља и Леон од 1252 година до неговата смрт во 1284 година во Телодо создаде центар за учење и место за прибежиште за многу Евреи. Со негово залагање се преведени Светото писмо, Талмудот и к*ранот и напишал многу значајни дела: „Кралевски закон“, „Астролошки знаења“, Минералогија“, а во 1270 година започнал со пишувњето на делото „Големи и општи истории“. Го зазеде и пристаништето во Кадис на брегот на Атлантскиот Океан, со што ја заврши петвековнаа маварска окупација на градот.

1531.- Во Капела заврши граѓанската војна во Швајцарија со што римокатоличките области се признати како дел на Швајцарската конфедерација.  

1555.- Во Хемниц умре Георг Бауер - Агрикола, германски научник кој ги постави темелите на модерната физичка геологија. Неговото дело „За металните предмети“ претставува систематска работа за рударството и за металургијата и се смета за едно од основите на овие науки. Роден е во 1494 година.

1831. - Штрајкот на лионските ткајачи прерасна во вооружено востание, на кое му се придружија и работниците од другите гранки. Тоа беше право масовно востание на работниците во услови на буржоаска монархија во Франција.

1876. - Роден е Мануел де Фалја, шпански композитор, еден од најзначајните личности на поновата шпанска музика. Неговите дела претставуваат синтеза на андалузискиот музички фолклор на францускиот импресионизам. Автор е на операта "Краток живот" и на балетите "Трогирска шапка" и "Љубовната волшебничка". Пишуваше и клавирски композиции и соло песни. Умре во Алта Грација, во Аргентина, на 14 ноември 1946 година.

1881.- Роден е мексиканскиот сликар Хосе Клементе Ороско. Познат е по декорирањето на многу згради во Мексико и во САД, инспирирајќи се од индијански и мексикански мотиви.

1887.- Роден е американскиот филмски глумец од англиско потекло Вилијам Нехри Прат, познат како Борис Карлоф, кој играше во првите хорор филмови. Четири децении беше некој вид на заштитен знак на тој жанр. Филмови: „Закон на подземјето“, „Франкештајн“, „Изгубена патрола“, „Мумија“, „Чудотворец“, „Црна мачка“, „Франкенштајновата невеста“, „Терор“. 

1890.- Големото војводство Луксембург се отцепи од Холаднија.

1896.- Роден е чехословачкиот лидер Клемент Готвалд кој беше претседател на Чехословачка од 1948 до крајот на животот, во 1953 година.

1933.- Роден е полскиот композитор Кжиштов Пендерецки, претставник на авангардната музика. Дела: оркестарска „Еманација“, „Кралот Иби“ и други.

1940.- Владата на Кралството Романија, на чие чело се наоѓаше диктаторот Антонеску, пристапи кон Тројниот пакт на фашистичките сили Берлин - Рим - Токио.

1944.- Со акт на Президиумот на АСНОМ е формирана Народната библиотека, денес Народна и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

1961.- Доминиканска Република го промени името на главниот град Сиудад Трухиљо во Снато Доминго.

1966. - Во Загреб умре Григор Витез, хрватски писател и преведувач, познат по своите поетски дела за младината и за децата. Познати негови дела се "Кога дрвјата би чекореле", "Сон на борецот в зори", "Песни" и "Вооружени рози". Роден е во Косовец, на 15 февруари 1911 година.

1971. - Народна Република Кина го зазеде своето место во Обединетите нации откако САД, по две децении спротивставување, се откажа од натамошното поддржување на режимот на Чанг Кај Шек, како претставник на цела Кина.

1976. - Во Париз умре Андре Марло, француски писател есеист, теоретичар и историчар на уметноста. Учествуваше во Кинеската револуција и во Шпанската граѓанска војна. Кога Хитлер ја нападна Франција веднаш беше мобилизиран, но набрзо беше заробен. Успеа да побегне од заробеништво и стана еден од најпознатите команданти на отпорот . Негови познати дела се романите "Кралски пат", "Освојувачи", "Човековата судбина" и најпознатото негово дело "Антимемоари". Роден е во Париз, на 3 ноември 1901 година.

1978.- На источниот брег на Шри Ланка циклон усмрти најмалку илјада луѓе.

1980.- Во јужниот италијански град Еболи во земјотрес загинаа 2.735 луѓе.

1983.- Советскиот Сојуз во Женева ги напушти разговорите  за ограничување на вооружувањето во знак на протест поради разместувањето на американските крстечки ракети во Европа.

1991.- Претседателството на Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија зазеде став објектот на Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (познат како зграда на ЦК) да го предаде на располагање на македонската држава.

1994.- Големо количество на ураниум за изработка на атомски бомби е пренесено од Казахстан во САД.

1995.- Умре францускиот филмски режисер Луј Мал. Неговото дело има посебно изразена интелектуална нота. Филмови: „Лифт за губилиште“, „Љубовници“, „Приватен живот“, „Вива Марија“, „Калкута“, „Црна месечина“, „Атлантик сити“.

1995.- Целиот свет ја поздрави мировната спогодба за Босна, која ја потпишаа тројцата главни актери на преговорите во Дејтон, Фрањо Туѓман, Алија Изетбеговиќ и Слободан Милошевиќ.

1996.- Киднапираниот етиопски авион „боинг 767“, со 163 патници и 12 членови на екипажот, падна во море близу Коморските Острови заради тоа што остана без бензин. Во несреќата загинаа 125 луѓе.

1998.- Претседателот на Република Македонија Киро Глигоров, Љубчо Георгиевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, го определи за мандатар за состав на новата влада на Република Македонија.

2003.- Претседателот на Грузија Едуард Шеварнадѕе поднесе оставка, попуштајќи пред масовните демонстрации започнати на з ноември, ден после собраниските избори.

2006.- Во Багдад најмалку 202 луѓе се убиени, а 250 ранети во напад на бомбаш-самоубиец.

2006.- Умре францускиот глумец Филип Ноаре. Во својата 55-годишна карира сними 125 филмови и двапати ја освои француската филмска награда „Цезар“, за најдобар глумец во 1976 и во 1990 година за улогите во филмовите „Старата пушка“, во кој играше со Роми Шнајдер, и „Животот и ништо друго“.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Ноември.2007 во 13:14

1497.- Португалецот Васко де Гама стана првиот морепловец кој исплови до `Ртот Добра Надеж на крајниот југ од Африка, барајќи морски пат до Индија.

1699.- Данска, Русија, Прусија и Полска по победата над шведската војска потпишаа договор за поделба на тогашниот шведски имот.

1819. - Родена е Мари ан Еванс, позната е под псевдонимот Џорџ Елиот, англиска писателка. Автор е на многу познати романи за англиското село, меѓу кои се и "Воденицата на Флоси", "Сајлас Марнер", "Адамс Бид", "Ромола" и други. Умре на 22 декември 1880 година.

1830.- Белгиското собрание (конгрес) ја изгласа одлуката за воспоставување монархија.

1869. - Во Париз е роден Андре Жид, француски романописец, есеист и критичар. Познат е како највлијателна и најконтраверзна личност на француската литература во 20 век. Меѓу неговите познати дела спаѓаат "Ковачи на лажни пари", "Визбите на Ватикан", "Пасторална симфонија", "Пат за Конго" и други. Добитник е на Нобеловата награда за литература во 1947 година. Умре во Париз, на 19 декември 1951 година.

1877. - Роден е Ади Андре, најпознат унгарски лиричар од Петефи, кој го подигна на повисок степен унгарскиот поетски јазик. Дела: „Нови песни“, „Крв и злато“, „Би сакал да ме сакаат“, „Кој ме виде мене“, „На чело на мртвите“. Умре во 1913 година.

1890. - Во Лил е роден Шарл де Гол, француски генерал и државник, претседател на Петтата француска република од 1959 година, голем светски политичар и борец против фашизмот. Како претседател му го призна правото на алжирскиот народ на самоопределување и му овозможи со спогодбата во Евијан (во 1962 г.), да ја заврши седумгодишната војна. Истовремено со стабилизацијата на економската политика во земјата ја поведе Франција по патот на самостојана надворешна политика и ги повлече француските сили од Атлантскиот пакт. Умре во местото Коломбеј, на 9 ноември 1970 година.

1900. - Умре Артур Саливен, познат британски композитор и диригент. Тој е автор на англиската опера. Роден е на 13 мај 1840 година.

1906.- Со меѓународна конвенција донесена во Берлин, знакот С.О.С. е усвоен како меѓународен знак за бродовите во опасност.

1913.- Роден е англискиот композитор Едвард Бенџамин Бритн. Беше брилјантен техничар, создаваќи дела под влијание на различни музички традиции. Дела: опера „Питер Грајмс“, „Алберт Херинг“, композиции за оркестар „Едноставна симфонија“, „Пролетна симфонија“, Варијации на тема Бранк Брид“, циклуси соло песни.

1916.- Умре американскиот книжевник Џек Лондон, еден од најчитаните автори во првата половина на 20. век. Неговите дела имаат истовремено и авантурстка и социјална нота. Работел како разнесувач на весници, копач на злато, воен дописник за време на Руско-јапинската војна. Тешкиот живот, напорната работа, сиромаштијата, но и наклонетоста кон алкохолот кај него предизвикаа нервно растројство и самоубиство на 40 години. Напишал околу 50 приказни и романи. Дела: „Повик на дивината“, „Железна пета“, „Мартин Идн“, „Злато“, „Крал на алкохолот“ и други.

1943.- Либан се стекна со независност по укинувањето на мандатот кој од 1920 година го имаше Франција. До Првата светска војна Либан беше составен дел на Турција.  

1954.- Умре советскиот стручњак по право и дипломат Андреј Јануарјевич Вишински, врховен обвинител за време на големите чистки кои во втората половина на триесеттите години од 20. век ги спроведе советскиот лидер Сталин. Тоа беше серија на монтирани политички судења после кои беа ликвидирани потенцијалните конк*ренти на Сталин. За врховен државен обвинител беше поставен во 1935 година, за шеф на советската дипломатија во 1949, а како постојан претставник на Советскиот Сојуз во Обединетите нации остана до крајот на животот.

1963.- Во Далас, во државата Тексас, во САД, е извршен атентат врз претседателот на САД Џон Фиџерланд Кенеди. Во Втората светска војна служеше во морнарицата на Пацификот, а во 1952 година стана сенатор. За претседател на САД е избран во 1960 година, а инаугуриран е на 20 јануари 1961 година во Вашингтон. Беше најмлад 35-ти претседател во историјата на САД. Роден е во Бостон, на 29 мај 1917 година.

1963.- Умре англискиот писател Олдос Хаксли. Дела: „Јалови лисја“, „После многу лета“, „Времето мора да застане“, „Малиот Мексиканец“, „Две, или три грации“, „Музика во ноќта“, „Вечна филозофија“, „Наука, слобода и мир“.  

1972.- Претседателот на САД Ричард Никсон ја укина 22 години старата забрана за патување на американските бродови и авиони во Кина.

1974.- Генералното собрание на Обединетите нации изгласа статус набљудувач на Палестиската ослободителна организација.

1975.-  На чело на Шпанија дојде кралот Хуан Карлос I (de Burbon-Parma) два дена по смртта на Франциско Франко. Хуан Карлос стана прв шпански монарх по Алфонсо XIII, кој во 1931 година избега од државата. За време на Франко Шпанија официјално беше монархија.

1977.- Суперсоничниот патнички авион „Конкорд“ почна редовно да сообраќа меѓу Европа и Америка...

1980.- Умре американската филмска глумица Ме Вест, која се покажа како исклучителен комичар, но повеќето филмски критичари ја сметаа за вулгарен секс симбол. Поради улога во претставата „Секс“ во 1926 година во еден бродвејски театар, беше осудена на осум дена затвор. Филмови: „Секс“, „Дијамантската Лили“, „Не сум анѓел“, „Секој ден е празник“, „Оди на запад, млад човеку“.

1989.- Претседателот на Либан Рене Муавад е убиен во бомбашки напад, во кој загинаа уште 16 луѓе.

1990.- Првата жена премиер во историјата на Велика Британија Маргарет Тачар после 11,5 години премиерска функција поднесе оставка.

1991.- Египетскиот политичар, Бутрос Бутрос Гали, е избран за генерален секретар на Обединетите нации, а со тоа стана и прв Африканец и Арап избран на високата должност.

1994.- Во Скопје е формирано Друштвото за македонско-украинско пријателство и соработка.

1998.- Водечкиот ирански опозиционер Даријус Форухар, отворен критичар на исламската власт, и неговата сопруга, пронајдени се избодени до смрт во својот стан во Техеран.

2000.- Умре чешкиот спортист Емил Затопек, единствен атлетичар кој освоил три златни медали во трки на долги патеки на едни Олимписки игри. Првото олимписко злато го освои во Лондон во 1948 година, а три златни медали во Хелсинки во 1952 година, на трките на пет и 10 илјади метри и во маратон.

2004.- Во Беверли Хилс умре Тери Мелчер, америкнаски музички продуцент. Роден е во 1942 година.

2005.- Претседателот на Демохристијанската партија (CDU) Ангела Меркел е избрана за канцелар на Германија. Таа стана првата жена канцелар во историјата на Германија.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Ноември.2007 во 12:21

- Светски ден на телевизијата.

1658. - Во Лондон е роден Хенри Персел, најзначаен англиски композитор од времето на ренесансата. Компонираше опери, химни, оди, црковна музика, сонати и друго. Негови главни дела се оперите "Дидона и Енеј", "Вилинска кралица" и "Кралот Артур". Умре во 1695 година.

1694. - Во Париз е роден Франсоа Волтер, француски писател, историчар и филозоф. Тој беше претставителен и во вистинска смисла на зборот, еден од најслободоумните луѓе на тогашна Европа, голем противник на мрачниот период на црквата и клерикализмот, иако не беше атеист. Негово најпознато дело е фолозофско-дидактичкиот роман "Кандит". Напиша и неколку епопеи, историски дела, трагедии и комедии. Умре во Париз на 30 мај 1778 година.

1783.- Французите Франсоа Пилатр де Розије и Франсоа Лоран први изведоа успешен лет со балон наполнет со топол воздух, прелетувајќи над Париз осум километри за 25 минути.

1806.- Францускиот цар Наполен I го објави Берлинскиот декрет за блокада на Велика Британија, како и забрана за прикотвување на британските бродови во сите европски пристаниша, со намера економски да ја ослаби.

1818. - Роден е Луис Хенри Морган, американски етнолог и социолог. Неговите студии за животот на американските Индијанци му послужија на Енгелс како основа за книгата "Потеклото на фамилијата, приватната сопственост и државата". Умре на 17 декември 1881 година.

1844.- Умре рускиот писател Иван Андрејевич Крилов. Покрај басни, пишува и сатирични „писма“ и комедии. Пишува на изворно народен јазик, а многу од неговите изреки станаа народни поговорки. Значитело влијае врз европската литература. Дела: збирки басни, комедии „Модна трговија“, „Книжевник во предсобјето“, комичната опера „Хистерично семејство“, „Кафеана“.

1855.- Шведска со Велика Британија, Франција и Турција склучи сојуз против Русија во Кримската војна.

1875.- Во селото Русиново, Беровско, е роден Никола Петров Русински, истакната личност од националната историја на македонскиот народ, социјалист и револуционер, близок соработник на Гоце Делчев, Васил Главинов и на други видни македонски револуционери. Умре во родното село Русиново, на 14 февруари 1943 година.

1916.- Умре австрискиот цар Франц Јозеф кој владееше од 1848 до 1916 година. Со помош на Русија ја задуши револуцијата во Унгарија во 1849 година. Воспостави централистички систем со ограничени традиционални покраински слободи. Со проласувањето на Австроунгарија со спогодбата во 1867 година отстапи од строгиот централизам. По Берлинскиот конгрес во 1878 година ја окупира Босна и Херцеговина, која беше анектирана во 1908 година. Го искористи атентатот врз престолонаследникот Франсоа Фердинанд во 1914 година во Сараево како повод да изврши напад врз Србија, што заврши со пропаст на неговата држава во 1918 година.

1992.- Во Скопје е одржан Првиот конгрес на Лигата за демократија.

1933.- По одлуката на претседателот на САД Френклин Рузвелт да се воспостават дипломатски односи со Советскиот Сојуз,  првиот американски амбасадор во Москва  Кристијан Булит стапи на должноста.

1944.- Претседателството на АВНОЈ во Втората светска војна целиот имот на непријателот го прогласи за државен имот.

1974.- Во експлозијата која во два бара во англискиот град Бирминген ja подметна Ирската републиканска армија загинаа 21 лице.  

1977.- Во југоисточна Индија циклон усмрти околу 3.000 луѓе, а огромните морски бранови - цунами уништија до темел неколку села.

1994.- Во Солунското пристаниште се блокирани 19.500 тони американска пченка за Македонија.

1995.- Во американскиот град Дејтон е парафирана спогодбата за крај на граѓанската војна во Босна и Херцеговина.

1996.- Формиран е Сојузот на металурзите на Република Македонија.

1999.- Во Тетово е одржано Основачко собрание на политичката партија Единство на Ромите во Македонија. За претседател на партијата е избран Меваил Алити. Регистрирана е на 22 февруари 2000 година, со седиште во Скопје.

2002.- Поранешните членки на Варшавскиот пакт - Бугарија, Естонија, Летонија, Литванија, Романија, Словачка, како и Словенија добија покана за полноправно членство на Алијансата на Самитот на НАТО во Прага во првата половина на 2004 година.

2002.- Во напад на исламски терористи-самоубијци на автобус во западен Ерусалим загинаа 11 Израелци, вклучувајќи и четири деца.

2006.- Британија забрани рекламирање на нездравите прехранбени производи наменети за децата, со што од телевизиските програми беа отстранети рекламите на солените, пресолените и мрсните јадења. Преземените мерки се однесуваат за сите програми во текот на 24 часа, како и на сите телевизиски канали.

2006.- Во рудникот за јаглен Халембо, на југот од Полска, во местото Руда Шљонска, еден од најстарите рудници за јаглен во Полска, загинаа 23 рудари. Експлозијата на метан се случи на нешто повеќе од илјада метри длабочина. Од 2003 година повеќе од 80 рудари загинаа во рудниците во Полска.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Ноември.2007 во 11:08

1602.- Роден е германскиот физичар и пронаоѓач Ото фон Герике. Тој прв го демонстрираше вакуумот и го прикажа прочуениот експеримент за воздушниот притисок. Ото фон Герике ги изуми воздушната пумпа, воздушната вага и барометар.

1616.- Францускиот кардинал Арман Ришел стана шеф на диломатијата и министер за војна. Како семоќен министер на кралот Луј XIII си постави за цел Франција да ја направи првата силна држава во Европа и ја поведе во Триесегтодишната војна за да го ослабне Германското царство. Продолжи со колонијалното ширење на Франција, го ограничи влијанието на папата во државните работи и го задуши востанието на хугенотите.

1780.- Велика Британија и објави војна на Холандија бидејќи на американските бунтовници во бродовите им дотураше француско и шпанско оружје.

1818.- Латиноамериканскиот револуционер и државник Симон Боливар ја објави независноста на Венецуела од Шпанија.

1858.- Во Морбака, област Вермланд, е родена Селма Отилија Ловиса Лагерлеф, шведска писателка, прва жена добитник на Нобеловата награда за литература во 1909 година. Умре во Морбака, на 16 март 1940 година.

1873.- Се соединија соперничките градови Будим, на десниот брег на реката Дунав и Пешта, на левиот, па така е создаден единствениот град Будимпешта, денес главен град на Република Унгарија и еден од најубавите градови во средна Европа.

1894.- Умре рускиот композитор и пијанист Антон Григоријевиќ Рубинштајн, основач на Конзерваториумот во Петроград, еден од најголемите пијанисти на 19. век. Компонирал опери, клавирски композиции, соло песни.

1906. - Во Велес е роден Живко Фирфов, македонски етномузиколог, композитор, музиколог, диригент и музички деец. Музичка школа заврши во Белград во 1931 година. Во 1939 година ја објави својата прва етномузиколошка студија во списанието "Музика", за интерпретација на македонската народна песна и за мелогравската постапка при нејзиното собирање. Особено беше ангажиран во создавањето на Ансамблот за народни игри и песни на Македонија "Танец". Умре во Скопје на 21 јули 1984 година.

1910.- Умре рускиот писател Лав Николајевич Толстој, еден од најголемите книжевници во историјата. Првото дело го напиша на Кавказ, каде како доброволец се бореше против Турците. По Кримската војна, во која беше офицер, се повлече на семејниот имот Јасна Пољана. Дела: „Војна и мир“, „Ана Каренина“, „Козаци“, „Кројцерова соната“, „Хаџи Мурат“, „Народни приказни“, „Царството на темницата“, „Мојата исповед“, „Не можам да молчам“ и други.

1919.- Во Берлин илегално почна Првиот меѓународен конгрес на младинските организации на 13 земји на кој е основана Комунистичката младинска интернационала.  

1925.- Роден е американскиот политичар Роберт Френсис Кенеди, кој стана министер за прада кога неговиот брат Џон беше избран за претседател на САД. Беше убиен во Лос Анѓелес во 1968 година во текот на претседателската кампања, по неполни пет години од атентатот во кој беше убиен неговиот брат. Од 1951 работел во криминалистичкиот уред на Министерството за правда, а од 1954 година стана член на Постојаниот сенаторски истражен поткомитет. Од 1961 до 1964 година беше министер за правда, по што во државата Њујорк беше избран за сенатор.

1925.- Родена е руската балерина Маја Михајловна Плисецкаја, која го спои традиционалното руско кореографско школо со модерните текови на рускиот балет. Како долгогодишна примабалерина во театарот „Болшој“ во Москва, креира исклучителни играчки сензибилни партии на класичниот репертоар како што се „Дон Кихот“, „Лебедовата смрт“, „Лебедово езеро“, „Ромео и Јулија“, „Иван Грозни“, а со сопругот композиторот Родион Шчедрин, ја постави балетската верзија на „Ана Каренина“ на Толстој.

1945.- Пред Меѓународниот суд во Нирнберг започна судењето на нацистичките воени злосторници. Одговараа 24 германски воени злосторници, од кои 12 беа осудени на смрт со бесење, тројца беа ослободени, еден изврши самоубиство во затвор, а на другите им беа изречени временски казни. Процесот е значаен како прв во историјата на кој агресијата е осудена како злосторство против човештвото, а виновниците казнети.

1945.- Сојузната контролна комисија дозволи преселување на шест милиони Германци од Полска, Чехословачка и Унгарија во Западна Германија.

1947.- Во Лондон се венчаа принцот Филип Маунтбатен и принцезата Елизабета, која пет години подоцна стапи на биртанскиот престол како кралицата Елизабета Втора.

1959. - Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои Декларацијата за правата на детето, документ со кој се утврдени не само принципите за заштита на децата во светот, туку е и основан за помош на милиони деца. Со текот на годините со финансиска помош од Детскиот фонд се опремени многу здравствени центри во светот.

1959. - Велика Британија, Норвешка, Шведска, Данска, Австрија, Португалија и Швајцарија во Стокхлом потпишаа Конвенција за формирање Европско здружение за слободна трговија (ЕФТА).

1962.- Претседателот на САД Џон Кенеди ја укина американската воено-поморска блокада врз Куба, со што беше завршена Кубанската ракетна криза. Во текот на Кубанската ракетна криза, светот се најде на работ на атомски судир помеѓу САД и Советскиот Сојуз.  

1947.- Во првата несреќа на патничкиот авион „Боинг 747“, кој се урна по полетувањето од аеродромот во главниот град на Кенија, Најроби, во авионот на западногерманската компанија „Луфтханза“ загинаа 59 луѓе.

1970. - Излезе првиот број на "Екран", како седмичен колор прилог на весникот "Нова Македонија" за ТВ, филм, радио и естрада. Од бр. 226 од 14 март 1975 година излегува одделно од "Нова Македонија" како ревија за РТВ, филм, сценски уметности и естрада.

1975.- Умре Франциско Франко, долгогодишен диктатор во Шпанија. Роден е во офицерско семејство и успешно ја продолжува семејната традиција. Се покажа како ретко вешт офицер во текот на војната во Мароко. Во 1926 година стана генерал, најмлад во историјата на Шпанија. Беше изразито монархистички и католички ориентиран и кога беше воведена републиканската влада со прокомонунистички склоности тој покрена вооружена буна со цел обнова на монархијата. По тригодишната граѓанска војна во 1939 година го скрши отпорот на демократски избраниот републикански поредок и воспостави режим кој траеше се до неговата смрт во 1975 година.

1979.- Околу 300 вооружени шиитски бунтовници упаднаа во големата џамија во Меки, од каде со големо крвопролевање на 4 декември истата година ги истера саудсиката армија.

1980.- Во Кина почна судењето на „четиричлената банда“ која ја предводеше Дјанг Чинг, водовица на претседателот, обвинета за предавство и злосторство во текот на Културната револуција од 1966 до 1976 година.

1981.- Рускиот велемајстор Анатолиј Карпов ја задржа титулата светски првак во шах, со победа во мечот во Италија со неговиот поранешен сонародник велемајсторот Виктор Корчној.

1991.- Во Скопје, во Собранието на Република Македонија, свечено е прогласен Уставот на Република Македонија, усвоен на 17 ноември 1991 година.

1992.- Во кралскиот дворец во пожар за малку целосно ќе изгореше Виндзорскиот замок. Палатата во Виндзор е една од најголемите знаменитости во Велика Британија.

1993.- Авионот од типот „јак-42“ на авиокомпанијата „Авиоимпекс“, кој леташе на релацијата Женева - Скопје и поради магла на скопскиот аеродром е пренасочен кон Охрид, се урна на околу четири километри од пистата, меѓу селата Горно Лакочереј и Оровник. Во несреќата загинаа 116 патници и членови на екипажот, преживеа само еден патник.

1995.- Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, стана полноправен член на Меѓународната Хелсиншка Федерација, беше речено на Годишното собрание на Меѓународната Хелсиншка Федерација во Истанбул.

1995.- На претседателските избори во Полска кандидатот на левицата Александар Квашњевски го победи долгогодишниот шеф на државата Лех Валенса.

1998.- Во Москва умре Ристо Бајалски, македонски новинар, новинар во весниците „Нова Македонија“, во „Борба“, во „Политика“ и во други весници. Тој е основач и уредник на спортскиот весник „Спортист“ (1955-1958 година) што го издаваше НИП „Нова Македонија“. Роден е во селото Стојаково, Гевгелиско, на 7 април 1926 година.

1998.- Во Санкт Петербург во атенат е убиена Галина Старовојтова, еден од лидерите на либералните депутати во Думата (Долниот дом на руското Собрание).

1999.- Кина го лансираше својот прв вселенски брод без човечки екипаж.

2001.- Умре Борко Темелкоски - Лилјакот, народен херој на Југославија, од Македонија, општествено-политички работник. Роден е во Прилеп, на 20 декември 1919 година.

2003.- Во две експлозии кои исламските терористи ги подметнаа во центарот на Истанбул, пред британскиот конзулат и претставништвото на британската банка HSBC, загинаа 27 луѓе, вклучувајќи го и британскиот конзул. Одговорноста заеднички ја презедоа Ал каеда и турската милитантна група „Исламски фронт на борците на Големиот Исток“.

2006.- Умре американскиот режисер Роберт Алтман, автор на популарните филмови како што се „МASH“, „Нешвил“, „Играч“, „Кратки резови“, „Канзас сити“. Изгради кариера противејќи се на Холивуд и конвенциите на филмската индустрија. Беше жесток критичар на современото општество. Беше петпати номиниран за Оскар, а го доби во 2006 година кога му е врачен за животно дело.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2007 во 12:02

1493.- На своето второ патување за Америка, на кое тргна со 17 бродови и со 1.500 луѓе, Кристифор Колумбо го откри островот Порторико.

1497.- Португалскиот морепловец Васко де Гама на своето прво патување, во дотогаш непознат свет, го откри патот за Индија, околу 'Ртот Добра Надеж.

1711.- Во селото Мишанинско, е роден Михаил Василевич Ломоносов, руски научник, писател, академик и енциклопедист со светски глас. Умре во Петроград, на 15.04.1765 година.

1805.- Роден е Фердинанд де Лесепс, француски дипломат, инженер, градител на Суецкиот Канал (1859-1869). Во 1881 година почна да го гради и Панамскиот Канал, меѓутоа поради финансиската криза, не успеа да го изгради. Умре на 7.12.1894 година.

1917.- Родена е Индира Ганди, претседател на индиската власт и истакнат лидер на Движењето на неврзаните. По смртта на премиерот Шастри, во 1966 година беше поразена, меѓутоа во 1980 година триумфално се врати на чело на Индија. На 31.10.1984 година, е убиена пред нејзината резиденцијата во Њу Делхи, од страна на тројца припадници на најзината лична гарда.

1991.- Пратениците на Собранието на Република Македонија едногласно донесоа Декларација за меѓународно признавање на Република Македонија како суверена и независна држава. 

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2007 во 11:32

9.- Роден е римскиот цар Тит Флави Веспазијан, основач на новата династија Флави. Во текот на владеењето од 69 до смртта во 79 година ги победи и расели Евреите, а во Рим подигна величенствени градби како што се Колосеум, Капитол и Амфитеатар.

1095.- На црковен собир во Клермон папата Урбан II ги повика црковните великодостојници и свештени владари на воен поход против „неверниците“, со цел да се ослободи светата земја (Палестина) и Ерусалим. Тоа е почетокот на крстоносните војни, кои со прекини, траеа повеќе години.

1626.- Папата Урбан III ја освети црквата „Свети Петар“ во Рим.

1697.- Роден е англискиот сликар Вилијам Хогарт, исклучителен портретист и цртач на физиономии. Слика сцени од стиричен и морален карактер од животот на аристократијата. Остави релативно мал број дела, но, поради нивната вредност, тој се вбројува меѓу најзначајните англиски сликари.

1786.- Роден е Карл Марија фон Вебер, германски композитор и диригент, творец на германската романтичарска опера. Познати му се оперите „Евријанте“, „Волшебниот стрелец“ и „Оберон“. Умре во Лондон, на 5 јуни 1826 година.

1787.- Роден е францускиот сликар Луј Жак Манде Дагер. Благодарение на неговиот изум, наречен „дагеротипија“, за првпат практично е овозможена изработка на фотографија.

1830.- Белгија стана самостојно кралство. До Наполеоновите војни Белгија беше под Хабзбурговците. Од Виенскиот конгрес од 1815 и 1830 Белгија (како и Луксембург) е составен дел на Холандија. Во Белгија населението повеќето е католичко, додека во Холандија протестантско. Побунувањето во 1830 година е од верска природа.

1860.- Роден е полскиот државник, пијанист и композитор, Игнац Јан Падеревски, професор на Kонзерваториумот во Варшава. Јан Падеревски од 1919 до 1921 година беше премиер и шеф на дипломатијата, а во 1940 година претседател на Полска. Дела: опера „Мандра“, „Полска фантазија“ за клавир и оркестар, една симфонија, клавирски дела, сопло песни.

1833.- Во САД е прифатено стандардното сметање на времето и земјата е поделена на четири временски зони.

1874.- Во селото Постол, Егејска Македонија, е роден Крсте Петков Мисирков, истакнат македонски филолог, лингвист, историчар, фолклорист, етнограф, публицист, политичар, револуционер и борец за македонската национална афирмација. Во 1903 година ја издаде книгата "За македонцките работи", која претставува одраз и израз на неговата борба за самобитноста на македонскиот народ. Во 1905 година, во Одеса го издаваше на македонски јазик, весникот "Вардар". Умре во Софија, во Бугарија, на 26 јули 1926 година.

1903. - Соединетите Американски Држави потпишаа договор со Панама, со што добија неограничено право за користење на Панамскиот Канал

1905.- Принцот Чарлс од Данска е избран за прв крал на Норвешка по обновувањето на независноста со одвојувањето од Шведска, а го зеде името Хакон II.

1905.- Во Кикинда е роден Јован Поповиќ, српски писател, еден од творците на социјалната книжевност меѓу двете светски војни. Негови познати дела се „Аџија на вечноста“, „Танц над празнината“, „Ластовица во митралеско гнездо“, „Вистински легенти“ и други. Умре во Белград, на 13 февруари 1952 година.

1910.- Во Мексико изби револуција во која во текот на наредните 10 години загинаа најмалку еден милион луѓе.

1918.- Белгиската армија влезе во Брисел по четиригодишната окупација од страна на Германија, во Првата светска војна.

1922.- Во Париз умре Марсел Пруст, француски писател и академик. Со своето дело остави длабока трага не само во Франција туку и во европската литература. Автор е на големиот циклус романи „Во потрага на загубеното време“, на што работеше цели 15 години.

1936.- Германија и Италија ја признаа владата на генералот Франциско Франко како легитимна влада на Шпанија.

1945.- На првите избори во Бугарија по Втората светска војна, кои опозицијата ги бојкотираше, победи Отечествени фронт, предводен од комунистите.

1962. - Во Копенхаген Нилс Бор, дански теоретски физичар, основач на теоријата за структурата на атомот. Познат е по своите трудови од областа на квантната теорија. Учествуваше во научните истражувања што доведоа до производство на атомска бомба. Добитник е на Нобеловата награда за физика во 1922 година. Роден е во Копенхаген на 07 октомври 1885 година.

1970.- Западна Германија и Полска воспоставија дипломатски односи со што го прекинаа непријателството долго 31 година.

1970.- Кина именува амбасадор во Советскиот Сојуз и по четири години ги обнови дипломатските односи на највисоко ниво.

1976.- Воената влада на Етиопија (комунистичка) изврши смртна казна врз 27 луѓе наводно поради заговор.

1978.- Во Џонстаун во Гвајана со испивање на отров е извршено колективно самоубиство на 914 Американци, припадници на сектата „Храм на народите“, вклучувајќи го и водачот на сектата Џим Џонсон. Членовите на сектата кои одбија да го испијат отровот беа убиени.

1978.- Во пожарот во метро на станицата „Кинг Крос“ во Лондон загинаа 30 луѓе.

1991.- Собранието на Република Македонија го усвои Уставот. Од 120 пратеници за Уставот гласа 92.

1991.- Умре чехословачкиот државник по потекло Словак, Густав Хусак, поранешен претседател на Чехословачка. Под притисок на јавноста  во 1989 година поднесе оставка на функцијата преседател на Чехолсовачка.

1993.- Лидерите на Јужна Африка го усвоија Уставот со кој е ставен крај на политката на апартхејдот во земјата.

1993.- Новиот воен управувач на Нигерија генералот Сани Абач ги распушти сите демократски институции.

1997.- Делегација на Армијата на Република Македонија, при посетата на Турција, го пронајде и го фотографира крушевското црешово топче од периодот на Илинденското востание. Црешовото топче е пронајдено во Воениот музеј на Армијата на Турција.

2004.- Во Англија по 700-годишната традиција е забранет ловот на лисици.

2005.- Во три одвоени бомбашки напади во Ирак, на багдатскиот хотел „Хамра“ и две џамии во градот Канагин, загинаа околу 80 луѓе, а беа ранети околу 100.

2006.- Најмалку 120 лица го загубија животот, а околу десетина се водат за исчезнати во поплавата која го зафати западен Авганистан. Најмногу беше погодена провицијата Бадгис.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2007 во 10:56

- Денеска е Меѓународен ден на студентската младина.

1558.- Умре англиската кралица Мери I Тјудор, ќерка на Хенри VIII, а на престолот стапи нејзината сестра Елизабета.

1558. - На англискиот престол дојде кралицата Елизабета, за време на чие владеење Англија ги консолидира внатрешните состојби, се ослободи од притисокот на Шпанија и излезе со своите бродови на сите светски мориња. Истата година, англиската флота ја порази шпанската "непобедлива армада" и со тоа ја начна моќта на својата соперничка во освојувањето на колониите.

1587.- Роден е холандскиот писател Јост ван ден Вондел, најплодниот и најзначајниот книжевник на холандскиот барок. Пишува патриотски, сатирични и пригодни песни, а во драмите обработува библиски, антички и историски теми со кои значително влијае на европската литература. Дела: драми: „Псха“, „Паламед“, „Хизбрехт ван Амател“, „Луцифер“, „Јефта“.

1755.- Роден е францускиот крал Луј XVIII, кој владее во времето на реставрацијата по падот на царот Наполеон I. Титулата крал ја носи од 1795 година, но вистински владее од 1814 до својата смрт во 1824 година, кога на престолот го наследува братот Шарлс X. Нивниот трет (прв) брат кралот Луј XVI е погубен на гилотина во 1793 година, во време на Француската револуција.

1858. - Умре Роберт Овен, англиски социјалист, еден од најпознатите претставници на утопискиот социјализам. Тој сметаше дека приватната сопственост, религијата и буржоаскиот брак се трите зла што треба да се отстранат. Меѓутоа, според негово мислење, тоа не треба да се прави со револуција, туку со експерименти и со просветување. Роден е на 14 мај 1771 година.

1788.- Роден е рускиот глумец Михаил Семјонович Шчепкин, најзначајниот уметник на рускиот и светски театар во првата половина на 19. век, кој настојуваше да ги објасни  тајните на актерскотвото.

1800.- Конгресот на САД првпат се состана во новата престолнина Вашингтон, а американскиот претседател Џон Адамс стана првиот станар на официјалната резиденција на претседателот на САД, подоцна наречена Белата куќа.

1855.- Шкотскиот истражувач Дејвид Ливингстон ги откри водопадите на реката Замбези, наречени по англиската кралица Викториини водопади. Нивната ширина изнесува 1.717 метри, а висината е околу 100 метри.

1858.- Умре велшкиот филантроп Роберт Овен, социјалист-утопист и социјален реформатор, индустријалец кој своето богатство го потроши на остварување на проектите на социјалните реформи. Тој и неговите следбеници се наречени „социјалисти“. Дела: „Нови погледи на општеството“, „Скица на рационалниот систем на општеството“, „Книга за новиот светски морал“.

1869.- Свечено е отворен Суецкиот Канал, најголем поморски канал, што се наоѓа во североисточниот дел на Египет, по должина на западната граница на Синајскиот Полуостров и ги разделува азискиот и африканскиот континент. Каналот е долг 161 км, на површината е широк 190 м, длабок од 12,8 до 16,2 м и ги поврзува Средоземното и Црвеното Море. Под раководство на Французинот Фердинанд Лесепс, а според проектот на австрискиот инженер Алоја Нагрели, каналот е копан цели десет години, почнувајќи од 1859 година. Вкупните трошоци за изградбата изнесуваа над 423 милиони тогашни франци, а исклучително тешките услови за работа однесоа речиси 20.000 човечки животи.

1887.- Роден е британскиот фелдмаршал Бернард Ло Монтгомери, еден од најпознатите сојузнички војсководачи во Втората светска војна. Историчарите го сметаат за најголем британски војсководец по Артур Велзли Велингтон. Победата на неговата Осма армија врз Африканскиот корпус на германскиот генерал Ервин Ромел во битката кај Ел Аламејн кон крајот на 1942 година, го сврте текот на војната во Африка.

1913. - Првите бродови минаа низ Панамскиот Канал. По должина од 82 километри, каналот беше отворен во 1914 година.

1917. - Умре Огис Роден, француски склуптор. Се смета за основоположник на модерната европска скулптура. Работеше во истиот период со сликарите импресионисти. Негова најзначајна заслуга е внесувањето на психолошкиот елемент и послободното третирање на скулптурската материја и на фигурата. Најпознати му се делата "Мислител", "Бакнеж", "Граѓаните на Кале", "Балзак" и други. Роден е во 1840 година.

1945.- Во месноста Шеова, кај селото Баровица, на Пајак Планина, во нерамна борба против еден одред од 29 грчки монархофашисти загинаа деветмина родољуби на македонската ослободителна организација НОФ и борци против окупаторот.  

1947.- Пуштена е во употреба железничката пруга Шамац - Сараево, долга 242 километри, во чија изградба учествуваа младински работни бригади од цела Југославија.

1954.- Египетскиот генерал Гамал Абдел Насер стана шеф на државата по падот на претседателот Мохамед Нагиби, со кој во 1972 година беше тргнат кралот Фарук I  и монархијата во Египет.

1958.-  Суданската војска ја урна цивилната влада која траеше две години по стекнувањето независност, а за нов претседател на влада беше назначен генералот Ибрахим Абуд.

1969.- Советскиот Сојуз и САД во Хелсинки ги почнаа разговорите за ограничување на стратешкото вооружување.

1971.- Фелдмаршалот Вемид Таном Китикачорн со воен урар, без крвопролевање, ја тргна италијанската влада, го распушти собранието и го суспендира уставот, но суштината на италијанскиот монархистички режим не го доведе во прашање.

1972.- Поранешниот претседател на Аргентина Хуан Перон се врати во земјата по 17 години бегство.

1974.- Првите собраниски избори во Грција по повеќе од 10 години и седумгодишната војна против управата завршија со убедлива победа на Нова демократија на Константин Караманлис.

1976.- Кина ја изведе најголемата нуклеарна експлозија во атмосферата.

1977.- Претседателот на Египет Анвар ел Садат ја прифати поканата за посета на Израел, игнорирајќи го незадоволството на арапските земји и на сопствената влада.

1984. - Светски ден на непушењето (прогласен е на Петтата светска конференција за пушењето и за здравјето одржана во Канада во 1984 година).

1989.- Бугарското Собрание го смени Тодор Живков од функцијата шеф на државата.

1991. - Усвоен е Уставот на Република Македонија, прв по прогласувањето на сувереност и самостојност.

1993.- Нигерискиот генерал Сани Абача ја тргна цивилната влада на Ернест Шонекан.

1995.- Предадена е во употреба делницата на автопатот од Хиподром до Миладиновци, во должина од 10,3 км.

1996.- Во Република Македонија се одржаа првите локални избори по осамостојувањето на земјата - за градоначалници и за совети на 123 општини, односно 124 со градоначалникот и Советот на Град Скопје.  

1997.- Најголемата египетска организација на исламските терористи „Ел Гама ел Исламија“ покрај храмовите во Луксор уби 58 странски туристи и четворица Египќани. Тоа беше дотогаш најкрвавиот терористички напад во Египет.

1998.- Израелското Собрание (Кнесет) со мнозинство гласови го ратификува „Вај договорот“ со кој е предвидено отстапување на делови од окупираните територии на палестинската самоуправа.

2002.- Поранешниот италијански премиер Џулио Андреоти е осуден на 24 години затвор како нарачател на убиство на новинарот Мино Пекорели во 1979 година. Една година подоцна, Врховниот суд на Италија донесе ослободителна пресуда во која е наведено дека доживотнот сенатор на никаков начин не е вмешан  во убиството.

2005.- Алберт II свечено е устоличен како монарх на Кнежеството Монако. Кнезот Алберт II му припаѓа на семејството Грималди.

2006.- Умре Ференц Пукаш најдобриот унгарски фудбалер во историјата на земјата.

2006.- Холандската Влада донесе одлука за целосна забрана за носење на бурки и марами во јавност со кои муслиманките го прекриваат своето лице.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2007 во 09:47

42.п.н.е.- Роден е римскиот цар Тиберие, посинок на Октавијан Август, кој за време на владеењето од 14 до 37 година во новата ера ги осигура границите на Римското царство без нови освојувања. Претходно се прослави со воените походи во Германија, Панонија и Далмација.

1095. - На црковниот собир Клермон, во Франција, папата Урбан Втори ги повика соборните црковни големодостоинственици и световните владетели да тргнат во воен поход против "неверниците", Селџуци, кои ја зазедоа "светата земја" во Палестина, со Исусовиот гроб во Ерусалим. Со тоа го поттикна верското лудило и крстоносните војни што траеја цели два века.

1272.- Умре англискиот крал Хенри III, кој стапи на престолот само со девет години кога во 1216 година во текот на Првата баронска војна загина неговиот татко Џон Без Земја, но вистински почна да владее во 1234 година.

1532.- Шпанскиот освојувач Франциско Пизаро со измама, со само 200 војници, го зазеде градот Кахемарк и го зароби царот Атахуалп. 

1797.- Умре прускиот крал Фридрих Вилхелм II кој во текот на 13-годишното владеење спроведе политика на територијално ширење на земјата.

1828.- Франција, Британија и Русија ја признаа независнота на Грција. Иако Османлиското царство одби тоа да го прифати, во 1829 година беше принудено по поразот во војната со Русија, да ја признае независноста на Грција.

1831.- Умре прускиот генерал Карл фон Клаузевиц, еден од најпознатите воени теоретичари на 19. век, кој главните идеи за борбена стратегија и тактика ги изложи во делото „За војната“. Поради несогласувањата со политиката на водечките кругови на Прусија спрема француското царство на Наполеон I, против кого се бореше во повеќе битки, од 1812 до 1814 година бил во служба на Русија.

1848.- Во Рим со кој автократски владееше папата Пије IX - избувна буна со што беше создадена Римската република во која беа востановени многу институции по урнекот на Француската револуција.

1895.- Роден е германскиот композитор Паул Хиндемит. Од 1939 година беше професор на неколку универзитети во САД и во Швајцарија. Дела: оперите „Новости на денот“, „Сликарот Матис“, „Хармонија на светот“, шест гудачки квартети, „Камерна музика оп. 36“, концерти и сонати за разни инструменти, теориски дела „Традиционална хармонија“, „Светот на композиторот“ и други.

1898.- Во Солун е роден Симеон Кавракиров, македонски револуционер, следбеник на Гоцевите идеи и секретар на Обласниот комитет на ВМРО за Пиринска Македонија. Во јуни 1932 година е киднапиран во Софија од страна на врховистите во содејство со бугарската полиција и по двегодишно мачење е убиен во близината на селото Драглишта, Разлошко, на 14 јуни 1934 година.

1912.- Почна Битолската битка во Првата балканска војна во која добро утврдената турска Вардарска армија на Зеки паша, која се повлече по поразот од Кумановската бика, по тридневни битки беше поразена од српската Прва армија на Александар Караѓорѓевиќ со што Јужна Србија (денешна Македонија) и Стара Србија (Косово и Метохија) конечно беа ослободени од Турците.

1918.- По падот на австроунгарската монархија во Првата светска војна, Унгарија е прогласена за независна република.

1923. - Во селото Никифорово, Гостиварско, е роден Чеде Филиповски-Даме, народен херој на Македонија. Во Народноослободителната војна на Македонија учествуваше од 1941 година. Загина кај Радовиш во сообраќајна несреќа, како командант на Четириесет и осмата македонска девизија, на 29 јуни 1945 година.

1933.- Советскиот Сојуз и САД воспоставија дипломатски односи.

1941.- Во Втората светска војна почна втората германска офанзива врз Москва која, исто како и првата, започна во септември 1941 година кога Германците дојдоа на 30 километри до Москва, заврши со неуспех.

1945.- Во Лондон е потпишана Конвенцијата на Меѓународната организација за просвета, наука и култура (УНЕСКО), специјализирана установа на Организацијата на Обединетите нации, основана со цел преку воспитување, наука и култура, заштита на светските природни уметнички богатства, да спроведува соработка меѓу народите врз база на целосна рамноправност. Конвенцијата стапи во сила на 4 ноември 1946 година. Седиштето на УНЕСКО е во Париз. Република Макеоднија е 175 членка на УНЕСКО од 19 јули 1993 година.

1960.- Умре американскиот филмски глумец Клерк Гебл. Играше во повеќе од 70 филмови и со децении беше во врвот на популарноста како симбол на машкоста. Филмови: „Источен пат“, „Слободна душа“, „Се случи една ноќ“ (Оскар), „Буна на бродот `Баунти`“, „Кинеско Море“, „Однесено со виорот“, „Сан Франциско“, „Могамбо“, „Пробен пилот“, „Неприлагодени“, „Луѓе во бело“.

1962. - Скопје, главниот град на Република Македонија, го зафати катастрофална поплава.

1965.- Советскиот Сојуз го лансираше првиот вселенски брод „Венера III“ кој со стигнувањето на Венера во март 1966 година стигна на друга планета.

1965.- Умре ирскиот државник Вилијам Томас Косгрејв. Беше прв претседател на Ирска од 1922 до 1932 година.

1970.- Пакситан соопшти дека бројот на мртвите во циклонот и огромните бранови кои ги зафатија бреговите на Источен Пакистан (сегашен Бангладеш) и островите во Бенгалскиот Залив достина 500 илјади.

1972.- Генералното собрание на Обединетите нации одлучи Протугалија да ги напушти своите колонијални имоти во Африка и Азија (Ангола, Мозамбик, Порт, Гвинеја, Сао Томе, Кап Верде, Источен Тимор, Макао).

1981.- Умре американскиот филмски глумец Вилијам Холден, кој најчесто толкуваше улоги на „идеални“ современи Американци. Филмови: „Булевар на самракот“, „Вчера родена“, „Силата на оружјето“, „Месечината е сина“, „Над 30 ката“, „Излет“, „Мост на реката Квај“, „Светот на Сузи Вонг“.

1993.- Во Сардинија умре 69-годишниот мафијашки член Лучијано Лиџио, еден од најбараните лица во Италија и инспирација за романот "Кум", на Марио Пузо.

1993.- Обединетите нации официјално се откажаа од потрагата по лидерот на најмоќната фракција во Сомалија, Мохамед Фарах Аидид.

1995.- Поранешниот претседател на Јужна Кореја Ро Те Ву е уапсен пради корупција.

1995. - Во Скопје умре Петре Прличко, доајен и еден од втемелувачите на македонската театарска уметност, актер и режисер.Тој е припадник на првата генерација современи македонски театарски и филмски дејци, кој остави неизбришливи траги во македонското актерско творештво. Роден е во Велес, на 13 март 1907 година.

1997.- Умре францускиот политичар и публицист Жорж Марше, генерален секретар на Француската комунистичка партија од 1972 до 1994 година. Дела: „Што е Француска комунистичка партија?“, „Демократски предизвик“, „Политиката на Француската комунистичка партија“, „Зборуваме отворено“, „Одговори“, „Надеж во сегашноста“.

2001.- Собранието на Република Македонија ги прогласи 15-те амандмани за промена на Уставот на Република Македонија, иницирани од Рамковниот охридски договор.

2006.- Унгарски научници успешно клонираа глушец. Глушецот наречен „Клонила“ е производ на тригодишната работа на 20 истражувачи на Земјоделскиот биотехнолошки истражувачки центар во Годол, близу Будимпешта. Според нивните уверувања, клонирањето би требало да биде од голема помош за научниците во лечењето на разни болести.

2006.- Умре Милтон Фридман, економист и добитник на Нобеловата награда. Признат е како „татко на монетарната теорија“. Неговото практично знаење е потврдено во улогата на економски советник во администрацијата на американските претседатели Ричард Никсон, Џералд Форд и Роналд Реган. Фридман се смета за еден од основачите на влијанието на „чикашката школа“, а од 1948 до 1979 година беше и професор на Универзитет во Чикаго. Главни дела: „Капитализам и слобода“, „Теоретски основи на монетарната анализа“, „Слобода на изборот“.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2007 во 10:59

1492. - Христофер Колумбо, откривајќи ја Америка, ја направи и првата белешка за употребата на тутунот меѓу Индијанците. Тоа беше првиот пишан документ за ова растение, кое наскоро го освои не само стариот континент - Европа, туку и целиот свет, а за кое медицината утврди дека има штетно влијание врз човековото здравје.

1532.- Шпанскиот конквистадор Писаро, само со 200 војници, со измама, ја освои Кахемарка и го зароби царот Атахулапа. По ова Перу стана шпанска колонија.

1577. - Сер Франсис Дрејк, англиски гусар, морепловец и адмирал, тргна на патување околу светот. Неговата активност е од големо значење за англиското колонијално ширење, особено во Северна Америка. Интересно е дека токму Дрејк го пренесе компирот од Америка во Европа, во 1596 година.

1630. - Во Регенбург умре Јохам Кеплер, германски астроном, математичар и физичар, познат по формулирањето на законите за движење на планетите што претставуваат основа на современата планетарна астрономија. Со своите проучувања ја докажа вредноста на хелиоцентричниот систем. Роден е на 27 декември 1571 година.

1708.- Роден е англискиот државник Вилијам Пит Постариот, кој беше британски премиер од 1756 до 1761 и од 1766 до 1768 година. Во негово време со агресивна надворешна политика Велика Британија стана најголема светска колонијална сила. Како шеф на дипломатијата и министер за војна спроведе политика на колонијална експанзија и во 1756 година ја покрена Седумгодишната војна, по која Франција во 1763 година мораше да и ја отстапи Канада, како и да се повлече од Индија.

1738.- Роден е англискиот астроном од германско потекло Фредерик Вилијам Херсел, кој во 1781 година ја откри Уран, седмата планета во Сончевиот систем. Најпрво бил музичар, но астрономијата многу го фасцинирала, па така почнал и самиот да бруси огледала, но и да конструира телескопи. По откривањето на Уран, бил прво член а потоа и претседател на Лондонското кралско друштво. Открил и два Уранови и два Сатурнови сателити.

1787. - Во Виена умре Кристоф Вилибалд Глук, германски композитор и диригент. Ја реформира операта, проповедајќи враќање кон грчката уметност и на тој начин го покажа патот кон музичката драма. Негова позната опера е "Орфеј". Роден е во Ербах, Баварија, на 2 јули 1714 година.

1862.- Роден е германскиот писател Герхарт Хауптман, добитник на Нобеловата награда за книжевност во 1912 година. Неговата лирика е со идеалистички тон, а во драмите преовладува социјална проблематика од животот на сиромашните во неговата родна Шелзи. Напишал многу драми, есеи, афорзми, новели, патописни и автобиографски книги. Дела: „Пред зората“, „Зимска балада“, „Црвен петел“, „Електра“, „Превозникот Хенсел“, „Осамени луѓе“, „Колегата Крамптон“, „Роза Бренд“, „Стаорци“ и други.

1889.- Царот Педро II абдицираше. Тој е вториот и последен бразилски монарх во Бразил по што Бразил е прогласена за независна република.

1891.- Роден е германскиот фелдмаршал Ервин Ромел, наречен „пустинска лисица“ кој како командат на експедициските сили на Германија во Втората светска војна во 1941 и 1942 година забележа повеќе победи над сојузниците во северна Африка. Во декември 1942 година беше поразен во клучната бика кај Ел Аламејн. Не успеа да го спречи сојузничкото навлегување во Нормандија во јуни 1944 година, а по неуспешниот атентат врз Адолф Хилтер во јули 1944 година, во кој беше вмешан, беше принуден да изврши самоубиство.

1916.- Умре полскиот писател Хенрик Сјенкјевич, добитник на Нобеловата награда за книжевност во 1905 година, кој светската слава ја стекна со историски романи. Дела: „Quo vadis“, „Со оган и меч“, „Пан Волдијовски“, „Семејството Поланјецкиеви“, „Низ пустина во прашума“.

1920. - Лигата на народите во Женева ја одржа својата прва седница. Лигата е формирана на 28 април 1919 година, со цел да се обезбеди мир и меѓународна соработка на членките на Лигата, но набрзо, поради спротивставените ставови меѓу големите сили, загуби секакво влијание на светската сцена.

1923.- Галопирачката инфлација во Германија го достигна врвот - четири трилиони марки беа менувани за еден американски долар.

1928.- Големиот фашистички совет во Италија стана врховно тело во земјата и ја презеде целата власт.

1935. Мануел Кесон стана првиот претседател на Филипини.

1942.- Кај Гвадалканал во Тихиот Океан во Втората светска војна заврши тридневната битка меѓу јапонските и американските флоти и авијација, која го означи пресвртот во војната на Пацификот. Јапонците претрпеа помали штети во бродови, но стратешкиот успех им припадна на Американците кои покрај бродовите уништија и речиси комплетна јапонска дивизија.

1944. - Во Скопје, во руинираните простории на некогашната Воена болница кај "Гази Баба" (Полумесец), беше сместена Болницата на Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија.

1946.- Со договорот потпишан во Лингџати Холандија ја призна Индонезија, но само на териториите на Јава, Суматра и Мадура. Холандија спротивно на договорот, во 1947 и во 1948 година се обиде со оружје повторно да ја освои Индонезија, но на конференцијата во Хаг во 1949 година дефинитивно ја призна независноста на Индонезија која беше нејзина колонија од 1816 година под името Холандска Источна Индија.

1954.- Умре американскиот филмски и театарски глумец Лајонел Баримор, која како дете се прослави глумејќи го Оливер Твист, а кон крајот на животот како тежок инвалид, седејќи во столче, одигра многу извонредни карактерни улоги. Филмови: „Гранд хотел“, „Островот Ларго“, „Дамата со камелии“, „Распучин и царицата“, ТВ-серијата „Д-р Килдер“.

1971.- Кинеска делегација првпат официјално зазеде место во Обединетите нации. До тогаш Кина ја претставуваше Тајван, како националистичка Кина (некомунистичка).

1976. - Во Нумји умре Жан Габен (Жан Алексис Монкорже), француски филмски и театарски артист. Играше во над 90 филмови, толкувајќи ликови на решителни, претприемчиви, често цинични и груби личности. Најпознати му се улогите во филмовите "Пеле ле Моко", "Големата илузија", "Брегот во магла", "Човекот-ѕвер", "Клошарот Архимед" и други. Роден е во Париз, на 17 мај 1904 година.

1976.- Сиријската армија ја презеде целата контрола врз Бејрут, во обидот да и стави крај на 18-месечната граѓанска војна во Либан.

1978.- При падот во Шри Ланка на исландскиот патнички авион "DC-8", кој од Мека превезуваше индонезиски муслимански ходочасници, загинаа сите 175 патници и осум членови на екипажот.

1983.- „Турската Република Северен Кипар“, која ја призна единствено Анкара, прогласи „независност“.

1983.- Во Скопје умре Таки Хрисик, македонски композитор и музички педатог. Неговиот творечки опус опфаќа голем број дела за хорска изведба, камерна музика, соло песни, дела за орекстар и близу 1.500 мелографски записи на македонски и на влашки песни. Роден е во Крушево, на 27 септември 1920 година.

1988.- Палестина е прогласена за независна држава.

1990.- Во првиот договор од Втората светска војна кој се однесува на конвеционалното вооружување, Варшавскиот пакт и НАТО принципиелно се договорија драстично да ја сменат количината на оружјето.

1994.- Претседателот на Австрија Томас Клестил при обраќањето пред членовите на израелскиот парламент призна дека неговата земја направи пропуст да ја признае сопствената улога во нацистичките злосторства во минатото.  

1994.- Беа објавени официјалните резултати од пописот, кои покажаа дека во Република Македонија има 1.936.877 жители.

1995. - Република Македонија стана 27-та членка на мировната иницијатива на НАТО „Партнерство за мир“.

2000.- Во Скопје умре Тодор Димитровски, македонски научен работник, лингвист, книжевен историчар, лексикограф, книжевен преведувач и редактор. Роден е во селото Подлес, Велешко, на 19 февруари 1922 година.  

2002.- Рускиот генерал Игор Шифрин е убиен во Грозни во заседа од чеченски исламистички терористи.

2003.- Пред две синагоги во центарот на Истанбул скоро во истовреме експлодираа два автомобили полни со експлозив, усмртувајќи вкупно 23 луѓе. Одговорноста ја презеде Исламскиот фронт на борци на Големиот Исток, основан во 1985 година со цел да формира исламска држава во Турција.

2005.- Израелски и палестински официјални личности постигнаа договор со кој првпат од израелската окупација во 1967 година на Палестинците им беше дадена контрола врз граничниот премин Раф, помеѓу појасот Газа и Египет.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Ноември.2007 во 11:01

354.- Роден е Свети Аурелие Августин, епископ во римска северна Африка, најпознат претставник на раните христијански мисли. Неготово најзначајно дело е „За Божјата држава“.

1093.- Умре шкотскиот крал Малколм III во текот на петиот безуспешен обид да ја покори Англија. На власт дојде во 1057 година, кога во битка го уби кралот Макбет, осветувајќи се за убиството на својот татко, кралот Данкан I во 1040 година.  

1312.- Роден е англискиот крал Едвард III. Toj во текот на владеењето од 1327 до 1377 година ја освои Шкотска. Ја предизвика Стогодишната војна со Франција кога во 1340 година се прогласи и за нејзин крал.

1730.- Роден е Александар Василевич Суворов, најславен руски војсководец, генерал и еден од најголемите војсководци во 18. век. Познати се неговите победи во руско-турските војни (1768 до 1774 и 1787 до 1791 година), потиснувањето на Французите од Северна Италија, а се прослави и со походот во Швајцарија преку Алпите, во 1799 година. Умре на 18 мај 1800 година.

1782.- Роден е шведскиот писател Есајас Тегнер, еден од најистакнатите поети романтичари. Дела: циклус песни: „Сага за Фријоф“, песните „Шведска“, „Птици преселници“ и други.  

1831.- Роден е шкотскиот физичар Џејмс Клерк Максвел, најголем теориски физичар во 19. век. Во областа на електромагнетизмот ја формулира Максвеловата единица, ја создаде електромагнетската теорија за светлината, даде теориска основа на радио-брановите, ја разви брановата теорија за светлината и електромагнетската теорија за етерот.

1850.- Роден е англискиот писател, Роберт Луис Стивенсон. Зазема видно место во англиската книжевност како есеист, раскажувач, романсиер и патописец. Умре во 1894 година.

1868.- Умре италијанскиот композитор Џоакино Антонио Росини, автор на 39 опери. Компонирал во романтичарски стил, духовито, спонтано и оригинално. Дела: оперите „Севилски бербер“, „Вилејм Тел“, „Танкреди“, „Отело“ и други, црковна музика „Стабат Матер“.

1882.- Во Кавадарци е роден македонскиот револуционер и војвода Добри Даскалов. Беше борец во четите на Јане Сандански и на Христо Чернопеев, делегат на Солунскиот конгрес на ТМОРО-1903 година, учесник во Илинденското востание-1903 година, учесник на Прилепскиот подвижен конгрес на ТМОРО-1904 година, на Рилскиот конгрес на ТМОРО-1905 година, член на Народната федеративна партија и член на нејзиното централно раководство. Подмолно е убиен во Кавадарци на 20 јуни 1912 година.

1903.- Во Париз умре Камиј Писаро, француски сликар еден од главните претставници на импресионизмот, кој изврши големо влијание врз европското сликарство. Роден е на 10 јули 1830 година.

1912.- Роден е францускиот писател од романско потекло Езен Јонеско, член на Француската академија. Дела: „Ќелавата пејачка“, „Лекција“, „Столици“, „Жртви на должноста“, „Макбет“, „Носорог“, „Убиец без плата“, „Црно и бело“ и други.

1913.- Грција и Турција потпишаа мировен договор.

1915.- Во Бакар, Хрватска, е роден Станко Липша, оперски пејач, повеќе од три децении носител на баритонскиот репертоар на Операта при Македонскиот народен театар и долгогодишен вокален педагог. Дебитира со ликот на Ескамилио во "Кармен", а последен пат на сцената настапи како Амонасро во "Аида". Умре во Скопје, на 17 јануари 1986 година.

1914.- Првиот британски носач на авиони „Арк Ројал“ во Втората светска војна е погоден од герамански торпедо во близина на Гибралтар, кој следниот ден потона.

1942.- Кај Гваделканал во Тихиот Океан во Втората светска војна почна тридневната битка меѓу јапонските и американските флоти и авијации. Оваа битка го означи пресвртот во војната на Пацификот. Јапонците претрпеа помали загуби во бродови, но стратешкиот успех им припадна на Американците, кои покрај бродови уништија и речиси комплетна јапонска дивизија.

1944.- Четириесет и втората дивизија на НОВ на Македонија, во содејство со Шеснаесеттата македонска бригада на Кумановската дивизија на НОВ на Македонија и со помош на вооруженото население, го слободија Скопје и со брзо дејство го спречија уривањето на мостовите на реката Вардар и на хидроцентралата „Матка“.

1945.- Ахмет Сукарно стана претседател на Индонезија.

1945.- Францускиот генерал Шарл де Гол со сите 555 гласа од пратениците е избран за претседатл на привремената влада, по што формира коалициски кабинет во кој влегоа и пет комунисти.

1956.- Врховниот суд на САД пресуди дека расната сегрегација во јавните автобуси е неуставна.

1970.- Со воен удар без пролевање крв, Хафез ел Асад ја презеде власта во Сирија.

1974.- Умре Виторио де Сика, познат италијански филмски режисер и артист, еден од основачите на неореалистичкиот правец. Создаде низа успешни артистички и режисерски креации во многу филмови, од кои најпознати се, "Чистач на чевли", "Крадци на велосипеди", "Станицата Термини", "Чочара" и други. Роден е во Рим 1902 година.

1975.- Светската здравствена организација објави дека големите сипаници за првпат во историјата во Азија се искоренети.

1977.- Во знак на протест поради поддршката на Москва на Етиопија во војната за територии, Сомалија им нареди на советските советници да ја напуштат земјата и му забрани на Совтскиот Сојуз да ги користи поморските бази.

1980.- Американскиот вселински брод „Војаџер I“ ги испрати првите снимки на Сатурн направени од близина.

1985.- Во ерупција на вулканот Невадо дел Роус во Централна Колумбија разорен е градот Армеро и загинаа повеќе од 25.000 луѓе.

1989.- Источногерманското собрание за претседател на владата го избра комунистичкиот реформист Егон Кренц.

1993.- Ден на Македонското друштво на ортопеди и травматолози.

1994.- На референдум 52,2 отсто од Швеѓаните изгласаа за влез на земјата во Европската унија.

1995.- Во бомбашки напад на исламски терористи врз американски воен центар во Ријад во Саудиска Арабија загинаа седум луѓе, вклучувајќи пет Американци.

1995.- Израелските трупи по 28 години окупација го напуштија Џенин, првиот град на Западниот Брег предаден на Палестинците согласно мировниот договор меѓу Израел и ПЛО.  

1996.- Во Битола умре Михајло Џима, македонски новинар. Роден е во Битола, во 1938 година.

1997.- Петнаесет земји меѓу кои и Република Македонија, ја потпишаа Европската конвенција за националностите.

1999.- Британскиот боксер Ленокс Луис со победата над американскиот боксер Ивандер Холифилд стана првиот боксер во 20. век, кој е роден во Велика Британија а кој ја освои титулата првак на светот во тешка катеторија.

2000.- Обвинет за корупција, филипинскиот претседател Џозеф Естард е сменет.

2001.- На патот Прилеп - Велес, кај месноста Каменолом, во сообраќајна несреќа загина Ѓорѓи Котевски, пратеник во Собранието на Република Македонија, новинар и писател. Роден е во селото Логоварди, Битолско, на 24 февруари 1950 година.

2002.- Конгресот на владејачката Комунистичка партија во Кина потврди  дека Џанг Цемин  ја напушта функцијата на генерален секретар, со што беше расчистен патот за новата генерација на предводници на најбројната населена земја во светот.

2006.- На референдумот во Јужна Осетија 90 отсто од тие кои гласаа се изјаснија за независност на Грузија. Западните официјални лица, референдумот кој е спроведен во Јужна Осетија не го сметаат за легален, додека Русија смета дека реформските резултати мора да се уважат.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2007 во 10:35

1812.- Околу 25.000 војници на разбиената армија на францускиот цар Наполен I, која се повлекуваше од Москва, од руските топовски истрели и јуриши на козаците загинаа на замрзнатата река Березин. По дебаклот на реката, Наполеон побегна со мала придружба во Париз со ветување дека ќе подигне нова армија од 300.000 луѓе, но поразот во Русија беше почеток на крајот на неговата империја.

1833.- Во Санкт Петербург е роден Александар Порфириевич Бородин, руски композитор, припадник на руската музичка „Група на петмина“. Под влијание на рускиот музички фолклор компонира симфонии, гудачки кватети и опери. Неговата најпозната опера е „Кнез Игор“, на која работеше 20 години, а ја довршија Римски - Корсаков и Глазунов. Умре во Санкт Петербург, на 28 февруари 1887 година.

1840.-  Роден е францускиот вајар Огист Роден, еден од најголемите уметници на крајот на 19. и почетокот на 20. век. Скулптури: „Мислител“, „Бакнеж“, „Балзак“, „Граѓани на Кале“, „Вратата не пеколот“, „Вечен идол“, „Пролет“, „Човек со скршен нос“, бисти, актови.

1866.- Роден е Сун Јат Сен, кинески револуционер и државник. Во 1905 година ја основа Кинеската револуционерна лига, а во 1912 година ја основа партијата Куоминтанг. Во 1917 година е избран за претседател на Јужна Кина. По победата на Октомвриската социјалистичка револуција во Русија, работеше на обединувањето на земјата и ја објави револуционерната програма на Коуминтанг, во која ја вклучи и Комунистичката партија на Кина. Умре во Пекинг, на 12 март 1925 година.

1912.- Шпанскиот претседател на влада Хозе Каналехас беше убиен од анархистот Мануел Пардинас, кој потоа изврши самоубиство.

1912.- Спасувачка екипа ги пронајде посмртните останки на англискиот поларен истражувач и капетан Роберт Скот, како и на неговите придружници. Се претпоставува дека Скот и неговите членови на експедицијата умреле во март 1912 година, при враќањето од Јужниот Пол.

1918.- Прогласена е првата австриска република, ден по капитулацијата на Германија во Првата светска војна и абдицирањето на царот Карл I, кој беше последен владетел од Хабзбурговата куќа.

1919.- Рос и Кејт Смит, англиски пилоти, први полетаа од Лондон за Австралија. Слетаа во австралискиот град Дарвин на 13 декември 1919 година.

1927.- Лав Троцки, по обвинението дека се бори за власт по смртта на Ленин, беше исклучен од владејачката болшевичка партија, а Сталин стана неприкосновен лидер на Советските држави. Лав Троцки од земјата беше протеран во 1929, а во 1940 година беше убиен во Мексико.

1929.- Во Филаделфија, САД, е родена Грејс Патриција Кели, американска филмска актерка, толкувач на драмски ликови и позната по учеството во филмовите на Алфред Хичкок. Главни филмови: „Точно напладне“, „Провинцијалка“, „Повикај М за убиство’, „Прозорец во дворот“, „Високо друштво“. Го напушти филмот кога се омажи за принцот Рение Трети од Монако. Умре во Монако, на 13 септември 1982 година.

1933.- Хитлеровата Национал-социјалистичка работничка партија доби мнозинство во парламентот и дојде на власт во Германија. Тогаш настана најмрачното движење во поновата историја на светот - нацизмот, кој доведе до Втората светска војна. Нацизмот беше доктрина која на човештвото му навести истребување на народите во походот за "големогермански простор".

1937.- Јапонците го окупираа кинескиот град Шангај.

1941.- Советските вооружени сили го запреа надоаѓањето на нацистичките сили кон Москва.

1942.- Британската Осма армија на генералот Бернард Монтгомери во Втората светска војно повторно го зазеде Тобрук во Либија, заробувајќи најмалку 30.000 германски и италијански војници, и продолжи преку Сахара да го гони разбиениот Африкански корпус на германскиот генерал Ервин Ромел.  

1944.- Во Тромзо, северна Норешка, во Втората светска војна сојузниците го потонаа „Тирпиц“, последниот голем воен брод на Германија.

1948.- Поради извршени воени злосторства во Втората светска војна, на смртна казна беа осудени претседателот на владата генералот Хидеки Тоџо и уште шест јапонски функционери.

1956.- Новиот унгарски лидер Јанош Кадар го одби влегувањето на набљудувачите на Обединетите нации во Унгарија.

1961.- Родена е романската гимнастичарка Надја Команечи, која за само една вежба на Олимписките игри во Монтреал во 1976 година, прва во историјата на гимнастиката ја доби најголема можна оценка - 10.

1969.- Рускиот писател Александар Солжењицин беше исфрлен од Сојузот на советските писатели, со образложение дека неговото однесување е „антидржавно“.

1970.- Силен циклон и високи бранови усмртија најмалку 200.000 луѓе во Источен Пакистан (сегашен Бандгладеш).

1973.- Во Скопје умре Иван Точко, истакнат современ македонски писател и новинар. Автор е на збирките разкази "Бојана", "Акорди", "Прстен", "Раскази", "Лебедова песна" и други. Последно негово објавено дело е драмата во осум сцени со пролог "Плуто". Роден е во Охрид, на 9 јануари 1914 година.

1974.- Поради политиката на апартхејдот, Јужна Африка е суспендирана од Генералното  собрание на Обединетите нации.

1977.- Во затворската ќелија Ингрид Шуберт изврши самоубиство. Таа беше една од основачите на западногерманската левичарска терористичка група „Бадер-Мајнхов“.

1981.- Американскиот спејс-шатл „Колумбија“ вторпат полета во орбитата околу Земјата, станувајќи прво вселенско возило кое е употребено повеќе од еден пат.

1982.- Јуриј Андропев е избран за генерален секретар на Централниот комитет на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз, ден по смртта на Леонид Брежњев.

1989.- Во Мадрид умре Долорес Ибарури - Ла Пасионарија, едно од најславните имиња на Шпанската граѓанска војна и на шпанското револуционерно движење. Од 1943 до 1960 година беше генерален секретар на КП на Шпанија, а потоа нејзин претседател до крајот на животот. Родена е во местото Гањарта, во Баскија, на 9 декември 1895 година.

1990.- Пине Акихито е крунисан за цар (микадо) на Јапонија.

1991.- Стапија на сила економските санкции на Европската заедница спрема Србија и Црна Гора.

1991. Индонезиски трупи во Источен Тимор убија десетина демонстранти кои бараа независност. До 1951 година Источен Тимор беше португалска колонија. Источен Тимор стана независна држава во 2002 година.

1992.- Во Берлин започна судењето на поранешниот претседател на Источна Германија, Ерих Хонекер. На најспектакуларниот судски процес во Германија, Хонекер одговараше за убиство на 12 бегалци. На клупата на обвинетите се најдоа и шест поранешни членови на Министерството за национална одбрана.

1992.- Во Скопје, со одлука на Универзитетскиот совет, Универзитетот „Кирил и Методиј“ пред името на словенските просветители го доби и епитетот Свети, значи „Свети Кирил и Методиј“.

1995.- Во Загреб умре Аугустин Тин Уевиќ, еден од најголемите поети на современата хрватска литература. Познати се неговите стихозбирки „Лелек на ратајот“, „Медал“, „Песни“, и „Жеден камен на кладенец“. Роден е во Врорац, на 5 јули 1891 година.

1996.- Во судар, над Индија, на два патнички авиона од Саудиска Арабија и Казахстан загинаа 349 луѓе.

1999.- Во земјотрес во Турција, со епицентар кај градот Душче, 170 километри источно од Истанбул, загинаа најмалку 550 луѓе.

1999.- На подрачјето на планината Бајгора, 12 километри североисточно од Косовска Митровица, се сруши авионот „ATR-42“ на Светската програма на Обединетите нации за храна. Во несреќата загинаа сите 21 патник и тројцата членови на екипажот.

2001.- Авион на компанијата „Американ ерлајнс“ од типот „ербас А 300“ со 260 патници и членови на екипажот се урна непосредно по полетувањето врз њујоршкиот кварт Квинс. Во несреќата загинаа сите патници во авионот и членовите на екипажот, како и пет луѓе во разорените куќи.

2003.- Во самоубиствен напад на исламски терористи во Насирија, на југот од Ирак, во експлозија на камион пред базата на италијанската воена полиција загинаа 19 Италијанци и девет Ирачани.

2006.- Бомаш-самоубиец уби 35 и рани 58 луѓе во регрутниот центар на ирачката полиција во Багдат. Напаѓачот со опасен експлозив успеа да влезе во регрутниот центар на ирачката полиција, а потоа и го активира експлозивот. Од американската инвазија врз Ирак во март 2003 година, во земјата загинаа 2.813 американски војници, додека секоја недела во Ирак, според проценките на ОН, загинале по 100 цивили.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2007 во 13:45

1821.- Во Москва е роден Фјодор Михаилович Достоевски, великан на руската и на светската литература. Негови најпознати дела се „Двојник“, „Бели ноќи“, „Неточка Незванова“, Злосторство и казна“, „Браќата Карамазови“, „Идиот“ и други дела. Роден е во Санкт Петербург, на 9 февруари 1881 година.

1855.- Умре данскиот филозоф Серен Кјеркегор, кој беше наречен „Копенхашки Сократ“. Тој наспроти филозовската традиција, посебно спрема системот на филозофијата на Фридрих Хегел, разви специфичен филозофски став. Дела: „За поимот на иронијата со постојан осврт на Сократ“, „Или - или“, „Дневник“, „Стадиумите на животниот пат“, „Филозовски ронки“.

1869.- Роден е италијанскиот крал Виторио Емануеле III, последен италијански монарх, кој беше на престолот од 1900 до 1946 година, и поддржувач на Бенито Мусолини. Во 1936 година по агресијата на Италија врз Етиопија се прогласи за „цар на Етиопија“, а во 1939 година и за „крал на Албанија“. Абдицираше по победата на републиканците на изборите во 1946 година, а на референдум набрзо беше соборена монархијата во Италија.

1885.- Роден е американскиот генерал Џорџ Смит Патон, кој за време на Втората светска војна во северна Африка и во Европа се истакна како енергичен и вешт командант. Напишал мемоар „Војната како што јас ја гледав“.

1898.- Роден е францускиот филмски режисер Рене Клер, член на Француската академија. Филмови: „Италијански сламен шешир“, „Под покривите на Париз“, „Милион“, „Дајте ни слобода“, „Четиринаесетти јули“, „Духот оди на Запад“, „Се оженив со вештерка“, „Молчењето е злато“, „Убавината на ѓаволот“, „Големи маневри“, „Улица на соништата“.

1918.- Во Комиенската шума кај Париз, Германија потпиша капитулација, со што заврши Првата светска војна.

1942.- Германските трупи во Втората светска војна ги запоседнаа неокупираните делови на Франција. Истиот ден, германските и италијанските трупи го окупираа и францускиот остров Корзика.    

1943.- Во селото Сливово, Охридско, формирана е Првата македонско-косовска НОУ бригада. Таа беше формирана од НОП баталјон "Мирче Ацев", Кичевскиот баталјон, Првиот косовски баталјон "Рамиз Садику", "Вториот косовски баталјон "Борис Вукмировиќ" и од четата на придружните баталјони на Главниот штаб на Македонија. При формирањето имаше 700 борци и го доби називот ударна.

1944.- Ослободено е Куманово.

1952. - Пронаоѓачите Џон Мулин и Вејн Џонсон во Лос Анѓелес првпат го демонстрираа нивниот изум видео рикордер за снимање на ТВ-емисии.

1961.- Сталинград беше преименуван во Волгоград. За време на царството градот се викаше Царицин.

1963.- Во Скопје излезе првиот број на дневниот весник "Вечер".

1965.- Водачот на расистичкиот режим на Родезија Јан Смит еднострано ја прогласи независноста на британската колонија, а Велика Британија режимот на белото малцинство го прогласи за илегално.

1971.- Сенатот на САД го рафитикуваше договорот со кој на Јапонија и беше вратен островот Окинава, кој и беше одземен кон крајот на Втората светска војна.

1973.- На 101 километар на патот Каиро-Суец, потпишана е спогодбата за прекин на огнот меѓу Израел и Египет. На тој начин официјално престанаа воените операции во "октомвриската војна", на Блискиот Исток.

1975.- По цели пет векови како португалска колонија, Ангола прогласИ независност. Нејзин прв претседател стана Агостино Нето.

1976.- Умре американскиот вајар Александер Стерлинг Калдер.

1987.- Борис Елцин беше сменет од функцијата шеф на московските комунисти.

1990.- Во Атина умре Јанис Рицос, поет на грчката левица. Освен "Златниот венец" на Струшките вечери на поезијата (1985) има добиено уште 23 други меѓународни признанија. Има издадено 117 книги поезија, преведени на 21 јазик. Поради неговите изразито левичарски убедувања повеќепати е апсен. Роден е во Монамвасија, на Пелопонез, на 1 мај 1909 година.

1990.- Во СР Македонија се одржаа првите слободни повеќепартиски избори.

1992.- Англиската англиканска црква ја напушти својата вековна традиција со што им дозволи на жените да стануваат свештеници.

1995.- Во Брисел, шеснаесетте земји членки на Алијансата му дадоа "зелено светло" на предлогот на Политичкиот комитет, Република Македонија, да биде 27-ма потписничка на програмата "Партнерство за мир".

1996.- Претседателот на Гватемала Алваро Арс соопшти дека со герилското движење е постигнат договор за крај на 36-годишната војна во земјата.

1998.- Во Скопје, во црквата „Света Петка“ е отворена првата (црковна) народна кујна.

2000.- Во запалена жичарница во еден од тунелите под глечерот Кицштајхорн на Австриските Алпи загинаа 159 луѓе.

2004.- Палестинскиот лидер Јасер Арафат почина во воената болница "Перси" кај Париз. Добитник е на Нобеловата награда за мир (заедно со Јицак Рабин и Шимон Перес) во 1994 година за покренувањето на мировниот процес во арапско-израелските односи и за склучување мировна спогодба меѓу Палестинците и Израел... Тој на 29 октомври беше примен на лекување во критична состојба. Од приемот, тој неколку пати ја губеше свеста, а во последните неколку дена беше во кома од која не се разбуди. Лекарите од француската болница не успеаја да дијагностицираат од што боледува палестинскиот лидер. Арафат е роден во Каиро на 24 август 1929 година, како Мохамад Јасер Абдал Рауф Арафат ал Кудва ал Хусеини.

2004.- Собранието на Литванија го ратифиуваше Уставот на Европската унија со што земјата е првата во 25-члената Унија што официјално го прифати тој документ.

2005.- По 15 години граѓанска војна, во Либерија се одржани првите слободни избори на кои победи Елен Џонсон - Селиф, прва жена претседател во Африка.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Ноември.2007 во 11:40

- Денеска е Светски младински ден

- Денеска е Светски ден на науката

1444.- Во битката кај Варна, Византија, силите на турскиот султан Мурат II ја победија полско-унгарската војска на полскиот крал Владислав Јаѓел III, кој загина во битката.

1483.- Роден е Мартин Лутер, свештеник и професор по теологија, основач на протестантизмот и водач на реформацијата во Германија. По барањето за реформа на црквата во 1517 година, тој е екскомунициран од црквата, неговото движење се прошири низ Германија и прерасна во широко народно движење против папската власт и против феудалното уредување. Кога реформацијата доведе до селанската војна против феудализмот во 1525 година, тој беше на страна на феудалците. Умре на 18 февруари 1546 година.

1493.- Роден е швајцарскиот алхемичар и лекар Теофраст Бомбаст фон Хоенхајм, познат како Филип Ауреол Парацелзус, пишувач на медицински дела, кој многу придонесе за примена на хемијата во медицината. Фон Хоенхамјм ја основа „јатрохемија“, нешто како денешната хемотерапија. Прв почна да користи сумпор како лек, арсеник, опијум, живини соли, олово, железо и бакар и да применува лековити капења со соли.

1668.- Роден е францускиот композитор и оргуљаш Франсоа Купрен, централна личност во музичкиот живот на Париз во почетокот на 18. век.

1697.- Роден е англискиот сликар Вилијам Хогарт, исклучителен цртач на портрети и физиономии.  

1759.- Роден е Фридрих Шилер, еден од најпознатите германски поети и драмски писатели. Автор е на драмите „Интрига и љубов“, „Разбојници“, „Дон Карлос“, „Вилием Тел“, „Јованка Орлеанка“ и на други дела. Умре во Вајмар, на 9 мај 1805 година.

1796.- Умре руската царица Катарина II Алексејевна, наречена Катарина Велика. Владеела цврсто од 1762 година. Во духот на просветниот апсолутизам и под влијание на француски филозофи и идејата за просвета, отворила школи, Им помагала на науката и уметноста, ја модернизирала администрацијата и судството, ги средила финансиите, ја укинала тортурата, смртната казна ја заменила со прогонство во Сибир. Успешно војувала против Полска и Турција и кон Русија ги припои Казахстан, Грузија, Ерменија, Камчатка, Крив, дел од Бесарабија (Молдавија) и голем дел од Украина, Велорусија и Полска.

1891.- Во Марсеј умре Артур Рембо, француски поет. Уште како млад стана славен, а на 17 години ја напиша познатата поема „Пијаниот брод“. Во дваесеттите години престана да пишува, минувајќи низ литературата како „метеор“, а оставајќи во наследство дело што го навести симболизмот и надреализмот. Роден е на 20 октомври 1854 година.

1919.- Роден е рускиот инженер Михаил Тимофејевич Калашњиков, конструктор на најдобрата автоматска пушка на 20. век АК-47, наречена според неговото презиме „калшњиков“.  

1925.- Во Пантрихидифен, во Јужен Велс, е роден Ричард Волтер Џинкинс Бартон, прочуен британски театарски и филмски артист, великан на седмата уметност. Умре во Женева, на 4 август 1984 година.

1928.- Регент Хирохито е крунисан за цар на Јапонија.

1931.- Во Скопје е роден Тома Прошев, македонски композитор, еден од најплодните музички творци. Познати се неговите опери "Пајажина", "Малиот принц" и "Аретеј", како и многу други дела. Умре во Загреб, на 12 септември 1996 година.

1938.- Во Истанбул умре Мустафа Кемал-паша, наречен Ататурк-татко на Турците, турски револуционер, маршал и државник. Изврши значајни реформи во земјата, прокламирајќи еднаквост на сите граѓани, ги забрани фесот, зарот и фереџето, ја воведе латиницата наместо арапското писмо и друго. Роден е во Солун, во 1880 година.

1938.- Фашистичкиот италијански режим на Бенито Муслони ги прифати антисемитските закони.

1942.- Сојузничките сили во Втората светска војна, по победата кај Ел Аламејн во Либија над Африканскиот корпус на германскиот генрал Ервин Ромел, го исчистија Египет од нацистичките трупи и го зазедоа алжирскиот град Оран.

1943.- Германските власти во Втората светска војна, заради полесно управување со окупираната територија, воспоставија квислиншка „народна управа“ во Црна Гора.

1944.- Откриено е дека нацистичка Германија во Втората светска војна против Велика Британија употребувала ново оружје  - ракетите „Fau-2“.

1968.- Кај Ерџелија, Светиниколско, умре Јован Бошковски, македонски писател, книжевен и филмски критичар, преведувач и сценарист. Најпознати негови дела се "Растрел", "Багалци", "Блокада", "Луѓе и птици", "Солунските атентатори" и други. Автор е на сценаријата на филмовите "Солунските атентатори", "Под исто небо", а се појавува и како соработник на сценаријата за филмовите "Мементо" и "Републиката во пламен". Роден е во Скопје, на 25 декември 1920 година.

1973.- Државниот секретар на САД Хенри Кисинџер допатува во Пекинг за да им пренесе на кинеските лидери дека САД одлучиле да ги нормализираат односите со Кина.

1975.- Владите на Југославија и на Италија го потпишаа Осмиот договор за дефинитивно решавање на граничните и другите прашања меѓу овие две земји.  

1982.- Умре рускиот државник Леонид Иљич Брежњев, генерален секретар на Централниот комитет на Комунистичката партија и претседател на Президиумот на Врховниот совет на Советскиот Сојуз, кој на власт дојде во 1964 година на местото на Никита Хручов каде остана се до смртта. Придонесе во воспоставувањето дијалог со САД по долгиот период на ладни односи меѓу двете земји.  

1989.- Генералниот секретар на Комунистичката партија на Бугарија Тодор Живков по 35 години на чело на владејачката партија поднесе оставка, а го замени Петар Младенов. По седум дена откако ја поднесе оставката, беше сменет и од функцијата претседател на Државниот совет на Бугарија, кого исто така го наследи Младенов, а набрзо потоа беше исклучен и од партијата.

1990.- Водачот на социјалистите Чандер Шекар стана премиер на Индија.

1991.- Во Париз умре Ив Монтан, француски шансониер, театарски и филмски актер. Главни филмови: "Хероите се уморни", "Вештерките од Салем", "Го сакате ли Брамс" и други. Роден е во Италија, на 13 октомври 1921 година.

1994.- Ирак и формално го призна Кувајт како суверена држава.

1994.- Во Брисел е отворена светската изложба на пронајдоци, истражување и индустриски иновации "Еурека 94", на која Македонија за првпат беше самостојно претставена. На изложбата учествуваа 32 земји со околу 1.200 пронајдоци. Македонија беше претставена преку законот за заштита на индустриската сопственост.

 1995.- Нигерискиот воен режим обеси деветмина активисти за човекови права, вклучувајќи го и Кен Саро Вив, водач на племето Огони. Тоа предизвика незадоволство посебно во некои африкански земји, но Запад се задоволи главно со вербалните осуди - поради интересот на компаниите кои во Нигерија ја експлоатираа нафтата и гасот.

1997.- Претседателите на Русија и Кина, Борис Елцин и Џанг Цермин ја потпишаа декларацијата со која заврши долгогодишниот пограничен спор меѓу двете држави.  

2000.- СР Југославија стана полноправна членка на ОБСЕ.

2003.- Умре зимбабвскиот државник Кенан Банана, прв претседател на независна Зимбабве. Беше претседател од 1980 до 1987 година, кога функцијата му ја препушти на премиерот Роберт Мугабе кој и дотогаш раководеше со земјата.

2005.- Со самоубиствен напад во еден ресторан во центарот на Багдат беа убиени најмалку 34 луѓе, а ранети најмалку 25 лица. Одговорноста ја презедоа Ал Каида во Ирак.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2007 во 11:55

1689.- Во Призрен умре Џовани Пиколомини, австриски војсководец, по чија наредба австриската војска го запали Скопје на 26 октомври 1689 година. Роден е во 1650 година.

1799.- Наполеон Бонапарта го отфрли Директориумот и како прв конзул стана вистински владетел во Франција.

1818.- Во Орел е роден Иван Сергеевич Тургенев, руски писател. Неговите дела извршија големо влијание врз новелистиката. Меѓу најпознатите негови дела се "Благородничко гнездо", "Татковци и деца", "Спроти новите дни" и други. Умре во Боуговил, на 22 август 1883 година.

1918.- Во Берлин, по генералниот штрајк, почна револуцијата против царската власт. Истиот ден е урната монархијата, а царот Вилхем Втори побегна во Холандија. Тоа беше крај на германското царство. Власта ја презеде водачот на социјалдемократите Фредрих Еберд.

1918.- Во Париз умре Гијом Аполинер, француски поет и литературен критичар, од полско потекло. Во почетокот беше симболист и под влијание на Шарл Бодлер, а подоцна стана претставник на новите правци во уметноста - кубизмот и надреализмот. Познати се неговите дела „Алкохоли“, „Калиграми“ и „Изморениот поет“. Роден е во Рим, на 26 август 1880 година.  

1937.- Умре бритнаскиот државник Џејмс Ремзи Мекдоналд, еден од основачите на Лабуристичката партија. Како прв лабурист, во 1924 година стана премиер на Велика Британија, а владата повторно ја предводше и од 1929 до 1935 година.

1938.- На заповед од највисокиот врв, нацистите го почнаа прогонот на Евреите во Третиот рајх.

1940.- Умре Артур Невил Чемберлен, британски политичар и државник, водач на Конзервативната партија. Према агресивноста на фашистичките сили водеше политика на попуштање, што доведе до зголемување на агресивноста на фашистичките сили и до почетокот на Втората светска војна. Умре на 18 март 1869 година.

1944.- Ослободен е Велес.

1952.- Умре израелскиот државник и хемичар Хаим Азриел Вајцман, пронаоѓач на синтетичкиот ацетон и прв претседател на Израел од 1948 година се до својата смрт. Беше директор на хемиската лабораторија во Британскит адмиралитет од 1916 до 1919, престседател на Светската ционистичка организација од 1920 до 1931 и на Еврејската агенција од 1929 до 1931 и од 1935 до 1946 година.

1963.- Во јапонскиот рудник за јаглен Омута во експлозија на гас загинаа 452 рудари, а истиот ден загинаа и 161 патник во судир на товарен со патнички воз, кој сообраќал кон Токио.

1970.- Во местото Коломбеј умре Шарл де Гол, француски генерал и државник, претседател на Петтата Француска Република од 1959 година, голем светски политичар и борец против фашизмот. Роден е во Лил, на 22 ноември 1890 година.

1971.- Народна Република Кина е примена во членството на Обединетите нации.

1985.- Советскиот велемајстор Гари Каспаров во 23-та година од животот стана најмлад светски првак во историјата на шахот, по победата над Анатолиј Карпов.

1989.- Демократска Република Германија (Источна) ја отвори својата граница спрема Сојузна Република Германија (Западна) - "падна" Берлинскиот ѕид.

1991.- Умре францускиот писател и глумец од италијанско потекло Ив Монтан, кој светската слава ја постигна со филмот „Дневница за страв“. Филови: „Ноќна врата“, „Хероите се уморни“, „Вештерките од Салем“, „Го сакате ли Брамс“, „Ајде да се сакаме“, „З“, „Признавање“.

1992.- Во прашката болница на Хомолце умре Александар Дубчек, претседателот на Социјалдемократската партија на Словачка, лидер на Прашката пролет во 1968 година и симбол на демократските промени во Источна Европа.

1993.- Со топовски гранати од страна на Хрватите беше срушен Стариoт мост во Мостар, изграден во 1566 година.

1993.- На конференцијата на организацијата за храна и земјоделство (ФАО), во Рим, се изврши гласањето за нов генерален директор, а приемот на Република Македонија во ФАО предизвика големо интересирање.

1995.- Претседателот на Русија Борис Елцин стави вето на законот за еднострано укинување на санкциите против Југославија, кој беше изгласан претходниот месец во двата дома на руската Дума.

1995.- Претседателот на Палестинската ослободувачка организација Јасер Арафат првпат го посети Израел. Тој отиде во семејната куќа четири дена по убиството на израелскиот премиер Јицак Рабин да и изрази сочуство на вдовицата.

1995.- Во Стразбур е извршен и формален прием на Република Македонија во членството на Советот на Европа, како 38 членка.

2001.- Наставно-научниот совет на Правниот факултет во Скопје донесе одлука со која Правниот факултет се именува во Правен факултет „Јустинијан Први“.

2002.- Израелските сили во градот Џенин во Западниот Брег го ликвидираа водачот на военото крило на терористичкиот „Исламски џихад“ Ијад Савалах.

2005.- Умре поранешниот индијски претседател Коцерил Раман Нарајанан, прв припадник на каста „недопирливите“, најнискиот слој на индискиот кастински општествен систем, кој стаса до функцијата шеф на државата.

2005.- Во самоубиствениот бомбашки напад врз хотелите „Хајат“, „Радисон“ и „Џејс ин“ во Аман, главниот град на Јордан, загинаа најмалку 57, а ранети беа околу сто луѓе. Најмногу жртви имаше во хотелот „Радисон“ кога бомбашот упаднал меѓу сватовите. За овој напад во Ирак одговорноста ја презеде Ал Каида.

2005.- Европската комисија даде позитивно мислење за кандидатурата на Македонија за членство во Европската унија и му препорача на Европскиот совет да и даде статус кандидат.

2006.- Во воздушниот напад на силите на НАТО врз провинцијата Кандахар, на југот од Авганистан, загинаа 28 талибански екстремисти.

2006.- Умре Маркус Волф, долгогодишен шеф на тајната служба на Министерството за државна безбедност на некогашката Источна Германија.

2006.- Војската на Шри Ланка недалеку од северниот брег на земјата во Индискиот океан потопи 22 брода со побунетите Тамилски тигри. Војската ги обвини бунтовниците за обид да потопат цивилен брод со 300 патници. Тамилските тигри од 1983 година се борат за автономија на исток и север од Шри Ланка, каде живее тамилска етника група. Во судирите меѓу бунтовниците и силите на владата во Коломбо досега загинале повеќе од 60.000 луѓе, а примирјето кое беше склучено во 2002 година одамна не се почитува.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2021222324 36>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.