|
Влез во НАТО и ЕУ како Северна Македонија? |
Внеси реплика | страница <1 2021222324 30> |
Автор | ||
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Прашај некој Грк како ќе ја именува провинцијата во Грција латинично (англиски). Сигурно нема да ти каже Makedonia туку Macedonia. ΜΑΚΕΔΟΝΙΑ ќе ја пишува само на грчки. Значи, на Грците тоа им е целта. Официјално во ОН и во други меѓународни организации кога ќе се напише на англиски јазик (тој е највлијателен јазик, не оти многу го ценам), нашата држава да се напише различно од MACEDONIA (на пример Makedonija). Ако си толку наивен да мислиш дека Грците некогаш ќе напишат на англиски Greek province of Makedonia (а не Macedonia), опасно си се излажал... Што се однесува до тоа дека не ги сакам Американците, а го сакам терминот Macedonia, не знам каде е тука конфузијата?? На тој јазик (англиски) терминот Македонија е Macedonia. Ако зборот ,,мачка,, е cat бидејќи не ги сакам Американците сега би требало да го преименувам во dog... Смешно.
ПС: Се сеќавам еден диџеј пред 3-4 години беше во Скопје и го слушав на интервју на телевизија... Знаеш како го изговараше Скопје? SKOPJE - СКАПЏИ... Изменето од LiDivio - 26.Јули.2010 во 14:03 |
||
DameMak
Сениор Регистриран: 24.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 617 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Кај виде и кај прочита ти дека во нашиот устав сме запишани со Republic of MACEDONIA? Во нашиот устав сме запишани како „РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“. И во 1991, и во 2001 пратениците во Собранието на Република Македонија изгласаа устав во кој никаде нема термин „Мацедониа“, а најмалку тој термин го има на латиница. А ако го браниш ставот дека МАКЕДОНИЈА на латиница морало да биде MACEDONIA, тогаш си многу контрадикторен или конфузен: од една страна не ги сакаш НАТО и американците а од друга страна многу го сакаш латиничниот назив MACEDONIA.
Ова е офф топук, ама тие 400,000 невработени настанаа како последица на неодржливоста на економскиот систем на социјализмот или комунизмот. Да беше одржлив тој систем уште ќе постоеше, така што носталгијата по тој систем во најблага форма е само носталгија по една изгубена младост, ништо повеќе. Изменето од Анастеа - 27.Јули.2010 во 00:22 |
||
Illegitimi Non Carborundum
|
||
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Да влеземе во НАТО и ЕУ без да го смениме името??? Да беше тоа така до сега ќе бевме десет пати во НАТО и ЕУ (заедно со Словенија). Јас лично сум против членство во НАТО, а ако стварно влеземе во ЕУ како Р.Македонија т.е. Republic of MACEDONIA (како што ни е во уставот), ај тоа би можел некако да го поднесам. Не е прашањето како јас сум го поднесол распадот на комунизмот. Прашај ги сегашниве 400000 невработени како им е во вашиот прекрасен капитализам. Изменето од Анастеа - 27.Јули.2010 во 00:21 |
||
DameMak
Сениор Регистриран: 24.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 617 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не е проблемот на кого му текнал предлогот Republic of Makedonija, туку е проблемот (или смешката) како ти „сручно“ се потруди со твојот англиски јазик (и со носталгијата по непостоечките комунистички уредувања во Кина и Русија) да го прочиташ ИЗВИТОПЕРЕНО на англиски и овде да ни ја покажеш твојата експертиза. А од самата помисла дека единствената сламка за која се држиш и лобираш Македонија да не се приклучи кон НАТО и ЕУ (проблемот со името) би се решил на начин што нема да го смениме нашиот устав и нашето име тебе те ужаснува. Изменето од Анастеа - 27.Јули.2010 во 00:20 |
||
Illegitimi Non Carborundum
|
||
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не е проблемот кој ,,стручно или нестручно,, го чита Мејкдонајџа. Проблемот е на кого му текнала ваква глупост... На некого ако не му текнала, јас немаше ни да се потрудам да ја прочитам на англиски Republic of Makedonija... Цела држава да преименуваш, а да се правиш ептен голем Македонец. Караманлис, Папандреу, Друцас и Бакојани да се собереа намаше ваков предлог да смислат...
Изменето од LiDivio - 26.Јули.2010 во 10:53 |
||
DameMak
Сениор Регистриран: 24.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 617 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
„Стручното“ читање на Republic of MAKEDONIJA како МЕЈКДОНАЈЏА од тебе е навистина „стручно“ и ни укажува колку твоите ставови се за прифаќање. П.С. Ц ц ц, Бог да чува како ставаш зборови во моја уста која не сум ги кажал (кога немаш аргументи во расправата). Со НОБ не се мајтапам (и никогаш нема да се мајтапам). Незнам од кај ти е пак тоа. Ако од едната страна на фамилијата имам вмровци, другиот дел од фамилијата ми е од Прилеп и се од фамилијата на Коце Солунски. Баба ми дури умре примаше боречка пензија. Ама јас без разлика на тоа ги презирам комуњарите (а не комунистите) затоа што тие го јаваа тој систем и беа „црвена буржоазија“, слично како што сега во Кина има црвена буржоазија од најсуров капиталистички тип. Изменето од Анастеа - 27.Јули.2010 во 00:19 |
||
Illegitimi Non Carborundum
|
||
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Кој одредил дека ти си поголем Македонец од мене. Како прво ти се мајтапиш со НОБ во Македонија, во која како што знаеме, најголем дел од учесниците во неа биле комунисти. Јас ја почитувам таа НОБ баш заради тоа што после неа Македонија ја добива својата современа државност. Во врска со другите мајтапења, јас бев да се прекинат сите преговори со Грција и да го зачуваме уставното име Република Македонија т.е. Rep.of MACEDONIA, додека ти беше да направиме смешен компромис со МЕЈКДОНАЈЏА т.е. Republic of MAKEDONIJA... Сега кој си игра мајтап со Македонија и со националните чувства на Македонецот, види. Тоа што јас сум за социјалистички или комунистички систем не ме прави помал Македонец од тебе. Изменето од LiDivio - 26.Јули.2010 во 09:52 |
||
DameMak
Сениор Регистриран: 24.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 617 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Скокаш од една работа на друга кога ти снемуваат аргументи. Тоа за што се залагал дедо ми било пред 65-70 години. Денешната гео-политичка ситуација е сосема друга реалност, и мајтапења како твоите со националните чувства на македонецот се само одраз на безидејност или малодушност или малициозност кон сите македонци. Ако неговата борба за ослободување на Македонија не била успешна, не ми дава тоа мене за право да се заложам сегашната Република Македонија да престане да постои како таква и да се прекрсти во нешто друго, или пак да се приклучи кон невозможни комунистичко-носталгични сојузи со Кина и Русија. Изменето од Анастеа - 27.Јули.2010 во 00:17 |
||
Illegitimi Non Carborundum
|
||
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Дедо ми го учел татко ми дека сме македонци и дека треба цела Македонија да ја ослободиме без никаков Тито и без никакви комунисти.
Добро, го учел дека така треба, а дали така било, еее тоа е веќе друга приказна. Теорија е едно, а пракса и реалност е друго. Викаш ЦЕЛА Македонија?? Е па ајде соберете се без комунистите, т.е. без нас, и сите во напад на Солун... Изменето од Анастеа - 27.Јули.2010 во 00:16 |
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Господин LiDivio, такви комунистички "досетки" дека државата сме ја добиле на тацна, чинам дека е време да ги пратиме онаму каде што отиде и комунизмот...во небитието. Македонскиот народ не ја доби државата на послужавник, сам си се избори за истата. Македонските партизани се бореа против бугарскиот, италијанксиот, албанскиот, а на крајот и гермнанскиот окупатор. Зошто тогаш Страшо Пинџур,Кочо Рацин,Коле Неделковски, Цветан Димов, Маца Овчарова, Невена Георгиева-Дуња и многу други ги положија своите животи? Одлуките на Второто заседание на АВНОЈ беа плод токму на таквата борба против окупаторот. Држави никој не дава бесплатно, за истите треба да се пролее пот, а и крв. Во однос на тоа дека треба да се приклучиме кон Русија и Кина, нема да се сложам, затоа што сепак, сакале или не, ние сме обиколени од држави членики на НАТО и ЕУ и самата положба не дозволува да бидеме дел од сојуз со други држави или заедници. А секако, доколку за тоа треба да го смениме идентитетот и името, нема потреба никаде да влегуваме. Изменето од Анастеа - 27.Јули.2010 во 00:15 |
||
DameMak
Сениор Регистриран: 24.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 617 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
LiDivio, дедо ми го учел татко ми дека сме македонци и дека треба цела Македонија да ја ослободиме без никаков Тито и без никакви комунисти. Заради тоа, комунистите го држеле и измачувале два дена во нужник во Слојштица, а после го однеле во Идризово и никогаш не се вратил. Тоа дека сум македонец сум го примил од татко ми и сум го пренел на моите деца и така и ќе остане и во иднина и тие на своите деца ќе им го пренесуваат тоа интимно чувство дека се македонци (никакви северни, горни, вардарски, средни, ...). Твоите залагања за приклучување кон Кина и Русија наместо кон ЕУ и НАТО се најголемата глупост што сум ја слушнал. Ниту Кина ниту Русија не сакаат да им се приклучиме, таква идеја никаде и никогаш не изнеле, ниту пак геогравски е тоа можно. Можно е во фантазиите на луѓе кои се носталгични по еден пропаднат комунистички општествен систем. А твојата „експертиза“ за англискиот јазик и изговорот Мејкдонајџа на латиничниот запис Makedonija (од една постара расправа во која јас предлагав како компромис со грците да се откажеме од англискиот термин Macedonia и во ОН да се регистрираме со нашето уставно име напишано на латиница т.е. како Republic of Makedonija и за која што сметам дека е најдобриот компромис и најдобриот излез од блокадата ЗА НАШЕТО ПРИКЛУЧУВАЊЕ КОН ЕУ И НАТО) е уште-поевидентна после твоите залагања за приклучување кон две држави во кои англискиот јазик е мајчин јазик Изменето од Анастеа - 27.Јули.2010 во 00:15 |
||
Illegitimi Non Carborundum
|
||
trnar
Сениор Регистриран: 26.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 184 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Dobro,no nekni na EUROSPORT2 imase prenos od prijatelskiot kosarkarski natprevar Slovenija VS. FYR of Macedonia.(za zal ni edna nasa tv ne go prenesuvase.)No vo obrabotkata na prenosot od strana na EUROSPORT bevme FYR of Macedonia. Zosto ne ni go citale Ustavot. Pozdrav Изменето од Анастеа - 27.Јули.2010 во 00:05 |
||
depo
Сениор Регистриран: 28.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 501 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Прво треба да престане да се шири таа лага дека сме ФИРОМ, ние сме Република Македонија. Во уставот кој е највисок државен акт сме си го одредиле името. Можеби мислиш на привремена референца која не е име и под која сме претставувани пред некои меѓународни организации. Исто така мнозинство држави во светот не признаваат како Република Македонија. Второ, државите што сами си го одредиле името и имаат право како сакаат да се наречат. Дали Народна (Кина), Арапска(Египет) или Ориентална не е важно. Важно е дека никој не ги присилува тие држави така да се викаат. Нас не присилуваат од страна а домашни петоколонаши кои се огромно малцинство работат на спроведување на невиден преседан во меѓународните односи. Трето, освен што не присилуваат да менуваме име даваат и правец во кои рамки да се движи тоа име. Значи не прифаќаат било какво на пример Народна, Демократска, Муслиманска .... туку бараа географска одредница. Поентата ми е дека приказни за тоа дека идентитетот нема да се промени и дека ќе тече мед и млеко кога економиите на европските држави се во огромни кризи не се сериозни и се против здравиот разум. |
||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
...tuku ..nekoj vikashe ...nekogash,..
...nema nikakva korist od ttoa da im vlezesh,... pa i nema ,..edinstveno shto sega,.. ...ke si zborevte isto kako doma,..koga ke idesh u stranstvo,.. apo , sega ...zboruvajte kolku sakate,...za pola ,..ili edno evro ,..minuta! Изменето од Анастеа - 23.Јули.2010 во 01:10 |
||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
||
Внеси реплика | страница <1 2021222324 30> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |