IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Биди член на ЦРКВАТА ХРИСТОВА
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Биди член на ЦРКВАТА ХРИСТОВА

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 202122
Автор
Порака Обратен редослед
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јануари.2009 во 23:52
Немој да спиеш повеќе од седум часови.

Кога ќе се разбудиш, не излежувај се, не биди мрзелив - стани бргу, измиј се, облечи се и прочитај ги „Утринските молитви“ од Православниот молитвеник. Потруди се, молитвите да ги читаш (кажуваш) со големо внимание.
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јануари.2009 во 23:36
Православниот христијанин треба да знае дека има е обрска, секогаш, и во секакви околности и услови, да говори вистина и само вистина - да биде сведок на вистината.

Изменето од Miki_P - 25.Јануари.2009 во 23:37
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јануари.2009 во 23:08



Што треба да знае секој член на ЦРКВАТА ХРИСТОВА?

Треба да знае дека постои само Еден и Единствен Бог, во Света Троица, - Бог Отец, Бог Син и Бог Свети Дух, и дека ТАА (Света Троица) е Љубов?

Треба да знае дека Бог од љубов го создаде сиот свет - видлив и невидлив. Го создаде и човекот, и го смести во рајот (земен).

Треба да знае дека човекот, откако ја прекрши Божјата заповед, беше избркан од (земниот) рај.

Треба да знае дека пред 2000, и нешто повеќе, години, Бог, од неизмерна љубов кон него (нас), благоволил да постане човек - Богочовек, за да го (нè) спаси.

Треба да знае дека Господ Исус Христос со Својата смрт ги откупи неговите (нашите) гревови, а со Своето Воскресение ја победи смртта.

Треба да знае дека има само Една, Света, Соборна и Апостолска Црква, и дека сите останати верски заедници се создадени од човек - тие се човечки организации, и не можат да бидат Црква.

Треба да знае дека Господ Исус Христос ја основал Неговата Црква на земјата, низ која се спасува од гревовите и од вечната смрт. Таа (Црквата) е телото а Христос - Главата.

Треба да знае дека Евангелието Христово ни објавува дека смртта на телото не е крај на животот, туку, дека душата ќе живее вечно.

Треба да знае дека за да се спаси (за да не отиде во пеколот) задолжително треба да се крсти (без оглед на тоа, колку години има).

Треба да знае дека ако по крштевањето падне во грев, мора, каејќи се, да се исповеда пред Бога, во присуство на свештено – духовно лице, кое единствено има Божја благодат да задржува или да разрешува гревови на паднатите.

Треба да знае дека најголема и, истовремено, најважна работа која може човекот да ја направи за себе за време на овоземниот живот, е да живее согласно Христовите повелби и да се причестува со Телото и Крвта на Господа и Бога и Спасителот наш Исус Христос.

Треба да знаеш дека Светата Причест е лек што ги лекува сите твои болести, сите твои рани, ги изгорува сите твои прегрешенија, ја убива смртта во тебе, те воведува во бесмртност, - во вечен живот.

Треба да знае дека може да се причестува само со темелна подготовка - со пост, со молитва и со добри дела, после искрено, и од срце, покајување и исповедување.

Треба да знае дека кој не се причестува со Телото и Крвта Христови, не може да се надева на спасение – дека никој не смее да се игра со својата вечност!

Треба да знае дека, без оглед на тоа како сега го живее животот, и што го живеел до сега, без оглед на тоа колку гревови носи на (во) себе, не смее да губи надеж во спасение преку сесрдно покајание, зашто сите можат да се спасат.

Треба да знае дека не постои грев што може да ја надмине Божјата милост, само ако има вистинско и искрено покајание.

Треба да знае дека ниедна мајка низ историјата на човечкиот род не можела толку да го засака своето дете, колку што Бог го сака своето чедо (те сака тебе).

Треба да знае дека, доколку има можност, секој треба да се покае и да се причести пред телесната смрт, и во најтешките моменти да Го прославува Христа Господа, бидејќи Бог е Многумилостив и дека ќе му прости.
Да се потсети на примерот со благоразумниот разбојник кој во последните моменти од животот, додека висеше на крстот, го исповедаше Христа за Господ, побара прошка, откако се покаја и Христос го внесе во рајот.

Треба да знае дека не смее да го одложува покајувањето за подоцна, туку веднаш да започне покајнички живот, зашто не знае кога ќе се пресели во вечноста.

Треба да знае дека душата после телесната смрт ќе биде сместена во „привремено престојувалиште“, ќе го чека воскресението на телото, ќе се соедини со него, и заедно ќе го чекаат Вечниот Суд на Кој Судија ќе биде, повторно дојдениот, Господ Исус Христос.

Треба да знае дека Бог нема да им суди на оние што не грешеле, туку, на оние што грешеле, а не се каеле.



Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 202122
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.