IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Теорија на Еволуцијата
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Теорија на Еволуцијата

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2021222324>
Автор
Порака Обратен редослед
Al_Masih_Qam Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 113
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Al_Masih_Qam Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2008 во 15:12
Еве и блог кој се занимава (покрај другите теми) со оваа проблематика: http://marko.blog.com.mk/
AL MASIH QAM! HAQQAN QAM!
ВОИСТИНУ ВОСКРЕСЕ ХРИСТОС БОГ!
Кон врв
Ateist Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Јуни.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 757
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ateist Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2008 во 15:11
Originally posted by AlDra AlDra напиша:

Да проф. д-р Иван Грозданов има напишано таква книга- НЕ на еволуцијата, ДА на Библијата. Па за ефтини пари може да ја најде секој и да се увери во вистинитоста на Библијата. Внимавајте, човекот е реномиран професор по хемија! Не би го жртвувал својот авторитет кој го има во научните кругови доколку навистина не е убеден во она што го пишува.

Негово право што ќе пишува, не значи дека е во право

А сигурно Тим Вајт од универзитетот на Калифорнија во Беркли е некој глупак кој прави будала од себе????

Изменето од Ateist - 13.Јули.2008 во 15:24
Да бидеш верник е исто како да си слеп, а да раскажуваш за светлината (Атеист)
Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2008 во 14:53
Да проф. д-р Иван Грозданов има напишано таква книга- НЕ на еволуцијата, ДА на Библијата. Па за ефтини пари може да ја најде секој и да се увери во вистинитоста на Библијата. Внимавајте, човекот е реномиран професор по хемија! Не би го жртвувал својот авторитет кој го има во научните кругови доколку навистина не е убеден во она што го пишува.
Кон врв
Ateist Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Јуни.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 757
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ateist Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2008 во 13:07
Време, број 691, 14.04.2006

СЕНЗАЦИОНАЛНО ПАЛЕОНТОЛОШКО ОТКРИТИЕ
Пронајдена клучна алка од човековата еволуција

Трагачите по фосили пронашле остатоци на веројатно директниот предок на човекот, кој живеел пред четири милиони години. Примероците од ова древно суштество веројатно ќе го премостат големиот јаз во клучната фаза на човековата еволуција.
Професорот Тим Вајт од универзитетот на Калифорнија во Беркли и неговите колеги откопале еден куп фосилни остатоци од регионот Среден Аваш во Етиопија. Тие своите пронајдоци во статијата во научниот магазин „Нејчер“ ги опишуваат како остатоци од Аустралопитхецус анаменсис. Аустралопитекусот е важен древен вид човеколики суштества-хоминиди. За нашиот вид Хомо општо се смета дека произлегол од оваа група. Затоа врската на аустралопитекусот со дури и најраните двоножни хоминиди е клучна за разбирањето од каде потекнуваме.
Кога новооткриените ќе се споредат со другите фосили од истата област во Етиопија, 4,1 милиони години старите примероци на анаменсис го пополнуваат еволуцискиот тек меѓу нивните претходници и меѓу подоцнежните видови.
- Фактот дека анаменсис е во сендвич меѓу претходниците и подоцнежните хоминиди е она што е битно при ова откритие - вели Тим Вајт.
Новооткриените примероци ја пополнуваат дупката - и во поглед на времето, и во поглед на анатомијата - меѓу претходникот Ардипитхецус рамидус, кој датира од 4,4 милиони години претходно, и подоцнежниот вид Аустралопитхецус афаренсис, кој бил присутен во Среден Аваш пред 3,4 милиони години.

Веројатно за тебе ни ова не е доказ
Да бидеш верник е исто како да си слеп, а да раскажуваш за светлината (Атеист)
Кон врв
Ateist Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Јуни.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 757
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ateist Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2008 во 12:53
Многу јаки научници, и Грозданов, и група јеховини сведоци и група харе-кришни, сигурно на многу јака научна основа го негираат Дарвин. Де прочитај ни малку од тие книги да ги видиме нивните „научни“ докази за непостоење на еволуцијата!

Изменето од Ateist - 13.Јули.2008 во 13:00
Да бидеш верник е исто како да си слеп, а да раскажуваш за светлината (Атеист)
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2008 во 12:35
Originally posted by Ateist Ateist напиша:

Коментар драги мои верничиња, не е потребен. Сакавте докази? Ете Ви ги. Ова се само неколку кои успеав да ги најдам, а ги има милион други. Дајте еден доказ со што е тоа побиена Дарвиновата теорија, кој научник го сторил тоа и врз основа на што???


Не прочитавме ниту еден доказ само многу информации што откопале археолозите.
Патем, Дарвин и не велеше дека Бог не постои, туку дека неговите созданија еволуирале.

Не сум Јеховин Сведок но тие имаа издадено една добра книга на тема побивање Дарвинова еволуција:
Животот - како настанал? Преку еволуција или создавање?

после имаше една од еден македонски професор мислам Грозданов(-вски?)Хемичар.
НЕ на Дарвиновата Еволуција - ДА на Библијата.

Јас лично во голем дел и велам НЕ и на Библијата, но горната книга исто наведува некои работи човек да се запраша

И Ваишнавската верска заедница(Харе Кришна движење) издаде книга со наслов: Животот настанува од Живот

ете колку за илустрација и на поинакви мислења на тема Дарвин и еволуција.

Изменето од Majkl - 13.Јули.2008 во 12:40
Кон врв
Ateist Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Јуни.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 757
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ateist Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2008 во 10:35
Коментар драги мои верничиња, не е потребен. Сакавте докази? Ете Ви ги. Ова се само неколку кои успеав да ги најдам, а ги има милион други. Дајте еден доказ со што е тоа побиена Дарвиновата теорија, кој научник го сторил тоа и врз основа на што???

Изменето од Ateist - 13.Јули.2008 во 10:37
Да бидеш верник е исто како да си слеп, а да раскажуваш за светлината (Атеист)
Кон врв
Ateist Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Јуни.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 757
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ateist Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2008 во 10:30
Време, број 884, 01.11.2006

Најдени коски од модерен човек од пред 30.000 години

Археолозите што ги истражувале коските пронајдени во пештерата „Муиери” во Романија заклучиле дека остатоците се стари и 30.000 години и дека потекнуваат од некои од првите модерни луѓе што ја населиле Европа. Научниците забележале и дека коските имале особини и на модерниот човек и на неандерталецот, што само по себе поставува нови прашања за местото на неандерталецот во еволутивното дрво на модерниот човек.

Коските биле ископани во 1952 година, но неодамна темелно биле испитани. Досега во Европа биле најдени многу мало количество останки од модерниот човек постари од 28.000 години. . Резултатите од истражувањата што ги направил Ерик Тринкаус покажале дека фосилите биле стари 30.000 години и биле забележани карактеристики на модерниот човек (Хомо сапиенс). Но, професорот Тринкаус истакнал и дека коските имале и особини карактеристични за нашиот еволутивен роднина, неандерталскиот човек (Хомо неандертхаленсис).

Европските фосилни остатоци покажале дека неандерталците на овие простори постоеле од пред 400.000 години. Тие биле моќни ловци, кои ги населувале териториите од Британија и Иберија на запад, Израел на југ, па се до Узбекистан на исток. Се верува дека модерниот човек се населил во Европа пред околу 40.000 години и дека за околу 15.000 години, од неговото доселување, неандерталецот сосема исчезнал.

Научниците изјавиле дека податоците од овие скелети може да го зголемат знаењето за раните европски доселеници, но додале и дека имаат намера да направат ДНК-тестови што ќе покажат дали модерниот човек се мешал со неандерталците. Черепи од вакви „хибриди” претходно биле пронајдени и во Чешка, а во 1998 година во Португалија бил откопан детски скелет, кој бил опишан како мешавина меѓу неандерталец и модерен човек.
Да бидеш верник е исто како да си слеп, а да раскажуваш за светлината (Атеист)
Кон врв
Ateist Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Јуни.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 757
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ateist Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2008 во 10:24
Нова македонија 24.11.2007

Во Кенија Пронајдени фосилни остатоци од мајмун


Во Кенија се пронајдени фосилни остатоци од мајмун што живеел пред десет милиони години, а научниците сметаат дека тоа може да донесе нови откритија во еволуцијата на човекот, пренесува МИА.
Според кениско-јапонскиот тим на научници, праисторискиот мајмун бил најблизок сродник со последниот сличен предок на горилите, шимпанзата и човекот.
Како што јави Би-Би-Си, откриени се долна вилица и 11 заби, пронајдени во вулканските остатоци во северна Кенија. Научниците велат дека фосилите од овој период во еволуцијата на приматите се многу ретки. Генетските студии сугерираат дека претците на луѓето и шимпанзата имале одделен еволутивен развој пред пет до седум милиони години.
Но, се досега, откриени се многу малку фосилни докази од средната до доцната Миоценска епоха (пред седум до 12 милиони години), кога горилите, шимпанзата и луѓето имале заеднички претци. Поради ова некои експерти заклучуваа дека мајмуните мигрирале од Африка во Европа и Азија, за потоа повторно да се вратат назад.
Јутака Куниматцу, раководителот на тимот научници од Институтот за истражување на приматите при Универзитетот во Кјото, истакна дека последните откритија се во контрадикторност на т.н. „надвор од Европа“ теорија. “Сега имаме добар кандидат во Африка. Нема потреба да мислиме дека заедничкиот предок се вратил од Евроазија во Африка. Сметам дека поверојатно е дека заедничкиот предок еволуирал од мајуните во Миоценот во Африка“, вели тој. Новиот вид беше наречен Накалипитхецус накаѕамаи, и е вториот редок фосил кој што е откриен во Африка во изминатите неколку месеци.
Во август, етиопско-јапонски тим научници во Етиопија откри фосилни остатоци од заби стари десет милиони години од претходно познатиот вид мајмун Цхорорапитхецус абѕссиницус.
Да бидеш верник е исто како да си слеп, а да раскажуваш за светлината (Атеист)
Кон врв
Ateist Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Јуни.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 757
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ateist Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2008 во 10:16
КОЈ ТОА ВЕЛИ ДЕКА НЕМА ФОСИЛННИ ОСТАТОЦИ ОД ПРЕОДНИТЕ ФОРМИ??????? ГОСПОД? АЛАХ?

Пред фактите и боговите молчат.......
Да бидеш верник е исто како да си слеп, а да раскажуваш за светлината (Атеист)
Кон врв
Ateist Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Јуни.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 757
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ateist Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2008 во 10:13
Дневник 19.02.2008
Најден фосил на глув лилјак

Неодамна во САД биле пронајдени речиси целосни фосилни остатоци од досега најстариот лилјак без сетило за слух, јавува списанието „Природа“. Најстариот лилјак во Вајоминг не можел да ги фаќа ултразвуците. Се проценува дека лилјакот е стар 52,5 милиони години, а го пронашле експерти предводени од Ненси Симонс од Американскиот природнонаучен музеј во Њујорк во геолошките слоеви во Грин Ривер, Вајоминг. Според анатомијата на неговото внатрешно уво, експертите заклучиле дека тој не можел да слуша, а се хранел со инсекти. Научниците сметаат дека новооткриениот фосил можеби е преоден облик меѓу лилјаците и неговите предци што не можеле да летаат. Структурата на неговите нозе укажува дека овој лилјак бил добар скокач, можел да оди на четири нозе и да виси благодарејќи на силните канџи.
Да бидеш верник е исто како да си слеп, а да раскажуваш за светлината (Атеист)
Кон врв
Ateist Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Јуни.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 757
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ateist Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2008 во 10:08
Дневник 04.03.2008:
Најден фосил од рептил долг 15 метри

Норвешките научници откриле фосилни остатоци на 15 метри долг морски рептил што пред 150 милиони години живеел во Северното Ледено Море, пренесува Макфакс. Станува збор за еден од најголемите рептили што некогаш живееле во морињата. Фосилните остатоци пронајдени на островот Спицберген, северно од норвешкото копно, стручњаците го нарекле „чудовиште“ и спаѓа во најголемите примероци на пилосаурот. Тој вид животни имале огромна глава, големи заби и четири перки. - Ова чудовиште можело да прегризе помал автомобил - вели палеонтологот Ричард Форест. Должината на перките кај пронајдениот примерок изнесувала речиси три метри, се наведува во соопштението на Универзитетот во Осло, објавено завчера.

Изменето од Ateist - 13.Јули.2008 во 10:15
Да бидеш верник е исто како да си слеп, а да раскажуваш за светлината (Атеист)
Кон врв
Ateist Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Јуни.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 757
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ateist Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2008 во 10:06
дневен весник Вест 30.06.2008
ВО ДЕЛЧЕВО ПРОДОЛЖУВА ПОТРАГАТА ПО ПРАЧОВЕКОТ
Праисториска антилопа пронајдена во село Стамер
Во гробницата во која лани беа пронајдени остатоци од жирафи, деновиве се откопани рогови од антилопа


Во масовната гробница на праисториски животни во делчевското село Стамер деновиве се откопани рогови од праисториска антилопа. Научниците од Природонаучниот музеј на Македонија, кои годинава осум дена ќе ја истражуваат гробницата во Стамер, велат дека фосилните остатоци од праисториската антилопа се стари околу 10 милиони години. Целосно е откопан едниот рог, кој е долг од околу 25 сантиметри, а од вториот најдени се само фрагменти.
Светозар Петковски, програмски директор на Природонаучниот музеј, вели дека за истражување на наоѓалиштето во Стамер, како и лани така и годинава од Министерството за култура добиле 200.000 денари. Масовната гробница беше случајно откриена лани во февруари, кога беа пронајдени фосилни остатоци од жирафа, носорог и од праисториски елен. Според единствениот македонски палеонтолог професор Ристо Гаревски, овие фосили потекнуваат од пред 10.000 години од горниот миоцен.
Лани летото во истражување на гробницата учествуваа палеонтолози од Бугарија и од Франција, кога беа најдени фосили од праисториска жирафа која живеела пред 7 милиони години. Тогаш беше кажано дека во Стамер ќе се бара тајната за настанокот на човекот.
"Во Стамер се најдени и фосили кои датираат од пред 4 до 8 милиони години. Научниот свет смета дека првата генетска линија на прачовекот потекнува од пред 4 до 6 милиони години, а најстарите остатоци од прачовекот кои досега се откриени во Африка потекнуваат од пред 3.300 години. Затоа сметаме дека тука би можеле да ја откриеме таа прва генетска линија на прачовекот", вели Петковски.
Да бидеш верник е исто како да си слеп, а да раскажуваш за светлината (Атеист)
Кон врв
Ateist Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Јуни.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 757
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ateist Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2008 во 09:50
Ги видов филмчињата и го уочив следново:
Само доказ дека некој така сака да ги гледа работите, нити аргумент ниту доказ ниту нешто научно. Баш напротив доказ дека толку совршено не може дури ни господ да го направи.

Изменето од Ateist - 13.Јули.2008 во 09:51
Да бидеш верник е исто како да си слеп, а да раскажуваш за светлината (Атеист)
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2021222324>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,233 секунди.