|
Вести |
Внеси реплика | страница <1 2021222324 61> |
Автор | ||||
Schatzii
Сениор Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Манчестер Јунајтед најбогат клуб во светот
Актуелниот англиски вицешампион Манчестер Јунајтед се наоѓа на самиот врв на спортски клубови во светот според угледниот економски магазин Форбс. Вредноста на целокупниот имот на клубот кој е сопственост на американското семејство Глејзер се проценува на 1,83 милијарди долари. Зад Манчестер Јунајтед на табелата се наоѓа американскиот НФЛ клуб Далас Каубојс, потоа Њујорк Јенкис итн. Меѓу првите десет најбогати светски клубови се наоѓаат уште две од светот на фудбалот. Освен Манчестер Јунајтед, тука се уште Реал Мадрид и Арсенал. На листата доминираат клубови од американскиот фудбал од каде има дури шест во првите десет и 15 во првите 20. ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ СВЕТСКИ КЛУБОВИ СПОРЕД ФОРБС 1. Манчестер Јунајтед фудбал 1,83 милијарди долари 2. Далас Каубојс американски фудбал 1,65 3. Њујорк Јенкис безбол 1,6 4. Вашингтон Редскинс американски фудбал 1,55 5. Њу Ингланд Петриотс американски фудбал 1,36 6. Реал Мадрид фудбал 1,32 7. Њујорк Џајантс американски фудбал 1,18 8. Арсенал фудбал 1,18 9. Њујорк Џетс американски фудбал 1,17 10. Хјустон Тексанс американски фудбал 1,15 |
||||
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Вредна победа на ТетексИзвор: Макфакс
Тетекс – Вентспилс 3:1 (2:0). Тетекс успеа да елиминира екипа која минатата година се натпреваруваше во групите на УЕФА Европа лигата. Стравот од противникот од Летонија, го снема веќе по првите неколку минути. Тетовчани играа пожртвувано, сечејќи ги акциите на противникот уште во средината на теренот. |
||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Скоро неверојатна вест ни доаѓа од Шпанија. Жозе Мурињо наводно подготвува бомбастична размена на потегот Мадрид – Барселона!
Како што пишуваат шпанските спортски медиуми, Жозе Мурињо ќе сака да го доведе шпицот на Барселона Златан Ибрахимовиќ, со кој успешно соработуваше во дресот на Интер, но бидејќи е скоро невозможно да се плати целата сума што ја бараат Каталонците, Мурињо е спремен на неочекуван потег – Кака! Во Шпанија тврдат оваа идеја потекнува лично од тренерот на Реал Мадрид, затоа што смета дека Ибрахимовиќ е многу подобра замена за ’скандалозниот’ Бензема. Од друга страна, Каталонците и онака не сметаат многу на услугите на Швеѓанецот и се обидуваат да му најдат нова средина. Кака, пак, зад себе нема сезона за паметење во Мадрид, откако се пресели од Милан меѓу ’кралевите’, па за Барселона тоа ќе биде убава замена за Сеск Фабрегас, кој Арсенал не сака да го продаде. Сепак, на оваа вест мора да се гледа со доза на сомнеж, затоа што едноставно е премногу сензационална за да се прими здраво за готово, особено плус бидејќи се работи за најлутите фудбалски ривали. |
||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Враќање на СФРЈ лигата? Претседателите на Србија и Хрватска Борис Тадиќ и Иво Јосиповиќ ја поддржаа идејата за формирање регионална фудбалска лига, во која, освен клубови од овие две земји, би играле и најдобрите тимови од БиХ, Македонија, Црна Гора и Словенија. |
||||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Едгард Давидс се враќа на терените
Поранешниот холандски репрезентативец Едгард Давидс може да се врати во професионалниот фудбал две години откако стави крај на својата кариера.
Играчот за врска кој помина низ редовите на Јувентус, Барселона, Милан, Интер и Тотнем а последно играше во својот роден Ајакс има понуда од белгискиот Лиерс. „Разговаравме со агентот на Давидс и од него разбрав дека тој не би имал ништо против да се врати во фудбалот. Опцијата да дојде во Лиерс е добра за него и не веруваме дека ќе ни биде тешко да се договориме“, изјави Сами Давидс се откажа во 2008. година. Пред неколку месеци се појавија шпекулации дека тој може да премине во тим од Малта но до тоа не дојде |
||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Фабиано му откажа на Јунајтед и Тотнем
|
||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Руска обложувалница сака да го ангажира октоподот Пол
Една руска обложувалница сака да го ангажира октоподот Пол, кој успешно ги прогнозираше резултатите од натпреварите на Светското првенство во фудбал во Јужна Африка. Олег Зуровски, косопственик на обложувалницата Бет Лиг (Bet League), изјави дека неговата компанија сака да го ангажира Пол за месечна плата од 5.000 долари. „Пол би можел да биде еден од 120-те вработени во нашите обложувалници. Нашите стручњаци за предвидувања на резултатите од натпреварите заработуваат по 3.000 долари, а на Пол планираме да му дадеме 5.000 долари“, изјави Зуравски. Познатиот октопод се наоѓа во аквариум во германскиот град Оберхаузен, а Зуравски изјави дека е подготвен да го откупи Пол за 100.000 евра. |
||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Манчестер Сити преговара со Дрогба
|
||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Бензема и Рибери испрашувани од полицијата за инволвираноста со малолетна проститутка
|
||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Бенитез: Балотели може да си замине
Рафа Бенитез е спремен да го продаде Марио Балотели. Челзи и Манчестер Сити се споменуваат како можна следна дестинација на младиот напаѓач. По Масимо Морати и агентото на Балотели, кој потврдија дека младиот напаѓач може да го напушти клубот, истото го направи и новиот тренер на Интер Бенитез. "Балотели? Ајде да почекаме и да видиме што ќе се случи. Клубот одлучува околу трансферите, а јас се прилагодувам. Факт е дека еден играч не го прави тимот, а интер има голем број на добри играчи." Како што пренесува "Газета дело Спорт", Сити веќе упатиле добра понуда, но сега Интер чека одговор од Челзи, кој исто така го посакува младиот италијански напаѓач. Сега едноставно останува само да се види каде ќе се пресели Марио Балотели |
||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Робињо не може да постигне гол од гол линијата
Изменето од Santijago - 20.Јули.2010 во 13:34 |
||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||||
Schatzii
Сениор Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Место во Арсенал, Кол заврши во Ливерпул
Англискиот репрезентативец Џо Кол во следните четири години ќе го носи дресот на Ливерпул, објави вчера премиерлигашот на својата официјална интернет-страница. Ова е неочекуван пресврт во ситуацијата со 29-годишниот напаѓач кој пред почетокот на Светското првенство во Јужна Африка јавно изјави дека негова следна станица во кариерата ќе биде Арсенал. На крајот од сезоната на Кол му истече договорот со "сините", па како слободен играч заминува на Енфилд како замена за Јоси Бенајун, кој летово за 5,5 милиони фунти замина во обратна насока. "Ливерпул е воодушевен од доаѓањето на Џо Кол. Англискиот репрезентативец ги договори личните детали со клупското раководство и останува само уште да ги помине лекарските прегледи", се вели на интернет-страницата на Ливерпул. Иако од Челзи си замина поради "лошите финансиски услови", Џо Кол ниту во Ливерпул нема да ја надмине цифрата од 100 илјади фунти неделно. Неофицијално, неговата седмична плата ќе изнесува 90 илјади фунти, што, сепак, ќе го направи еден од најплатените фудбалери. Освен Тотенхем, за него летово беа заинтересирани уште Тотенхем и Манчестер Јунајтед, како и неколку италијански клубови, но ниеден од нив не можеше да ги исполни високите финансиски барања. Во клубот од Енфилд, Џо Кол би требало да биде од голема помош за Стивен Џерард и Фернандо Торес и да отвори повеќе простор во нападот, што не беше случај со Јоси Бенајун последните две сезони. Инаку, Кол е производ на добро познатата фудбалска школа на Вест Хем од каде излезе и Френк Лампард, а дресот на овој клуб го носеше од 1998 до 2003 година. Потоа се пресели во Челзи со кој освои три титули во Премиер-лигата и две во ФА Купот. За репрезентацијата на Англија има 56 настапи и десет гола. Џо Кол е второто засилување за Ливерпул во летниот преоден рок по Милан Јовановиќ од Стандард Лиеж, а од Енфилд си заминаа Јоси Бенајун и Емилијано Инсуа. Можно е до крајот на летото да си замине и Хавиер Маскерано кој се уште не се појавил на подготовките и не одговара на повиците на новиот менаџер Рој Хоџсон. |
||||
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
||||
Schatzii
Сениор Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Вердер го продава Озил за 27 мил. евра
Преговорите меѓу раководството на Вердер и Месут Озил за продолжување на договорот пропаднаа и можно е германскиот репрезентативец со турско потекло летово да ја смени средината. Ваквиот развој на настаните охрабри многу европски гиганти кои се заинтересирани за трансфер на Озил, пред се Реал Мадрид и Барселона. Последната информација од германските медиуми е дека Вердер е расположен да го продаде својот играч, но за сума која сигурно нема да биде помала од 27 милиони евра. "Не успеавме да најдеме заедничко решение и тоа е нешто што би морале да прифатиме. Очекувам доста понуди за Озил во периодот што претстои", изјави спортскиот директор на Вердер, Клаус Алофс. И тој, а и другите членови на раководството на клубот од Бремен, како и тренерот Томас Шаф посакуваат да го имаат Озил во своите редови барем уште неколку години. "Повеќе би сакал тој да остане кај нас отколку да добиеме многу пари за него. Но, тоа е само една од можните опции. Се во моментов наведува на тоа дека Месут летово ќе не напушти", додаде Алофс. Сепак, сумата од 27 милиони евра на колку Вердер во моментов го проценува својот фудбалер може да придонесе да го загуби без никаква отштета. Озил има договор со Вердер на уште една сезона и ако сега не го продолжи, тоа ќе значи дека идното лето ќе може да си оди како слободен играч и тоа во клуб што самиот ќе си го одбере. Со оглед на тоа што има неполни 22 години, уште една сезона играње во Бундес-лигата нема да претставува хендикеп ниту за него, ниту за заинтересираните клубови. Озил одигра фантастично Светско првенство во Јужна Африка каде ги освои симпатиите на сите љубители на фудбалот, па поради тоа им влезе "во очи" на најпознатите европски клубови. Од него се очекува во иднина да биде лидер на исклучителни младата германска репрезентација која од 2012 година, според сите прогнози, треба да тргне во жетва на трофеи од големите фудбалски натпреварувања. |
||||
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
||||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
"Корпи" за Реал од сите страни
Реал Мадрид се уште не влегол сериозно на трансфер-пазарот, а веќе ги почна подготовките за новата сезона. Една од причините за тоа е фактот што сите фудбалери кои му се по мерак на тренерот Жозе Мурињо се зафатени и нивните клубови не сакаат да откажат од нив. Прв, таков беше случајот со Мајкон од Интер, а сега и со Немања Видиќ од Манчестер Јунајтед и Ешли Кол од Челзи. Англиските медиуми категорично тврдат дека ниеден од овие фудбалери летово нема да се пресели на Сантијаго Бернабе и покрај очигледниот интерес од Реал Мадрид за нив. Видиќ има договор со Јунајтед до 2012 година, сака да остане на Олд Трафорд и да потпише нов со што ќе се израмни според примањата со Рио Фердинанд кој во моментов е најплатен играч. Меѓутоа, политиката на клубот е за новиот договор да се преговара на една година пред истекот на актуелниот. Правилото е прекршено само во случајот на Руни, но не треба многу да се објаснува зошто е тоа така. Постојат информации дека Јунајтед, сепак, ќе му понуди договор на Видиќ до 2015 година, но многу пореални се другите верзии на приказната. Според нив, Видиќ е многу блиску да ја доживее судбината на Кристијано Роналдо кога станува збор за трансферот во Реал. Тоа значи дека Србинот и претстојната сезона ќе остане на Олд Трафорд, а идното лето ќе го облече дресот на Реал и со тоа "кралскиот клуб" за него ќе плати помалку пари. Причината за тоа е фактот што Јунајтед во моментов нема соодветна замена за Видиќ. За него може да добие максимум 20 милиони фунти, а со тие пари не може да се купи квалитетен стопер. Крис Смолинг тукушто пристигна од Фулам и допрва треба да се бори за местото во тимот, Фердинанд често е повреден, а и не може да играм сам, па изборот се сведува на Џони Еванс. Од друга страна, Јувентус не сака да го продаде Кјелини, Бруно Алвес и Невен Суботиќ се премногу скапи, па за Реал најисплатлива опција е Видиќ. Многу посложена е приказната со Ешли Кол кој долго време е еден од најстандардните и најквалитетни фудбалери на Челзи. Жозе Мурињо го истакна како прв приоритет уште при своето доаѓање, но тој има договор со "сините" до 2013 година и не планира да го пушти. Кол и во Челзи пристигна на неспортски начин при оние нелегитимни преговори директно со Мурињо, но сега Челзи ќе се заштити од такво нешто. "Не сум разговарал со него за тоа, но не ни мораме да разговараме. Ешли е фудбалер на Челзи, одигра одлична сезона и ќе биде наш важен играч и во новата кампања. Ве уверувам дека 100% ќе биде така", порача Анчелоти. Во меѓувреме, Реал е во очајна потрага по централен дефанзивец. Според првиот план на Мурињо при доаѓањето, на тоа место требаше да игра Серхио Рамос, но по одличните изданија на шпанскиот репрезентативец како десен бек на Светското првенство во Јужна Африка, планот е променет. Освен тоа, по се изгледа Мајкон нема да дојде на Бернабе, па Мурињо ќе нема друга опција освен Рамос и Марсело како негова замена. Тоа значи дека нема квалитетен стопер освен Пепе, а ако се исклучат Видиќ, Суботиќ и Бруно Алвес, остануваат Давид Луис од Бенфика и Тиаго Силва од Милан. Кога сме кај Мурињо, тренерот на Реал откри дека играта на тимот во новата сезона во целост ќе биде прилагодена на Кристијано Роналдо. |
||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||||
Внеси реплика | страница <1 2021222324 61> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |