IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мода и убавина
  Активни теми Активни теми RSS - Чанти
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Чанти

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 209210211212213 240>
Автор
Порака Обратен редослед
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2011 во 05:38
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2011 во 18:34
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2011 во 18:26
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2011 во 17:57
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2011 во 16:45
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2011 во 17:33
Originally posted by емил емил напиша:

Чантите и чевлите на политичарките



леле емиииллл..... зарем е важно што сакаат


--------------------------

Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
sanja-a Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Only God Can Judge Me!

Регистриран: 12.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 13457
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sanja-a Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2011 во 20:52
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу.
Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот.
Одри Хепберн
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Февруари.2011 во 07:21
Пролет во бојата на коралот

Коралната боја е една од најнежните и најпозитивните бои кои што може да ги комбинирате на вашата облека. Токму затоа оваа пролет токму коралната боја е во центарот на вниманието и е во полн сјај на модните писти.

Она што ја прави интересна за носење секако е фактот што им одговара на различните тенови на кожа. Сепак, ако бојата е актуелна, тоа не значи дека треба да се облечете во неа од глава до пети или пак да ја комбинирате со некои уште понагласени детали.

За најдобар впечаток решете се за минималистички изглед во кој преовладуваат неутрални бои и се разбира чанта, марама, сако или нешто слично во корална боја. Со ваквите комбинации можете да носите и златен накит, како и мали тиркизни и жолти детали.

Кон врв
sneska_v Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3455
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sneska_v Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2011 во 19:10
Alexander%20McQueen Alexander%20McQueen 
Кон врв
sneska_v Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3455
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sneska_v Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2011 во 18:34
See%20by%20Chloé See%20by%20Chloé 
Кон врв
sneska_v Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3455
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sneska_v Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2011 во 18:33
Alexander%20McQueen Alexander%20McQueen 
Кон врв
Nadia Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Декември.2010
Статус: Офлајн
Поени: 227
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Nadia Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Февруари.2011 во 12:08




Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2011 во 14:45

Чантите и чевлите на политичарките

Ако чантите и чевлите се омилените модни парчиња речиси на секоја же­на, тогаш зошто да не бидат и на македонските политичарки. По три де­на поминати во Собранието, откривме дека на пратеничките, сепак, нај­у­ба­во им одат женските муабети врзани за модата и за стилот. Една сака брен­ди­ра­ни чанти, на друга најважно и е торбата да и собере се, третата ре­ши­ла никогаш да не се симне од високи потпетици... Ако политичките ста­во­ви ги раздвојуваат, она што ги спојува дамите од Собранието се, де­фи­ни­тив­но, најдобрите пријатели на жената - убавите чанти и чевли 

КАТЕРИНА ДИМЕСКА (ВМРО-ДПМНЕ)
Не давам многу пари за чанти

На пратеничката Катерина Димеска од ВМРОДПМНЕ, чантите не и се фетиш. Таа повеќе внимание $ посветува на убавата гардероба.
"Сме­там дека чантата не е толку важна за една жена. Многу по­важ­но е таа да биде соодветно облечена, да има на себе некој моден детаљ, како ма­ра­ма, брош, бисерни обетки или бисерно синџирче. Гардеробата мора да би­де соодветна за работата која ја работиме ние политичарите, и да дава впе­ча­ток на сериозност. Ние сме, сепак, презентери на граѓаните", ни рече Ди­ме­ска.
Димеска вели дека најчесто купува чанти кои и се функционални. Додава оти не носи многу скапи брендирани чанти туку ги ку­пу­ва според нејзините финансиски можности.
"Не давам многу пари за чанти. Си купувам најчесто од 'Мона', но имам и чан­ти кои ми се допаднале од излогот, а не се никаков бренд. Имам само ед­на чанта од познатиот бренд 'Гучи', која си ја купив од Турција, во бор­до боја. Едно време барав и такви чевли, но сфатив дека не мора чантата да ја комбинирам со чевлите", ни открива Димеска.
Ко­га сме кај чевлите, за пратеничката Димеска обувките на висок пот­пе­ти­ци и не се некој избор за во Собрание. Бидејќи секој ден патува од При­леп за Скопје, мора да облече нешто што ќе $ биде комотно, а нај­чес­то тоа се рамни чевли или на малку поткренати потпетици.
"Чев­ли­те мора да имаат добар пад, за да се чувствува удобно. Ги купувам од тука, од 'Пеко' и од 'Баргала'", вели таа. 

ЦВЕТАНКА ИВАНОВА ( СДСМ)
Високи потпетици носам само на примеи

За пратеничката на СДСМ Цветанка Иванова не може а да не се за­бе­ле­жи дека кога доаѓа во Собранието, навистина е дотерана од глава до петици. Таа ни откри дека обожава убави чанти. Но потенцира дека не и се фе­тиш туку ги сака од практични причини.
"Мо­ја­та чанта секогаш мора да има преграда плус, за да можам во неа да ста­вам буквално сè што сум наумила да понесам. Искрено да ти кажам, сме­там дека, на некој начин, убавата чанта како моден детаљ, ја дава сли­ка­та за жената, но, сепак, мене ми е најважно да може да ми го собере то­ва­рот кој го носам", ни открива Цветанка.
Ве­ли дека пред да стане пратеничка, одамна, си купила една чанта од поз­на­ти­от бренд "Прада", но сега веќе не ја носи затоа што $ поминала мо­да­та. Освен што купува чанти од тука, вели дека кога оди на патување, ако има слободно време, си купува и од странство.
И чевлите $ се омилени, ни открива пратеничката. Особено порано, пред да заплови во политичките води, кога носела, како што вели, "убави брен­ди­ра­ни штиклици".
"Се­га веќе не толку. Јас сум по цел ден на нозе во Собрание, па не можам да носам на многу високи потпетици. Не носам рамни, значи чевли со не­ко­ја пристојна висина. Кога има некои посебни пригоди - приеми, све­че­нос­ти, се разбира, дека тогаш носам на повисока потпетица, сепак, така из­гле­да поелегантно. Инаку, чевлите ги купувам од тука, од "Адамс шус" и од "Пе­ко", ни открива Иванова. 

ФЛОРА КАДРИУ (пратеничка од Нова демократија) 
Ништо не и фали ни на имитацијата "луј ви­тон"

Пра­те­нич­ка­та Флора Кадриу од Нова демократија важи за една од дамите со стил во Собранието. Таа е директна, па вели: "Мислам дека на секоја жена чан­ти­те и чевлите $ се фетиш. Па така и мене. А стилот се темели токму на тоа. Чантите и чевлите се неизбежни парчиња кои секоја жена ги са­ка". Ни открива дека најчесто чантите ги купува од странство, затоа што са­мо така може да има уникатно парче, а да го нема некој друг. "Иако не­мам комплекс и да видам некој што носи иста чанта како мојата, ама, се­пак, задоволството на една жена е да има нешто што нема некоја друга", ис­кре­на е Кадриу. Ни откри дека во нејзиниот плакар има по некоја брен­ди­ра­на чанта, но тоа не значи дека таа е подобра од некоја што не е брен­ди­ра­на или поевтина. "Пред четири години од Рим си купив чанта од 'Гу­чи', ама па затоа од Турција си купив фалсификат 'луј витон' и 'роко ба­ро­ко', и токму тие две имитации ги износив повеќе од таа оригиналната. Имам и една од Бали на 'Гес', ама онаа на 'Манго' што ја ку­пив од Малезија, ја износив повеќе од која било друга. Брендираните чанти не се фун­кци­о­нал­ни, а јас сум си задоволна кога носам и најобична чанта во која ќе ста­вам сè", вели Кадриу.
Не можевме да не забележиме дека Кадриу најчесто е на високи пот­пе­ти­ци, за кои вели дека иако ги комбинира со чантата, знае да си даде слобода, па да избега од правилото каква чанта такви чевли. Кога сака да си купи пос­ка­пи чевли, тоа го прави во Турција каде што ја има продавницата "Де­ри­мод". Од Скопје си купува од "Шевињон" и од "Полини" .

РАДМИЛА ШЕЌЕРИНСКА (СДСМ)
Не носи чанти со лого што се гледа

За пратеничката од СДСМ Радмила Шеќеринска не е тајна дека е љу­би­тел на убави и скапи чанти. Таа е една од ретките кај нас што на рамо го има ставено "лансел". Нејзините блиски ни велат дека таа не купувала мно­гу чанти, ама оние што ги купувала, биле и убави и квалитетни, па ги но­се­ла дури по десетина години. Во Собранието, неодамна, на свечената сед­ни­ца ја забележавме со исклучително убава чанта од брендот "Етро", кој важи за еден од поскапите, но како што ни кажаа, пратеничката си ја ку­пи­ла на голем попуст. За неа велат дека не е од типот на жени што но­сат "Луј Витон". Никогаш не носела чанти на кои им се гледа логото. Но на оние што се разбираат, нема да им избега од вид дека таа носи навистина ска­по парче. Дознавме и дека таа чантите ги купува од аеродром, до­де­ка чека меѓу летови, а најскапата чанта $ е од Киргистан. Во Скопје чес­то може да ја видите пратеничката како се подновува со чанта во "Ма­ре­ла" или во "Фурла".
Што се однесува до чевлите, во последниве години Радмила е исклучително на ви­со­ки потпетици. Ретко може да ја забележите во чизми, зашто не $ се оми­ле­ни. Дознавме дека комбинацијата чанта - чевли кај Радмила е рас­пар, таа со чантата секогаш сака да ја разбие монотонијата на ком­би­на­ци­ја­та, па речиси никогаш не ја комбинира со чевлите. Не ретко пра­те­нич­ка­та може да се забележи во "Балдинини" на шопинг на чевли.

ЦЕНА МАТЕВСКА (ВМРО-ДПМНЕ) 
Немам брендирани парчиња


Пра­те­нич­ка­та од таборот на ВМРО-ДПМНЕ Цена Матевска скромно вели дека са­ка убави чанти, ама да не се скапи. Дома немала ниту една брендирана чан­та, а оние што ги купува се од продавниците во Скопје, Крушево и во Би­то­ла. "Си го купувам она што ќе ми се допадне и онолку колку што ми доз­во­лу­ва џебот. Обично моите чанти се еднобојни и со нормални цени", ни от­кри­ва Матевска. И чевлите кои ги носи, претежно ги купува од Ма­ке­до­ни­ја, најчесто од "Бијана шус". Вели дека многу внимава да но­си каква чанта такви чевли. "Гледам така да се искомбинирам, црна чан­та, црни чевли, кафена чанта, кафени чевли. Кога патувам во странство, мно­гу ретко ми се случило да си купам нешто од таму", ни рече пра­те­нич­ка­та од ВМРО-ДПМНЕ. 

ЛИЛЈАНА ПОПОВСКА (ДОМ)
Чанти од Аеродром

Лил­ја­на Поповска, пратеничката на ДОМ, вели дека нема никаков фетиш, па ниту чантите и чевлите. Иако, додава таа, сака да носи убава чанта ко­ја, во исто време, ќе $ биде и практична.
"Ку­пу­вам чанти од тука, и тоа претежно од 'Мона', но најчесто чантите ми се од странство, и тоа кога сум на Аеродром. Не сум купила досега некој поз­нат бренд, а оние кои ги имам, гледам да ми бидат практични да можам сè да ставам во нив, знаеш како е со женските чанти, пак никогаш не мо­же сè да се собере во нив", ни рече Поповска.
И за чевлите вели дека сака да $ бидат функционални. Иако порано но­се­ла исклучително чевли на многу високи потпетици, сега веќе ретко, ос­вен за некоја пригода, може да ја видите со такви обувки.
"Ко­га си на високи потпетици, тогаш телото не е во природна положба, а јас цел ден сум надвор, и не би можела да издржам. Чевлите ги купувам од тука, ги комбинирам со чантата, и не ми е важно дали се бренд. Не ве­ру­вам во тоа дека оваа или онаа чанта е подобра од другата само затоа што е бренд. Квалитетот значи и висока цена, но не знам дали вреди да се да­де за чанта толку многу пари", вели Поповска. 

СИЛВАНА БОНЕВА (ВМРО-ДПМНЕ) 
Чантата мора да ми собере сè


Сил­ва­на Бонева од ВМРО-ДПМНЕ ни открива дека иако сака убави чанти, за неа не е пресудна убавината. Кога избира чанта, внимава да $ биде практична за да може во неа да ги стави сите материјали, несесерот со козметиката, те­ле­фо­нот..."Ги купувам од тука, од 'Мона', но кога сум во странство, се слу­чу­ва, ако имам време, да си купам некоја и од таму, и тоа претежно на ае­род­ром, меѓу летови. Но немам некоја чанта од познат дизајнер", вели Бо­не­ва.
И чевлите кои ги носи, вели дека не $ се со највисока потпетица туку малку пот­кре­на­ти. Ги комбинира најчесто со чантата, но кога ги купува, гледа да $ бидат, пред сè, комотни за да може цел ден да издржи во нив.
И за нив вели дека, освен оние од "Бата" и од "Пеко", нема купено од некој поз­нат и скап бренд. 

ВЕСНА БЕНДЕВСКА (СДСМ)
Прескокнете ме, јас сум конзервативна

Пра­те­нич­ка­та Весна Бендевска не беше расположена да разговара со нас. Ни рече дека таа не била за весели теми, и ако може да ја прескокнеме. "Јас сум конзервативна личност, не сум за муабети за чанти и чевли", ре­че Бендевска.
Кон­зер­ва­тив­на­та Бендевска дента носеше црвена чанта, а следниот дена ко­га бевме повторно во Собранието носеше кусо здолниште над ко­ле­на и чевли на високи потпетици во виолетова боја.

Кон врв
sneska_v Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3455
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sneska_v Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2011 во 22:17
Stella%20McCartney Fendi Gucci 
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 209210211212213 240>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,266 секунди.