IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Македонската репрезентација
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Македонската репрезентација

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1920212223 35>
Автор
Порака Обратен редослед
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2009 во 13:18
Mакедониja - Норвешка нерешено

Скопје, 6 јуни (МИА) - Македонија значително си ги намали шансите за освојување на второто место во 9. квалификациска група за Светското првенство 2010 бидејќи вечерва освои само еден бод играјќи нерешено со Норвешка (0:0).

Македонската репрезентацијата добро го отвори натпреварот. Првите 20-ина минути целосно ја имаше контролата врз играта и иницијативата што резултираше со неколку полушанси. Норвежаните дури во вториот дел од првото полувреме воспоставија рамнотежа и поконкретно се заканија кон голот на Јане Николовски. Во 31. минута Пандев погрешно проигра на средината на теренот, Карју случајно дојде до топката, но при обидот да лобува Николовски фрли во корнер. Најголемата шанса на натпреварот ја имаше најдобриот норвешки репрезентативец Џон Карју во 34. минута. Тогаш Величе Шумуликоски направи голема грешка кога буквално го проигра противничкиот играч кој елегантно се ослободи од Митревски, а потоа и од Грнчаров, излезе сам пред Николовски, но македонскиот голман спаси сигурно водство на гостите со извонредна одбрана.

Вториот дел помина без поголеми возбудување, во игра меѓу два шеснаесетика. Ниту трите направени измени во двете селекции не донесоа промена на резултатот. Македонија најголемата шанса ја имаше преку резервистот Стевица Ристиќ во 87. минута кога од десет метри место топката ја погоди главата на гостинскиот одбранбен играч.

Двата селектори не беа задоволни од постигнатиот резултат.

- Немав многу време целосно да ја поставам играта на нашата репрезентација како што сакам. Мислам дека играчите од средниот ред неколкупати доцнеа во додавањата кон нашите шпиц играчи. Нашите репрезентативци се изморени и исцрпени бидејќи во клубовите кај што играат првенствата само што завршија. Задоволен сум од сите играчи што настапија, а резултатот е реален, изјави по натпреварот селекторот на македонската репрезентација Мирсад Јонуз.

Гостинскиот селектор искажа незадоволство од играта на неговата репрезентација, а посебно од резултатот за кој мисли дека ги намалува шансите на двете репрезентации за пласман во баражот.

Натпреварот се одигра на националната арена „Филип Втори“, а го следеа околу осум илјади гледачи.

На табелата Холандија е прва со 15 бода, Шкотска – 7, Македонија и Исланд по 4, а Норвешка 3 бода.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2009 во 23:03
Ne bi rekol bas deka trupci bevme, prvo poluvreme dobro igravme no nemozevme da dademe gol, nemame realizacija slabi sme vo toa... Vtoro poluvreme katastrofa bese osvem poslednite 10min...tolku mozeme. Ali so ovoj rezultat nemame veke shansi za SP....

Кон врв
LouWeed Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
I AM THE KING OF ROCK&ROLL

Регистриран: 28.Мај.2005
Статус: Офлајн
Поени: 13012
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LouWeed Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2009 во 22:47
kakvi trupci, norveska so disciplinirana defansiva ne kontrolirase i ako licese deka nie imame popvekje od igrata, a pandev pocnuva so negovo glumenje i egoizam da me nervira....
Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2009 во 01:25
Најава: Македонија - Норвешка
05/06/2009 20:10

Македонија - Норвешка (сабота 17:45, Сител ТВ)

Следуваат двата најбитни натпревари за нас во овие квалификации. Можеби ќе беше многу полесно ако победевме или не загубевме во Рејкјавик, но сето тоа е зад нас и треба да учиме од грешките.

Нешто што треба да не радува во овие квалификации е што имавме игра и темпо на сите натпревари, исклучок оној во Амстерднам каде што Холанѓаните едноставно беа пресилни за нас. На сите останати напаѓавме, создаваме шанси, имавме свој период на доминација, па дури и со "лалињата" во Скопје.

Во ист ритам треба да се продолжи и на овој дуел со Норвешка во Скопје. Норвежаните не се нешто посебно, слична конструкција на тимот како нас, неколку интернационалци, два-три познати играчи и остатокот од домашното превенство.

Играта што ја играат Норвежаните ни одговара максимално, бар во досегашните натпревари го покажавме тоа. Играат некоја дива островска игра, со нафрлени топки, нешто слично како и Шкотите и Исланѓаните.

Имаат цврста средина и се форсира игра со Педерсен  во позадина и со искусните Џон Карју и Стефан Иверсен во нападот. Во одбраната најпознати се екс играчот на Ливерпул Џон Арне Рисе и одличниот сезонава во Премиер лигата, високиот Бруно Хагеланд.

Дека "викинзите" играат тешко со репрезентации кои играат  по земја, технички поткован фудбал кажуваат и ланските квалификации за ЕП кога Норвежаните не ги совладаа ни Грција, ни Турција, а  изгубија и од Босна дома во Осло.

Тренерот Јонуз треба веќе сето ова да го знае и да постави контра тактика. Доброто е што го имаме искусниот Седловски кој ќе му парира на Карју во скок играта, а уште подоброто е што Норвешка во нападот има многу спори играчи и тоа предност за нашата исто спора одбрана.

Би трбало да одиме со брзи и продорни напаѓачи и да се оди на игра по земја со кратки додавања. Скок играта со Mазнов во форот не би била препорачлива поради корпулентноста на дефанзивците на Норвешка, па можно е Стојков само поради тоа да биде стартер. 

Во средината и ние немаме некоја креативност, но истиот случај го имаат и Норвежаните и нив им фали тој еден кративец за подобрување на играта и кревање на ниво погоре и со тоа константност во резултатите,  опасност во нападите.

Најбитното за нас е средниот ред да не прави многу грешки. Мора да се оди ако треба и со бавни кратки, но прецизни додавања, па да играме и позиционо. Многу ќе зависи од Дарко Тасевски, пошто тој треба да биде врска со нападот. Ако Тасевски одигра на ниво без никаков проблем ќе ги совладаме Норвежаните. Доброто е исто што сите напаѓачи ни се во добра форма.

 

Најверојатни состави:

Македонија: Gk: Јане Николовски, Dl: Горан Попов, DC: Седлоски, DC: Игор Митрески, DR: Роберт Петров, DMC: Филип Деспотовски, DMC: Велиќе Шумоликовски, MC: Дарко Тасевски, FL: Gоран Пандев, FR: Ацо Стојков, FC: Илчо Наумоски

Норвешка: GK: Џон Кнудсен, DR:  Фредрик Вајнсенс , DC: Бреде Хангеланд, DC: Кејтил Вајлер, DL: Џон Арне Рисе, DMC: Џон Инге Хојланд, MC: Кристијан Гриндхејм, MC: Хенинг Хаугер, AMC: Гамшт Педерсен, FC: Џон Карју, FC: Штефан Иверсен

Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2009 во 21:07
Оптимизам во Македонската репрезентација пред натпреварот со Норвешка
Одлична атмосфера, максимална посветеност кон исполнување на задачите и многу оптимизам е карактеристика за состојбата што владее во редовите на македонската фудбалска репрезентација пред утрешниот дуел со Норвешка

Втор ден нашите репрезентативци се подготвуваат во Скопје и веќе се адаптирани по враќањето од Охрид каде температурата беше многу пониска. Селекторот Мирсад Јонуз освен топло време, очекува и пеколна атмосфера на натпреварот.

За да се стигне до позитивен резултат побара стрплива игра од нашите репрезентативци.

„Не треба да брзаме и да ги повториме грешките од претходните натпревари против Русија и Исланд кога од контри примавме лесни голови.“ - истакна Јонуз на денешната прес-конференција, последна пред квалификацискиот дуел со Норвешка.
 
“Атмосферата меѓу играчите е сталожена, сите се спремни да го дадат максимумот. Единствен проблем е Николче Новески кој најверојатно нема да игра.“

“Мораме се да направиме везниот ред да функционира како што треба за да ги спречиме контрите на Норвежаните. Најголема опасност очекувам од нивниот најдобар играч Џонатан Карју. Тие имаат и свои слаби страни за кои сега не би говорел.“

На голманската позиција во нашата репрезентација се очекува да застане Јане Николовски.

„Македонија има квалитетен противник кој игра цврсто и не треба да не залажува нивната позиција на табелата. Но, ние имаме квалитет и знаење како да дојдеме до трите бода и да ја оставиме Норвешка таму каде што е на табелата“, изјави Николовски.

Гостите од вчера се во Скопје, а денеска ќе го одржат единствениот тренинг пред утрешниот настап.

Натпреварот Македонија - Норвешка се игра утре од 17:45 часот на „Националната арена Филип Втори“.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јуни.2009 во 14:06
Апел од ФФМ за пристојно навивање на натпреварите со Норвашка и Исланд

Фудбалската федерација на Македонија во заедничкото соопштение со Министерството за внатрешни работи упати предупредување до навивачите дека за време на натпреварите на Македонија против Норвешка и Исланд пристапот до стадионот ќе биде строго контролиран и на трибините ќе се најдат само оние кои имаат прописно набавен билет. 

- МВР ќе прави ригорозни контроли и најстрого е забрането внесувањето на пиротехнички материјали, шишиња и било какви цврсти предмети. Кај сите оние кај кои ќе бидат откриени вакви материјали ќе им бидат одземени влезниците и ќе им биде ускратена можноста за влез на трибините, стои во соопштението објавено на веб страната на ФФМ.

Цената на влезниците влезниците за натпреварите со Норвешка и Шкотска за јужната трибина е по 500 денари додека за источната и западната по 200 денари, а ќе може да се набават на плоштадот „Македонија“ заклучно со петок и во близина на стадионот „Национална Арена Филип Втори“ в сабота.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јуни.2009 во 13:56
Норвежаните се радуваат на облаците

На сонце и на +30 степени целзиусови можеме секого да победиме. Таква констатација има за нашиот национален тим по оној пеколен меч со Шкотска во септември минатата година. На таа средба, на таа наша единствена победа во овој циклус во тој септември игравме на +33 степени целзиусови. Како времето поминуваше и температурата паѓаше, така противникот играше се подобро. Но сега не сме септември. Временските услови наликуваат на оние во Норвешка. Противникот се радува на скопските облаци и врнежи. Тоа ни го потврдува и единствениот новинар од оваа земја кој вчера беше во Охрид и го следеше тренингот на македонската фудбалска репрезентација.

"Ова што го гледам тука е одлично за нашата репрезентација. Слични услови како и во Норвешка каде сега просечната температура е околу 15 степени целзиусови. Знаеме дека тука има горештини и дека поради проблемите со рефлекторите мора да се игра на дневна светлина. За нас голем проблем ќе биде секоја температура над 25 степени целзиусови. Играме тркачки фудбал за кој е потребна голема кондиција. Најважна е физичката издржливост па затоа секој настап на температура над 25 степени за 50% ни ги намалува шансите за успех", ни изјавува Роберт Вејкер Јохансен, новинарот на весникот "Афтенпостен" .

Во националниот тим на Норвешка посебно внимание лекарскиот тим обрнува на временските услови под кои ќе настапат нивните фудбалери. Имаа посебна програма на подготовка, а нашиот противник токму поради аклиматизација во Скопје доаѓа во текот на денешниот ден.

"Температурните услови не играат голем удел на теренот. Во нашата, но и во селекцијата на Норвешка фудбалерите се големи професионалци кои се подготвени на секакви предизвици", коментира Виктор Камиловски, докторот во нашиот национален состав. Според него, од медицински аспект високата температура в сабота во Скопје не би требало да ни донесе голема предност.

"Од лекарска гледна точка високата температура не е пресудна. Повеќето од нашите фудбалери се интернационалци и се навикнати на друга клима. За организмот добро да се аклиматизира потребни се два дена. Норвешка денеска доаѓа во Скопје и нивните фудбалери до сабота ќе се прилагодат на нашата клима", надополнува Камиловски.

Сепак, факт е дека посакуваме топло време в сабота. Без разлика на тоа кој, како и зошто ние, сепак, ќе ја имаме предноста на температурата. Сигурно е тоа дека нашите фудбалери повеќе ќе издржат на горештината отколку нивните колеги од Норвешка. За жал, последниве неколку дена облаците и врнежите во Скопје не ни одат во прилог иако има доволно време да се појави и "нашето" сонце.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2009 во 19:54
Македонија остана на 64-то место
 

И во новата ранг-листа на ФИФА за месец мај нашата фудбалска репрезентација остана на 64-то место.

Во топ 10 репрезентациите нема некои значителни поместувања. Шпанците си останаа први и веќе се 12 месеци на таа позиција. Мал скок направија лидерите во нашата група Холанѓаните кои сега се втори, а Германците паднаа на 3-то место. Исто и Италија го прескока Бразил и сега се 4-ти, а Кариоките 5-ти. Англија ја рипна Аргентина и сега е 6-та, а Гаучосите се 7. Во топ 1- се уште и редоследно Хравтска, Русија и Франција.

Од нашата група Шкотска напредуваше 2 позиции и сега е 22, додека нашиот следен противник Норвешка падна за 2 позиции и сега се 47. Исланд со кој ќе играме на 10-ти јуни напредуваа две места и сега се 92.

Највеќе напредуваа Брукина Фасо(7 места) кои сега се 50-ти, како и Црна Гора(7 места) која сега е на 110. И двете репрезентации не одиграа ниту еден натпревар, а напредуваа толку многу. За прв пат откако постои рангирањето се случува некои репрезентации да напредуваат толку, а  да немаат одиграно ниту еден меч.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Палестинец Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 12129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Палестинец Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2009 во 16:28
Македонија - Норвешка 1:0


Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2009 во 11:07
najbitno e deka se zdravi голема%20насмевка a posle , zdravje намигнување
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2009 во 09:59
Натпреварот со Норвешка е да се биде или не

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев е оптимист пред квалификациските дуели со Норвешка и со Исланд што Македонија треба да ги одигра на 6 и на 10 јуни во Скопје.

- Натпреварот со Норвешка за нас е да се биде или не. Во сабота ние треба да го дадеме максимумот и мислам дека можеме да победиме и сите треба така да размислуваме. Норвешка игра различен фудбал од нас, па затоа не очекува многу тежок меч. Не е важно дали јас или некој друг ќе постигне гол, важно е само да победиме, изјави на денешната прес-конференција во Охрид Горан Пандев.

Селекторот Мирсад Јонуз е задоволен од условите за подготовка и повика до медиумите, навивачите и целата јавност за целосна поддршка.

- Од вчера сме комплетирани и само може да радува здравствениот билтен бидејќи сите освен Новески се здрави. Чест ми е што сум селектор на Македонија и мислам дека можам да одговорам на предизвикот за кој знаев што ме чека уште пред да се нафатам да бидам на оваа функција, рече селекторот Јонуз.

Капитенот Гоце Седлоски очекува тешки натпревари во двата дуела, изрази комплименти за играта на противниците, но него го интересира само нашата игра.

- Мораме да постигнеме добар резултат, а добар резултат за нас е победа. Атмосферата во репрезентацијата е супер и добро се прифатени сите нови играчи. Тоа што поминало е зад нас, а сега гледаме напред, изјави капитенот Седлоски.

На саботниот дуел против Норвешка во Скопје се очекува да дебитира Филип Деспотовски.

- Атмосферата во репрезентацијата е одлична. Супер сум прифатен од соиграчите и мислам дека со победа на претстојниот дуел многу ни се зголемуваат шансите за учество во баражот. Доколку ми се укаже шанса за настап во репрезентацијата ќе се обидам на најдобар можен начин да ја искористам, рече Деспотовски.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јуни.2009 во 10:02
Јонуз "скрпи" 11 за првиот тренинг

Македонската репрезентација вчера во Охрид ги започна подготовките за претстојните наши квалификациски натпревари за пласман на СП 2010 во Јужна Африка кои ги играме на домашен терен, на 6 јуни против Норвешка односно на 10 јуни со селекцијата на Исланд.

Новиот македонски селектор Мирсад Јонуз преку вчерашниот прв тренинг од 18 часот покрај охридското крајбрежје ја презеде тренерската "палка" на собирот од кој ќе се очекува враќање на вербата и атмосферата во националниот тим по сите претходни случувања во Холандија, но и обид за позитивни следни резултати кои ќе не остават во живот за второто место во нашата квалификациска група.

"Верувам дека заедно со сите репрезентативци и стручниот штаб сме способни пред се да ја вратиме позитивната атмосфера во селекцијата што е предуслов за успешни резултати. Нормално, императив ни е победа на престојаните дуели но не сакам фудбалерите воопшто да се оптоваруваат со тоа. Единствено мора сите заедно да веруваме во нашиот квалитет", истакна пред првиот тренинг во Охрид, Мирсад Јонуз.

На вчерашниот прв тренинг, кој беше главно почетно релаксирачки за присутните фудбалери, Јонуз на располагање имаше 11 од вкупно 25 повикани репрезентативци, голманите Николоски, Пачовски и Георгиевски, дефанзивците Игор Митрески, Николче Новески, Горан Попов, Роберт Петров и Ванче Шиков, фудбалерите од средниот ред Шумуликоски, Алими и Славчо Георгиевски, а без ниту еден напаѓач.

Единствено Новески поради повредата вчера тренингот го одработи со намален интензитет издвоено од останатите фудбалери, па низ наредните денови дефинитивно ќе биде потврдено колку ќе може да биде подготвен за дуелите со Норвешка и Исланд.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Neptun74 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Orbiter

Регистриран: 23.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2643
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Neptun74 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Мај.2009 во 19:57
Ideme ponataka...
Koj i da e selektor, koi i da se reprezentativcite...

NAPRED MAKEDONIJA!!!!!!!!

6 juni Makedonija-Norveska
10juni Makedonija-Island...
DeepBlue
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Мај.2009 во 11:27

ФФМ одлучи - лажгото Јонуз!

*Македонија е пример каде селектор може да биде кој било и дека резултатите, името и другите фактори немат голема улога. ФФМ со новиот избор ја сруши тежината на поимот селектор

Македонската фудбалска репрезентација доби нов селектор и прв фудбалски "политичар". Не ви се верува, не ми се верува, но јасно беше. Мирсад Јонуз. Крај!!! Со саботниот избор стана јасно дека во Македонија селекторската позиција повеќе нема тежина. Сега секој може да биде во оваа функција, ама баш секој. Човекот кој сигурно знае да брои до седум и кој пред неколку години на мизерен начин се обиде да лаже ќе седи на клупата на нашиот најдобар национален тим. Онаа лага при тест дуелот со Србија во Охрид не му ја "скина" главата на селекторот кој дури 6 години седеше на клупата на селекцијата до 21 година. Да потсетиме. Од Србија загубивме со 7:0, а Јонуз кажа дека резултатот бил 5:0. Мизерно и многу ниско за еден човек кој од саботата е предводник на сениорите.

Мирсад Јонуз долго го кроеше планот за да ја добие довербата на ФФМ. Многу долго, но многупати беше изигран од Харалампие Хаџи-Ристески. Сепак, поранешниот голман ги дочека своите 5 минути. Ја искористи кризата во националниот тим, битката за делегатите и најважно од с$, дочека изборна година во ФФМ во која првиот човек мора на сите да им ги задоволува вкусовите.
"Нека биде Јонуз на овие 4 средби и потоа ќе се ослободиме од него", беа зборовите на многумина луѓе од ФФМ па и членови од УО на ФФМ кои се правдаа за изборот на Јонуз како селектор на Македонија.
А Јонуз ја искористи нестручноста на УО на ФФМ, незнаењето на оние кои одлучуваат. На секаков начин ги анулираше сите преостанати кандидати и само тој прифати да седи на клупата само на овие 4 средби до крајот на квалификацискиот циклус за пласман на СП 2010 година. Само тој прифати мала сума пари и само тој и никој друг под вакви околности може да биде селектор. Тоа е доволен доказ дека човекот кој ја доби довербата не бираше средства само за да ја добие функцијата. При гласањето победи со 13:1. И самата бројка при гласањето доволно кажува дека сите кои гласале биле добро обработени од сите оние кои упорно лобираа за Јонуз. Од негови колеги, албанскиот блок на делегати па и роднинските врски кои и пред 6 години го донесоа на клупата на младата селекција. Затоа Македонија не доби тренер кој ги победи преостанатите поради подобрите резултати и знаење туку само поради тоа што со години се "тепа" за Хаџи-Ристески и овој убиствен режим по фудбалот во Македонија.
Македонската фудбалска репрезентација по поразот од Холандија на 1 април остана без селектор, а ФФМ дури по 46 дена најде време да избори нов предводник на сениорите. Доволна пауза да се направи простор во кој само Јонуз ќе биде единствената алтернатива за селектор. А и во саботата приоритет на ФФМ беа други точки на дневниот ред, а по 4 часа сосема на крајот падна одлуката. Хаџи-Ристески продолжи во свој стил. Како што му враќаше долгови на Сантрач, "киксираше" со Катанец а сега повторно враќа долгови кон Јонуз.
Нека ни е на здравје со ваков селектор со човек против кој многу фудбалски работници имаат да кажат повеќе лоши работи отколку позитивни. Сепак, ова е такво време и мора да се соочиме со реалноста. Па нека е и Јонуз, Миле или Петко. Ај да го видиме сега што знае. Еве на прагот се Норвешка и Исланд, а и на двата меча мора да одиме на победа. Тоа ни е последната шанса да фатиме приклучок за втората позиција во групата. Сега Јонуз, требаат резултати. Треба да знаеш дека натпреварот не почнува со 2:0 за Македонија.

И. Д. Ивановски

КАКОВ Е ТОЈ СЕЛЕКТОР....

Со бело знаме уште на стартот

Што правиме ако по денот утрото се познава. Веднаш по одлуката на УО на ФФМ Мирсад Јонуз се појави на ТВ станиците. Во своето прво излагање како селектор најави: "Приоритет ќе биде да се создаде една позитивна атмосфера која беше разнишана пред натпреварот со Холандија. Добро ги познавам фудбалерите и сите тие добро го знаат мојот стил на работа. Мислам дека брзо ќе се вклопиме и ќе се обидеме да направиме што е можно подобри резултати до крајот на циклусот за СП".
Сепак, она што не му требаше е тоа да се пофали дека неговата фамилија врти многу пари во бизнисот и дека затоа прифатил плата од 5.000 евра. Точно. Истата двојно помала од Катанец, но двојно поголема од онаа на Никола Илиевски - Џиџи, Ѓоре Јовановски па и Канатларовски. Но Јонуз уште неседнат на клупата почна да бара алиби.
"Сега сум поставен да го водам тимот во една невозможна мисија. Нема да има големи измени во тимот кој имаше и свои добри игри во минатото. Ќе има мали освежувања.".
Тоа беа неговите зборови, а истите ги повтори и првиот човек на ФФМ, Харалампие Хаџи-Ристески, кој има лоша математика. Според него, ни требале 10 бода за пласман на второто место. Двајцата се фатија за белото знаме, а треба да знаат дека Македонија има -3 бода зад второпласираната Шкотска, но и натпревар помалку. Со осум бода ќе бидеме конк*рентни за бараж. Тоа се две победи дома и две нерешени на гости. Повторно и Јонуз и Харалампие имаат проблеми со бројките.

Во стручниот штаб Костов и Јовчев!?

Мирсад Јонуз ја доби довербата на УО на ФФМ, но кои ќе бидат неговите помошници? Се очекува комплетна реконструкција од времето кога Среќко Катанец беше предводник на сениорите. Како имиња кои ќе му помагат на Јонуз се споменуваат Влатко Костов, тренерот на Ренова, и поранешниот репрезентативец Гого Јовчев, кој би работел со голманите. Ова се само неофицијални најави иако Костов е многу близок пријател со Јонуз, кој му откажа во селекцијата до 21 година затоа што не беше доволно платен од ФФМ.

ФАТКТИТЕ ЗА МИРСАД ЈОНУЗ

Роден: 09.04.1962 с. Милино, Св. Николе
Фудбалска кариера: Работник, Лозово, Брегалница (Штип), Борец, Тетекс, Победа (Прилеп), Рад (Белград), Левадијакос (Грција), Сутјеска, Никшиќ, Бардар (Скопје), Работнички.
Тренерска кариера: Работнички К. (6 години), Победа ( 2 години), Селектор на млада репрезентација (6 години).
Успеси: КУП УЕФА со Работнички, Интер Тото со Победа, Куп на Македонија со Победа (2002). Државен рекорд на Македонија со Победа 14 победи по ред 2001/2001, два пати проглаен тренер на гопдината во 2000 и 2001 година.

КАКО ГИ ЕЛИМИНИРАА ДРУГИТЕ

Станојковиќ го "уби" Јаневски

Што се случи со Јаневски!? Најголемиот конк*рент на Јонуз доби само еден глас од членовите на УО. Зошто!? "Македонски спорт" дознава дека селектоските амбиции на докажаниот и трофеен тренер ги уништи кој друг ако не Вујадин Станојковиќ. Вечниот помошник со нова мисија. Најавил дека се повлекува од кандидатурата за селектор по преговорите на ФФМ со Јаневски, но затоа, пак, се надеваше на нов асистентски ангажман. Како ли само успеа да му се наметне на Јаневски, кој во разговорите со Хаџи - Ристески го понудил името на Станојковиќ за негов помошник. Тоа било пресудното за елиминацијата на Чедимир Јаневски. Каква грешка!!! Голема. Станојковиќ е човекот кој на минатата седница на УО беше обвинет од некои членови на ова тело дека е главниот виновник за нарушената атмосфера во националниот тим. Сепак, Јаневски има одлично тренерско досие. Мораше сега да ја добие довербата, но ќе дојде денот кога и тој ќе седне на клупата на националниот тим. Сега имаше шанси поради низа околности, но и поради "пактот" со Станојковиќ, кој е "убиство".

Блохин побара 2.000.000 евра

Олег Блохин ќе бил селектор на Македонија за "беспари". Тоа беше една од најголемите смешки кои ни се случија по заминувањето на Катанец. Славниот Украинец и неговите менаџери имале контакти со ФФМ. Имаше најави дека ќе ги прифател истите услови како и претходниот наш кормилар. Сепак, на седницата на УО на ФФМ во дописот од менаџерите на Блохин шестоцифрена бројка  пари кои ги бараат за негов селекторски ангажман во Македонија. За 3-годишен престој во земјава ФФМ на Блохин ќе требало да му плати 2.000.000 евра. Пари од кои боли глава.

Турчинот Доган најдобар од сите

Исти услови како и Среќко Катанец. Тоа биле барањата на турскиот стратег Доган од ФФМ за преземање на селекторската функција. Харалампие бил воодушевен од Доган, кој најподготвен од сите кандидати дошол на преговорите во Скопје. Знаел за речиси сите детали, за сите позитивни и негативни страни на националниот состав. Анализа која ја нема ниту еден друг а приближно до него бил Чеде Јаневски. Сепак, Доган не доби ниту еден глас од членовите на УО на ФФМ. Само Илија Китановски беше за Јаневски, а Орце Тодоров воздржан. Сите други гласаа за Јонуз.

Џорџ Лекенс супер скап

Белгиецот Џорџ Лекенс поради финансиските барања не се најде на дневниот ред при гласањето за нов селектор. Тој барал 20.000 евра месечна плата, поголеми бонуси за секоја победа и огромна цифра во случај да ја одведе Македонија до бараж за пласман на СП 2010 година. Лекенс беше супер скап и затоа отпадна многу брзо од комбинација за нашата селекторска фотелја.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1920212223 35>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.