![]() |
|
Посебноста на нациите |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1920212223 34> |
Автор | |||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Доказ ( на англиски ) Грците и пред тоа се активни. Првиот подарок од Султанот до Цариградскиот Патријарх е токму вашата Црква,односно припојување на истата кон Цариград. Ти велиш дека сте се бореле со децении, јас се согласувам со тоа. Ама јас ќе кажам дека неколку векови си молчевте и си ја прифативте таа Црква за своја. Во однос на максимата си во право, но не заборавај дека тоа беше максима против Патријаршијата, која тогаш имаше огромна моќ, односно Цариградскиот Патријарх беше еден од највлијателните луѓе, а од друга страна Султаните биле корумпирани, слаби и лесно подмитливи, па со парите, Цариградската Црквауспеа да издејствува многу одлуки во своја корист. Откако пак Султанот виде дека тој однос кон Цариград го чинеше доста жртви, ресурци, па и територија, започна со укинување на сите привилегии, меѓу кои беа и вашите земји, водејќи се токму од римската поговорка. Доколку не ве поддржеше Султанот, многу лесно Цариградската Црква ќе излезела на крај со тие движења, а мислам дека тоа и самиот го знаеш. |
|||
![]() |
|||
lav4eto ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Дааа...и во резултат на тоа што е македонец со здрава национална свест му дават да управува целата Пловдивска Епархиjа?!?Наместо да го анатемосаат и да го пратат во Долно Уjно?
Немоj те молам, ке ти поверувам forever... И зошто тоj бестрашен водач се примирува и се врака во Бугариjа? Зошто не фрли расото, па да остане во греjната Македониjа да jа продолжи борбата? Зошто преведува книги на омразниот и туѓ бугарски jазик? Нешто резултатот го нема од сите воодушевени следовници негови, ами туку се прибрал на жешко во Бугариjа, каде безметежно си поживел до 1926... |
|||
![]() |
|||
depo ![]() Сениор ![]() Регистриран: 28.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 501 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Ама тој е Македонец, со здрава национална свест, поборник за посебна Македонска црква , борец против Бугарската и Грчката црква и пропаганди во Македонија. Ете затоа е сменет од Скопје и пратен во Бугарија , бидејќи кога бил во Македонија не само во Скопје туку и во Прилеп, Тетово и други градови ја ширел Македонската вистина и му се придружувале сите Македонци дури и оние што веќе биле приврзаници на Егзархијата и Патријаршијата и биле воодушевени од него. Ете затоа увидувајќи ја опасноста да не се развие Македонштината кај населението која со векови насилно е потиснувана од секакви поробувачи тој е пратен надвор од Македонија. ![]() |
|||
![]() |
|||
lav4eto ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Доказ нели знаеш што е-мислам се знаеме убаво.
![]() Борбата за независна бугарска црква се води со децении, додека е добита со ферманот од 1870. И во таа борба активно учество зимаат токму бугари од Македониjа, кои се во Цариград(пишав за бугарските цркви и дарителите од Костурско). Грците се особено активни после Руско-Турската воjна од 1829(во коja учестваа со напразни надежди илjади бугари)и создавањето на Грчката држава во 1830.Мегали-идеjата ти е позната, нема нужда од спомнување. Првите градови, кои се бунат против наглоста на грците, се Стара Загора, Самоков и Скопjе. Значи после Хатишерифот од 1838(за почитување на правата на сите рисиени) коj е само песок во очи,почнува вистинската борба за бугарска црква. Сметаj дали е поддржувана од османлиjте, та се води уште 32 години... Римската максима "разделуваj, па владеj" и неа jа знаеш. Изменето од lav4eto - 12.Септември.2009 во 17:19 |
|||
![]() |
|||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
1. Во однос на Охридската Црква, има дилема во сиот Правиславен свет, односно во православната еклисиологија никаде не е признава Бугарска Црква по уништувањето на истата од Јован Цимиски и припојување на нејзините епархии кон Цариградската Црква. 2. Тие се сметаат за Бугари определен период, но и самиот Прличев крајно се разочарува од Бугарите, кои дури и го игнорираат поради неговото непознавање на бугарскиот јазик. 3. Елинизацијата е карактеристична за сите народи, тоа е точно, јас не негирам, меѓутоа сепак кај вас пуштила многу длабоки корени. 4. Во однос на поддршката од Високата Порта, не си во право, високата Порта ја поддржува креацијата на Бугарската Црква, плашејќи се од огромната моќ на Цариградската Црква и нејзиното влијание, па токму од таа причина се креира Бугарската Црква. Доколку таа останеше без поддршка од Портата, Цариградската Црква многу лесно ќе ја поразеше, сепак, зад себе таа не беше сама, го имаше сиот Православен Свет, освен Русија, која подоцна започна да ја поддржува Бугарската Црква, иако не ја признаваше, поради фактот дека ќе доживееше екскомуникација или анатема како и Бугарската Црква. 5. Ти дадов доказ, Шештеово и Костурската околија, од каде биле избркани бугарските учители во 1892 година, а заедно со нив и грчките. |
|||
![]() |
|||
lav4eto ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
За Теодосиjа ли сум смешен?
Истиот, дека кога е уволнен од Скопjе доаѓа и помеѓу 1901 и 1906 година управува Пловдивската епархија, а помеѓу 1913 и 1919 - новоформираната екзархиска Марониjска епархија во Комотини? Истиот ли, дека во почетокот на 1913 година се вклучува во акцијата на Бугарската Егзархиjа за покрстување на помаците? Да не е овоj Теодосиj, дека од 1910 година е вистински член на Бугарското книжевно друштво, денес Бугарска академија на науките? Автор на богословски трудови и преведувач на бугарски на Вергилиj, Франсоа Шатобриан, Џон Милтон? Сигурно грешам нешто...кутриот смешник jас... |
|||
![]() |
|||
depo ![]() Сениор ![]() Регистриран: 28.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 501 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Откако гледа дека туѓата бугарска егзархија нема слух за такво нешто возобновување на Македонската Охридска архиепископија го пишува ова писмо.
Изменето од depo - 12.Септември.2009 во 16:52 |
|||
![]() |
|||
lav4eto ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Абе не сакав да ги номерираш, повекето беа реторички прашања.
Никаде освем во Македониja нема дилема дали е бугарска Охридската црква. Григор како и Кирил Прличев се сметат за бугари-во други теми сум постирал многу докази за тоj факт. Елинизациjата е карактерна за сите христиенски народи на Балканот,бидеjки Портата jа поддржува истата. Така што да тврдиш дека бугарите биле елини, па се срамеле од името си, а македонците биле херои и си правеле што сакат е несериозно. Аjде Паисиjа го знаеме сите-даj друг коj докажува како македонците не се срамеле и си зборувале слободно и дома, и на мегданот сопствениот jазик. Зошто jас одма се секавам за Гоно Jотов и Коте Христов. ![]() Изменето од lav4eto - 12.Септември.2009 во 16:50 |
|||
![]() |
|||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
1. Кај вас најмногу пуштила корен, огромен дел од населението СЕ СРАМЕЛО да се нарече бугарско и си се нарекувало елинско. 2. Не само за Бугарите, ама кај вас најмногу пуштила корен елинската пропаганда 3. Македонски си зборувале меѓу себе, а не грчки. 4. Македонскиот народ до 1767 година имал своја Црква, немало потреба да бара. Потоа тој барал своја Црква, Охридската Црква, ги бркал Владиките грчки од градовите и ги заменил со бугарски, за и тие потоа да ги замрази. Еве, конкретно, во на мајка ми селото, Шештеово, бугарските учители биле избркани од селото. 5. Гласале за Егзархијата затоа што таа била помало зло ( така мислел народот ) од Патријаршијата, но и самиот Григор Прличев подоцна ќе каже дека дури ни Цариградскиот Митрополит не се однесувал така грубо кон него, како бугарскиот. |
|||
![]() |
|||
lav4eto ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Значи сметаш дека елинизациjата или гркоманството било само каj бугарите?
Значи се тоа се однесува само за бугарите? Македонците во истото време гордо си збореле насекаде македонски? Е зошто не побарале од султанот посебна македонска црква? Зошто гласале со повеке од 90%за Егзархиjата? Кога сте посебни уште од векови преди Христос, зошто не се побунивте за САМОСТОJНА МАКЕДОНСКА ЦРКВА,различна од бугарската? |
|||
![]() |
|||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Ајде да не одиме надвор од тема, aма зошто вие се СРАМЕВТЕ од своето име, па се правевте Елини, зборувавте елински, имавте елински имиња, градовивте ги крстевте со елински имиња, повеќе векови ја имавте Цариградската Црква за своја, не се ниту бунтувавте против неа неколку векови, говоревте грчки по дома, децата ги теравте да се срамат од бугарското име и да се гордеат со елинското итн. А најтрагично е што тука не говориме за десетина души туку за многу голем дел од нацијата, кој туку-речи зафаќал огромен дел од Бугарија. За Тракија и да не говориме... За тој голем дел од луѓето зошто да не важи тоа што вие викате за нас: Бевме Елини, дел од елинскиот народ, па сега сме Бугари? |
|||
![]() |
|||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
И Ангел Динев е човек, секој греши, па и тој. Еве и пред 1935 година доказ за како што ја нарекува динев, етнографската идеја. http://macedonian.atspace.com/knigi/mak_delo.htm |
|||
![]() |
|||
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Како тоа не ти се верува па зар до вчера и Циганите у Бугарија беа Бугари а за Власите не ти се верува - ова се правиш невин изгледа
![]() |
|||
![]() |
|||
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Е како сега и едните Македонци и другите Македонци?
Некаква каша попара. На Народна волја не треба да се верува, многу, дали К`нчов тоа не го напишал само за Власите? Немам ја книгата, ама ќе се интересирам.
А како Власите ги нарекувале Македонците? Не ми се верува себе си да нарекуваат Македонци, а некој друг исто така да го нарекуваат Македонци. Изменето од cercetator - 12.Септември.2009 во 12:20 |
|||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1920212223 34> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |