|
Исусова молитва - исцелител |
Внеси реплика | страница <1 1920212223 29> |
Автор | |
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Asya, temata ne e za dedo Naum. Ne begaj od temata i ne ja shiri vo site mozhni pravci.
|
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Многу добро кажано Макариос, само една забелешка. Сите ние се наоѓаме на првиот степен од духовниот живот и затоа дај ако сакаш дај повеќе информации за практикувањето на Исусовата молитва на тој степен. |
|
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Третиот степен е умно-срдечната молитва, и се одликува со поврзување на умот и срцето. После извесен период од практикување на умната молитва, мислите се собираат, а умот се сместува во близината на срцето, па дури и внатре во самото срце. Искуството кажува дека овој начин на молитва му овозможува на умот не само да го види физичкото срце, туку и тоа што е внатре во него (на духовен план): какви чувства се раѓаат, какви мисловни претстави доаѓаат однадвор.
Молитвата која започнала со усните, која се изговара гласно и надворешно, постепено се развива во внатрешна молитва и станува наш составен дел, почнува самата да се изговара. Врв на оваа молитва е кога одозгора се обдарува со пламен кој го насладува срцето со Божја љубов и кој доведува до духовни виденија. Понекогаш е пропратена и со гледање на светлина. Овој пламен не може да се стекне со техника, туку секогаш се добива според благодатта, како дар Божји. На првите два степени на молитва, се нагласува она што го прави човекот. На степенот на умно-срдечната молитва иницијативата ја презема нашиот небесен Пријател, и Неговото дејство претставува темел на заедница. Затоа Свети Григориј Синајски вели дека молитвата е Бог. Не нешто што јас го започнувам, туку нешто во што јас учествувам. Не нешто што јас правам, туку Бог што прави во мене. Според зборовите на апостол Павле: „не живеам веќе јас, туку Христос во мене“. На овој степен, човекот е должен да молчи и да дозволи молитвата да се одвива сама, односно да дозволи Бог да зборува. Со други зборови, вистинската и автентична молитва се добива кога престануваме да зборуваме и кога почнуваме да слушаме со големо внимание внатре во срцето - го слушаме безгласниот глас Божји. Овде молитвата не е нешто што ние ја поседуваме, туку целото наше битие се претвара во молитва. Целиот живот станува славословие, секое дело, секоја енергија, дури и една насмевка, е химна кон Бога - молитва. Тоа е она што му е потребно на овој свет: не луѓе кои изговараат молитва ретко или често, туку луѓе кои се молитва. Исусовата молитва не е резервирана само за одредени затворени кругови, на пример, монашките. Напротив, оваа молитва е за сите кои копнеат за Христос и секому овозможува да стапи во врска со Него, без оглед на образование, достоинство и возраст. Оваа молитва се препорачува како темел на духовниот живот - на сите и секаде. Целта на Исусовата молитва е задобивање со Светиот Дух, целта на оваа молитва е исто што и целта на нашиот целокупен духовен живот и постоење, а тоа е обожението, вподобувањето на нашата личност со Бога. п.с. Самите да се поучуваме во Исусовата молитва е опасно, затоа што може лесно да западнеме во прелест (немајќи духовен опит). Најдобро е да одбереме некој духовен отец, кој и самиот ја има стекнато молитвата, и да се поучуваме од него. Изменето од makarios - 28.Декември.2008 во 02:14 |
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
A ovde, na ovoj Forum, vazhi praviloto: DRZHETE SE ZA TEMATA.
|
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Asya
Сениор Регистриран: 14.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 902 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Crkvata e zhiv organizam, i kako shto vo chovechkiot organizam site organi se povrzani, taka i vo Crkvata, tie ne mozhe da se razdelat na iskluchivo oddelni temi, tuku prirodno se nadovrzuvaat edna na druga. Ili, ako postoi nekakov problem, kako shto se sluchuva bolesta vo chovechkiot organizam, togash treba da go barame korenot, koj mozhebi se naogja vo psihata ili vo nekoj sosem drug organ, a tuka, sakale ili ne, dovagjame do prirodnite (matematichki) zakoni. Sekako, treba da se izvleche korenot, za da se reshi problemot, t.e. za bolesta da se izlechi i iskoreni.
Изменето од Asya - 28.Декември.2008 во 00:46 |
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ajde drzhete se za objavenata tema. Ako ve interesira odnosot na MPC so GPC i SPC togash otvorete nova tema.
Изменето од Messenger - 28.Декември.2008 во 00:15 |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Asya
Сениор Регистриран: 14.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 902 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Koga bi znael shto e "molitva" i vistinski bi go razbiral nejzinoto znachenje, nema da se dokazhuvash ovde so svoeto teoretsko znaenje za postojana "umnosrdechna molitva", tuku sam kje stanesh vo pokajna molitva za raskolot i eresta, koishto javno gi poddrzhuvash i shirish na forumov! Kako e mozhno, chovekot da gradi lichna vrska so Boga, vo raskol, bez da se primiri so Nego, t.e. vo otsustvo na pokajanie za istiot? Ako za tebe Isusovata molitva, pretstavuva trka za zadobivanje na Bozhji dar ili nejzinoto povtoruvanje - tehnika na samousovrshuvanje, so cel za postignuvanje na obozhenie, bez da ja sogledash nejzinata sushtina i smisla, koja shto se sostoi od pokajanie , vo koe se prosi milosta Bozhja: Gospodi Isuse Hriste, POMILUJ ME MENE GRESHNA/GRESHEN , badijala ti e seto znaenje! Odnosno, vo ovaa molitva, chovekot ja priznava svojata greshnost i svesen e za sopstvenata nemokj, poradi shto ja prosi Bozhjata milost. No, spored iskrivenoto uchenje na vladikata Naum, ti veruvash deka postojanata (vnatreshna) molitva se postignuva so svoja zasluga. Znaesh, gjavolot e vo sostojba i na molitva da zastane so chovekot, samo za da go prelesti! http://www.dobrodrvo.orthodox.ru/PRAVOSLAVLJE/ZAKON%20BOZIJI/GLAVNI/04%20-%20O%20VERI%20I%20ZIVOTU%20HRISCANSKOM/HTML/O%20ZIVOTU/002.htm Греси против прве заповести: 1. Безбожје, када људи сасвим одричу биће Божије. Такве људе пророк Давид назива безумним: "рече безумник у срцу свом: нема Бога" (Псал.13, 1). 2. Многобожје, када уместо Јединог, истинитог Бога, признају многа тобожња божанства. 3. Неверје, када људи, признајући биће Божије, не верују Његовом Божанственом Провиђењу и Откровењу. То неверје често потиче од неправилног образовања и васпитања, од гордости и уображености, од повођења за ружним примерима, од потцењивачког односа према руководству Цркве и од греховног живота. 4. Јерес, када људи смишљају или праве учења, противна Божанственој истини, или упорно и намерно изврћу Божанствену истину. 5. Раскол , тојест својевољно удаљење (одвајање) од јединства Богопоштовања – од јединства са Православном Црквом. 6. Богоодступништво, када се људи одричу од истините вере, бојећи се прогоњења, исмевања, или ради било каквих земаљских рачуница, или због поводљивости лажним учењима. 7. Очајање, када се људи, заборавивши на бесконачно милосрђе Божије, не надају да добију од Бога помоћ и спасење. Најстрашнији пример очајања представљају самоубице. 8. Чаробњаштво, када се људи, остављајући веру у силу Божију, окрећу к разним тајним и злим силама. 9. Сујеверје, када верују у било коју обичну ствар, приписујући јој надприродну силу. 10. Лењост у молитви и у сваком богоугодном делу. 11. Љубав према стварима више него према Богу. 12. Човекоугађање, када се брину више да угоде људима, него Богу. 13. Човеконадање, када се надају више на себе, или на друге људе, него у милост и помоћ Божију. I da nema zabuna, potrebno e pravilno da gi svatite moite zborovi, tochno kako shto se izrecheni i napishani: Jas ne sum protiv MPC, tuku stojam protiv raskolot i eresta, za spasenie na makedonskiot narod (se odnesuva na sekoja dusha oddelno, koja shto se doveruva na duhovnite vodachi na MPC). Изменето од Asya - 27.Декември.2008 во 21:43 |
|
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Вториот степен е умната молитва. На овој степен на молитва, зборовите не се изговараат гласно, туку со умот. Изговарајќи ги умствено зборовите, се обидуваме да ја разбереме нивната смисла, и полека умот да го затвориме во зборовите на молитвата. Паралелно со тоа, упорно се отфрлаат помислите кои не врзуваат со светот, се отфрлаат фантазирањата, не само грешните, туку и оние кои излгедаат добри.
До овдека, ние сеуште ја практикуваме надворешната молитва. Сеуште се обраќаме кон Бога, барајќи нешто од Него. Но, таа надворешна молитва е неопходна за да стигнеме до внатрешната молитва, до умно-срдечната молитва, каде што Бог нам ни се обраќа. Молитвата не означува да правиме само одредени благочестиви дела, и да изговараме благочестиви зборови. Молитвата не е моментално дело, туку една постојана состојба. Да се молиме значи непрестано да стоиме пред Божјото лице, и да градиме лична врска со Него. |
|
makarios
Сениор Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Првиот степен на молитва е молитвата на усните - вербалната молитва. Многу години верните изговараат „Господи Исусе Христе ... “ гласно, не барајќи вештачки начин на соединување на умот со срцето. Во манастирите на пример, непрестајно и на секое место се изговара молитвата, без разлика од послушанието кое се извршува. И додека монахот е во кујна, или на поле, или со што и да се занимава, тој непрестајно го призива Името Христово. Ако неколку монаси заедно извршуваат некое послушание, тогаш тие се трудат да го избегнат многусловието и празнословието - заедно молејќи се.
Еден изговара: „Господи Исусе Христе Сине Божји“, а друг додава: „помилиј не`“. Останатите со умот ги следат изговорените зборови. Истото го прават и благочестивите христијани во своето семејстсво. Така, со што и да се занимаваат молитвените луѓе, се напојува со молитва, и се постанува една Литургија, еден славопој кон Бога, едно непрестано богослужење. Овдека верата и животот се поклопуваат, теоријата и праксата стануваат едно. Секоја педа земја станува свет олтар од кој се вознесува богоугодна жрвта кон Бога. Ова значи дека почетникот, и пораснатиот во молитвата, треба секојдневниот живот да го усогласат со заповедите Христови. Вековното искуство на оваа аскеза покажува дека со Божјо дејство, умот се соединува со срцето, откако монахот ќе помине период исполнет со послушание и воздржување и во подвиг - кога неговиот ум и самото тело на стариот човек во доволна мера се очистат од своите страсти. п.с. И овој текст не е мој. Е сега, дали е на некој владика од МПЦ, или не е, тоа не знам. Изменето од makarios - 27.Декември.2008 во 20:44 |
|
Asya
Сениор Регистриран: 14.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 902 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Bozhjata milost, kako i site drugi Bozhji svojstva, ne zavisat od chovechkata volja, a "trudoljubivte" ako se trudat samo za zadobivanje na Bozhji darovi, chinat golema greshka, bidejki hristijanstvoto ne e trka za dostignuvanje na Bozhji darovi, dodeka chovekot so nikakov trud ne mozhe da ja zasluzhi Bozhjata milost. Zarem Hristos mu se javi na Savle (apostol Pavle), koj zhestoko gi goneshe hristijanite, i go napravi Svoj apostol po negova (chovechka) zasluga? Pr: Nekoj mozhe postojano da prosi od Boga dar na postojana molitva, no samo Gospod znae dali e toa dobro za nego, bidejki mozhe da predvidi dali istiot kje se vozgordee ili pravilno kje go iskoristi darot na svoja i opshta polza. Zatoa, nie se molime na Boga, da bide Voljata Bozhja. Изменето од Asya - 27.Декември.2008 во 20:09 |
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Asya, a od sto zavisi Bozhjata milost? Zarem ne e toa spored onoa sto go pravat ili postigaat vernicite, znachi spored zasluzhenoto?
Me interesira tvoeto mislenje bidejki go zachna ova kako tema za razmisluvanje. |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Asya
Сениор Регистриран: 14.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 902 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Pred da se zanimvash so "stepeni na molitva", i pravilno da razberesh shto znachat tie vo duhovniot razvoj, prvo treba da go pominesh osnovniot katehizis na Pravoslavnata Crkva, i prvenstveno da nauchish da se molish prosto, bidejki Bog od nas bara prostota na srceto, a ne tehniki i stepeni, i darovi Sam dava, komu Toj kje posaka, po Svojata Volja. Svakjanjeto deka chovekot so svojot trud mozhe da stekne dar na postojana vnatreshna molitva, e pogreshno. Vistina e, deka Bog im pomaga na tie shto se trudat i gi ispolnuva nivnite molitvi, no chovekot dobiva dar po Bozhja milost, a ne po svoja zasluga, kako shto mislat nekoi duhovnici -"isihasti" na t.n. Makedonska shkola. Hristijanskiot zhivot e postojana borba protiv gjavolot, zatoa sme povikani na postojana molitva, koja e nashe oruzhje protiv nechistata sila. Megjutoa, Svetite Otci i vistinskite isihasti, nikogash za sebe ne smetale deka postignale nekoj visok stepen na duhovnost i molitva, tuku nivnata nadezh za se i sekogash bila polozhena na Boga, dodeka sami se smetale za golemi greshnici, postojano prebivajki vo bezmolvie, na pochetokot na svoeto pokajanie, nadevajki se na obozhenie vo Carstvoto Nebesno, po telesnata smrt. Za razlika od Sv. Otci, vladikata Naum propoveda poinakvo uchenje, spored koe, edinstven pat do Carstvoto Nebesno e preku postignuvanje na darot na "umnosredechna" molitva i obozhenie na zemjata, vo tekot na zhivotot, pogreshno smetajki deka ednash dozhiveanata svetost ostanuva zasekogash, a obozhenata lichnost nema potreba od poslushanie kon povisok duhoven avtoritet. No, realnosta pokazhuva sprotivno: Chovekot mozhe da dozhivee moment na svetost na zemjata, no dovolno e da se vozgordee za da padne, i nema pravilo deka mora da padne vo nekoj prethoden stepen, bidejki mozhe da padne i na samoto dno na adot. Nikoj nema imunitet na grevot i padot, a chovekot treba da bide duhovno buden i trezven, za da ne padne vo prelesta na sopstvenata zabluda. Изменето од Asya - 27.Декември.2008 во 19:56 |
|
Marko sk
Сениор Регистриран: 08.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 887 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
znachi i vo drugite religii ista pesna se pee ?
Mnogu mi e indikativno gradiranjevo od makarios, a kako shto posochuva i messenger, i vo drugite veruvanja ( kazhano vo sloboden zhargon )isto "CD" se vrti: prv stepen .....neshto kako visha shkola ( mnogu mi e intresantna ovaa podelba na crkoven i svetoven) vtor stepen ....kako fakultet tret stepen....isto kako i magistratura posleden stepen.......slichno na doktorat PS. a koi se soodvetnite stepeni koi bi odgovarale na postdoktorski studii, ili subspecijalnost...? PPS. znachi jas sum bil nekade na nivo na umnosrdechna sostojba...bravos za mene ( ok, I am joking just a little bit) |
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Makrios, ushte eden odlichen komentar od tebe. Ne se sekjavam deka nekogash sme imale vakov opis na molitvata. Interesno e kolku se istovetni ovie tvoi zborovi so onie od drugite veri i zhivotni filozofii. I kaj niv, bez obzir dali se zboruva za molitvi ili meditiranje, celta e istata kako onaa koja ni ja prezentirash so ovoj tvoj post. |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Внеси реплика | страница <1 1920212223 29> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |