|
Секс - како вие гледате на него? |
Внеси реплика | страница <1 1920212223 36> |
Автор | ||||||||||||||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||
Џабе се правиш мудра и сезнајна, мила сестро, кога Светите Отци јасно и концизно кажуваат - СЕКСОТ ВО БРАК КОЈ СЕ ПРАКТИКУВА НАДВОР ОД РАМКИТЕ НА СОЗДАВАЊЕ НА СЕМЕЈСТВО, НЕ Е БЛАГОСЛОВЕН!!!! А ти ако сакаш оди и со главата низ ѕид, ама тоа си е чистото православно гледиште на таа тема.
И за крај, во продолжеток сакам само да воочам неколку поенти за некои работи.
Или тоа не ти одговара затоа што ти јавно си разобличена дека доколку ако не е пишано името на оној кој го рекол тоа, можеш без размислување да одиш и против Светите Отци. До душа, како што се покажа, и да е пишано…Добра проверка, Макариос. Потоа, прво велиш дека има проблеми посебно од духовна и посебно од телесна природа, и дека сексот во бракот спаѓа во телесниот дел:
За во следниот момент да дојдеш до ставот дека секоја душевна страст се извршува на телесно ниво, а со тоа сексот во бракот да го ставиш во душевна природа на проблеми.
Сексуалната страст не ни е дадена од Бога . Таа е последица од падот во грев, а како таква, како воопшто може да биде некоја страст добра? Нели до сега разјаснувавме дека тоа не е така? 1 Сол. 4: 4 и секој од вас да знае да го пази својот сад во светост и честитост, 5 а не во похотна страст, како незнабошците, кои не Го познаваат Бога… Рим. 13: 14 облечете се во Господ Исус Христос, и грижата за телото не претворајте ја во страсти. Галатјаните 5:16 Ви велам: живејте по Духот, и нема да им угодувате на телесните страсти. Вистинската добра човекова природа е онаа првобитна природа, неизвалкана од страстите, и затоа се трудиме во добродетелен христијански живот да живееме – за да ја достигнеме таа бестрасна состојба. Контрадикторности…
Кој е во преден план сега?
Зарем сексот кој за цел има задоволување на телесните страсти, но не и стварање на нови човеци не е земно задоволство?
Хммм, а ако не даде благослов за тоа, тоа не е мешање на духовникот? И веднаш потоа повторно контрадикторност (еднаш може да се меша, еднаш не може, па пак може…)А нели секоја телесна страст е првенствено душевна, како што ти погоре се изјасни? Зошто мислиш дека се вика духовен отец, ако не да ги лечи страстите на нашата душа?
И пак не може да се меша…
Па потоа пак може…(бидејќи може да ни рече дека нема причест затоа што сме имале сексуален однос за задоволување на телесните страсти)
Ајде, реши се веќе еднаш! Може или не може „да се меша“?
Јас само ги изнесувам православните ставови на Светите Отци во однос на сексот во бракот, а ти зошто си го сфаќаш тоа лично? Имаш некоја мува на капата? Да не е тоа гордоста да се признае неспособноста за воздржание? Ти реков, ако имаш спротивни цитати, но само од Свети Отци, слободно изнеси ги. И само потврдив дека овој коментар не ти е точен
Не се „мешаат“ духовниците во нечиј брак, туку Светите Отци, а духовниците само ги применуваат нивните учења И крајното што го пастира, за официјалниот став на Црквата за сексот, само го потврдува тоа што досега го изнесов, и ги допотврдува цитатите од СВЕТИТЕ ОТЦИ кои ги пастирав!
Можеби зборуваш за христијански брак, но не за православно-христијански, туку за некој протестантско-христијански брак Следствено, јас само пред бракот, би додала – „сексот во“
И за крај, повторно ќе напоменам – моето изнесување беше co цел да го претставам чистото православно гледиште за сексот во бракот, а не да наметнам свој став. Секој нека си прави како сака и како може, но не е во ред изразот на својата немоќ да го наметнува како официјално православно стоиште за конкретната тема. Подобро е човек да се повече, кога не може да исполни нешто, отколку да рита против бодило!!! Мило ми беше што сите вас ве запознав. Навистина интересни искуствени размени на мисли прочитав изминативе неколку месеци. Можеби со некој од вас во иднина Господ ќе ја нареди така работата, што ќе се запознаеме и лично. До тогаш, секој кој сака нешто да ми каже или да ме праша, слободно тоа може да го стори преку лични пораки. Јас се повлекувам од форумов. Останете ми сите живи и здрави, и им благодарам на оние кои најмногу контрираа со мене (брат Ев и сестра Асја), затоа што само ме наведоа подлабоко да ја спознаам Светата Православна Вера, на која припаѓам. Господ со сите вас Со Христова љубов, Маран Ата + Изменето од Maran Ata - 12.Декември.2008 во 10:08 |
||||||||||||||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||||||||||||||||
Asya
Сениор Регистриран: 14.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 902 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||
Oficijalen stav na Pravoslavnata Crkva, za sexot:
http://www.bible.ca/cr-Orthodox.htm PRE-MARITAL SEX: The Orthodox Christian faith holds to the biblical teaching that sexual intercourse is reserved for marriage. Sex is a gift of God to be fully enjoyed and experiences only within marriage. The marriage bed is to be kept "pure and undefiled" (Hebrew 13:4), and men and women are called to remain celibate outside of marriage. Our sexuality, like many other things about us human beings, affects our relationship with God, ourselves, and others. It may be employed as a means of glorifying God and fulfilling His image in us, or it may be perverted and abused as an instrument of sin, causing great damage to us and others. St. Paul writes, "Do you know that your body is the temple of the Holy Spirit who is in you, whom you have from God, and you are not your own? For you were bought at a price; therefore glorify God in your body..." (I Corinthians 6:19, 20). Изменето од Asya - 12.Декември.2008 во 09:35 |
||||||||||||||||
Asya
Сениор Регистриран: 14.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 902 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||
Svetite Otci se zanimavale so mnogu prashanja od razni oblasti na chovekoviot zhiviot, no ne i so tugjata intima, kako shto chinish ti! Koj zboruva ovde za prezasitenost, razvrat i "plotski odnosi"? Zarem jas rekov deka brachnite dolzhnosti treba da se ljubat povekje od Boga? Ili, ti ne razbirash prosti zborovi? Ne vadi zborovi od kontekst, tuku dostavi gi originalnite linkovi na gornite citati, vo potpoln tekst. A popat, pobaraj i neshto za raskolot od Svetite Otci, pa kje vidish zoshto, mozhebi, tvojata vera e razlichna! Ne mi e jasno, kako gi razbirash Svetite Otci, bez da gi svatish Bozhjite zapovedi? Shto e poopasno za chovechkata dusha: sexot vo ovenchan brak, ili raskolot i nepokajanieto za istiot, shto neminovno vodi kon eres? Pritoa, imaj vo obdzir deka svakjanjata na Svetite Otci za brakot, ne mora da se nepogreshlivi, i nemaat dogmatska priroda. Изменето од Asya - 12.Декември.2008 во 09:31 |
||||||||||||||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||
Да, Светите Отци се занимавале со секој дел од животот на верниците. Познато е дека најголемите Свети Отци од рано-христијанскиот период биле епископи, раководители на цели градови и области во кои живееле мирјани. Како духовни раководители, тие биле должни да се занимаваат со секој дел од животот на верникот за да ги поучуваат и водат кон спасение. Светите Оци се занимавале и со тематиката околу абортусот, и со контрацепцијата, и со перверзиите во сексот, и со самиот секс во бракот. Доколку речеме дека тој и тој бил монах и немал брачно искуство, а со тоа не е компетентен да дава суд какви треба да се сексуалните односи во брак, тогаш го негираме Бог и Апостолите. Зошто? Светите Отци се оние кои го објаснуваат секој стих од Библијата водени од Светиот Дух. Меѓудругото, св.ап.Павле зборува за бракот, а тој бил девственик, со што значи дека ако се прифати твојот став, тогаш не треба да го признаеме тоа што тој го вели. А и никогаш не треба да заборавaме дека Светиот Дух е Оној кој делува преку светите луѓе, затоа тоа што го кажале за бракот и сексот во бракот, извира директно од Бога. Чистото православно христијанство не прифаќа секуларизам, односно, целиот живот го гледа како продолжена Литургија, дури и надвор од црквата како храм, верникот треба да продолжи да живее како да е во црква – во молитва, воздржување, концентрираност на духовниот живот, а не - одењето на црква да го смета како само еден дел од својот живот. За да не ја должам многу, да видиме дали е вистина тоа дека Светите Отци не се занимавале со сексот и бракот (иако од претходните цитати за целомудреноста јасно станува за што се залагаат тие). Епископ Артемиј Оние кои се состануваат „ненаситоно“ нема да бидат осудени, што, можеби, самиот акт на соединување во бракот би бил грев, туку заради отсуство на воздржување во границите на Бог кој се поставени преку Црквата, заради неподвизување за повисоки, возвишени цели. Преку тоа неумрено состанување, тие постануваат и за цела вечност остануваат „крв и тело“, кои, по зборовите на светиот апостол, нема да го наследат Царството Божјо. Не вели ми: Па тие можеби се подвизуваат на друг план и на тој начин да го стекнат Царството Божјо. Светите Отци и историјата на Црквата ни сведочат дека човек кој мисли само на сладострастни уживања (во бракот или вон него, сеедно) неспособен е за било какви подвизи, дури ни да размислува за вишите духовни работи. Сладострастникот не помислува дека треба да пости, да се моли, да се смирува – затоа што, кога сето тоа би го правел својата душа ради, без сомневање би покажал воздржување и во брачните односи. Св.Максим Исповедник Зло е погрешниот суд на поимите, од кое следи злоупотреба на работите. На пример, како во врска со жената, целта на правилниот суд на соединувањето е раѓање деца. Значи оној, кој гледа само на сладострастие, греши во судот, нарекувајќи го добро она што не е добро. Таквиот, значи, врши злоупотреба соединувајќи се со жената. Слично е и со останатите работи и поими.....Постојат три причинители кои нас не поттикнуваат на зло: страстите, демоните и лошата волја. И страстите како кога сакаме работи без причина, како на пример, храна во ниедно време, или беспотреба, или жена без цел да се раѓаат деца и незаконски... Св.Атанасиј Велики Која велиш употреба? Онаа по Законот, која Бог ја дозволил, велејќи: "Плодете се, и множете се, и наполнете ја земјата“ (1 Мојсеева 1:28), и на која апостолот укажал, велејќи: „Чесен брак и постела неосквернета“ (Евреите 13:4)? Или онаа по јавното мнение, која се врши криејќи се и прељуботворно?… Блажен е оној кој во младоста има јарем слободен, употребувајќи ја природата за раѓање деца… Според Св.Никодим Светогорец Целомудреноста во бракот означува „соединувањето на брачниците треба да биде само заради раѓање деца, а не заради страстољубие.“ Св.Јован Златоуст Бракот се лишава од секоја пофалба, кога некој се користи со него до презаситеност. Свети Григориј Римски Кога страста доаѓа на местото на желбата за деца, самиот акт на општење станува нешто, за што брачниците треба да жалат. Свети апостол Павле вели - ако не можат да се воздржат, нека се мажат - но веднаш потоа додава дека ова го вели поради допуштение, а не како заповед. Ова допуштение, односот го озаконува, но не го прави добар, па кога зборува за допуштение, не вели дека односот е безгрешен. Свети Климент Александриски Поради светоста во одржување на потомството, семето на мажот да не биде залудно исфрлано, ниту пак оштетувано, ниту пак залудно потрошено. Да се има телесен однос, надвор од одржување на потомството е повреда на природата. Свети Епифаниј Тие (египетските еретици), практикуваат полови дела, но го спречуваат зачнувањето деца. Половите односи ги прават не за потомство, ами за да ги задоволат своите страсти - па тие подлежат на распадливост. Блажени Августин Телесното општење заради потомство е достојно во бракот. Но, сето што го надминува ова, не следи никакво оправдание, туку блуд. ава Пимен Како што чадот ги изгонува пчелите и тогаш се зема сладоста на нивниот труд, така и телесното задоволување го изгонува стравот Божји од душата, и го одзема секое трудољубие. А ако сексот во брак е ок за задоволување на страсните нагони, тогаш би било во ред и бремените жени да продолжат да си се задоволуваат и за време на бременоста. Апостолско правило VI, 28, РG 1, 985 Христијанин да не се соединува со трудна жена, затоа што тоа не го прави за раѓање деца, туку заради уживање, а треба да се љуби Бога, а не уживањето. p.s. кога ќе имаш спротивни СВЕТООТЕЧКИ цитати од овие, тогаш пиши, во спротивно излегуваш смешна тврдејќи дека си православна христијанка (можеби новокомпонирано-православна, а? хммм, затоа пред извесно време рече дека можеби имаме различна вера...) Изменето од Maran Ata - 12.Декември.2008 во 08:21 |
||||||||||||||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||||||||||||||||
Asya
Сениор Регистриран: 14.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 902 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||
"Celomudrenost" vo bukvalen prevod na makedonski e "vozdrzhanost", i znachi "vozdrzhanost vo celost". A ti si tolku "mudra vo celost", shto od golema mudrost se sopnuvash na zbor! Sexot vo ovenchan brak ne e blud, i Crkvata ne go zabranuva, osven vo vreme na post. A ti, se pravish pogolema i od Crkvata, ta si dozvoluvash samovolno da go tolkuvash Svetoto Pismo, povikuvajki se na Sv. Otci, i koga nemash realni argumenti, se fakash za tugji zborovi, i gi cedish kako komarci, dodeka sama progoltuvash slon! Изменето од Asya - 12.Декември.2008 во 08:20 |
||||||||||||||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||
Да, Светите Отци се занимавале со секој дел од животот на верниците. Познато е дека најголемите Свети Отци од рано-христијанскиот период биле епископи, раководители на цели градови и области во кои живееле мирјани. Како духовни раководители, тие биле должни да се занимаваат со секој дел од животот на верникот за да ги поучуваат и водат кон спасение. Светите Оци се занимавале и со тематиката околу абортусот, и со контрацепцијата, и со перверзиите во сексот, и со самиот секс во бракот. Доколку речеме дека тој и тој бил монах и немал брачно искуство, а со тоа не е компетентен да дава суд какви треба да се сексуалните односи во брак, тогаш го негираме Бог и Апостолите. Зошто? Светите Отци се оние кои го објаснуваат секој стих од Библијата водени од Светиот Дух. Меѓудругото, св.ап.Павле зборува за бракот, а тој бил девственик, со што значи дека ако се прифати твојот став, тогаш не треба да го признаеме тоа што тој го вели. А и никогаш не треба да заборавaме дека Светиот Дух е Оној кој делува преку светите луѓе, затоа тоа што го кажале за бракот и сексот во бракот, извира директно од Бога. Чистото православно христијанство не прифаќа секуларизам, односно, целиот живот го гледа како продолжена Литургија, дури и надвор од црквата како храм, верникот треба да продолжи да живее како да е во црква – во молитва, воздржување, концентрираност на духовниот живот, а не - одењето на црква да го смета како само еден дел од својот живот. За да не ја должам многу, да видиме дали е вистина тоа дека Светите Отци не се занимавале со сексот и бракот (иако од претходните цитати за целомудреноста јасно станува за што се залагаат тие). Епископ Артемиј Оние кои се состануваат „ненаситоно“ нема да бидат осудени, што, можеби, самиот акт на соединување во бракот би бил грев, туку заради отсуство на воздржување во границите на Бог кој се поставени преку Црквата, заради неподвизување за повисоки, возвишени цели. Преку тоа неумрено состанување, тие постануваат и за цела вечност остануваат „крв и тело“, кои, по зборовите на светиот апостол, нема да го наследат Царството Божјо. Не вели ми: Па тие можеби се подвизуваат на друг план и на тој начин да го стекнат Царството Божјо. Светите Отци и историјата на Црквата ни сведочат дека човек кој мисли само на сладострастни уживања (во бракот или вон него, сеедно) неспособен е за било какви подвизи, дури ни да размислува за вишите духовни работи. Сладострастникот не помислува дека треба да пости, да се моли, да се смирува – затоа што, кога сето тоа би го правел својата душа ради, без сомневање би покажал воздржување и во брачните односи. Св.Максим Исповедник Зло е погрешниот суд на поимите, од кое следи злоупотреба на работите. На пример, како во врска со жената, целта на правилниот суд на соединувањето е раѓање деца. Значи оној, кој гледа само на сладострастие, греши во судот, нарекувајќи го добро она што не е добро. Таквиот, значи, врши злоупотреба соединувајќи се со жената. Слично е и со останатите работи и поими.....Постојат три причинители кои нас не поттикнуваат на зло: страстите, демоните и лошата волја. И страстите како кога сакаме работи без причина, како на пример, храна во ниедно време, или беспотреба, или жена без цел да се раѓаат деца и незаконски... Св.Атанасиј Велики Која велиш употреба? Онаа по Законот, која Бог ја дозволил, велејќи: "Плодете се, и множете се, и наполнете ја земјата“ (1 Мојсеева 1:28), и на која апостолот укажал, велејќи: „Чесен брак и постела неосквернета“ (Евреите 13:4)? Или онаа по јавното мнение, која се врши криејќи се и прељуботворно?… Блажен е оној кој во младоста има јарем слободен, употребувајќи ја природата за раѓање деца… Според Св.Никодим Светогорец Целомудреноста во бракот означува „соединувањето на брачниците треба да биде само заради раѓање деца, а не заради страстољубие.“ Св.Јован Златоуст Бракот се лишава од секоја пофалба, кога некој се користи со него до презаситеност. Свети Григориј Римски Кога страста доаѓа на местото на желбата за деца, самиот акт на општење станува нешто, за што брачниците треба да жалат. Свети апостол Павле вели - ако не можат да се воздржат, нека се мажат - но веднаш потоа додава дека ова го вели поради допуштение, а не како заповед. Ова допуштение, односот го озаконува, но не го прави добар, па кога зборува за допуштение, не вели дека односот е безгрешен. Свети Климент Александриски Поради светоста во одржување на потомството, семето на мажот да не биде залудно исфрлано, ниту пак оштетувано, ниту пак залудно потрошено. Да се има телесен однос, надвор од одржување на потомството е повреда на природата. Свети Епифаниј Тие (египетските еретици), практикуваат полови дела, но го спречуваат зачнувањето деца. Половите односи ги прават не за потомство, ами за да ги задоволат своите страсти - па тие подлежат на распадливост. Блажени Августин Телесното општење заради потомство е достојно во бракот. Но, сето што го надминува ова, не следи никакво оправдание, туку блуд. ава Пимен Како што чадот ги изгонува пчелите и тогаш се зема сладоста на нивниот труд, така и телесното задоволување го изгонува стравот Божји од душата, и го одзема секое трудољубие. А ако сексот во брак е ок за задоволување на страсните нагони, тогаш би било во ред и бремените жени да продолжат да си се задоволуваат и за време на бременоста. Апостолско правило VI, 28, РG 1, 985 Христијанин да не се соединува со трудна жена, затоа што тоа не го прави за раѓање деца, туку заради уживање, а треба да се љуби Бога, а не уживањето. Изменето од Maran Ata - 12.Декември.2008 во 08:11 |
||||||||||||||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||||||||||||||||
Asya
Сениор Регистриран: 14.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 902 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||
Adam i Eva bile edno telo od samiot pochetok na nivnoto sozdavanje. Bog ja stvoril Eva od rebroto na Adama, koj rekol: "Ete, taa e koska od koskite moi i plot od plotta moja; taa kje se vika zhena, zashto e zemena od mazhot". Zatoa, chovekot kje gi ostavi tatkoto svoj i majkata svoja, i kje se prilepi kon zhenata svoja; i kje bidat edna plot". (Bitie, 2:21-24). Sosem bespolezno, nepotrebno i besmisleno e da se shpekulira za toa shto bi bilo, koga Adam i Eva ne bi padnale vo grev, bidejki postoi fakt deka padnale. Samo Bog znae se, Koj go predvidel padot na Adam i Eva, ushte pred da gi stvori. Inaku, edinstven Otec na Adam i Eva bil Bog, t.e. tie nemale zemni roditeli, za da gi ostavat tatkoto svoj i majkata svoja. Soedinuvanjeto na mazhot i zhenata vo brakot, ne e samo telesno, ami dushevno i duhovno. Ne treba se bukvalno ili mistichno da se svakja, kako shto chinish ti. Svetoto tainstvo na brak e ovenchuvanje (krunisuvanje) na ljubovta vo Hrista, t.e. venchanie, koe shto ne postoelo vo Stariot Zavet. A poloviot akt pomegju sprotivnite polovi, e soedinuvanje vo edno telo. Zatoa, bludot pretstavuva grev. "Blud" e sekoj vonbrachen sex, a "ravrat" mozhe da ima i pomegju brachnite partneri, ako se podlozhni na perverznost. No, toa ne se odnesuva na prirodnite ljubovni odnosi pomegju mazhot i zhenata vo brak. Pred da se chitaat i tolkuvaat Svetite Otci, treba da se ima temelno znaenje na Svetoto Pismo. Изменето од Asya - 12.Декември.2008 во 07:53 |
||||||||||||||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||
ЗА ЦЕЛОМУДРЕНОСТА ВО БРАКОТ
Oд горе изложените реченици може да видиме дека, очигледно, некои луѓе не знаат што значи целомудрие, а што девственост. Целомудрието е дел од девственоста, но девственоста не мора да значи дека е дел од целомудрието, односно, монасите избираат девствен и целомудрен живот, додека пак, брачниците треба да живеат во целомудрен брак. За да не должам многу околу тоа што е целомудрие, а што девственост, само ќе нагласам дека целомудрието е поврзано со секоја добродетел, а добродетели треба да прават и брачниците. Mоже да ги прочитате текстовите од овие линкови, кои многу убаво нашироко објаснуваат што е целомудрие и дека секој христијанин, без разлика дали е монах или брачник, треба да живее целомудрено. За половите односи и целомудреноста протојереј Александар Шмеман Епископ Иларион Алфеев Заветот на целомудреност не се однесува само на безбрачност. „Целомудреност“ е словенски збор, кој во себе има многу длабок смисол. Таа зборува за тоа дека човек е должен „да биде мудар во целост“, то ест во сите свои постапки и помисли треба да се раководи со „мудроста, која доаѓа Одозгора“, која е Самиот Христос. Епископ Артемиј За време на чинот на венчавање, Црквата преку свештенослужителот се моли Господ на слугите Свои прво да им подари „целомодреност, чесен брак, неосквернета постела“, потоа „долговечно семе, радост во децата, да ги видат децата на своите деца“ (Требник). Св.Јован Златоуст Бракот е воведен, не да бидеме распуштени,ниту да блудничиме, туку да бидеме целомудрени. Чуј како Павле вели: „Но, за да се избегне блудството, секој нека си има своја жена, и секоја жена свој маж“ (1 Коринтјани 7:2). Затоа што постојат две причини поради кои бракот е воведен: да бидеме целомудрени и да станеме татковци. А од овие двe, поважна причина е целомудрието. Бракот е добар, затоа што го чува мажот во целомудреност и не допушта да погине правејќи прељуба. Св.Никодим Светогорец Велејќи Павле дека заради блудот е дозволен бракот, женетите и мажените ги поттикнува на воздржување и целомудрие...заради тоа и се нарекува „брак чесен“, затоа што ги пази луѓето во целомудреноста на телото и ги спречува да чинат блуд и прељуба. Св.Григориј Богослов Целомудреност е – неподдавање на задоволствата на телото, а поддавањето на истите е наречено – распуштеност. Добро е да се вржеш во брак, но само целомудрено, оддлувајќи поголем дел за Бога, а не на телесното врзување. п.с. џабе се трудиш да докажеш нешто што не е така (барем не во чистото православно христијанство). Сексот во бракот не е за телесно задоволување на страстите (од православна гледна точка), туку за создавање на нов живот. Црквата трпи снисходење кај оние кои не можат да се воздржуваат, но притоа тие треба да си бидат свесни за својата немоќ и тоа да им биде за покајание и никогаш да не се обидуваат да спречат зачнување на дете од таквото невоздржување. Хммм, а сега да се запрашаме за кого беше ова наменето
Изменето од Maran Ata - 12.Декември.2008 во 07:27 |
||||||||||||||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||||||||||||||||
Asya
Сениор Регистриран: 14.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 902 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||
Maran Ata, te molam, ne vadi od kontekst zborovi, ne iskrivuvaj gi, i ne tolkuvaj gi samovolno. A osobeno ne, od Svetoto Pismo, bidejki e opasno za tvojata dusha. Vo Efesjani 5:22-33, Sv. apostol Pavle govori za brakot kako model na sojuzot pomegju Hristos i Crkvata. Odnosno, Crkvata i brakot imaat samo edna glava, koja shto ima vodechka uloga. Kako Chovek, Hristos e prv megju ednakvite, t.e. (ne)superioren, sepak Sam e glava na Crkvata. Isto taka, zhenate se povikani da im se potchinat na svoite mazhi kako ednakvi. A mazhite, po primerot na Hristovata zhrtvena ljubov, treba da gi ljubat svoite zheni i za niv da se zhrtvuvaat. Vo Crkvata, krstenite vernici, koishto ja sochinuvaat, se edno choveshtvo, edno Telo so Hrista. Isto taka, vo brakot mazhot i zhenata se edno telo. "Zatoa, chovekot kje gi ostavi tatkoto svoj i majkata svoja i kje se prilepi kon zhenata svoja, i obata kje bidat edna plot" (Efes.5:31). Znachi, mazhot i zhenata treba da imaat potpolna poslushnost vo ljubovta, po primerot na Hristos i Crkvata. Vo toa se zakluchuva golemata tajna, vo odnos na Hristos i Crkvata, za koja govori sv. apostol Pavle. Toa, pak, voopshto ne znachi deka mazhot i zhenata treba da imaat polovi odnosi samo zaradi ragjanje na deca, tuku se odnesuva na strukturata na brakot i negovata sushtina, koja shto se sostoi od ljubovta . Kade ti prochita deka decata se osnova, smisla ili sushtina na brakot? Se nadevam, kje sogledash deka tvoeto svakjanje mu protivrechi na uchenjeto na Pravoslavnata Crkva. Realno, ne postojat telesni strasti, a site strasti se dushevni, t.e. proizleguvaat od dushata, dodeka teloto samo gi izvrshuva. Patem, toa "ugoduvanje na teloto" spomenato od sv. apostol Pavle vo Galatjani 15:15,16, ne se odnesuva na chovechkoto telo i brachnite polovi odnosi, tuku e opsht termin za zli (nechisti) dela. Isto taka, Matej 7: 14, ne se odnesuva na brakot. Tochno e, deka mazhot i zhenata treba da si pomagaat na patot kon spasenieto, koe e ultimatna cel na brakot, no toa ne znachi deka site brachni partneri treba da zhiveat kako brat i sestra, ili da imaat polovi odnosi samo zaradi reprodukcija. Za nekoj, toa mozhe da ne bide na spasenie, a pad vo preljuba. Zatoa, sekoj brachen par treba da se podvizhuva po svoite sili i sposobnosti. Sluchajot na Sv. Jovan Kronshtatski e samo eden od retkite iskluchoci, i ne treba da bide merilo za site. A koj mozhe da zhivee kako nego, neka zhivee, nikoj ne mu brani, samo ne treba da ja nametnuva svojata volja vrz drugite. Inaku, mazhot i zhenata vo normalen hristijanski brak nemaat "telesni odnosi", kako shto mislish ti, ami pred se, nivnite odnosi se ljubovni. A za vozdrzhanie (telesno, dushevno i duhovno), Crkvata propishala post. Jas ne rekov deka brakot e besmislen ako se apstinira od sexualni odnosi, tuku ti se pogreshno svakjash! Naprotiv, toa e dobro, ako obajcata se soglasni, t.e. toa treba da bide vzemno reshenie na dve lichnosti vo eden brak, a ne na duhovnikot i celo opshtestvo. Nikoj nema pravo da odluchuva za tugj brak, duri ni duhovnikot, a sekoj treba da go pravi svojot izbor slobodno, vo soglasnost so svojot brachen partner/partnerka. Изменето од Asya - 12.Декември.2008 во 07:55 |
||||||||||||||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||
1 Мојсеева 2:24 Затоа ќе го остави човекот таткото свој и мајката своја и ќе се прилепи кон жената своја; и обата ќе бидат едно тело. Се што кажал Господ е добро. Тој уште додека Адам и Ева биле во рајот, рекол дека ќе се прилепат еден кон друг и ќе бидат едно тело. Во претходните мои текстови реков дека кога се зема цитат од Библијата за да се толкува, треба да се има на ум кога и зошто Бог нешто рекол или заповедал. Во случајов, познато ни е дека Адам и Ева своето прво сексуално искуство го имале откако паднале во грев и откако биле изгонети од рајот, а од друга страна Бог уште во рајот им вели дека ќе бидат едно тело. Каде е сега тука логиката? Или Бог лаже или некој погрешно и своеглаво си толкува. Работата е што Бог вели дека ќе бидат едно тело, пред се, во мистична смисла. Доколку тоа би било само во телесна смисла, за време на сексуалниот однос, тогаш тие уште во рајот би ја исполниле таа заповед. И ако е само во таа смисла, за да постојано бидат едно тело, оти нели Бог што составил не треба да се разделува, тогаш брачниот човек треба целиот свој живот да го помине во секс. И ако е само во телесна смисла, тогаш браковите на оние свети девственици во историјата на Православната Црква, не се бракови. Та дури и да е само во телесна смисла кажано, ајде да го разгледаме и на тој начин. 1 Коринтјаните 6:16 Или, пак, не знаете дека оној, кој со блудница се соединува, станува едно тело со неа? Зашто е речено: Обата ќе бидат едно тело. Често пати, и поради недоволно познавање на сопствениот јазик и неправилно анализирање на цитатите, се влечаат погрешни заклучоци. Во горниот цитат не е прикажан акт кој се врши постојано, туку е кажано дека секој кој се соединува со блудница, станува едно тело со неа. Значи, доволно е и само еднаш да има секс, за да бидат едно тело, а следствено на тоа, дури и еднаш да се има секс во бракот за стварање на потомство, мажот и жената го исполнуваат тој дел. И, како и да се сврти работата, пак отпаѓа погрешното тврдење на некои дека православен став е дека сексот во брак е даден и за задоволување на сексуалните страсти. |
||||||||||||||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||||||||||||||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||
Сега би сакала да продолжам понатаму со образложувањето на православното гледиште за сексот во бракот. За да нема забуни, повторно ќе кажам, не наметнувам кој како треба да живее, затоа што секој има право на избор по слободна волја, туку само сакам да го претставамчистото правослано гледиште за сексот во бракот. А нормално е дека овој начин на живот го почитуваат само брачни парови кои живеат во Црквата, кои сакаат со сето свое срце да ги исполнуваат заповедите. И пак ќе напоменам, Црквата не трпи секуларизам, та да се сведува на страсните желби на поединци со цел да се полни храмовите.
За да стигнеме до целта – Бог и Царството Небесно, треба да се трудиме во подвиг, во смирение, во молитва, во бдение, во пост, во љубов, во воздржание, причестувајќи се со светите Тело и Крв Христови... целта на живеењето на христијански живот на земјата е враќање на нашата првобитна состојба, на онаа рајска состојба која ја имале Адам и Ева. За да стигнеме до таа состојба, треба да се очистиме од секоја страст која ни го попречува патот до таму. Бракот кој што бил даден во рајот бил духовен, затоа во Ефесјаните 5 глава апостол Павле вели 32 Оваа тајна е голема. Но јас ви зборувам за Христос и за Црквата. Односот помеѓу брачниците треба да биде каков што е односот помеѓу Христос и Црквата, љубовен, а љубовта нема никаква врска со телсната страст, затоа што јасно е кажано дека таа ќе продолжи да постои во Царството Небесно, а телесното (какво што го знаеме ние) нема. Секој христијанин треба да се стреми кон начин на живот кој ни го покажал вториот Адам, а не првиот. Она што го пишува во Библијата е наменето за сите христијани неисклучиво, а меѓудругото апостол Павле вели: Галатјаните 5: 13 Вие, браќа, повикани сте кон слобода; но слободата ваша да не ви служи како повод за угодување на телото, туку со љубов служете си еден на друг 16 Ви велам: живејте по Духот, и нема да им угодувате на телесните страсти 17 Зашто, телото сака противни работи на духот, а духот - противни на телото; тие се спротивни еден на друг, за да не го правите она што сакате. 19 Делата на телото се познати. Тие се: блудство, нечистота, бесрамност, 22 А плодот на Духот е: љубов, радост, мир, долготрпеливост, благост, добрина, верност, 23 кротост, воздржливост. Против такви нема закон. 24 Оние, пак, кои се Христови, го распнаа телото свое со страстите свои и похотите. 25 Ако живееме со Дух, по Духот сме должни и да постапуваме. Матеј 7: 14 … тесни се вратите и тесен е патот што водат кон животот, и малкумина ги наоѓаат. Уживањето во сексот во бракот е даден со цел човекот да сака да зачнува нов живот, а не за да се задоволуваат земни страсти надвор од рамките на создавање потомство. Aпостол Павле вели дека за време на пост треба брачниците да живеат во поголемо воздржание, без телесен контакт, но тој не вели дека ако не е пост дека треба распуштено да се задоволуваат страстите. Зборот е дека за време на пост не е дозволен сексуален акт за создавање потомство. Католичкиот став е сосема спротивен од православниот. Католиците сметаат дека самиот брак е заедница која е благословена од Бога само заради размножување, додека пак, православмиот став е дека бракот е благословен за заемно помагање на сопружниците во спасението. Меѓутоа, тука треба да нагласам дека поради паднатата човекова природа и неможењето некои брачни парови да се воздржат, Црквата снисходи уште повеќе и ги трпи односите кои не се за стварање потомство, но притоа никакво користење на контрацепција или избегнување на зачнување на дете. А за тоа, епископ Артемиј (Са Христом крз живот) јасно го изложува тој случај додавајќи дека „човек треба да е свесен за својата слабост и немоќ да се смирува (а не да очекува венци на „богопознание и богоуподобување“ за таквите односи), надевајќи се Бог да го помилува заради неговото смирение“.
Во овие реченици има испомешано неколку работи кои не можат да се доведат во конотација. Брачната должност и на мажот и на жената е да си помагаат меѓусебно во спасението на нивните души, што нема никаква врска со сексот во бракот. За тоа беше убав пример св.Јован Кронштатски. Значи, не може да речеме дека ќе се спасат само тие кои имаат телесни односи затоа што ги исполнувале „брачните должности“, а тие кои не ги „исполнувале“ дека ќе загинат. Делот каде Асја вели дека ако сопружниците не ја извршуваат својата „брачна должност“ се наведуваат на прељуба ми звучи како да се однесува на некој нехристијански, световен брак, а не на православно-христијански брак, кој ги прифаќа сите подвизи на спасенито. Бракот не е бесмислен ако се апстинира од сексуални односи, освен ако тоа не е од желба за создавање на нови човечиња, затоа што јасно кажавме која е целта на бракот. Со таквото тврдење излегува дека и бракот на св.Јован Кронштатски, на св.Спиридон, св.Григориј Ниски и еден куп други светители, koи имале и деца, е бесмислен. Христос го благословил бракот, но не и задоволување на плотските страсти во бракот (легализиран секс). Изменето од Maran Ata - 12.Декември.2008 во 05:13 |
||||||||||||||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||||||||||||||||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||
I ne samo toa, tuku ako gi proklamirat tie pogledi javno crkvata ( a ne se tocni vo nikoj pogled) lugeto ke gi smetaat za smesni i crkvite ke bidat uste po prazni a Hristijanstvoto ke bide ismevano. Zatoa treba da pazat onie sto pisuvaat za seksot vo brakot deka ne e blagoslov, zatoa sto toa e sprotivno na Svetoto Pismo ..... i na zdraviot razum |
||||||||||||||||
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||
|
||||||||||||||||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||
Драго ми е што одма си најдов сложни душички.
И пак ќе речам, ако на сексот во бракот се гледа како на грев, како на сладостраствие и нечистотија, тоа може да предизвика грижа на совеста, самоизмачување, внатрешни конфликти кои ќе произлезат од растргнатоста меѓу физиолошките потреби и желбата да се удоволи на (непостоечката) забрана....Со друг збор-КАТАСТРОФАЛНИ ПОСЛЕДИЦИ.
|
||||||||||||||||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||||||||||||||||
Внеси реплика | страница <1 1920212223 36> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |