IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Свето Предание пренесено преку Светите Отци
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Свето Предание пренесено преку Светите Отци

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 192021
Автор
Порака Обратен редослед
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2008 во 11:14
Св. Иринеј Лионски (115-202) ученик на св.Поликарп Смирнски кој бил непосреден ученик на св.Јован Богослов
Вистинско знаење се доктрините на Апостолите, и древната основа на Црквата низ целиот свет, и карактеристичната манифестација на телото Христово според наследството од епископите, преку кое тие ги предале на Цркватa која постои на секое место, и кои стигнале до нас, се чувани и запазени без никакво преправање на Писмото, со комплетен систем на доктрини, и ниту додавање ниту кратење (на вистината во која таа верува); законскo и усрдно толкување во хармонија со Писмото, двете без опасност и без хулење, и над се, тоа се согласува со презначајниот дар на љубовта, кој е подрагоцен од знаењето, пославен од пророштвата, и кој ги надминува сите други дарби од Бога. (Против ересите, книга 4, глава 33)

И нешто од Катехизисот: Светото Предание и Светото Писмо се блиски и нераздвоиви едно од друго. Извирајќи од истиот Божествен извор, заедно формираат едно нешто и се движат кон иста цел. Секоја од нив ги прави присутни и плодонсони тајните на Христос во Црквата, Кој вети дека ќе биде со Своите *секогаш, до крајот на светот*. (CCC 80)


Изменето од Maran Ata - 05.Октомври.2008 во 11:15
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2008 во 09:01
Темата е Свето Предание пренесено преку Светите Отци. Држете се до темата!
Престанете со ситни препукувања, ќе почнам да банирам.
Do what is right, come what may...
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Октомври.2008 во 16:56

Св. Иринеј Лионски (115-202)– бил ученик на св. Поликарп кој бил непосреден ученик на апостол Јован.
Бидејќи има многу јасни сведоштва, не треба да ја бараме верата кај други која можеме лесно да ја примиме преку Црквата. Апостолите, како богати луѓе кои дале залог, во Црквата го даруваа сето она што и припаѓаше на вистината. Таа е влезот во животот; сите останати се разбојници и грабачи. Затоа ние треба да ги избегнуваме, а со најголема љубов да ги сакаме нештата на Црквата, затоа цврсто држете се до Преданието на вистината.

Св. Иринеј Лионски (115-202) и Св. Климент Александриски (150 - 216) велат:
Тие кои го толкуваат Светото Писмо без помош од Црковното Предание кратат голем дел од битната вистина. (Строматис, стр.7)

Св Игнатиј Богоносец (30-106) и Св. Полкарп Смирнски (+167) биле ученици на апостолите и тие категорично верниците од нивно време ги советувале дека треба да се пазат од еретичките учења и потполно да се потпрат на Апостолското Предание (Есевиј Кесариски, Ecclesiastical History, Книга 2:36).


Изменето од Maran Ata - 24.Декември.2008 во 01:33
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2008 во 17:20
Оваа тема ја отворив бидејќи читав некои минати коментари, и видов дека некои на форумов се послужија со цитати од светите отци извадени од контекст, со цел да го негираат Светото Предание. А тоа нема да го дозволам ниту јас, ниту пак некој друг, кој е барем минимално запознат со учењето на Светите Отци.

За почеток ќе се осврнам на цитатот од св.Јован Златоуст (354-407) кој беше изваден од контекст

Велат дека нештата околу рајот треба да ги разбереме НЕ КАКО ШТО ПИШУВА, туку на друг начин. Но кога Св. Писмо сака да не научи нешто, ТОА СЕ ТОЛКУВА САМОТО СЕБЕ, И НЕ ДОЗВОЛУВА ЧИТАТЕЛОТ ДА ПОГРЕШИ! Затоа ве молам и преколнувам, ДА ГИ ЗАТВОРИМЕ НАШИТЕ ОЧИ ЗА СЕ ДРУГО, И ИСКЛУЧИВО ДА ГО СЛЕДИМЕ КАНОНОТ НА СВЕТОТО ПИСМО.
(13 Омилија на Битие).

Кој ќе го прочита само горецитираното, ќе си добие впечаток дека навистина св.Јован Златоус е следбеник на Sola Scriptura, меѓутоа ако се прочита целата Беседа и ако се размисли трезвено, ќе се дојде до следниов заклучок -

Беседата на Битие на Св. Јован Златоуст е токму Предание, затоа што тој тука толкува дел од книгата Битие бидејќи се појавила ерес околу создавањето на светот. Затоа, покрај другото вели

Така што умот им се помрачи и не тие не ја познаа вистинската смисла на Писмото…

кое се однесува на еретиците.

Затоа во 4 Беседа на 2 Солунјани јасно и децидно можеме да прочитаме
Апостолите не ни предале се преку Писмото, туку многу работи предале непишано, но и едното, и другото се еднакво достојни за верата. Затоа ние сметаме дека достојно е да му веруваме и на Преданието. Ако има Предание - не барај ништо повеќе.

Беше наведен и цитат од блажени Августин (354-430)
Нека ја покажат својата црква, ако можат, но не преку зборување и мрморење, НЕ ПРЕКУ СОБОРИТЕ НА НИВНИТЕ ЕПИСКОПИ, НИТУ ПРЕКУ ПИШУВАЊАТА НА НИВНИТЕ ХЕРОИ, НИТУ ПРЕКУ ИЗМАМНИЧКИ ЗНАЦИ И ЧУДА, бидејќи сме предупредени за вакви работи од Зборот Господов. Но нека ја докажат својата вера преку Законот (Тората), преку предвидувањата на Пророците, преку песните на Псалмите, преку самите зборови на нашиот Пастир, преку зборовите на евангелистите, ОДНОСНО ПРЕКУ КАНОНСКИОТ АВТОРИТЕТ НА СВЕТИТЕ КНИГИ!
(Св. Августин: За Единството на Црквата)

И тука издвоеното ако се прочита во однос на Преданието, ќе се дојде до невистинит заклучок дека светителот го негира. Но ако го знаеме историскиот тек на настаните во негово време – тогаш ќе видиме на кого се однесува ова и од која причина е кажано.
Имено, кога св. Августин бил епископ на Ипонија во почекот на 5-ти век, Христијаните во Северна Африка биле поделени од Донатската шизма. Донатистите, кои имале валидно ракоположени епископи, тврделе дека Католичките епископи се оскверниле поради нивното здружување со тие кои им попуштиле на Римските авторитети за време на прогонот и на тој начин си ја поништиле света тајна на светите заповеди. Тие имале паралелна хиерархија и одбивале да ја прифатат валидноста на светите тајни кои се извршувале во другите цркви.

Значи, знаејќи го ова, јасно е дека гореизнесеното во прилог на Sola Scriptura – отпаѓа. Како доказ на тоа можaм да ги наведам неговите трудови за св Лаврентиј и за монаштвото, а во проповедта на тема Ги почитуваме мачениците, а не ги обожуваме, тој вели

Ние, Христијанската заедница, се собравме да го прославиме споменот на мачениците со Богослужба, затоа што сакаме да се инспирираме да го подражаваме нивниот пример, да учествуваме во нивните добродетели, и да добиваме помош преку нивните молитви.

Јасна потврда дека строго се држел и до Светото Апостолско Предание.

Беше изваден од контекст и цитатот на св Кирил Александриски (313 - 444)

"За божествените и светите верувања на нашата вера, не смееме да дадеме ниту најмала забелешка, ако таа не е потврдена од Светото Писмо... Не ми верувајте затоа што ви кажувам нешто, освен ако истото не е потврдено од Светото Писмо. Нашето спасение, кое е нашата вера не е мудро размислување, туку е докажана преку Светото Писмо.“
(Катехизам на Кирил Александриски, Лекција 4:17)

А од самиот цитат гледаме дека воопшто не се однесува против Светото Предание, туку дека дури и го потврдува, затоа што самото тоа е во согласност со Светото Писмо. А останатите делови, каде св.Кирил Александриски истакнува дека го почитува Преданието предадено преку Светите Отци, и дека секој кој сака да му залепи етикета дека не е така е во заблуда, се следниве -

КИРИЛОВО „ИЗЛОЖУВАЊЕ НА ВЕРАТА" 433. ГОДИНА
http://www.verujem.org/sveti_oci/iiisab_iz.html

Ги прочитав овие ваши свети зборови, и најдов дека и ние не мислиме подруго, зашто „еден е Господ Една е верата Едно е крштението" (Еф 4:5), ние го прославивме Бога Спасителот на сите, поздравувајќи се еден со друг, зашто верата во нашите и ваши Цркви е сагласна со боговдахновеното Свето Писмо и Преданието на нашите Свети Отци.
Јас во сето тоа го следам учењето на Светите Отци , а особено меѓу нив блажениот и најславниот наш Атанасиј, со цел да не искривам нешто (од учењето на Христа)...
Би можел да ти соберам многу сведоштва (Отци) кои ја потврдуваат вистинитоста на тие мои зборови...
На било кој начин не можеме да трпиме некој да ни ја потресува верата, или Символот на верата, кој е издаден од нашите Свети Отци собрани во Никеа.

А на тоа што некои од оние кои имаат обичај да го искривуваат она што е право, ги извртуваат моите зборови онака како ним им одговара, нека вашата светост не се чуди, знаејќи дека сите еретици во боговдахновеното Свето Писмо наоѓаат потпора на своите заблуди, извртувајќи го со своите расипани мисли она што е право (вистинито) соопштено од Духот Свет, и на таков начин собирајќи на својата глава неугаслив пламен.

Имаше обид и цитат на св. Василиј Велики (330—379) да се прикаже во обратна смисла (не ми текнува кој беше, ама како доказ дека и овој Свет Отец е следбеник на Светото Предание ќе дадам негова поука)

Некои од догмите и евангелските вистини (кеrygmа) кои се зачувани во Црквата, ги имаме од пишаните поуки додека пак други ги имаме примено усно од Апостолското Предание преку зачуваното наследство. Тие ја имаат истата веродостојност и сила како и пишаните текстови. Ова никој не смее да го негира, никој и никогаш, кој е барем малку упатен во Црковната практика. Ако направиме обид да ги отфрлиме таквите преданија како да немаат пишан авторитет, врз основа дека нивната важност е мала, ние ненамерно ќе му наштетиме на Евангелието или побрзо нашите заеднички толкувања ќе го сведеме само на ништожно изразување (За Светиот Дух глава 27)


………………………………………………………………….




Изменето од Maran Ata - 05.Октомври.2008 во 09:49
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 192021
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,719 секунди.