IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Што претставува монаштвото?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Што претставува монаштвото?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1920212223 97>
Автор
Порака Обратен редослед
Rita.MD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 719
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Rita.MD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Септември.2009 во 00:05
Originally posted by Момче Македонче Момче Македонче напиша:

Па кај пишува дека оние кои се замонашени се затворени помеѓу четири ѕида?


Никаде не пишува, ама така е.

И зашто посветувањето на својот живот на Бог е толку трагична случка? Тоа треба да биде најубавата работа што ни се случила, а не...

И текстов ме наежи. Малку ми е и морничав. Се надевам дека нема да ми замерите за искреноста.

Изменето од Rita.MD - 13.Септември.2009 во 00:08
A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
Кон врв
izvoren Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 700
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај izvoren Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Септември.2009 во 00:02
Originally posted by Момче Македонче Момче Македонче напиша:

Па кај пишува дека оние кои се замонашени се затворени помеѓу четири ѕида?



Треба малку да си реален и да се согласиш со фактот дека монасите го поминуваат времето во некои изолирани манастири.

 И со оваа религиозна дисциплина МПЦ се гордее.
Исус и рече: „Нeли ти реков дека ќе ја видиш Божјата слава, ако веруваш?”
Кон врв
Момче Македонче Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 16.Август.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 378
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Момче Македонче Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Септември.2009 во 23:57
Па кај пишува дека оние кои се замонашени се затворени помеѓу четири ѕида?
„Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“ - Гоце Делчев
Кон врв
Rita.MD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 719
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Rita.MD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Септември.2009 во 23:54
Кхм, кхм... аааммм... мислам дека поставив прашање...
A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
Кон врв
Момче Македонче Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 16.Август.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 378
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Момче Македонче Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Септември.2009 во 23:50
Пред некоја година, случајно на 11 септември се најдов во манастирот Бигорски, изгледа таму имаат некој празник или така нешто Замонашуваа едно момче, па сигурно беше на помала возраст од онаа што ја имам јас денес. Многу беше жално и потресно, мајка му липаше на цел глас, тажно... не знам како да го опишам тоа, ми се натажува душата кога размислувам на тој момент од животов
„Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“ - Гоце Делчев
Кон врв
pcelka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3326
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pcelka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Септември.2009 во 23:46
 
 
  Го прочитав текстов за Спасе и  од една страна се радувам за него,
што се замонашил, оти тоа доброволно го сторил, ама пак од друга страна, ми е жал за мајка му...  Дали сега на Сулиан, ќе му биде дозволено пак некогаш да си ја види мајката, или ќе си остане онаму
затворен, засекогаш.... ???   
секој нов ден, носи нова надеж...
Кон врв
Rita.MD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 719
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Rita.MD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Септември.2009 во 23:26
Така, одејќинаправете ги сите народи Мои ученици, крштавајќи ги во името на Таткото и Синот и Светиот Дух! Учејќи ги да пазат се што Сум ви заповедал!-Матеј 28:19

Како, ако си затворен во манастир, во самица, можеш да ја извршиш оваа Исусова заповед (една од Неговите најголеми)?

Хм?
A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
Кон врв
izvoren Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 700
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај izvoren Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Септември.2009 во 20:27
Се за­кол­на на веч­на љу­бов и служ­ба кон Бо­га, се от­ка­жа од си­те зем­ни ис­ку­ше­ни­ја и све­тов­ни жел­би, и поч­на да жи­вее ис­пос­нич­ки жи­вот, во мо­лит­ва и та­га

Ако човек е нановороден треба да блика од радост.

 А тука пишува дека почнал да живее во молитва и тага.

Зошто да тажи?
Исус и рече: „Нeли ти реков дека ќе ја видиш Божјата слава, ако веруваш?”
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Септември.2009 во 16:26
Многу убав текст за замонашувањето на едно момче, преполн со емоции...(Вест)

ЗА­МО­НА­ШУ­ВА­ЊЕ ВО МА­НАС­ТИ­РОТ "ЈО­ВАН БИ­ГОР­СКИ"

Го не­ма ве­ќе Спа­се, се ро­ди мо­на­хот Су­ли­ан

Два­е­сет и де­вет­го­диш­ни­от скоп­ја­нец Спа­се зав­че­ра се за­кол­на на веч­на љу­бов и служ­ба кон Бо­га, се от­ка­жа од си­те зем­ни ис­ку­ше­ни­ја и све­тов­ни жел­би, и поч­на да жи­вее ис­пос­нич­ки жи­вот, во мо­лит­ва и та­га. Ста­на мо­нах

Об­ле­чен во бе­ла ко­шу­ла, бос, со по­низ­но на­вед­на­та гла­ва, по­ми­ну­вај­ќи крај мај­ка си, се упа­ти кон ол­та­рот ка­де што го че­ка­ше вла­ди­ка­та Ти­мо­теј кој, от­ка­ко се уве­ри во ре­ши­тел­нос­та на Спа­се да ста­не мо­нах, му го со­оп­шти мо­наш­ко­то име Су­ли­ан

От­ка­ко за­вр­ши со мо­лит­ва­та, нај­пр­вин вла­ди­ка­та Ти­мо­теј, а по­тоа и дру­ги­те свеш­те­ни­ци, мо­на­си, мо­на­хи­њи, род­ни­ни и при­ја­те­ли му прис­та­пу­ваа и по­низ­но му чес­ти­таа за не­го­во­то но­во ра­ѓа­ње. Нај­дол­га и нај­теш­ка бе­ше прег­рат­ка­та на мај­ка­та. Цврс­то го гуш­на сво­јот син и не го пуш­та­ше од прег­рат­ки­те

По две го­ди­ни жи­вот во ис­ку­ше­ниш­тво, за два­е­сет и де­вет­го­диш­ни­от скоп­ја­нец Спа­се зав­че­ра се слу­чи нај­зна­чај­ни­от ден во не­го­ви­от жи­вот. Се за­кол­на на веч­на љу­бов и служ­ба кон Бо­га, се от­ка­жа од си­те зем­ни ис­ку­ше­ни­ја и све­тов­ни жел­би, и поч­на да жи­вее ис­пос­нич­ки жи­вот, во мо­лит­ва и та­га. Ста­на мо­нах.
Во ма­нас­тир­ски­от ком­плекс "Све­ти Јо­ван Би­гор­ски", вла­ди­ка­та Ти­мо­теј, го бла­гос­ло­ви Спа­се и го во­ве­де во мо­наш­ки жи­вот. Си­те мо­на­си и мо­на­хи­њи во ма­нас­ти­рот уш­те прет­плад­не­то поч­наа со под­го­тов­ки­те за све­че­на­та ли­тур­ги­ја на за­мо­на­шу­ва­ње на нив­ни­от брат Спа­се. Се под­гот­ву­ваа све­ќи­те, мо­наш­ка на­мет­ка, обув­ки­те, и со не­тр­пе­ние го оче­ку­ваа но­во­то мо­наш­ко име кое ќе му го да­дат оте­цот и вла­ди­ка­та на Спа­се.
"Се­га ќе би­де­ме на ист број со бра­ќа­та мо­на­си. До­се­га бев­ме 10 мо­на­хи­њи и 9 мо­на­си", со бла­га нас­мев­ка го поч­наа раз­го­во­рот за за­мо­на­шу­ва­ње­то на Спа­се мо­на­хи­њи­те од ма­нас­ти­рот "Све­ти Јо­ван Би­гор­ски"."Пред да дој­де Спа­се до овој миг на за­мо­на­шу­ва­ње, кој за не­го е но­во крш­та­ва­ње од­нос­но но­во ра­ѓа­ње, во ма­нас­ти­рот око­лу две го­ди­ни во­де­ше ис­ку­ше­нич­ки жи­вот, во кој се упа­ту­ва­ше во мо­наш­тво­то и во ду­хов­ни­от на­чин на жи­ве­е­ње. Го­ле­ма­та љу­бов кон Бо­га е при­чи­на по­ра­ди ко­ја Спа­се дој­де во ма­нас­ти­рот. Ис­ку­ше­нич­ки­от пер­и­од мо­же да трае од 6 ме­се­ци до 3 го­ди­ни, во за­вис­ност од под­гот­ве­нос­та на са­ми­от мо­нах. Тој пер­и­дот по­ми­на за Спа­се, оте­цот од­лу­чи де­ка тој е под­гот­вен да се вен­ча со ду­ша­та на Гос­под. За вре­ме на ис­ку­ше­нич­ки­от пер­и­од, мо­жеш со бла­гос­лов на игу­ме­нот на ма­нас­ти­рот да го на­пуш­тиш ду­хов­ни­от жи­вот, но от­ка­ко ќе ста­неш мо­нах, тоа не смее да се слу­чи", ни рас­ка­жаа мо­на­хи­њи­те и по­бр­заа да се под­гот­ву­ва­ат за ли­тур­ги­ја­та.
За­мо­на­шу­ва­ње­то на Спа­се се слу­чи ноќ­та спро­ти праз­ни­кот на ма­нас­ти­рот 11 сеп­тем­ври - де­нот ко­га му би­ла от­се­че­на гла­ва­та на све­ти Јо­ван Крс­ти­тел. Ли­тур­ги­ја­та ја во­де­ше вла­ди­ка­та Ти­мо­теј. По ед­но­ча­сов­на­та ли­тур­ги­ја и чи­та­ње­то на Ста­ри­от За­вет, свеш­те­ни­ци­те во црк­ва­та го вне­соа Спа­се. Об­ле­чен во бе­ла ко­шу­ла, бос, со по­низ­но на­вед­на­та гла­ва, по­ми­ну­вај­ќи крај мај­ка си, се упа­ти кон ол­та­рот ка­де што го че­ка­ше вла­ди­ка­та Ти­мо­теј. Мај­ка­та, ко­га во ви­де сво­јот син во бе­ла­та ру­ба и под­гот­вен да му го пос­ве­ти сво­јот жи­вот на Бо­га, бол­но зап­ла­ка.
Спа­се, тре­пе­реј­ќи од воз­бу­да, три­па­ти дла­бо­ко се пок­ло­ни пред вла­ди­ка­та и лег­на на зем­ја­та, со ши­ро­ко от­во­ре­ни ра­це, ка­ко Исус Хрис­тос рас­пнат на крс­тот. Вла­ди­ка­та ја поч­на ли­тур­ги­ја­та, а мо­на­си­те и мо­на­хи­њи­те го бла­гос­ло­ву­ваа Спа­се, пе­еј­ќи неж­но "Гос­по­ди, по­ми­луј". На пра­ша­ња­та на вла­ди­ка­та да­ли доб­ро­вол­но се от­ка­жу­ва од зем­ни­те ис­ку­ше­ни­ја и све­тов­ни жел­би и да­ли е под­гот­вен да во­ди мо­наш­ки или ма­че­нич­ки жи­вот, Спа­се ре­ши­тел­но, пре­ку мо­лит­ва, од­го­ва­ра­ше де­ка е под­гот­вен за жи­вот во теш­ко­ти­ја и та­га. Ко­га мит­ро­по­ли­тот се уве­ри во ре­ши­тел­нос­та и жел­ба­та на Спа­се да се вен­ча со бо­га, му го со­оп­шти не­го­во­то но­во мо­наш­ко име.
"Су­ли­ан се об­ле­ку­ва во ри­за, се от­ка­жу­ва од ма­те­ри­јал­ни­те до­бив­ки на зем­ја­та, се об­вр­зу­ва да жи­вее во си­ро­маш­ти­ја и единс­тве­но жи­вее за царс­тво­то Гос­по­до­во", бе­ше дел од мо­лит­ва­та на мит­ро­по­ли­тот Ти­мо­теј, во ко­ја го со­оп­шти но­во­то име на Спа­се.
Слу­шај­ќи го но­во­то име на нив­ни­от брат, мо­на­хи­њи­те од сре­ќа зап­ла­каа, и среќ­но из­го­во­ри­ја де­ка Спа­се го до­бил име на све­то­е­цот Су­ли­ан, кое баш не­му му при­ле­га.
Вед­наш по от­кри­ва­ње­то на име­то, свеш­те­ни­ци­те и мо­на­си­те, низ мо­лит­ва, поч­наа да го об­ле­ку­ва­ат во но­ва­та мо­наш­ка об­ле­ка. Мај­ка­та, низ плач, ед­вај сто­еј­ќи на но­зе, го гле­да­ше пре­ми­ну­ва­ње­то на неј­зи­ни­от син во бож­ји чо­век.
Су­ли­ан нај­пр­вин ја вр­за во опав­че ко­са­та. Ра­це­те му се тре­сеа, не мо­же­ше да го нај­де лас­ти­че­то, но не­го­ви­те сес­три мо­на­хи­њи­те го за­бе­ле­жа тоа и вед­наш при­тр­чаа и ми по­да­ри­ја ед­но од нив­ни­те лас­ти­чи­ња. Бе­ла ис­ку­ше­нич­ка ко­шу­ла ја пок­ри со цр­на мо­наш­ка на­мет­ка и ка­па. Во тој мо­мент се ро­ди нов чо­век, кој сво­ја­та ду­ша му ја по­да­ри на Гос­по­да.
Го не­ма ве­ќе Спа­се, кој жи­ве­ел зе­мен жи­вот. Се ро­ди Су­ли­ан, кој се за­кол­на на веч­на љу­бов кон Бо­га.
Воз­бу­да­та се за­бе­ле­жу­ва­ше на не­го­во­то ли­це. Тре­пе­реј­ќи, мо­на­хот Су­ли­ан зас­та­на пред ико­на­та на Исус Хрис­тос, и тив­ко пред не­го се по­мо­ли. От­ка­ко за­вр­ши со мо­лит­ва­та, нај­пр­вин вла­ди­ка­та Ти­мо­теј, а по­тоа и дру­ги­те свеш­те­ни­ци, мо­на­си, ма­на­хи­њи, род­ни­ни и при­ја­те­ли му прис­та­пу­ваа и по­низ­но му чес­ти­таа за не­го­во­то но­во ра­ѓа­ње.
Нај­дол­га и нај­теш­ка бе­ше прег­рат­ка­та на мај­ка­та. Цврс­то го гуш­на сво­јот син и не го пуш­та­ше од прег­рат­ки­те. Но ве­ќе зна­е­ше де­ка мо­ра да го пре­пуш­ти на Бо­га, го бак­на, го по­ми­лу­ва и, пла­чеј­ќи да се раз­де­ли од не­го.
Су­ли­ан пр­ва­та ве­чер ка­ко мо­нах ја по­ми­на сам во сво­ја­та ода­ја, во мо­лит­ва. Мо­лит­ва­та, пос­тот, ис­по­вед­та, а нај­важ­но од сe, љу­бов­та кон Бо­га, е жи­вот­ни­от пат кој во ид­ни­на ќе го оди Су­ли­ан.
Ана Ан­тев­ска
ФО­ТО:О.Те­о­фи­лов­ски

Текстот е прочитан 1171 пати.
#
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
bob Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 03.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 32
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bob Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2009 во 11:10
прости православен, немав намера да те вознемира, во твоите зборови се осеќа дека ти создадов голем гнев внатре во тебе, стварно простими, те молам... твој е изборот брат, никој неможе да ти го одземе тоа... јас дека потполно те разбирам, сакав да ти посочам и едно друго доживување за душата, кое навистина неможам да ти го опишам со зборови, не се емоции, мислам дека е нешто возвишено... а не мислам дека тебе, срцето ти било потполно отворено кон Бога, кога си бил тие 10на пати во манастирите, зашто во манастир се влегува со вера во Бога а не туристички, и кога во тебе би имало малку ама само малку вера за Вистинскиот Бог, све ќе ме разбереше што сакам да ти кажам ... жалам за се вака што испадна...прости уште еднаш, сега брат ни останува само да се молиме еден за друг. поздрав

п.с. и сатаната ја знае библијата на памет ама неговото его му е поважно од БОГА...

Изменето од bob - 26.Јануари.2009 во 11:15
Кон врв
Asya Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 14.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 902
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Asya Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2009 во 05:53
Originally posted by Опитен Опитен напиша:

Јас не познавам некој кој успеал да го исчисти срцето од старстите во морето на стратите(светот) , да ја смирил неговата внатрешна борба во срцето и тоа да пребива во мир.

Ти сведочам дека нема човек во светот на кого срцето нема да му затрепери на некое искушение и соблазна во светот, а штом е така, тоа е знак дека во неговото срце не пребива Христовиот мир кој е константен.

„Кој нема грев, прв нека фрли камен“



Nikoj ne e imun na grevot, a monashtvoto ne dava garancija deka chovekot kje go ischisti svoeto srce od strastite. Naprotiv. Iskushenijata na monahot v manastir mozhat da bidat duri poteshki od tie na mirjanite vo svetot, osobeno ako monahot go povede i svetot so sebe vo manashtvo (luksuzni avtomobili i razni svetovni udobstva). Za razlika od mirjaninot, monahot dobrovolno se odrekuva od svetot, t.e. se otkazhuva od site zemni interesi i siot imot, duri i od staroto ime. Ako mislish deka monashkiot zhivot e lesen, ti si vo golema prelest! Vistinskite podvizhnici i svetci nikogash vo tekot na zemniot zhivot ne mislele deka nivnite srca se ischisteni od strastite. Monashtvoto ne e posebna kasta obrechena na spasenie, kako shto mislish ti, tuku e izbor na povisok duhoven podvig, a patot kon spasenieto e makotrpen i tezhok, kako za monasite, taka i za mijanite. Zatoa, edni so drugi treba da si pomagaat, vo molitvite, i na sekoj mozhen nachin. Realno, Hristos e Spasitel i ljubovta spasuva!

Ne e sekoj povikan da bide monah, nitu site treba da se monasi. No, kakvo e vasheto monashtvo? Samo se falite so svoite darovi na internet, a delata vashi, koi se? Ili, ne znaete deka drvoto se poznava po plodot?

Изменето од Asya - 26.Јануари.2009 во 06:02
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2009 во 03:28
Не е убаво да се зборува од аздис.
Кон врв
Pravoslaven Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 09.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 705
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslaven Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2009 во 03:22
Шо си запнал толку со тоа манастирот? Шо мајка барам во манастир? Зарем Господ - Изворот на Љубовта - во манастирите живее?
Прочитај што вели Светото Писмо за тоа каде живее Господ:
 
Дела на Апостолите 7мо поглавје, стих 48,49
 
А Сèвишниот не живее во ракотворни храмови, како што вели пророкот: ’Небото Ми е престол, а земјата е подножје на Моите нозе. Каков дом ќе ми изградите - говори Господ - или какво ќе биде местото за Моја починка?
 
Тоа што ти си се фрапирал од Византиската уметност или музика, тоа нема врска со Бог, Божјата љубов и вистинитоста на верата. Бог не поттекнува од Византија. Бог ја објавува Својата Вистина преку Светото Писмо, како што вели и Исус: Освети ги во Својата вистина. Твоето Слово е Вистината. (Исус Христос).
 
Многумина будистички монаси имаат слични емоционални доживувања кога се во своите будистички манастири. Многу муслимани имаат исти такви силни емоционални доживувања кога слушаат цитирања од Кyранот или кога идат на Аџилак. Верниците од Харе Кришна исто така се фалат дека имаат такви доживувања кога го слават Кришна. Итн. Но верата не е излив на чувства. Емоционалните доживувања се субјективни и Бог не одбрал на тој начин, преку слики, архитектура и музика да ја објави Својата вистина, туку тоа го направил преку Својот пишан Збор - Светото Писмо - токму онака како што рекол и Исус Христос.
 
Затоа, поштедиме од одење во манастири за да ја дознаам "вистината". Јас сум бил десетици пати во манастир и сум си поминал исто како кога сум посетувал и разни музеи во земјата и странство. Јас мојата вера си ја засновам на вистините кои Бог ги објавил во Светото Писмо, преку учењето на Христос и апостолите, а не преку некакви манастири, цркви, олтари или пак музика.
Поздрав!
 
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
Кон врв
bob Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 03.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 32
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bob Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2009 во 00:04
Originally posted by Pravoslaven Pravoslaven напиша:

Се согласувам со Majkl. Забелешката на bob е крајно нелогична, па дури и контрадикторна.
Предците на македонците не биле православци, ниту христијани, туку пагани. Еден од главните богови на кои се поклонувале нашите предци бил "богот на сонцето". Впрочем, оттаму и сонцето на штитовите на Александар Македонски, а оттаму и на нашето Македонско знаме.

А пак, откако му беше уочено ова на bob, тој почнува да се брани "ама јас мислев на дедо и прадедо, на тие "предци", а не на нивните дедо и прадедо среќа"

А кој пак духовен авторитет се нашите "дедо и прадедо" за да ја следиме нивната вера?

Зошто да ја задржиме нивната вера, кога самите тие не ја задржале од нивните дедовци и прадедовци? Или пак ако и тие ја задржале, тогаш можеби тоа не е случај и со нивните прадедовци?

Зошто нашите предци-пагани од први век не ја задржале својата дедовска или прадедовска паганска вера и ја смениле истата со (исворното) христијанство? Па како не им е "срам", тие ја напуштиле татковската религија, традиција, обичаите, адетите итн. Каков "срам" е само тоа за Лидија која си ја "продала" верата од еден обичен муабет со апостол Павле среќа

И тоа не го направила само Лидија, туку тоа го направиле сите нашите предци од 1 век кои го прифатиле христијанството, сите до еден ја отфрлиле татковската вера, верата на своите "дедовци и прадедовци", сите до еден почнале да ги отфрлаат својта традиција, паганските обичаи, адети итн.

 

Ете каков пример ни оставиле нашите "предци", да ја отфрлиме нашата дедовска вера за Вистината. А вистината е во Светото Писмо. Тоа е е Божјиот Збор за христијаните. Тоа е критериумот за Вистина. Бог е тој што кажува што е право, а што лошо, а не нашиот дедо или прадедо.

Затоа, да го земеме во нашите раце Светото Писмо, да почнеме да го читаме и да го отфрлиме сето она што тоа го забранува (икони, молење кон починати луѓе-светци, клањање на светци, клањање на лешеви (мошти), обожавање на Марија, свети водички, свеќи, и други бизниси во православието), а да го извршуваме сето она што тоа го заповедува.



уф...сега ако почнеме со мудрување, ќе нема крај на тоа... замислиси си сега, како ќе ти биде на тебе ако твоите потомци отпаднат од тоа во што ти веруваш-а?? и двајцата знаеме дека срцето ќе ти се скрши од тага, па исто е брат и со нашите БЛИСКИ предци, не им било лесно и на нив...
ок, изборот е твој, јас не ти се мешам, биди што сакаш и знај дека јас потполно те разбирам, зашто бев таму
...мене целта на пораката ми беше со друга намера и мислам дега е многу разбирлива, само некој сака да ја изврти. а тоа беше, да може секој еден од вас да добиеше свое лично искуство ако престојува во православен манастир и незнам што сте се фатиле за предците, тие веќе си го одслужиле своето а ние ако толку ги сакаме ни останува само да се молиме за нив...

слушниме сега брат, не се плаши ако сакаш, појди еднаш во манастир, поседи малку таму, молисе заедно со монасите и заборави на светов...мислам дека нема што да изгубиш... ти гарантирам ако толку навистина го сакаш БОГА, ќе ја осетиш Љубовта што извира во манастирот и верувајми таа Љубов неможе да се почувствува никаде на земјава, освен во православните манастири...

п.с. ех, да можев да бидам храбар, како Христовите Јунаци, ќе немаше посреќен човек во светов    
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1920212223 97>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,344 секунди.