IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Поуки од Светите Отци
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Поуки од Светите Отци

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1819202122 32>
Автор
Порака Обратен редослед
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Ноември.2008 во 04:18

Свети Антониј Велики

Знајте сигурно дека нема да можете ниту да напредувате, ниту да раснете, ниту да станете совршени, ниту јасно да го разликувате доброто од злото, ако не им се покорувате на своите отци.



Изменето од Опитен - 08.Ноември.2008 во 04:28
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Orthodul Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 162
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Orthodul Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Ноември.2008 во 19:25
Свети Николај Охридски и Жички

Лако је научити животињу. Лако је научити простака. Али је тешко научити онога ко је ненаучен већ постао учитељ другима.

Кад се молимо Богу,ми замишљамо да нас Бог и види и чује,а кад гријешимо, ми замишљамо, да нас Он нити види нити чује.

Кад чинимо добро,онда је то само наша заслуга, а кад гријешимо онда су најчешће криви други: ђаво,оклина,људске слабости и објективни разлози.

Изменето од Orthodul - 07.Ноември.2008 во 19:26
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Ноември.2008 во 17:38
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Ноември.2008 во 16:03
Свети Јован Шангајски

Стој цврсто на духовната стража, оти не знаеш кога Господ ќе те повика кон Себе. Во својот земен живот биди спремен во секој момент да Му поднесеш сметка. Чувај се непријателот да не те фати во својата мрежа, да не те прелаже предизвикувајќи да паднеш во искушение.

Дневно проверувај ја својата совест, испитувај го своите мисли, твоите намери.


+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Ноември.2008 во 08:27
Старец Ефрем Филотејски


Молете се што е можно почесто. Обидете се да почувствувате умиление и да плачете и ќе видите колку ќе се олесните од помислите и тегобноста.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Ноември.2008 во 15:42
Свети Максим Исповедник

Ако сакаш да го пронајдеш патот што води кон животот, тоа барај го во оној Пат, Кој Сам за Себе вели: Јас сум патот, вистината и животот (Јн. 14, 6), и таму ќе го пронајдеш. Но, барај го со голем напор, зашто малкумина го наоѓаат (Мат. 7, 14); во спротивно, ќе отпаднеш од тие малкумина, и ќе бидеш во мнозинството
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Ноември.2008 во 15:39






авва Доротеј

Во името на Исуса Христа, брате мој, ние немаме никакво право пред својот брат. И должни сме со љубов да преминеме преку незадоволството и да го проголтаме. И така, никој да не го прашува својот ближен ’зошто не ме сакаш?’, а самиот нека го нагонува на љубов, чинејќи го само она што е достојно за неа.
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Ноември.2008 во 09:34
На Страшниот Суд ќе бидеме судени поради тоа што сме Го љубеле,
или што не сме успеале да Го љубиме Него, дури и во најмалата личност.

Анастас, Архиепископ Албански
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Ноември.2008 во 08:13
Свети Исихиј, презвитер Ерусалимски

Непрестајната молитва ја чисти атмосферата на умот од мрачните облаци и од ветровите на духовите на злобата. Кога атмосферата на срцето е чиста, повеќе ништо не пречи да засветли божествената светлина Исусова... Како што долините изобилно раѓаат пченица така Исусовата молитва изобилно го оплодува срцето твое со секое добро. Подобро кажано, тоа ти го дарува Самиот наш Господ Исус Христос, без Кого не можеме да правиме ништо (Јован 15, 5).
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Ноември.2008 во 02:58


Според светите Отци, Самиот Христос, следователно и Неговото слово, Го познаваме само преку исполнувањето на Неговите заповеди, а не само преку читањето и на тој начин стекнатото знаење; само преку пракса, а не само преку теорија. Во суштина, исполнувањето на Божјите заповеди е учество во несоздадената Божествена благодат и стапување во заедница со Бог.

од новата книга на Митроплит Наум, „ И јас не ви кажувам“


Изменето од Опитен - 06.Ноември.2008 во 02:59
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Ноември.2008 во 02:52
Свети Серафим Саровски

Бог е оган, кој ги затоплува и разгорува срцата. Кога во нашите срца го чувствуваме студот што доаѓа од демонот, - бидејќи демонот е студен, - да Го призовеме Господа и Он ќе дојде и ќе го затопли нашето срце со љубовта кон Него и кон ближниот. И пред топлината на Неговото лице, ќе биде истеран студот на непријателот.

Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2008 во 17:03
Свети Нил Синајски

Ако сакаш да се молиш како што прилега, немој да правиш ништо што е спротивно на молитвата. Тогаш Бог, приближувајќи ти се, ќе чекори со тебе.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2008 во 17:02
Свети Нил Синајски

Достоен за секој прекор е оној што се гневи и злопамти, а ја сака вистинската молитва. Тој е како оној кој сака јасно да гледа, а си фрла прашина во очите.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2008 во 14:51
Старец Софрониј

Удостој нè Господи, денеска без грев да нè зачуваш. Многупати ја повторував оваа молитва на Црквата. Нашиот безгрешен живот на земјата, ни ја отвора вратата кон Небото. Она што го спасува човекот не е богатството на знаењето. Животот без грев е она што нè подготвува за живот со Бога во идниот век. Благодатта на Светиот Дух нè поучува на вечните вистини според мерата на нашето живеење согласно заповедите: возљуби Го твојот Бог и твојот Создател со целото твое битие и возљуби го твојот ближен како самиот себеси. Да, исполнувајте ги секогаш овие заповеди!
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1819202122 32>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 1,313 секунди.