|
Целта на Масонството |
Внеси реплика | страница <1 1819202122 62> |
Автор | |||||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Со истиот успех, може со спојувањето на буквите да прочитаме - АСНОМ. Дали тоа значи дека оние кои го измислиле амблемот на доларот, всушност направиле заговор да се одржи АСНОМ?
И каква врска има ова со масонството? Ѕвездата на Давид? Пријателе - повторно ќе ти речам - влези во БИЛО која Православна црква, ти гарантирам дека ќе ја сретнеш Ѕвездата на Давид (како симбол на тоа дека Исус потекнува од родословот на Давид - Матеј 1). Ако секој кој ќе постави ѕвезда на Давид е сатанист (само затоа што некој во Сан Франциско решил да се подигрува со симболот), тогаш според тебе и Православните Цркви го прават истото?! Изменето од zidarski - 11.Ноември.2009 во 22:01 |
|||||
Do what is right, come what may...
|
|||||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Повредување на други луѓе, заради забава? Интересно...
Тоа што ти не си слушнал, не значи дека нема. Еден искрен верник, секојдневно се моли на Бога да му го покаже вистинскиот пат и да не го воведува во искушение... Молитвата е доста популарна - обично се нарекува "Оче Наш", и има еден дел кој вели: "И не воведи не во искушение, но избави не од лукавиот...". Колку што знам - секој еден Христијанин ја практикува редовно...
Novus Ordo Seclorum. Или - познавањата од Латински ти се многу слаби или поточно - непостоечки! Novus Ordo Seclorum (иако поправилно е да се напише Saeclorum), во превод значи - Нов Начин за Идните Времиња. Не е масонски слоган, туку е слоган поставен од авторите на декларацијата за независност на САД, и се однесува конкретно на тоа дека нема никогаш повеќе да живеат во тиранијата на монарсите и дека нема никогаш повеќе да дозволат диктатура врз народот - односно, дека од тој момент па натаму, ќе се живее по нов начин. Ама што ќе ти е да проверуваш што значи на латински, кога е полесно да прочиташ некој што се прави паметен и измислува нови преводи...
Не знам како ќе ми докажеш, кога истово ова Око го има во речиси секоја една Православна и Католичка црква - и го има со векови. Обично е на вратата на олтарот, како дел од иконостасот. Оди побарај, ќе видиш - око и зраци околу него. Симболизира дека Бог секогаш и секаде не гледа. Односно - ако згрешиме, тоа можеме да го скриеме од човекот, но не од Бога.
Како што реков погоре - Окото Е Господово, а не на луцифер, така што - седни и малку проучи си ја сопствената вера, што така усилено се обидуваш да ја браниш. А Египетски богови - не знам кој тоа почитува, но сигурно не масоните - од многу проста причина и тоа - за да си масон, мора да веруваш во монотеистички Бог. За да се дискутира на оваа тема - потребни се познавања од темата, како и од религијата. Вакви банални копирања од сајтови кои се полни со грешки (како на пример, наједноставна грешка во превод од латински, нешто што може многу лесно да се провери). |
|||||
Do what is right, come what may...
|
|||||
DDarko
Сениор Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Еве го сега и сатанското претставување од Сан Франциско.
|
|||||
DDarko
Сениор Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Ако мислеше за мојот аватар и мојот потпис, тоа нема никаква врска, тоа е само спорт, мислам мешавина од спорт, каде што е присутна одобрена од владите тепачка позната под името Ultimate Fighting или ( UFC ). А сега знам дека ќе ми кажеш, епа ако за тебе тоа е спорт, тогаш за мене оваа е братство каде што нема слични работи на твоите... Сепак не сум слушнал до сега молитва: Господи ако масонството е грешка тогаш избави ме од него. Но имам слушнато: Помогни ми Господи да не го повредам мојот противник лошо. И за крај. Како ти го објаснуваш Novous ordo seclohum. или Новиот светски поредок? А и како човек има храброст да го наслика Божјото око, кога тоа е окото на сатаната, а сега ќе ти докажам. Како може човек Христијанин кој е масон да почитува египедски богови и тоа око да е на луцифер, а да е излажан од ложата дека е Божјо. Еве направи споредба со сатанското око претставено од црквата на ѓаволот во Сан Франциско. |
|||||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Повторно - тие служат за да поучат, а не за да се почитуваат, обожуваат и немаат никаков "свет" елемент. Шестарот и аголникот не се користат во масонеријата во математичката смисла, туку во контекст на улогата која ја имаат во архитектурата. Симболиката на аголникот е дека секогаш треба да се постапува исправно (ако ѕидовите не се под прав агол, зградата не е стабилна), а шестарот служи за да те поучи дека треба кон целото човештво да се однесуваш со почит и да не ти бидат туѓи (патем - шестарот во архитектурата има двојно дејство - и за цртање на кругови, но и за мерење на растојанија). Недовршената пирамида симболизира дека човек не може да го достигне совршенството и дека мора постојано да работи. Окото - е СеВидливото Око Божје, а не е некаква чакра, трето око или нешто слично. Погледни си ја Библијата, Стариот Завет, ќе најдеш доволно референци за Севидливото Око Господово. Така што - не ми се мешаш во личното убедување по никаков начин. И пак ќе те прашам... онака, по Христијански... чуму слики (симболи) со насилство врз други луѓе? |
|||||
Do what is right, come what may...
|
|||||
DDarko
Сениор Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
А што би му рекол на некој за ова? Пријателе ова се само математички симболи, во врска со науката, а ова доле е трето око, окото ја претставува чакрата, ма не те интересира... Или... Пријателе ова се наши симболи кој ги почитуваме и учиме од нив, со овој горниот учиме математика, а со овој долниот си ја отвараме шестата чакра. Сепак, прости што се мешам во твоето лично убедување. мислам дека и јас отидов од краја до краја. |
|||||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Масонството не почитува симболи, а симболите имаат поучна цел, но во никој случај не свештена! Тоа што се нарекува ритуал, е всушност церемонија (имам објаснето во темава) - само што на англиски е обратно, и зборот церемонија има религиозно значење. |
|||||
Do what is right, come what may...
|
|||||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9425 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Moram da kazam deka vo potpolnost se slozuvam so prezentiranjeto na stihot od Biblijata na zidarski . Ne treba da se vadat stihovite od kontekst. Tamu e napisano tocno na kogo mislel ISUS koga go rekol toa, taka da nikakvo tolkuvanje na ovie stihovi ne e potrebno. |
|||||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Затоа - толкувањето на Бога се прави в Црква, а во ложата не се дискутира за религија воопшто. Патем - убаво го изигнорира тоа што ти го пишав за потписот твој... |
|||||
Do what is right, come what may...
|
|||||
DDarko
Сениор Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Точно, не му додавај не му одземај, тогаш малку ли ви беше Христовата црква па озгора на тоа додадовте и масонство, почитувајќи симболи и вршење на ритуали. |
|||||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Нема никакво отфрлање на каменот во масонеријата... напротив - еден од клучните елементи е поставувањето на камен темелникот... Погледни како продолжува Матеј 21: 44 („Кој ќе падне врз тој камен ќе се распарчи, а врз кого ќе падне тој камен ќе го згмечи!“) 45 Слушајќи ги Исусовите споредби, свештеничките поглавари и фарисеите сфатија дека се однесуваат на нив. Така што - Писмото јасно вели на кого се однесува отфрлањето на каменот... не му додавај, не му одземај. |
|||||
Do what is right, come what may...
|
|||||
DDarko
Сениор Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
|
|||||
alf
Сениор Регистриран: 15.Септември.2009 Статус: Офлајн Поени: 631 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Изменето од alf - 17.Септември.2011 во 14:52 |
|||||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Прво - цитатот нема никаква врска со масонството.
Секој масон му оддава почит на Бога (секој зависно од сопствената вера). Масонското учество во политиката било далеку посилно во 19-тиот век и во првата половина на 20-тиот, отколку што е денес. За демантирање - постојано се прави тоа. Тоа што ти не си прочитал или не си чул - тоа е твоја работа. Многу масони излегуваат и "храбро" се изјаснуваат... Ако не си забележал - ама јас веќе 42 страници пишувам тука во обид да расчистам некои предрасуди и невистини. Има илјадници сајтови кои го прават тоа, има постојано интервјуа, емисии, документарци на таа тема, направени од масони, каде се прикажува вистинското лице на масонеријата. Знаеш што е проблемот? Не се толку интересни како што се теориите на заговор. Луѓето се секогаш посклони да веруваат во некаков заговор, отколку во нешто чисто. Патем... многу интересен потпис имаш... многу Христијански, исполнет со љубов, милост, разбирање... |
|||||
Do what is right, come what may...
|
|||||
Внеси реплика | страница <1 1819202122 62> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |