![]() |
|
Вести |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1819202122 61> |
Автор | |
Schatzii ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Порази на Работнички и на Тетекс во квалификациите од ЛЕ
![]() Екипата на Работнички, не успеа да направи изненадување кое би била еднакво на сензација, во дуелот со славниот англиски клуб Ливерпул. Иако шансата за надигрување и евентуален поволен резултат во дуелот со десеткуваниот Ливерпул, фудбалерите на Работнички ја имаа и тоа пред исполнетите трибини на „Филип Втори“, сепак, разликата во квалитет дојде до израз. Со головите на Н’Гог во 17-тата и 59-тата минута, Ливерпул се враќа на „Енфилд“ со два гола предност. Негативата од 2:0 пред гостувањето по седум дена во Англија, реално ги сведува на минимум шансите за пласман во следната рунда на „романтичарите“, па само фудбалско чудо може да го одведе Работнички до пласман во последното (4-то) квалификациско коло. Вториот македонски претставник во ова натпреварување екипата на Тетекс, е пред сигурна елиминација. Фудбалерите на Тетекс претрпеа висок и убедлив пораз од 5:0 на гостувањето во Борас, кај шведскиот претставник Елфсборг. По овој пораз, реванш дуелот закажан за 5 август во Скопје, ќе биде само формалност. |
|
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
|
![]() |
|
Schatzii ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Баерн ќе брка петмина фудбалери
![]() Според Билд, холандскиот стручњак наредил да се продадат: Андреас Отл (25 години), Анатолиј Тимошчук (31), Хосе Ернесто Соса (25), Марио Гомез (25) и Мартин Демикелис (29). Минатата недела Соса многу го изнервира Ван Гал за време на подготовките во Италија и поради тоа предвреме бил испратен дома. Гомез, пак, е една од целите на Реал Мадрид во летниот преоден рок. Кикер тврди дека Баерн може да ги искористи Гомез и Тимошчук за во екипата да го донесе Един Џеко од Волфсбург откако пред два дена токму таква понуда била испратена во германскиот -првак од 2009 година. Босанецот и така сака да си замине, а Ван Гал нема доверба во Гомез, додека Тимошчук би можел да биде добро решение за позицијата последен играч за врска имајќи предвид дека Волфсбург е во потрага по таков фудбалер. Инаку, подготовките на Баерн се веќе во тек, но репрезентативците кои настапија на Светското првенство во Јужна Африка ќе се приклучат на 2 август и тогаш официјално ќе биде одлучено кои фудбалери ќе бидат отстранети од екипата. |
|
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Марадона обвинува дека бил предаден и излажанИзвор: AP
Легендарниот Диего Марадона, кој не доби нов договор на местото селектор на аргентинската репрезентација, обвини дека бил излажан и предаден од раководството на фудбалската федерација. Марадона изјави дека директорот на аргентинската фудбалска федерација Карлос Билардо и претседателот Хулио Грондона работеле против него. „Тие ме повикаа да ги изгладиме работите и да го згаснеме огнот и ние тоа го сторивме. Грондона ме излажа, а Билардо ме предаде“, изјави Марадона. „Дадов се од себе. Уверен сум дека аргентинскиот фудбал треба да биде во подобра позиција. Се обидов на играчите да им ја пренесам гордоста што ја чувствувам дека сум Аргентинец“, рече Марадона. Аргентина под водство на Марадона беше елиминирана од последното Светско првенство во четвртфиналето, откако загуби од Германија со 0:4. На местото на Марадона привремено е назначен селекторот на младата репрезентација до 20 години, Серџо Батиста |
|
![]() |
|
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Марадона замина во аргентинската историјата
![]() "Донесовме многу болна одлука, но не постоеше друго решение. Претседателот Грондона рече дека има огромна разлика меѓу амбициите на АФА и она што Марадона го планира во иднина. Постоеше голема дупка која не може брзо да се пополни и затоа донесовме одлука да го завршиме првото поглавје со Марадона на селекторската функција. Вратите на репрезентацијата остануваат отворени за него, а ние сме секогаш тука за соработка", изјави портпаролот на АФА, Ернесто Черкис Биало. На тој начин заврши 21-месечниот престој на клупата на репрезентацијата за Диего Марадона, престој обележен со контроверзи, афери и критиките на сметка на неговата работа и тренерското знаење. Марадона испроба повеќе од 100 фудбалери во својот мандат, а на Светското првенство се пласира низ "иглени уши" откако во јужноамериканските квалификации, меѓудругото, загуби од Боливија со 6:1. Откако, сепак, го обезбеди пласманот на првенството, на крајно вулгарен начин ги навреди новинарите и сите останати кои ја критикуваа неговата работа поради што заработи повеќенеделна суспензија од ФИФА. Во Јужна Африка, пак, ја одведе Аргентина во четвртфиналето и таму доживеа дебакл од Германија со 4:0. "Марадона мораше да направи некои промени во стручниот штаб, но не успеавме да се договориме по тоа прашање. Никој не добил отказ, само не го продолживме договорот бидејќи не постоеја услови за тоа", изјави претседателот Грондона и додаде дека нема да брза со изборот на нов селектор на националниот тим. И покрај раскинот на соработката, Марадона се уште има многу поддржувачи во земјата, дел од нив и на високи државни позиции. "Јас сакав Марадона да остане и немам сомнение дека е сменет затоа што не им се допаѓаше на челниците на Федерацијата. Марадона е како камен, не се покорува на никого", изјави министерот за надворешни работи на Аргентина, Флоренсио Радацо. Во поддршка на Марадона излегоа и љубителите на фудбалот во Аргентина кои со мирни демонстрации пред централата на АФА го истакнаа својот протест за непродолжувањето на договорот. Засега од Марадона нема официјална реакција во врска со отказот и се очекува во следните денови тој да излезе со коментар на случувањата. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
![]() |
|
LiDivio ![]() Модератор ![]() Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Вечерва 20:45 РТС
ПАРТИЗАН - ХЕЛСИНКИ 3:0 ![]() Изменето од LiDivio - 29.Јули.2010 во 10:58 |
|
![]() |
|
Marko Polo 1 ![]() Сениор ![]() ![]() venecijaner Регистриран: 20.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9693 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() Vleznicite se vekje prodadeni, potvrdena informacija... |
|
![]() |
|
Schatzii ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Работнички ќе се обиде да му се спротистави на Ливерпул
![]() Ливерпул е апсолутен фаворит на утрешниот натпревар иако стратегот на Работнички Зоран Стратев остава неколкупроцентна можност за сензација и позитивен исход под кој се подразбира и реми. - Им кажав на фудбалерите дека треба да уживаат на теренот заедно со љубителите на фудбалот. Убеден сум дека ќе одиграат најдобро што можат и ќе го остават срцето на теренот. Атмосферата во клубот е на завидно ниво и се надевам дека љубителите на фудбалот ќе бидат задоволни без разлика на крајниот резултат на натпреварот. Ливерпул е апсолутен фаворит, иако потајно се надевам на позитивен резултат под кој го подразбирам и нерешениот исход, рече Стратев на денешната прес-конференција. Тој најави дека без разлика на големината на Ливерпул тактичката поставеност на Работнички ќе биде 4:3:3 со можна трансформација во 4:5:1 во зависност од резултатот. За утрешниот натпревар во составот ги најави фудбалерите кои се изборија Ливерпул да дојде во Скопје иако не исклучи кој било од останатите играчи да влезе во игра. Капитенот на Работнички Никола Глигоров и вети на 22-илјадната публика дека ќе биде задоволна од натпреварот и покрај трансферите во поголеми клубови на некои од играчите во последниве неколку недели. - Во клубот владее опуштена атмосфера и цела седмица живееме и посакуваме Ливерпул во Скопје да настапи со најсилниот состав и да видиме до каде сме, иако за резултатот би било подобро да дојдат без ѕвездите, рече Тодоров. Од управата на Работнички посочуваат дека во продажба биле пуштени 20.000 нумерирани билети за двете трибини со специјална заштита кои веднаш се распродадени. Дури и партнерите на клубот и државните институции изразиле желба да си ги платат своите билети што и направиле. Гратиси им биле поделени единствено на најблиските на играчите. Официјално 1.157 билети платил Ливерпул за своите навивачи, а биле одбиени барањата за 5.000 резервации за фудбалските фанови на англискиот гигант од соседните земји. Од натпреварот, според барањата за резервации, ќе известуваат и 80 новинари од Велика Британија. Ливерпул веќе допатува во Скопје, а попладнево ќе одржи тренинг и прес-конференција. Екипата со себе носи огромна опрема, како и свои готвачи и медицински персонал. |
|
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Арсенал и Барселона договориле трансфер на Фабрегас?Извор: Бета
Фудбалските клубови Арсенал и Барселона постигнале договор за трансфер на фудбалерот на англискиот тим Сеск Фабрегас во каталонскиот клуб, тврди во вторник шпанскиот весник „Мундо Депортиво“. Според изданието, двата клуба во тајност постигнале договор за преоѓање на Фабрегас, а до конечното потпишување недостасуваат уште неколку детали. Барселона би требало да плати на Арсенал околу 45 милиони евра за шпанскиот репрезентативец. Веста за трансферот на Фабрегас во Барселона треба да биде соопштена кон крајот на следната недела |
|
![]() |
|
Schatzii ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Форлан прогласен за најдобар спортист во Уругвај
![]() "Почестен сум што ја добивам оваа награда. Веќе имав можност да добивам признанија во странство, но оваа е во Уругвај, земјата каде што сум роден и затоа е голема привилегија", изјави Форлан. Покрај Златната топка на Мундијалот во Јужна Африка, 31-годишниот напаѓач досега двапати беше Златна копачка на Европа, и тоа по еднаш како фудбалер на Виљареал и Атлетико Мадрид. Минатата сезона ги предводеше и "црвено-белите" до титулата во Лигата на Европа, што е прв трофеј за овој клуб по повеќе од четири децении. Не е ни чудо што за него летово се заинтересирани голем број европски гиганти, пред се Јувентус и Интер, а од втор план шанса очекува и Манчестер Сити. Самиот Форлан изјави дека е среќен на Висенте Калдерон и дека нема намера да си оди оттаму. |
|
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
|
![]() |
|
Schatzii ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Видиќ уште четири години во Јунајтед
![]() "Во последно време се појавија многу неточни информации околу продолжувањето на кариерата на Немања. Ниедна од нив не излезе од кампот на Манчестер Јунајтед и затоа ние сме дополнително изненадени од ваквиот развој на настаните. Преговорите меѓу нас и Видиќ беа привремено прекинати кога тој замина на Светското првенство во Јужна Африка, но продолжија откако Србија доживеа елиминација. Договорот деновиве треба да биде потпишан, сега нашите адвокати ги подготвуваат документите кои подоцна советниците на Немања ќе ги проверат. Тој се уште е на одмор, но според планот, треба да потпише кога ќе се врати", изјави извршниот директор на Манчестер Јунајтед, Дејвид Гил. Претходниот договор на Видиќ беше со важност до 2012 година и тој не беше задоволен од финансискот дел затоа што, иако носител на играта, беше далеку од најплатените во екипата. Манчестер Јунајтед неделава треба да седне на преговори и со Вејн Руни со кого исто така, начелно, е постигнат договор за продолжување на соработката под нови финансиски услови. |
|
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
|
![]() |
|
Santijago ![]() Сениор ![]() ![]() PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Фантастично изведен пенал од страна на јуниор на Шпанија
|
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
![]() |
|
Santijago ![]() Сениор ![]() ![]() PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Вест хем ги носи Роналдињо и Бекам
По неуспехот во своите редови да ги донесат Тиери Анри и Џо Кол, првите луѓе на Вест хем, Дејвид Саливен или Дејвид Голд повторно се обидуваат од Лос Анџелес Галакси да го доведат 35-годишниот Дејвид Бекам. Но според пишувањето на британскиот печат, тие се заинтересирани и за 30-годишниот Роналдињо, чиј агент и брат изјави дека тој сака да ја заврши кариерата во Милан. |
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
![]() |
|
Santijago ![]() Сениор ![]() ![]() PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Им покажавме на сите дека можеме!!! *"Сите н$ испратија на екск*рзија на првиот меч, а малкумина веруваа дека на реваншот ќе ги одбраниме тие 0:0. Докажавме дека лошо го процениле нашиот квалитет", вели Ристевски Какво само одлично деби имаше Тетекс на европската фудбалска сцена. Го поминаа второто коло, ја совладаа првата пречка. Малкумина очекуваа дека тие ќе успеат да го поминат Вентспилс, кој важеше за голем фаворит на овој двомеч. И кога Тетекс одигра 0:0 на првиот меч, веднаш песимизмот се претвори во оптимизам. Се зголеми бројот на оние кои се надеваа дека Тетекс ќе успее да ја задржи позитивата од првиот меч и да се најде во третото коло од ова натпреварување. Сепак, имаше и такви кои и за реваншот не веруваа дека "штофарите" ќе имаат сили да го совладаат Вентспилс. Играчите на Тетекс ги изненадија сите, но и "разочараа" многумина. Секакви пофалби заслужуваат бидејќи на реваншот одиграа феноменално и ја прикажаа можеби најдобрата фудбалска партија во нивните кариери. Од голманот Марко Јовановски, па с$ до напаѓачите Исени, Стојановски и Глигоровски, апсолутно целиот тим заслужува највисоки оценски за тоа како го одиграа овој меч. Е.Р. Со оглед на тоа дека Тетекс првиот меч ќе го игра на гостински терен, и тоа на 29 јули, според нашите информации, стручниот штаб и раководството на овој тим ќе бара од ФФМ одложување на мечот против Шкендија. Како што е познато, новата сезона почнува на 31 јули, а Тетекс игра против Шкендија, поради тоа ќе се бара овој меч да биде одложен. Дефанзивецот на Тетекс, Борче Ристовски ја доби бараната исписница. Тој веќе одамна изрази желба да си замине, а пред неколку денови беше на проба во романскиот тим Астра Плоешти каде не успеа да се наметне. Според информациите, исписницата е потпишана, Ристовски е слободен играч и, најверојатно, ќе продолжи во албанскиот тим Скендербег. Два дена слободни добија фудбалерите на Тетекс. По мечот со Вентспилс и големиот успех, "штофарите" добија можност победата да ја прослават со два дена одмор. Фудбалерите в недела во 10 часот треба да се појават на тренинг. Вредноста во моментов на шведскиот тим според интернет порталот "трансфермаркт", кој се занимава со цените на играчите, е 16.325.000 евра. Најскапи играчи на Елфсборг се Стефан Ишизаки и Дени Авдиќ, кои вредат по 2.000.000 евра. |
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
![]() |
|
Santijago ![]() Сениор ![]() ![]() PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Форлан избран за спортист на годината во Уругвај
Еден од главните ѕвезди на Светското во Јужна Африка Диего Форлан беше избран за најдобар спортист на годината во својата татковина Уругвај. Напаѓачот на Атлетико Мадрид го прекина одморот во Мајами за да добие наградата. Признанието најдобар спортист во Уругвај, Форлан го добива втора година по ред, во анкетата на спортски новинари во Уругвај. Форлан ја заслужи довербата на новинарите со своите игри на светското првенство во Јужна Африка. Напаѓачот на Мундијалот постигна пет гола и му помогна на Уругвај да стигне до полуфиналето. Уругваецот исто така беше избран за најдобар играч на првенството. |
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1819202122 61> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |