IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Што претставува монаштвото?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Што претставува монаштвото?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1819202122 97>
Автор
Порака Обратен редослед
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2009 во 13:15

Originally posted by izvoren izvoren напиша:

Зошто да тажи?


Изворен, текстов е изваден од дневениот весник „Вест“, и како што можам да забележам, новинарката не е многу упатена во верата, поради што прави неколку смешни грешки:

1.     Отец Силуан не беше замонашен на Литургија (и Литургија се пишува со големо Л), туку на вечерна богослужба, вечерта на 10-ти септември.
2.     и не го добил името на „светоецот Сулиан“, туку на СВЕТОГОРЕЦОТ СИЛУАН.

Затоа, те советувам да ја прочиташ веста што беше објавена на страната на МПЦ.   

Еве како е во еден манастир „далеку од цивилизацијата“ и како „денгубат“ монасите кои „не одат да го проповедаат евангелието“ како Евангелос

      

Отсекување на главата на свети Јован Крстител (12.09.2009)



„Како светилник, ти ѝ претходеше на Светлината; како ангел, беше испратен однапред; како пророк, Го проповедаше Јагнето Божјо, Христа, Кој се јави; како маченик, со меч ти беше отсечена главата, предвестувајќи им Го Господа и на мртвите во адот.”



О, колку торжествено одекнуваа овие стихови во празничната ноќ на славниот патрон на Бигорското светилиште. Воскликнуваше со радосен восхит светата Бигорска обител, пеејќи му на оној, кој веќе десет столетија молитвено го закрилува овој манастир, големиот Претеча и Крстител Јован. Под неговата моќна закрила, Бигорското братство, накалемено на корените од богатата монашка традиција, веќе 15 години ревносно го следи неговиот свет пример и богато напредува, раѓајќи нови фиданки на монашкото стебло, нови молитвеници, кои, како вистински факели, горат пред Бога за овој народ. Во духот на таа традиција и оваа година бигорското плодоносно дрво се закити со уште еден ластар, кој никна благодарение на татковската грижа и љубов на својот старец, архимадрит Партениј, и сега ја приклони својата глава и прими монашки потстриг, сакајќи да живее само за својот Создател, сиот да Му се предаде, само за Него да работи, дење и ноќе кон Него да стреми, одејќи смирено по патот на совршенството.



Каква прекрасна глетка за огромното мнозинство на присутни верници и гости беше мигот кога искушеникот Спасе Медаровски, облечен во бела кошула и закрилуван од својот игумен, полека пристапуваше кон олтарот, следен од насолзените погледи и молитвени воздишки. И каков восхит кога се роди новиот брат Силуан! Каква радост и за небесата! И ангелите торжествуваа заради раѓањето на новиот небоземен жител, заради новото име запишано во книгата на животот, новиот воин против злото. А митрополитот Дебарско-Кичевски и Плаошки г. Тимотеј, кој во присуство на митрополитот Агатангел го изврши чинот на монашењето, со пригодна беседа се обрати кон новопотстрижаниот монах, нагласувајќи му ја важноста на делото што го започнал и давајќи му ги првите татковски поуки за што подостојно носење на монашкиот крст.



Најпрво, тој ја истакна љубовта како најголема христијанска добордетел и светлина, со која ние имаме врвна радост во животот и најголема утеха во сите животни искушенија и страдања и продолжи: „Светата црква е Божја тврдина на љубовта... а манастирите се високи кули на таа тврдина. Во нашите свети манастири се чуваше верата, националното сознание и желбата за слобода... нема манастир на просторот на Македонија каде националниот, културниот и просветниот интерес на нашиот народ не бил негуван, не бил помаган и не бил поткрепуван, како морално така и материјално. Во тоа најповеќе придонесувале светлите личности од монашкиот ред, како што се Анатолиј и Партениј Зографски, Јоаким Крчоски, Теофило Лазарополски, Козма Пречистански и безброј познати и непознати, коишто се вградиле не само во одделни манастири, туку и во историјата на нашиот напатен народ.



Но покрај оваа исклучително важна и полезна дејност, манастирите биле и остануваат места за подвизи на монасите, каде тие тежнеат и се трудат да бидат спасени. И вечерва присуствуваме на такво определување на една млада, богокопнежлива душа кон Христа и кон Неговите светли идеали.”



Потоа митрополит Тимотеј упати и неколку полезни поуки кон новопострижаниот брат Силуан: „ТргнувајЌи од својата младост кон Христа, ќе имаш и паѓања, но биди сигурен дека со цврста вера и непоколеблива надеж во Бога, ќе можеш сите препреки да ги надминеш, ако својата волја сецело ја препуштиш на својот игумен и на братството на оваа света обител. Овие завети што вечерва доброволно ги даде пред севишниот Господ и пред земната и небесната Црква, ќе можеш да ги исполниш со поткрепа и со молитвите на братството и сестринството, како и со молитвената поткрепа на благочестивиот и богољубив наш народ. Сочувај го пламенот кој го имаш кон Христа и не допуштај никогаш тој да биде згаснат. Долевај ново масло во душевното кандило, за тој пламен не само да гори туку и да распламтува, како би можел полесно и подостоинствено да презреш сè во овој свет и да го засакаш само Христа, кој е алфа и омега во нашиот живот. Свети Јован, големиот подвижник и испосник, чиј спомен денес го прославуваме, нека ти биде на помош, сега и во сите дни од твојот живот. Амин!”



Светата богослужба и чинот на монашењето беше следен и од неколку претставници на власта меѓу кои шефот на кабинетот на премиерот, г. Мартин Протугер, пратениците Илија Димовски и Александар Спасеноски и министерот за одбрана, Зоран Коњановски.



Следниот ден продолжи торжеството низ прекрасни византиски напеви во кои се величаше маченичкиот подвиг на светиот пророк. Радоста ја зголеми и пристигањето на Неговото Блаженство, г.г. Стефан, кој чиноначалствуваше со светата архиерејска Божествена литургија. А каква круна на благолепието беше литургијата! Пееја ѕвонливо срцата на многубројните верници, разгорени од молитвениот пламен на распеаните псалти и достоинственоста на свечениот чин. Во своите молитви кон Претечата тие ги придружија и искрените изливи на својата душа за новиот брат. А откако се причестија со светите Христови Тајни, сите со свечена литија се упатија кон фијалата, каде се освети водата, празничниот леб и најпосле се случи она што толку време нестрпливо се очекуваше - осветувањето на новите Бигорски камбани, први камбани донесени од православна Русија, за што секако најголема заслуга имаат бигорските донатори, пред сè г. Андреј Куку, директор на компанијата „Лукоил” во Македонија, како и академик д-р Жан Митрев. Овие камбани, вкупно 13 на број, се излеани специјално да ја следат нотната скала и се дело на најпознатата Руска фабрика за камбани, компанијата „Вера Анисимов” од Воронеж. Во знак на благодарност од страна на братството за благочеството и богољубиво дело, на г. Андреј Куку му беше подарена вредна зографисана икона од Мајката Божја. А Неговото Блаженство г.г. Стефан, кој чиноначалствуваше со осветувањето, со симболично удирање на камбаната ги благослови новите бигорски камбани, пренесувајќи ги своите искрени желби овие камбани никогаш да не престанат да бијат.



Поттикнат од овој настан, Неговото Блаженство, одржа и пригодно празнично слово, во кое го истакна големото значење што Бигорскиот манастир отсекогаш го имал во историјата на македонската духовност:



Светото Евангелие говори дека пред доаѓањето на Синот Божји на земјата, бил испратен човек од Бога, по име Јован (Јн.1,6). По сведочењето на Самиот Господ Исус Христос - ниеден меѓу родените од жена не бил поголем од Јована (Лк.7,28). Раѓајќи се со посебна Божја најава, од родители во постари години, уште многу мал останал сирак. Растел и израснал далеку од светот, во пустина, далеку од влијанијата на животот и живеењето на луѓето.

Ете, тој, иако бил физички слаб од гладувањето и подвизите во пустината, изгорен од сонцето, истоштен од невремињата и уморен од начинот на живеењето на другите - бил силен на збор и никого не поштедувал! На сите им ја говорел вистината: и на познати и на непознати, и на богати и на сиромаси и на сите им го најавувал денот на Судот Божји, Судот од кого никој не може да се скрие... Неговата проповед за потребата од покајание и поправање во животот, се слушале сѐ подалеку. Јорданската пустина сѐ повеќе била посетувана од луѓе, кои доаѓале да го видат и слушнат Јована. Дури и царот Ирод разбрал за него и го повикал во царскиот двор. И, обично, кога ќе се случи таква можност, да се дојде и да се престојува во царски дворец, ние луѓето знаеме само да се восхитуваме и да благодариме што ни е дадена таква прилика. Но, свети Јован не можел да го премолчи она што таму го видел: царот Ирод јавно живеел со својата снаа, со сопругата од брат му Филип. А кон таа соблазна, кон таквиот неморал на царот, како постапил свети Јован, слушнавме од денешното Свето Евангелие: Не ти доликува тоа да го правиш, го укорувал Јован Ирода. Тие зборови ги слушнала и бесрамната снаа Иродијада, па при укажаната можност, побарала свети Јован да биде убиен, ја побарала неговата глава... Но, точни се оние зборови дека праведникот живее до века (Пс. 111, 6). Останал свети Јован да живее, еве, веќе 20 столетија во небоземната Црква и останал како пример на праведност и правичност, на вистина и морал... Тој и денес ни се обраќа и како да му вели на секого од нас: Не ви доликува тоа.

Не ви доликува тоа и вам свештенослужителите, кои не ја чувате заклетвата дека чесно и достоинствено ќе ѝ служите на Црквата, кои не ги исполнувате обврските совесно, кои со своето живеење го валкате образот на пастирот Божји, ги прекршувате каноните и правилата, ја погазувате светоста, коишто и денес би биле укорувани за својот живот од немолчливиот свети Јован...

Не ви доликува тоа и вам родителите кои не ја чувате светоста на бракот, не го чувате угледот на семејството, не ги воспитувате и не се грижите за децата...

Не ви доликува тоа и вам кои сте се оддале на алкохолот и на другите зла. Зар не е доволен примерот на Ирода - што направи поради пијанството и другото зло во себе? И денес често слушаме или читаме по медиумите: пијан татко го убил сина си, пијан син ја убил својата мајка, пијан сосед го убил комшијата, или се предозирал и тоа му било последно или, пак, заради пари потребни за набавка на разни опојни средства, кренал рака на најблиските, украл или се обидел да украде од банка, од пошта, од пријателите и роднините, од дома, па дури и од црква.

Не ви доликува тоа се однесува и на сите оние кои заради личниот интерес, заради добивката само за себе, забораваат на народот и на работникот што ги избрал, или им доверил некоја функција, забораваат и на државата и институцијата, забораваат на сѐ заради некаков процент и профит, без да бидат свесни колку губи државата, организацијата, колку губи народот.

Не ви доликува тоа се однесува и на оние што практикуваат корупција, што пуштаат прсти во народниот и во државниот џеб, на оние што наплаќаат за испити, за вработување или за лекување.

Значи, тоа - не ви доликува, е упатено кон сите нас, што повеќе живееме со злото, отколку со доброто, што го толерираме гревот во себе и кај другите околу нас. Но, овој голем Пророк на Црквата, овој Предвесник на спасението, не нè остава само со укорот, туку покрај опомената, срочена во зборовите не ви доликува, ни дава и поука, ни нуди излез, ни покажува спасителен пат, кога ни вели: Покајте се, зашто се приближи Царството Небесно (Матеј 3, 2).

Покајанието или преумувањето е патот на поправањето, патот на изменување на нашето поведение, тоа е патот на љубовта, на верата, на подвигот, патот на стравот Божји. Дека е тоа така, ни потврдува самиот свети Јован Крстител, кога ни вели за Спасителот: Тој ќе ве крсти со Дух Свети и со оган (Матеј 3, 11). Во овој контекст, истакнувајќи го дарот на љубовта кон секого и сè, дарот кој произлегува од покајанието, светиот апостол Јаков ни советува: ...ако некој од нас се отклони од вистината и друг го поврати, тој треба да знае дека оној што обрати грешник од лажлив пат, спасува една душа и ќе покрие многу гревови (Јк. 5, 19-20).

Затоа, да го отфрлиме гревот, кој нѐ води во секаква измама, пакост, лицемерство и завист, и во секакво напаѓање (1 Петр. 2, 1), за да можеме да бидеме вистински чеда Божји и да не заборавиме на зборовите од светиот Претеча и Крстител Јован, да не заборавиме дека тие се упатени кон секого, насекаде и засекогаш!

Само така, размислувајќи за своите постапки, за своите зборови и дела, всушност, - ќе покажеме дека размислуваме за Јовановиот повик - не ви доликува тоа, односно, владеејќи со себе, ќе знаеме како да се однесуваме и кон себе и кон другите. А, Господа, можеме да го радуваме само со добри дела, со морално однесување, со достоинствено по Христа живеење.

Возљубени, наоѓајќи се денес овде, во Бигорскиот манастир, не можам, а да не ја истакнам исклучителната улога и местото на оваа светиња во духовното обновување и растење на нашиот народ. Овој наш манастир бил, а еве, со подвигот на ова братство, сеуште останува вистинско пристаниште за одмарање од духовниот товар, останува лекувалиште за сите духовни болести и место за скротување и оддалечување од сите соблазни на времето.

Исто така, сакам да го истакнам пред вас и чувството на восхит од тоа што го гледаме сите ние што сме доаѓале и доаѓаме овде - зашто е забележителна и духовната и материјалната ренесанса, што ја доживува овој наш манастир. Историјата, секако, ќе забележи дека со доаѓањето на отец Партениј за игумен и со формирањето на братството, на Бигорскиот манастир му е вратена некогашната сила и слава. Денес, овој манастир е најголемото духовно и материјално градилиште и место каде што обновеното и дограденото, восхитуваат со своето велелепие. Да посакаме, со Божја помош, по молитвите на светиот Јован, да се остварат планираните градби и надградби, да продолжат со сите активности, со кои за манастирот веЌе надалеку се слуша. Исто така, веруваме дека новите камбани уште подалеку ќе го разгласуваат повикот на св. Јован за покајание и оддалечување од недоличните однесувања и повикот на оваа светиња почесто да наврашаме на овој неповторлив бигорски вруток.

Нека ни е честит празникот, а Светата Литургија на здравје и спасение.



Уште истиот ден камбаните беа инсталирани во Бигорската камбанарија од страна на г. Денис Латишев, кој за таа цел пристигна во манастирот од Молдавија. Тој ги удостои насобраните верници и со првото празнично биење на распеаните камбани.

А секако не мала беше и радоста на монасите заради новоосветената магерница во која сега ќе може да се припрема храна за сѐ поголемиот број на гости и намерници за време на празничните богослужби.











Повеќе фотографии и видео:Монашење во Бигорски манастир

Изменето од Maran Ata - 14.Септември.2009 во 13:19
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2009 во 13:04
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

] Христос никаде не заповедал Неговите ученици да одат ниту 4 дена во пустина, ниту 40, а камо ли пак цел живот како што тоа го прават монасите изолирајќи се во манастири кои се оддалечени од цивилизацијата.


Евангелосе, Евангелосе… сеуште не ти дошол паметот, а?Манастири оддалечени од цивилизацијата? А да ми кажеше, зошто Господ се повлекол во пустината 40 дена? Зошто св. Јован Крстител цел живот живеел во пустина? Или зошто св. Ап. Павле вели:

Евреите 11: 38 оние, за кои светот беше недостоен - скитаа по пустињи, по ридови, по пештери и земни бездни.

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

] во пасивноста на својата вера, си плетат бројаници, си црткаат икончиња, додека христијаните во светот мака мачат да го проповедаат евангелието меѓу луѓето, како јагниња меѓу волци, понекогаш жртвувајќи ги и своите животи, само за да спасат уште некоја душа од грешниот свет.


За малку ќе ти поверував А кој тоа мака мачи да проповеда? Ти, висејќи пред компјутер 24/7? Пази да не бидеш виртуелно жртвуван Дај да видиме колкумина си спасил ти, заедно со пасторот ти Грозданов (и јуниор и сениор), а јас ќе ти покажам само еден монах колкумина спасил, може?

Изменето од Maran Ata - 14.Септември.2009 во 13:04
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2009 во 13:01

Христос посреди нас!

Добро ве најдов, мили мои. Денеска „случајно“ ја разгледував темата за монаштвото, што баптистичката тајфа повторно ја вратија во активност поставувајќи едни та исти прашања по стоти пат, и забележав дека датумот на моите први постови е 14 септември 2008. А меѓудругото, денеска е Црковната Нова Година, убав ден.

ЕвАнгелосче, душиче, па зарем уште си безработен (?)?

За сите оние кои поставуваат прашања и после 77 страни од темава, им советувам да читаат од почеток, затоа што навистина ќе си го најдат одговорот, се’ е исцрпно објаснето.

Рите, Пчелка и Момче Македонче, добредојдовте.

Ќе ви дадам краток одговор на вашите прашања, кои најверојатно повеќето ќе се копи-пејст од претходните страни.

Originally posted by Rita.MD Rita.MD напиша:

Матеј 28:19 Како, ако си затворен во манастир, во самица, можеш да ја извршиш оваа Исусова заповед (една од Неговите најголеми)?
И текстов ме наежи. Малку ми е и морничав. Се надевам дека нема да ми замерите за искреноста.


Рита, од непознавање на монашкиот живот, често пати и брат ти Ев ја повторуваше истата грешка (иако кај него тоа беше со цел да го исмее монаштвото). И проповедањето на Евангелието не е една од Неговите најголеми заповеди, туку најголемите заповеди се две, и на нив се темели целиот Закон и пророците:

Матеј 22: 36-39 "Учителе која заповед е најголема во Законот?" А Исус му одговори: "Возљуби Го Господа, својот Бог, со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сиот свој разум; тоа е прва и најголема заповед; а втората е слична на неа: Возљуби го својот ближен како себеси!

Не ти замеруваме (барем јас не) на твојата искреност, затоа што текстот навистина има утки.

Originally posted by Момче Македонче Момче Македонче напиша:

Пред некоја година, случајно на 11 септември се најдов во манастирот Бигорски, изгледа таму имаат некој празник или така нешто Замонашуваа едно момче, па сигурно беше на помала возраст од онаа што ја имам јас денес. Многу беше жално и потресно, мајка му липаше на цел глас, тажно... не знам како да го опишам тоа, ми се натажува душата кога размислувам на тој момент од животов


Момче Македонче, пред некоја година јас бев на тоа монашење, затоа што монахот е еден од моите најдорби другари кој ме воведе во вистинската вера, инаку сеуште ќе шетав по протестантските деноминации. Инаку, истиот тој монах ми беше на времето сосед, и со мајка му сме многу блиски. За време на монашењето, и двете бевме блиску една до друга, и двете плачевме... ама од среќа. Денеска, токму таа мајка е пресреќна што нејзиниот син е во манастир, и постојано оди да го посети и да му се радува, гледајќи го и него радосен.

Инаку, во право си за следниот твој коментар, монасите имаат мнооооогу активности во нивниот живот, за што веќе и сликовито имавме докажано на претходните страни. Само, оној дел за најубавата работа не ти е на место баш J Се сложувам со репликата на Рита.

Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

] И еднаш порано го поставив ова прашање-дали монахот по замонашување се гледа со родителите и колку често, дали има некои ограничувања?


Монахот нема апсолутно никаква забрана за да се гледа со родителите, освен ако тој не изрази желба за тоа од одредена причина. Од тоа што го кажав за мојот другар монах, сметам дека јасно е

Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

] Зошто родителот тажи?


Родителот може да тажи од најразлични причини. Има такви кои се радуваат (тие се верници кои живеат во Црквата), но има и такви кои тажат (номиналци).

Најчесто, родителите тажат од следниве причини:

1.     Не се воцрковени и не си ја знаат верата
2.     Тие се номинални верници, кои не си ја познаваат доволно верата, туку само во општи црти, или не сакаат се’ да прифатат поради нарушување на исполнувањето на нивните страсни, овоземни желби
3.     Атеисти се
4.     Сметаат дека нивното дете мора да се ожени/омажи и да створи потомство, а не ја гледаат среќата и желбата на децата
5.     Сакаат некои свои неостварени амбиции да ги живеат преку своите деца

Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

] И нешто кое сега ми текна: како вие (јас) би реагирале еден ден вашето дете да реши на овој начин да Му служи на Бога?


Би се радувала и би Му благодарела на Бога!

Originally posted by Logos Logos напиша:

] темата е доста добра и мене ме интересираат некој работи во врска со монаштвото. моето мислење е дека тоа представува еден вид на симболично продолжување на 40-от дневениот пост каде Исус бил искушуван од злото(ѓаволот)за да на крајот не подлегне и целосно остане со бога?


Монаштвото е продолжување на првобитната Христова заедница со Апостолите.
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2009 во 11:59
Јас не велам дека е лошо да си монах, напротив, тоа е рај и уживанција за некои луѓе кои сакаат да избегаат од светов. ...
 
 
 
..i  da ziveat vo zemskiov raj!da si vozat dzipovi ,da si surfaat na net,da si ..znate de sto.gola vistina e!голема%20насмевка...i ova go ima  vo Makedonija,da nekazam samo kaj nas,posto ke me popravi nekoj!
valjda ne sekoj moze da e monah vo Bigorski ...ne ke da e prosto i ednostavno!намигнување
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2009 во 11:44
Originally posted by DDarko DDarko напиша:

Ne e samo deka si zatvoren megju 4 zida, tocno deka poveketo vreme go pominuvaat vo manastir, no i tie rabotat isto taka, bash im e ubavo, shto im fali na monasite na primer na manastirot Sv Jovan Bigorski, tamu e super ima dosta svez vozduh, dobra zemja za obrabotuvanje, a i prekrasno e da go iskoristime celoto vreme za Gospoda Isusa Hrista, Toj za nas mozese da umre i na tretiot den da voskresne i nie treba da mozeme da se posvetime na verata sto poveke i poveke!
 
DDarko, јас не велам дека на монасите не им е убаво таму по манастирите. Тие таму си ужуваат во природата, си уживаат во удопството, во пасивноста на својата вера, си плетат бројаници, си црткаат икончиња, додека христијаните во светот мака мачат да го проповедаат евангелието меѓу луѓето, како јагниња меѓу волци, понекогаш жртвувајќи ги и своите животи, само за да спасат уште некоја душа од грешниот свет.
Јас не велам дека е лошо да си монах, напротив, тоа е рај и уживанција за некои луѓе кои сакаат да избегаат од светов. Јас велам дека монаштвото не е Христијанска дисциплина, не е Христова заповед, ниту Христов повик до Христијаните. Како што наведов во цитатите погоре, Христос им заповедал на Своите следбеници активно и ОДЕЈЌИ да ја проповедаат евангелската порака, да одат меѓу луѓето, а не да си уживаат во убавите манастири и во природата околу нив, додека луѓето во светот умираат во гревот.
 
Апостолот Павле во своите писмо до христијаните во Рим вели дека "eвангелието е Божја сила за спасение на секој кој верува" (Римјаните 1:16).
Засмили си ти DDarko дека во твојот џеб го имаш лекот против ракот, додека сите твои далечни и блиски роднини и пријатели се болни од рак. Дали ти во тој случај ќе отидеш кај нив да им дадеш од лекот и да ги спасиш, или пак ќе си го стиснеш себично во рацете лекот и ќе си избегаш во некој манастир со него и таму ќе си плетеш бројаници и ќе си црташ икончиња додека твоите роднини и пријатели умираат таму доле во светот?
Баш ме итнересира што ќе направиш DDarko.
 
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2009 во 07:01
Ne e samo deka si zatvoren megju 4 zida, tocno deka poveketo vreme go pominuvaat vo manastir, no i tie rabotat isto taka, bash im e ubavo, shto im fali na monasite na primer na manastirot Sv Jovan Bigorski, tamu e super ima dosta svez vozduh, dobra zemja za obrabotuvanje, a i prekrasno e da go iskoristime celoto vreme za Gospoda Isusa Hrista, Toj za nas mozese da umre i na tretiot den da voskresne i nie treba da mozeme da se posvetime na verata sto poveke i poveke!
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2009 во 04:00
Monashkiot zhivot ne e ekskluzivnost samo na hristijanskata vera. Toj postoel iljadnici godini pred nea i postoi vo site drugi veruvanja i religii.

Toa e samo pomoshno sredstvo pri medirtiranjeto ili pronaogjanjeto na Boga vo sebe (stavete mu kakvo sakate obelezhje spored bash*te veruvanja...).

Rabotata e sto chovek ne mora da se izolira na Himalite ili vo nekoj manastir vo planina za da go stori toa. Istoto se postiga i doma, vo soba, sedejki na stolica... Potrebno e samo cvrsta volja i zhelba da se stori toa...



Изменето од Messenger - 14.Септември.2009 во 04:00
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2009 во 00:45
Originally posted by Logos Logos напиша:

темата е доста добра и мене ме интересираат некој работи во врска со монаштвото. моето мислење е дека тоа представува еден вид на симболично продолжување на 40-от дневениот пост каде Исус бил искушуван од злото(ѓаволот)за да на крајот не подлегне и целосно остане со бога?
 
Не знам од каде би произлегло ова симболично продолжување, но сигурен сум дека не произлегува од Христовото учење.
Христос никаде не заповедал Неговите ученици да одат ниту 4 дена во пустина, ниту 40, а камо ли пак цел живот како што тоа го прават монасите изолирајќи се во манастири кои се оддалечени од цивилизацијата.
 
Напротив Христовата заповед е ние, христијаните, активно да го проповедаме евангелието меѓу луѓето, одејќи кон нив, а не бегајќи од нив и поминувајќи поголем дел од времето со бувовите.
 
одејќи, проповедајте и кажувајте дека се приближи царството небесно." (Исус Христос во ев. Матеј 10:7)
"Така одејќи, направете ги сите народи Мои ученици" (Исус Христос во ев. Матеј 28:19)
"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание!" (Исус Христос во ев. Марко 16:15)
"Ве испраќам како овци меѓу волци; затоа бидете мудри како змии и безопасни како гулаби." (Исус Христос во ев. Матеј 10:16)
"Врвете по Мене и Јас ќе направам да станете рибари на луѓе!" (Исус во евангелие по Марко 1:17)
(Рибарот не ја става јадицата на брегот и не се моли рибите да скокаат од водата на брегот по неа, туку ја фрла во водата)
 
Исто така и во параболата за сејачот кој го сее семето за кое Исус експлицитно кажал дека го претставува Божјото Слово, Тој на почетокот рекол:
"Излезе сејач да сее свое семе... А ова парабола значи: семето е Божјото Слово." (Исус Христос во ев. Лука 8:5,11)
 
Од сите овие поуки на Господ Исус Христос можеме да видиме дека христијаните треба да ИЗЛЕЗАТ и ОДЕЈЌИ да проповедаат меѓу луѓето од овој свет и покрај тоа што честопати тие знаат да бидат ВОЛЦИ, а не да се замонашуваат во манастири, и пасивно да чекаат луѓето да дојдат кај нив.
 


Изменето од EvAngelos - 14.Септември.2009 во 00:50
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Септември.2009 во 21:50
Originally posted by Logos Logos напиша:

темата е доста добра и мене ме интересираат некој работи во врска со монаштвото. моето мислење е дека тоа представува еден вид на симболично продолжување на 40-от дневениот пост каде Исус бил искушуван од злото(ѓаволот)за да на крајот не подлегне и целосно остане со бога?



Izvini vaka, no da ne razmisluvas da stanes monah?
Кон врв
Logos Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Септември.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 67
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Logos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Септември.2009 во 21:15
темата е доста добра и мене ме интересираат некој работи во врска со монаштвото. моето мислење е дека тоа представува еден вид на симболично продолжување на 40-от дневениот пост каде Исус бил искушуван од злото(ѓаволот)за да на крајот не подлегне и целосно остане со бога?
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Септември.2009 во 20:18
Добра вечер и пријатно дружењероза

Читајќи го преубавиот текст и мене ми се наметнаа истите прашања.

1. Прво, тага. Дали навистина монахот го минува својот живот, меѓу другото и во тага?
Христијанството е Радост, Евангелие значи Радосна Вест. А не тага.
Дали е тоа “омашка“ на новинарот или е навистина така?

2. И еднаш порано го поставив ова прашање-дали монахот по замонашување се гледа со родителите и колку често, дали има некои ограничувања?

3. Зошто родителот тажи?

4. И нешто кое сега ми текна: како вие (јас) би реагирале еден ден вашето дете да реши на овој начин да Му служи на Бога?

МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
Rita.MD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 719
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Rita.MD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Септември.2009 во 00:21
Originally posted by Момче Македонче Момче Македонче напиша:

Реален сум, но тие имаат доста активности, родум сум од мијачко реканскиот крај, сум одел доста-пати натака, ова се возрасни луѓе, знаат со што се соочуваат и сами избираат, никој не ги принудува. Деновите им се исполнети, како со молитви, така и со најразлични активности, цртаат, ракотворби... Што се однесува до нивната изолираност, често сум ги видел и по градови, пред една недела со монас од манастирот Бигорски со кој се познавам се видов во Мекдоналдс :) Значи и не се до толку изолирани :)
А најубавата работа што може да ни се случи не е посветувањето на бога, туку создавањето семејство и грижата околу него    


Колку ли луѓе имаат семејства, успех, слава, убавина, кариера..., а сепак се одвнатре празни? Зашто посегнуваат по алкохол, дрога, коцкање, па дури и по сопствениот живот? Зарем тоа не им е доволно? Зашто толку им подлегнуваат на пороците?

Многу луѓе се во потрага по духовното: спиритуализам, окултизам и слично, но задоволството од тоа трае кратко и обично завршува кобно. Сметаат дека ако му се посветат на Бог ќе изгубат многу "слободи" и ќе живеат во рамки на строги правила (од кои нема фајде) за нечии ќеф.

Има една празнина која само Бог може да ја пополни и да не направи да се чувствуваме комплетни и задоволни. Ако го бараме Бог и ќе го најдеме. Тогаш ќе бидеме променети луѓе, Божји чеда и ќе имаме вечен живот. Ако тоа не е доволно, за да се откажеме од телесните и световните задоволства-ништо друго не е.
A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
Кон врв
izvoren Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 700
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај izvoren Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Септември.2009 во 00:13
     Во секој случај голем дел од животот го поминуваат изолирани.

  Бидејки толку многу се посветени на Бог, тоа време нека го потрошат мегу народите проповедајки ја Христовата наука.

 




Исус и рече: „Нeли ти реков дека ќе ја видиш Божјата слава, ако веруваш?”
Кон врв
Момче Македонче Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 16.Август.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 378
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Момче Македонче Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Септември.2009 во 00:06
Реален сум, но тие имаат доста активности, родум сум од мијачко реканскиот крај, сум одел доста-пати натака, ова се возрасни луѓе, знаат со што се соочуваат и сами избираат, никој не ги принудува. Деновите им се исполнети, како со молитви, така и со најразлични активности, цртаат, ракотворби... Што се однесува до нивната изолираност, често сум ги видел и по градови, пред една недела со монас од манастирот Бигорски со кој се познавам се видов во Мекдоналдс :) Значи и не се до толку изолирани :)
А најубавата работа што може да ни се случи не е посветувањето на бога, туку создавањето семејство и грижата околу него    

Изменето од Момче Македонче - 13.Септември.2009 во 00:06
„Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“ - Гоце Делчев
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1819202122 97>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,398 секунди.