![]() |
|
Ваша песна,состав или што било напишано |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1819202122 138> |
Автор | |
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Течат од душа реки
реки ненапишани-неискажани само во мисли прегрнати го чекаат својот миг. Очиња со боја на длабоко море пред себе и сега ги гледам. Солзи сакам да им испијам во преграт да те земам. Толку слепа и себична сум била та само зедов се што ми даде, несвесна дека само тоа кое се дава е единствено што е твое. Желна и жедна за љубов, за душа сродна-мила те испив до дно без да ја видам тагата што во тебе се свила. Слепа при очо две-невидов. Нема при усни безобразни-непроговорив. Го испив споменот драг-пресуши. Те оставив во далечини празни-заминав. Со себе те понесов душа ти заробив за ден два ли беа.... или повеќе,а сепак ми останаа како еден единствен. Спомен на душа од брат за сестра подарок од срце за жена од маж Живот на дете од дете споени во едно засекогаш. |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Сакам да ти напишам
толку многу работи, а стојам како статуа пред белилото на хартијата. Нема е ракава грешна пред толкава белина-чистота, а секоја буква моја е само грд спомен на мене. Се гледам себе пред тебе те гледам тебе-мал, стуткан во столчето како дете натрапник. И небаре јас сум таа-безгрешната која треба да ти суди и пресуди. Небаре почиста е душава моја од малата солза твоја. И се издигнувам "гордо" над тебе Јас-грешница, а ти не си тој кој каменот прв го зема. Ти-рака божја-мила во закрила што ме земаш. Јас грда слика на гордост изгазена-невредна. Изменето од butterflyM55 - 22.Август.2010 во 19:56 |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
bijonse1 ![]() Сениор ![]() ![]() bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() ПРОКЛЕТ ЗЕЛЕН СЕМАФОР Иде раскрсница .....упсссс полека успорувам.....умешност е да не застанам, само внимателно да ја поминам.....се преслушувам но!?!.....не зависи од мене.....не!! никако !! Идат одпозади .....упсс успорува и пред мене.....опколена сум, само паметно да се движам.....се надевам но!?! .....не зависи од мене.....не!! никако!! Наеднаш тишина.....лер состојба сончевиот зрак ме заслепува.....се препотувам, само трпение треба.....издржувам но!?! .....не зависи од мене.....не!! никако!! Идат чекори.....избледена зебра сенка пред моите очи.....морници некаде во мене, само дланка на шофершајбна.....се збунувам но!?! .....од кого зависи??.....се прашувам?? Мааа ајде, јас не сум таа.....доминантен поглед си имам јас па иде малку горе,па иде малку доле.....ми годи, како во трета да сум??.....прва педала силно притискам конечно!?! .....зависи од мене??.....да!!да!!од мене секако!! Страничната бариера ја остранувам.....главата ја подавам опоен парфем на пастув ме обзема.....го упивам, нежна дланка на лице ме занесува.....замижувам но!?! .....све од него зависи.....да!!да!!од него секако!! Силна свирка ме освестува.....псовки далечни дослушнувам дланката исчезнува.....зелено светло ја заменува, гледам лево,десно , недогледувам.....гасот ме покренува но!?! .....зависеше ли од нас??.....не!!не!!никако!! ![]() ![]() Изменето од bijonse1 - 23.Јули.2010 во 23:32 |
|
![]() |
|
bijonse1 ![]() Сениор ![]() ![]() bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() Еклипса Знам , ти сакаш силна светлина.......јас сакам полутемница, сонце на твое лице , месечина на мои усни еклипса не дели или соединува... Знам , ти сакаш полека ......јас сакам брзо, пупка кога се отвара , цвет кога се затвора деноноќие не дели или соединува... Знам , ти сакаш влажно ......јас сакам суво, морски бран надојден , сув песок при осека ветерот не дели или соединува... Знам , ти сакаш мирис.......јас сакам вкус, блед акт во огледало , амфас сенка на ѕидот одсјајот не дели или соединува... Знам , знам ....ти сакаш срце.......јас сакам душа... *** Eclipse I know you want a bright light ....... I love the halfdarknes, sun on your face, a moon of my lips eclipse does not share or combine ... I know you want slowly ...... I want fast, bud when it opens, when the flower closes day and night does not share or combine ... I know you want wet ...... I love dry, sea wave overfl, dry sand at ebb tide wind does not share or combine ... I know you want ....... I love the smell, taste, pale nude in the mirror, amfas shadow on the wall does not share or reflect together ... I know, I know .... you want heart....... I love heart soul Изменето од bijonse1 - 13.Јули.2010 во 22:48 |
|
![]() |
|
Anarchy ![]() Сениор ![]() ![]() Фатенко Регистриран: 19.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 6676 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Има една песна,
која кога се слуша, се слуша само таа и ништо друго. Има една песна, која кога се пее, се пее на цел глас, со целата своја душа. Има една песна, која кога се свири, не смее да се згреши ниту една нота, иако рацете треперат по жиците од гитарата. Има една песна, за една сакана, која кога се слуша, пее, свири, исто како да е до мене мојата сакана. ама не е... ![]() |
|
![]() |
|
Anarchy ![]() Сениор ![]() ![]() Фатенко Регистриран: 19.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 6676 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Би те галнал
би те пипнал ама баш насекаде дур очи не ти светнат дур воздух не ти зафали дур ко еже кожа не ти се стори. Би ти го дал цел свет до самиот крај двајца сведоци кај само ќе има би ти го свирнал најнежното музиче ушиња дур не ти се вцрвенат од шарки би те извадил дур цивкаш и пискаш да поминам цел каде влагата е блага. Велиш време не е баш сега и тука и кој знае дали и денот е за тоа што ми преостанува се плеснувам по чело ме боли и лелекам а толку пати те плеснав а ти никогаш не се пожали. |
|
![]() |
|
bijonse1 ![]() Сениор ![]() ![]() bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() Скриена сум таму некаде во крошната на дрвото... чекајќи момент да дувне силен ветар и да полетам... Ти си тука гордо шеташ по таа ламарина која сонце ја грее... Не можеш да ме видиш црна сум можеш само по гласот рапав и пискотлив во монологот мој...... Те следам како само возвишено стоиш сребрен сјај од твоите усни симбол на мирот и љубовта.... Да ти се доближам страв ми е да не одлеташ јас толку груба а ти толку нежен..... ти сив гулаб.... а јас чавка црна... Изменето од bijonse1 - 17.Мај.2010 во 23:52 |
|
![]() |
|
bijonse1 ![]() Сениор ![]() ![]() bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Дилема,прашање,одговор...дилема кога врне дожд и тмурно е све... дали да се сокријам под чадор.... гледајќи само пред мене.... или да погледнам нагоре.... како моето тело ги впива капките.... прашање кога сонцето сјае , во свој зенит е...... одбираш зелена трева легнат сјајот да го гледаш .... или се огледуваш во одсјајот од езерото сино.... или едноставно ги затвораш очите...... да ја осетиш топлината на одсјајот... одговорсонцето ќе ги пробие тмурните облаци...капките дожд ќе се исушат пред да паднат.... мирисот на зелената трева и езерско синило... ме занесоа затворајќи ги очите... ја осеќам топлината на одсјајот.... на твоето тело п.с. со кликање на насловите добиваш подобар дојам..... ![]() Изменето од bijonse1 - 20.Април.2010 во 23:21 |
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Кога би знаела
слатка колку си сама би си го правела тоа што сакам јас немаше да ти требам ама не знаеш мислиш сладок сум среќа моја перверзна си штом ме сакаш и сакаш да ми го правиш она што не би сакал сам да си го правам мислиш дека сум најдоброто светот што пружа не знаеш дека ти си најслаткото што се пружа. |
|
![]() |
|
Anarchy ![]() Сениор ![]() ![]() Фатенко Регистриран: 19.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 6676 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Утро веќе беше, а јас како по обичај се уште не спиев, седев и работев
нешто на компјутер. Затемнета и зачадена соба, расфрлени предмети
насекаде, нешто што не било вообичаено за мене, но сепак таков период,
во кој што долго време бев западнат. Чудно, ми текна да излезам на
тераса, по подолго време тоа беше сончево утро. Кафенцето спремно,
среќен бев што после долго време видов сонце. Предходно деновите ги
преспивав, живеев само во ноќите. Тоа утро видов повеќе луѓе, отколку во
целиот изминат месец. Кој одеше на пазарење, кој го средуваше дворот,
кој се спремаше за на работа...
Она што остави длабоки траги во мене, длабоки промени за она како го живеам мојот живот, беа моите алишта кои беа оставени на сушење на терасата. Сите беа црни. Идентично одговараа со периодот во кој што минував, депресиве, црн, меланхоничен. Без ниту една причина, се наоѓав во таа ситуација. Понекогаш самите заглавуваме во ќорсокак, без да знаеме за тоа, без да знаеме каде не води тој пат и без да знаеме каде сакаме да одиме воопшто. Ги собрав црните алишта што дотогаш ги носев и ги затворив во еден плакар за никогаш повеќе да не ги облечам. Слична работа која ја забележав беше музиката која што до тогаш ја имав на мојот компјутер. Само некоја депресивна, бед музика. Ми светна една мисла во главата, дека светот е таков каков што ние го замислуваме, а не каков што го гледаме. Не секогаш можеме да го видиме, она што го гледаме. Ако до ден пред тоа, го окривував цел свет дека е против мене, дека местото каде живеам не чини за мене, дека луѓето кои се покрај мене шират негативна енергија, тој ден сватив дека не е така, така јас ги разбирам тие работи. Дека колку и да е лошо, не може да влијае на мене, ако јас немам негативни мисли и негативна енергија. Всушност, енергијата, онаа негативната, излегувала од дното на мојата душа, без јас да приметам. Јас сум бил онај кој што ширел негативна енергија врз останатите, онај кој што правел лоши работи, а за целото тоа време сум ги окривувал другите. Како да тапкав во место, ништо ново не ми се случуваше, или ништо од она што јас посакував. Се остануваше исто, сами брчките на моето лице се зголемуваа, задлабуваа. За воља на вистината, тоа беше прв и единствен период од мојот живот, кога сум имал такви размислувања, сваќања за животот. Нешто непознато за мене, со кое што дотогаш не сум се сретнал и нешто со кое што подолго време не можев да се носам и справам со истото. Лошо е кога она во кое цврсто веруваш, се испостави дека не е така и се урива врз тебе како кула од карти. Се она што дотогаш си градел, сега веќе го нема. Останува само правот, присутен во голема количина, кој ако не знаеш како да го раздуваш, може многу лесно да те задуши и сеуште да не го видиш она што треба да го видиш, она што е реалното. Она што јас не го видов, дека покрај мене има луѓе кои што ме сакаат и ценат, кои што живеат, работат, за мене, за јас да имам подобра иднина. Мило ми е што сега, барем така мислам, го разнесе ветрот сиот тој прав, кој што ги препречуваше моите видици, што ги гледам работите објективно, непристрасно. Мило ми е што тој тежок период помина, што повторно ми се вратија позитивните мисли и енергии, ентузијазмот, кој што дотогаш беше една од најкарактерните мои особини, мило ми е што ја повратив самодовербата, дека секој одлучува за самиот себе. На крајот, се минува, се` се менува. Период во период, нов ден, нови работи. Самите тие периоди оставаат нови траги и делумно ги затскриваат старите траги во нас, оставаат нови лузни, брчки, кои што секогаш ќе ги носиме во нас, но секогаш ќе можеме да ги промениме, затоа што Panta Rei! |
|
![]() |
|
Glenn ![]() Сениор ![]() ![]() Тата-Мата Регистриран: 14.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 3166 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Одев во спротивниот правец на ветрот. Дуваше, ми ги кинеше алиштата и ми го скрши чадорот. Патеката беше тесна за нас двете а камчињата ни ги скокоткаа моите ѓонови и нејзините меки перничиња на секој чекор.
Ситни капки од морето ми ги бодеа очите и ми ги солзеа. Песок како јато се воздигнуваше високо во небото небаре рапаметени птици беше. Дрвјата гласно шумеа и воздивнуваа од налетите на новопечената бура.
Галебите крештеа непријателски додека како стари пијаници се трудеа да го одржуваат правецот во кои се упатиле.
Две кафеави џукелски очи ме погледнаа тажно и со прашалник. Црното крзно почна да и се мрси и претвора во вијуги од влагата која и ја освокуваше кожата.
Реков: У.П.М Куцо, ја утнавме прогнозата за денеска, ајт ние рикверц дома, ќе шетаме друг ден.
И така покиснати го напуштивме паркот.
|
|
Beauty fades, dumb is forever
|
|
![]() |
|
Lithium ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 01.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9407 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
...Откако поминавме низ тесните улички и се разминавме со десетици луѓе
стигнавме до нашата крајна дестинација. Не беше планирано, всушност
ништо не беше осмислено да се случи, се` си течеше по некој свој
замислен редослед...нозете си имаа некоја своја намера, некој свој пат
по кој што требаа да не водат, а телата беа полни со некакви чудни
чувства и емоции кои само го создаваа она чувство на една блага
позитивна вознемиреност, возбуда или среќа?....
За сето тоа време, неговиот милозвучен глас го надополнуваше мојот, неговите мисли ги надополнуваа моите, а сето тоа предизвика едно обострано задоволство завиткано во насмевки...Звуците на нашите чекори по патот се надополнуваа еден со друг, како да чекоревме со еден ист ритам, со една иста хармоничност која ја исполнува душата со светлина и за пренесува таа светлина и на другите околу нас...просто се шири од еден човек на друг, како да е заразна... ...Нозете сопреа, тука беше крајот, потребен беше одмор, потребно беше едно смирување на брзата работа на срцето, потребен беше разговор, а се` некако како да можевме да претчувствуваме што следеше наредно и главната дилема беше To be or not to be? Погледите ни се насочија кон запад каде што сонцето веќе полека, но сигурно заоѓаше, оставајќи зад себе снопови од златно-жолти зраци и им даваше некоја топла портокалово-црвена боја на облаците и на небото...Чиниш таму далеку и небото гори од љубов... “Да се предадам или сеуште да се трудам да се борам со за мене несовладливите емоции?“ Доволни беа само три зборови...три зборови коишто и сега ми одѕвонуваат како најјасен звук во моиве уши....три зборови кои беа доволни да се предадам на благодетите на новата љубов којашто и те како беше на повидок... И да, посилно беше од мене, ме совлада, паднав поразена, борбата со емоциите ја добив, но војната не! Фалеше само уште едно бело знаменце на коешто ќе истакнев дека тука е крајот, но и тука е почетокот на еден за мене нов животен предизвик ![]() |
|
You think you are perfect? Well, try walking on water...
|
|
![]() |
|
kejt-d-grejt ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1819202122 138> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |