Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 31.Октомври.2014 во 21:54 |
СКАЛА ДЕИ ТУРЧИ: НАЈУБАВАТА ПЛАЖА НА СИЦИЛИЈАСкала деи Турчи (во превод „турски скали“ е карпеста плажа на брегот на Реалмонте, во близина на градот Порто Емпедокле, на југот во Сицилија, Италија. Поради нејзината необична бела боја, како и по честото спомнување во детективските дела на писателот Андреа Камилери, плажата станала туристичка атракција, а исто така е предложено и да се вброи во заштитените предели на УНЕСКО. Плажата го добила името по многуте напади на турските гусари кои во минатото го ограбувале регионот, како и по необичниот изглед кој потсетува на бели скали кои се извишуваат од морето.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Јуни.2014 во 17:30 |
Плажата скриена под ѕидините на живописниот велшки брег Тенби е прогласена за најубава плажа во Европа, надминувајќи ја конК*ренцијата од Португалија, Хрватска и Италија. Квалитетот на водата, убавата околина и мислењето на посетителите на плажата Харбор во Тенби (Пемброкшир) ѝ го донеле првото место во Европа, соопштила туристичката организација „European Best Destination“. Тенби, на околу 140 километри од Кардиф (Велс) е стар средновековен град заобиколен со ѕидови и има 3 песочни плажи, долги 4 километри. Минатата година Тенби ја освоил наградата „British Travel Awards“ во категоријата најдобри британски приморски летувалишта. Праја де Кова, на јужниот брег на Португалија и Златни Рат на јужниот брег од островот Брач, го освоиле второто и третото место на листата од 15 најубави плажи во Европа. Плажата Изола Бела во Таормини (Сицилија) го заземала четвртото место. Исто така и некои други плажи во Италија и Шпанија се нашле на листата, а покрај нив и плажите во Франција, Кипар, Грција, Шкотска и Германија. Плажата Бара на островот Бара (Шкотска) се наоѓа на последното петнаесетто место. Западниот дел на островот може да се пофали со бели песочни плажи полни со школки, плодно околно земјиште, но и карпести делови.
Изменето од Valerija - 12.Мај.2018 во 06:40
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Јуни.2014 во 11:57 |
Десетте најубави плажи во Европа за 2014 Harbour Beach, Тенби (Велс) Praia da Cova, Сесимбра (Португалија) Zlatni Rat, остров Брач (Хрватска) Isola Bella, Таормина (Сицилија) Los Canos de Meca, Коста-де-ла-Лус (Шпанија) Grande Plage Biarritz, Биарриц (Франција) Île Vierge, Бретань (Франција) остров Порто Санто (Португалија) Агија-Напа (Кипар) Зилт-Ост (Германија)
Изменето од емил - 11.Јуни.2014 во 12:05
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Јуни.2014 во 11:02 |
Факт е дека нема плажа на која ќе успеете да и одолеете, но има нешто посебно во оние скриените, мистичните местенца, колку и да се малечки. Барем во Европа, таквите скриени плажи ги има во изобилие, а ако сте доволно среќни да отпатувате на една од овие дестинации, задолжително посетете ги следниве: Es Trenc, Мајорка До оваа плажа не можете да стигнете со автомобил, но патот дефинитивно ќе се исплати. Километарската плажа со бел песок која се среќава со азурно синото море е глетка во која ќе сакате да уживате со денови. На тоа додадете 40 степени и вкусни коктели - и веќе сте таму со мислите! Formentera, Ибица
Западниот дел од Медитеранот крие неповторливи убавини, а едно од нив дефинитивно е островот Formentera. Идеален е за опуштање, но и за оние кои бараат малку забава. Црвената плажа Cala Saona не смеете да ја заобиколите ако сте љубител на нуркањето. А, кога ќе ви досади излежувањето на плаќа, секогаш можете да се развозите околу островот. Arrifana, Португалија
Релативно мала плажа, од половина километар која е рај за сурферите. Брановите овде се посебно доживување. А, ако сте заинтересирани за помирен одмор тука се малечките ресторани кои ќе ве послужат со свежо уловена риба и морски специјалитети. Calanques, Франција
Француската ривиера е позната по гламурот кој го нуди, но ако сакате да ги избегнете гужвите, упатете се кон плажата која ќе ви понуди долг, песочен брег под стрмите карпи. Vouligmeni to Sounio, Атина
Тешко е да се одлучите само за една од многуте прекрасни плажи околу Атина, па подобро е да го разгледате целиот брег. Таму ќе пронајдете огромен број на минијатурни, скриени плажи. Thymari е само една од многуте кои ќе ви понудат совршено мирно море и голем број на ресторани покрај брегот. El Saler, Валенсија
Ова е една од ретките плажи кои се наоѓаат во национален парк, па можеби и затоа важи за една од најпрекрасните. Тука ќе можете да уживате во постојаниот западен ветар, големиот број на сурфери, а сите кои сакаат летна рекреација може да ги истражуваат долгите песочни патеки. Pinarello, Корзика
Со 2 километри бели песочни плажи, оваа плажа е од оној тип на места од кои едноставно не сакате да заминете. Тука се наоѓаат 6 ресторани во кои може да уживате во морски специјалитети со поглед кон божественото тиркизно море. Kelebekler Vadisi, Турција
До тука ќе стигнете само со брод или пешки по стрмна патека. Овој залив се смета за една од најголемите турски тајни, па ако сте авантурист кој ја истражува природата - ова е идеалното место за вас. Дури кога ќе се изморите од истражувањето можете да се нурнете во азурното море или под некој од двата малечки водопади.
Изменето од Valerija - 12.Мај.2018 во 06:41
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Април.2014 во 17:02 |
Bournemouth Beach, Борнмут, Велика Британија
Изменето од Valerija - 12.Мај.2018 во 06:41
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 08.Април.2014 во 09:39 |
МАГИЧНО: НАЈУБАВАТА ПЛАЖА НА СВЕТОТ НАРЕЧЕНА “ЅВЕЗДЕНО НЕБО“Природата честопати не изненадува со најразлични природни феномени. Тешко е да поверуваш дека ова навистина постои во реалниот свет. Играта на светлината на овој малдивски остров е причина плажата да изгледа вака, па затоа и е наречена “Ѕвездено небо“. Без разлика што фотографиите кои следуваат во галеријата ќе ви изгледаат како делови од бајка или успешен фотошоп, вистината е дека оваа плажа е реална и изгледа буквално вака: Виновниците за сината светлина на плажата Вадху на Малдивите се фитопланктони. Тие создаваат биоилуминација или биолошка светлина.
Изменето од Valerija - 08.Април.2014 во 09:39
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 04.Април.2014 во 17:29 |
Велика Британија ги има едни од најубавите плажи во светотПрекраното пространство на песок во Велс е прогласено за најдобра плажа во Велика Британија, а трета по ред најдобра во Европа- и деветта најдобра во светот. Росили Беј во Говер ги победи конК*рентните плажи од Дорсет, Корнвол и Шкотска и се обезбеди со прво место во Велика Британија. И огромната 3-километарска плажа успеа да ја подобри својата позиција во десетте најдобри плажи во светот- во кој беа вклучени Австралија, Сејшели, Турција и Кипар- од десетто на деветто место. Погледнете ги останатите прекрасни и чудесни плажи во Велика Британија.
Изменето од Valerija - 12.Мај.2018 во 06:39
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 04.Април.2014 во 17:00 |
Плажата Ланикај во Хаваи
Изменето од Valerija - 04.Април.2014 во 17:00
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 27.Март.2014 во 22:13 |
Плажи од кои застанува здивот…
Ако не знаете каде можете да отпатувате ова лето, можете да се одлучите за некои од овие дестинации. Погледнете ги плажите од кои застанува здивот… Ангра дос Реи, Коста Верде Една од најнедопрените плажи на светот се наоѓа во Бразил. Плажата Ангра дос Реи (Angra dos Rei) има спектакуларна убавина и приватност. Повеќе од 200 километри плажа со раскошна убавина ќе ги задоволи сите ваши сетила и ќе ви приреди рајски одмор. Вистинско место за да се почестите. Лас Теренас Гратчето Лас Теренас (Las Terrenas) во Доминиканската република се простира на 225 квадратни километри и на секој агол има што да понуди. Во светот најпознати се плажите Плаја Бонита (Playa Bonita) и Плаја лас Балерас (Playa Las Balleras). Пунта Кана Пунта Кана (Punta Cana) исто така се наоѓа во Доминиканската република, во подрачјето Ла Алтаграција. Позната е по најмногу хотелски комплекси во светот, со повеќе од 28.000 соби. Застапеноста на речиси сите водени спортови, егзотичната убавина, многубројните студенти од Канада и од Америка што доаѓаат тука, придонесуваат за развојот на ова место. Островот Ваагали, Малдиви Островот Ваагали (Vaagali) се наоѓа на Малдивите. Многу популарна локација за страсни нуркачи поради богатиот морски свет. Сите спортови на вода се на располагање и претставуваат одлична атракција. Иако мал, овој остров има феноменални атракции во текот на целиот ден. Плажа Ринкон – Порторико Плажата Ринкон (Rincon) е следната дестинација што ќе ја издвоиме. Сместена е во Порторико, украсена е со прекрасен златен песок и претставува вистински мал рај. Плажата е опколена со зеленило што дополнително му дава ефект на егзотика на ова прекрасно место. Рестораните се од прва класа и во нив ќе најдете врвна храна од целиот свет.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Kastro
Сениор
Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 26.Февруари.2014 во 19:47 |
|
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 25.Февруари.2014 во 12:24 |
Fig Tree Bay, Протарас, Кипар
Изменето од Valerija - 12.Мај.2018 во 06:40
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 25.Февруари.2014 во 08:43 |
Anse Lazio, Праслин, Сејшели
Изменето од Valerija - 12.Мај.2018 во 06:43
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
evangeline
Модератор
Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 21.Февруари.2014 во 10:09 |
|
|
|
Schatzii7
Сениор
Unglaublich
Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 08.Декември.2013 во 19:01 |
Најубавите плажи на Балканот
Сигурно се прашувате кои се најубавите плажи на Балканот. Изберете ги најубавите летувалишта во регионот за одмор. Ви ги претставуваме најубавите 8 плажи, кој никого нема да го остави рамнодушен. Плави Хоризонти, Црна Гора – Сместени се на крајот од долината Пржно. Плави хоризонти е скриена плажа на овој мал залив. Финиот песок се простира на 300 метри, а од двете страни е опкружена со карпести висорамнини. Морето е чисто и плитко, што значи дека ќе ви биде потребно некое време да отидете доволно далеку како би можеле да пливате. Лубенице, Хрватска – Оваа бела каменеста плажа е сместена во заливот во близина на селото Лубеница на Хрватскиот остров Цреса. Опкружена е со стрмни карпи и им обезбедува на посетителите мир и тишина. Меќутоа, постоењето на карпи значи дека до плажата можете да стигнете на 2 начина, или со чамец или преку стрмните и остри карпи. Златни песоци, Бугарија – Една од најатрактивните дестинации за поголем дел туристи од цела Европа и една од најубавите плажи на Црното Море, се наоѓа на неколку километри од Варна. Плажата стекнала популарност благодарение на широките песочни предели со прифатливи цени. Иако самата плажа е преубава, водата на Црно Море и не е така импресивна. Морето е чисто, ама е темно, нема солена арома во воздухот, така да немате осет дека се наоѓате на море. Плажа Ксамил, Албанија – Малото приморско село Ксамил има убави песочни плажи а се наоѓа во јужна Албанија. Преку водата постојат неколку мали островчиња, од кој секој има сопствен бар. Островчињата не се далеку од копното. Водата е чиста, не е премногу ладна а не е ни длабоко. Предност е што скоро никогаш нема гужва и затоа може да биде причина таму да го поминете својот одмор. Краљичина Плажа, Црна Гора – Оваа плажа се наоѓа на само 1 километар од познатото место Чањ во Црна Гора, а го добила името по кралицата Марија Караџорџевич која овде го поминувала летото. Оваа плажа има 120 метри префинет златен песок, украсен со чемпрес и маслинки како и тиркизно плаво море. Златни Рат, Хрватска – Златни Рат е една од најубавите плажи на Јадранот. Сместена е на јужната обала на островот Брач во близина на градот Бола. Оваа плажа ви дава осет како да има свој сопствен живот. Опкружена е со чиста, ладна вода и убав мирис на борови. Мешавината на ароми од солта и боровите ќе ве прати каде и да отидете. Дерми, Албанија – Дерми можеби не е стилизирано место, али секако нуди единствен рустичен шарм. Ова јужно албанско село се наоѓа на 3 саати возење од Тирана, а покрај главната плажа постојат и оние кои се малку подалеку, ама па затоа се и многу поубави. Ада Бојана, Црна Гора – Ада Бојана се простира на 3 километри и е една од најпопуларните црногорски дестинации. Се наоѓа на речен остров опкружена од двете страни: реката Бојана од една страна и Јарданското море од другата страна. Овој остров е познат по 2 работи: по најголемата нудистичка колонија во земјата и по најдобрите ресторани со морски плодови.
|
|