|
ЦЕЛИБАТ |
Внеси реплика | страница <1234 16> |
Автор | ||||||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Можеш да ми посочиш цитат каде Иренија бара сите Епископи да не бидат женети? Доколку било така, немало да застане зад автентичноста на посланијата кои ги пронашол, а каде се говори Епископот да биде женет со една жена. Зарем самиот ќе си противречел? Ирениј пронашол посланија, за кои науката смета дека не се Павлови посланија, токму така. Но, тие не ги фалсификувал Ирениј и тоа науката никаде не го тврди. А за улогата на жените во Црквата, пак ќе кажам, говори и св. Апостол Павле, не само Ирениј. И Ирениј не бил единствен во сите тие нешта за кои го обвинуваш. Сегрегација на еретиците не барал само Ирениј, туку уште во Октровението стои истото. |
||||||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Popravka na kazhanovo za da ne se dobie pogreshen zkluchok: Irenij bil nezhenet i tokmu toj bil najglasniot pobornik da se postavi tradicija na biranje nezheneti episkopi, da se segregiraat hristijanskite vernici vo crkvata i na zhenite da ne im se davaat nikakvi sveshtenichki pozicii vo crkvite pod negovata jurisdikcija. I ushte neshto mnogu povazhno, Irenij ne pronashol del od Pavlovite poslanija bidejkji toa ne se Pavlovi poslanija tuku falsifikati potpishani so negovo ime koi na urgiranje na togash mnogu vlijatelniot Irenij morale da bidat prifateni kako verodostojni od crkvite so koi upravuval toj. Od taa grupa crkvi i vernici potoa se razviva Katolichko-Pravoslavnata Crkva koja gi nasleduva ovie "Pavlovi pisanija" kako verodostojni dokumenti. Za srekja, denes ja znaeme vistinata za niv i za politikata na Irenij. |
||||||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Повеќето не значи и сите. Во вториот век веќе можеш да најдеш многу неженети епископи. Не случајно и Епископот Ирениј, одговорен за наоѓањето на дел од Павловите посланија кои говорат за овие прашања, не бил женет.
Епископот можел да биде женет, но, пред да го одберат за Епископ. Штом некој бил одбран за Епископ, потоа не можел да се жени, ниту пак, доколку почине жената, повторно да се ожени. Токму тоа и значи да се биде маж на една жена. Цитатот бил толкуван буквално, па се барало Епископот да има деца, а во епископството да не му се раѓаат деца.
Не станува збор за осудување на самата сексуалната активност, туку посветување големо време на земските работи, а и за плодот на таа сексуална активност-раѓањето деца. Бидејќи се барало во времето на стекнување со епископство, Епископот веќе да женет и да има деца, не било дозволено во текот на епископството да му се раѓаат деца. Малите деца барале внимание, а истотака и Црквата.
Побарај во историските извори и види дали епископите чии жени умирале се преженувале. Нема да најдеш такво нешто. Дури и римските епископи од првите векови биле или вдовци, или женети, но со деца кои им се родиле пред да станат епископи. Не говорам за оние кои пстапувале спротивно на заповедите и развратните Папи од средниот век. Доколку не веруваш, побарај и види во што верувале раните Христијани, кога се најдени посланијата на кои се повикуваш и како се толкувани.
Конкретново пророштво се однесува на николаитите, кои не забранувале сексуални односи, но забранувале стапување во брак. Изменето од Македон - 13.Август.2011 во 14:56 |
||||||||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Библискиот стих дозволува, но православните цркви не дозволуваат. И тоа е точно.
Наспроти денешните епископи во православните цркви кои не се и не смеат да бидат женети.
Не е точно. Во раната црква (која се водела по апостолското учење) епископите можеле да се женат, тоа го дозволува горниот стих кој детално ги дава условите за епископот и никаде не забранува тој да се жени, туку напротив вели да биде маж на една жена.
Во православните цркви доколку женет маж сака да стане епископ, тој мора да се разведе од својата жена. Имало такви случаи и во Македонија. Повторно спротивно од раната црква.
Сексуалната активност со сопствената жена не е никаква нечистота, туку од Бог благословена работа. Воздржување од секс во брак е спротивно на Божјата воља: „Мажот нека ја исполнува својата должност спрема жената; а исто така и жената спрема мажот!... Не лишувајте се еден од друг, освен по договор, за некое време, за да и се предадете на молитвата; потоа состанувајте се пак, за да не ве искушува сатаната, заради вашата невоздржаност. “ (1 Коринтјаните 7:3,5 Библијата)
Не е точно. „Жената е сврзана додека мажот и е жив. Ако и умре мажот, слободна е да се премажи за кого сака, само во Господа!“ (1 Коринтјаните 7:39, Библијата) Истиот стих се однесува и за мажот. „оној кој се жени, добро прави; а оној којшто не се жени, прави подобро.“ (1 Коринтјаните 7:38, Библијата) И покрај тоа што оној кој што не се жени прави подобро, сепак и оној кој што се жени прави добро - а не грев. „Мисли ли некој дека постапува неприлично со својата девственост, ако навлегол во години, и дека така треба да биде, нека прави како што сака: не греши, нека се женат! “ (1 Коринтјаните 7:36, Библијата) Ниту епископот не греши ако се жени и може да прави како што сака - но за жал православната црква му го забранува она што Бог му го дозволува. Законот на МПЦ е над Божјиот закон. Зборот на МПЦ е над зборот на Бог. МПЦ се воздига на Бог.
Горните цитати што јас ги постирав се исто така од 7мото поглавје од првото послание до Коринтјаните и како што можеше да видиш Бог никаде не заповедува целибат за никого, а тоа се дрзнува да го прават католичката и православните цркви. „А Духот јасно вели дека во подоцнежните времиња некои ќе отстапат од верата и ќе слушаат измамливи духови и ѓаволски учења, преку лицемерството на лажливците, кои се жигосани во својата совест, кои забрануваат стапување во брак...“ (1 Тимотеј 4:1-3, Библијата) |
||||||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Наместо Маран Ата, ќе одговорам јас, цитирајќи се себе си како му одговарам на Evangelos.
А штом и во брак, Епископот не смеел да има деца, значи сепак дури и женет, јасна е работата, зарем не? Изменето од Македон - 08.Август.2011 во 18:38 |
||||||||||
Kastro
Сениор Регистриран: 17.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 11937 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
ja ne sunm za celibat ...a vie kako sakate
|
||||||||||
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
||||||||||
Rita.MD
Сениор Регистриран: 25.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 719 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Меси, па неможеш да очекуваш дека ќе ти одговорат. Моментално се зафатени со плукање по баптистичката црква. Чекај нека ги поминат и другите цркви, па можеби и ќе стасаат да искоментираат нешто. |
||||||||||
A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
|
||||||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Maran Ata, drzhi se temata ЦЕЛИБАТ.
Tuka ne govorime za toa dali baptistite imaat ili nemaat episkopi, zoshto nemaat i dali treba da imaat. Prashanjeto na EvAngelos e validno. Dali episkopite treba da zhiveat vo celibat, zoshto crkvata go bara toa od niv, na koi avtoriteti se povikuvaa taa vo odnos na ova reshenie i dali ako nekoj treba da bide promoviran vo episkop, a e zhenet, treba da si ja ostavi zhenata? Ako znaesh odgovori, a ako ne znaesh, te molam ne ja spamiraj temata so nerelevantni repliki. Изменето од Messenger - 21.Ноември.2009 во 15:12 |
||||||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||||||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Сосема ве разбирам зошто морате да ја менувате темата
Но ајде, можеби некој трет православен ќе намине и ќе ни образложи зошто православието се коси со Библијата на ова поле. |
||||||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||||||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Кој ви е вам епископ, на Македонија? Од кога тоа баптистите имаат епископи? |
||||||||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||||||||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Баптистите си имаат епископи, женети, а оние кои се плодни си имаат и деца. Но тоа не е темата тука. Тука темата е за целибатот.
Зошто православието заповеда целибат на своите епископи, кога апостол Павле во Библијата вели: Според тоа, епископот треба да биде: непорочен, маж на една жена,... кој управува добро со својот дом и има покорни деца " (1 Тимотеј 3:2, Библијата) Дали ова значи дека православието го воздига својот глас над Божјиот Збор и и противречи на Библијата? |
||||||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||||||||
ahmar1
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 712 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
А зарем баптизмот е над библијата!? Кога сам велиш дека дава упатсва за тоа каков треба да биде епископот а баптистиет НЕМААТ ЕПИСКОПИ,ниту женети ниту неженети. |
||||||||||
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++ |
||||||||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
maria_magdalena, тука збориме за целибатот на епископите, а не за монасите. Темата околу „Божјиот монашки повик“ е интересна и ќе ја продолжам на соодветната тема.
Ајде тука да продолжиме со дискусијата околу епископите. Дали тие смеат или не смеат да стапуваат во брак? |
||||||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||||||||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Евангелос, па како вели апостол Павле, нели “едни се родени скопени, други (евнусите) се скопени од човек а едни тоа го прават заради Царството (меѓу третиве е и апостол Павле)“.
Што е тука тешко да се разбере. Монаштвото е повик, на некои им е тешко да Му служат на Бог меѓу овосветовните наслади па си го наоѓаат мирот на тој начин. |
||||||||||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||||||||||
Внеси реплика | страница <1234 16> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |