![]() |
|
ЕДИНСТВОТО ВО ЦРКВАТА И КАКО СЕ РАЃА ЕРЕС |
Внеси реплика ![]() |
страница <1234 6> |
Автор | ||||||||||||
аџија ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||
Интересно колку Библијата му е нејасна и колку му пречи на еден самонаречен „христијанин“...
|
||||||||||||
![]() |
||||||||||||
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||
Зошто драга Евангелос, па јас тоа ќе го сторам заради љубов кон Него. Зошто би ми се налутил? Ова со исклучоциве е многу смешно. Бог прави исклучоци од вечниот закон. Или нема исклучок туку таква е потребата на протестантизмот за да се сокрие дека Бога ја осветува материјата. Бог заповедал да се направат предмети и ги исполнил со Својот Дух, а заповедта се однесува на „било какви“, а не секакви. Ти веќе направи два исклучока, 1. Господ заповедал да се направат предмети како симболи на Небото, а претходно (според вас) забранил секакви 2. Исклучок направи кога рече дека Бог им наредил на Израелците да убиваат и ги ослободил од заповедта Не убивај.
Па ние Православните го бакнуваме и ТОЈ КРСТ за тоа што делови сеуште постојат и сите крстови налик на чесниот Крст. Тоа можете да ги лажете странците кога ги посетуваат манастирите за да ви плаќаат по 100ден за влезница. Добар бизнис, поставуваш едно парче дрво под стакло, а странецот со имресии го фотографира мислејќи дека Исус или Петар бил распнат на него.
Да има и шарлатани? Само шарлатаните немаше да имаат ќар да измислуваат лажни крстови ако никој досега не видел аир од вистинските крстови.
Зошто ова би било смешно? Па нели Христос го осветил Магарето и сега тоа има свето месо со чудутворна моќ и гарант и мршата не му се распаѓа - бар како што толкуваат "право"славните. Можеби! Сигурно и ковчегот на заветот, железната змија и сл. се некаде. Господ знае каде ги крие од светот. Сигурно и местото со капината е сеуште свето како некогаш. Ете видливи докази се моштите на Светителите кои се нераспаднати.
Сепак алиштата на Апостол Павле лекувале и луѓето ги чувале поради тоа. Се разбира дека на Апостол Павле му бил важен Оној кој бил распнат на Него, но сигурно и дрвото доколку можел да го види и држи немало да го уништи туку ќе го чувал и ќе плачел пред него.
Фокусот на лукавиот е да се заборави споменот на се она кое било поврзано со Бога. Да нема никаква трага за Него. Ако не ги чувавме осветените предмети, ако од почетокот немаше верници туку еретици како вас, сега после 2000 години, ќе немаше никаква трага дека тој постоел. Така што некој би ви рекол дека Христос е само во Вашите глави, нема ништо што не поврзува со Него.
Исус му рече: »Зошто ме наречуваш добар? Никој не е добар, освен единиот Бог! Дали тоа значи дека не е добар?
Човекот е направен по образот Божји! Животните не се! |
||||||||||||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
||||||||||||
![]() |
||||||||||||
EvAngelos ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||
Ќе реплицирам со виолетово...
|
||||||||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||||||||||
![]() |
||||||||||||
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||
Дали Господ би ми се налутил ако се поклонам со почит пред магарето ЗАРАДИ ТОА ШТО ТОА ГО НОСЕЛО НЕГО во Ерусалим?
Дали би ми се налутил тој и тој светец ако кога го немам физички ја бакнувам неговата слика или ќе му биде мило за тоа?
Човекот е направен по образот Божји! Животните не се! Изменето од sard - 30.Јуни.2007 во 02:11 |
||||||||||||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
||||||||||||
![]() |
||||||||||||
аџија ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||||||
![]() |
||||||||||||
EvAngelos ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||
Да го сретнам тоа магаре кое го носело Бога би го целивал до бескрај и знам дека Господ нема да ми се налути туку ќе му биде мило оти ќе знае што значи тоа. А зошто мораш да го сретнеш баш "тоа магаре" за да го целиваш т.е. извршиш магаропоклонение? Зошто не бараш да го сретнеш "тој крст" на кој Христос бил распнат за да го целиваш, туку бакнуваш и други крствови? Зошто не бараш да го сретнеш баш тој и тој светец за да го целиваш, туку се задоволуваш и со неговата слика? Зошто не си направиш икона и од магарето, па да си го целиваш, да му се поклонуваш, да му се молиш да посредува за тебе пред Бог (нели не му е потребен разум за тоа, како на лавчињата во Стариот Завет) Зошто? |
||||||||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||||||||||
![]() |
||||||||||||
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||
Протестантите од Библијата направија „икона“ (во негативна смисла на
зборот) и наместо Библијата да биде патоказ и да му служи на Бога,
Господ и служи на буквата на Библијата. Лукаво смислен сатански план.
|
||||||||||||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
||||||||||||
![]() |
||||||||||||
аџија ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||
Многу ме радува фактот што до толку се вознемири што Евангелието на овој форум продира, што ги впрегнуваш сите мозочни келии да најдеш некаков си одговор, поточно оправдание за застранувањата... Многу ме радува што сега секој ќе може да прочита низ твоите постови, дека тоа што го зборувавме цело време, не е производ на нашата суета, ТУКУ Е ВИСТИНА. Вие сте завлезени во таква збрка самите со себе не знаете што да правите, во што верувате, во што не верувате, и ЗОШТО!
Се очекував да чујам, ама да чујам дека Библијата е зло, и е всушност Збор кој го користи Сатаната, а не Бог, не очекував... Ги надмина и моите нескромни очекувања... п.с. во најгорниот пост, е кристално јасно се....прочитај го еднаш со отворен ум, бидјеќи умот не ни е даден за негирање, туку за да биде од каква-таква корист... |
||||||||||||
![]() |
||||||||||||
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||
И има ветува дека со Неговото заминување ќе слезе врз нив Господ Светиот Дух и ќе ги упати на секоја потребна вистина која нема да биде различна од она што Тој им го заповедал.
Не може да се каже ете сега се исполнувам се што е потребно, туку секогаш може уште повеќе да се открие Христос. Ако некој сака да биде Христоподобен нема граници на уподобувањето. Како што Христос е бесконечен, така и бесконечна е длабочината на потрагата во Него. Оној кој ќе го стави Христос во одредени граници затворени од сите страни Тој сака да се верува во некоја статична слика за Христос добиена со формалното толкување на буквата, а не живиот Христос. Затоа „буквата убива духот оживува“.
Да уметничките слики или обидите за фотографско доловување на Небесниот свет се погрешни. Затоа иконите не се фотографски затоа што не прават обид да го доловат физичкиот изглед туку она што верата го оддава, меѓу што е и верата во Бога на авторот кој ја изработува иконата. Иконата има строги правила како треба да биде изведена, строги правила за состојбата на авторот, строги правила кога треба да се почне иконопис со неколку неделна молитва и пост. Иконите ја изразуваат верата во Бога и од нив се пројавува Духот на таа вера.
Мене и нас Православната Христова вера не научила и ни открила. Бог не може да прави зло, така што кога ќе се случи некоја казна заради некој грев не е Бог Тој кој казнува. Казнува самиот грев. Самата природа на гревот во целокупната околина ја губи Божјата заштита и она кое чини грев ја нема повеќе Божјата заштита која го штитела од несреќа. Бог тоа го знае и може да го навести. Бог може да се закани дека нема повеќе да ја задржува силата на Светиот Дух која штити од несреќи и дека Тој ќе се повлече и казната ќе се случи самата. Тогаш Тој вели ќе те казнам, но всушност Тој не казнува туку остава на пропаста на своите дела. Самата казна доаѓа од природата која во крајна линија е произлезена од Неговата природа, така што таа казна произлегува не лично од Него туку од принципите кои излегуваат од природата според Него. Тогаш тој вели дека го казнува грешникот со тоа што повеќе нема да го штити. А самата казна природно ќе си дојде во форма соодветна на гревот. Бог е љубов и Бог не казнува. Бог не го создава пеколот, пеколот на горењето, јадот го создава самата енергија на душата која без да се храни со Божјите енергии гори и пати во себе. Тоа е пеколот. Затоа кога рационалистите го спорат постоењето на Бога, пеколот, рајот, Стариот Завет протестантите не знаат да одговорат. Затоа рационалистичката мисла ја победува протестантската и се шири атеизмот на протестантско поле. Бог народите кои тешко згрешиле пред него „им ги предава на Израелците“ а не им наредува да ги убиваат. Затоа пишува заради гревовите „земјата на која што живеат ги брка“ им ги предава на Израелците. Кога ќе се приближиш до некој град, за да го преземеш, предложи му мир. Ако се согласи на мир со тебе и ти ги отвори портите, целиот народ што се наоѓа во него, ќе ти плаќа данок и ќе ти работи. Ако, пак, не се согласи на мир со тебе, и почне да војува против тебе, опколи го; и, кога Господ, твојот Бог, ќе го предаде во рацете твои Самата земја ги брка и без тоа тие веќе би биле уништени доколку Бог сепак по милост им дарува енергија на живот и заштита. Кога Израелците одат кон својата земја прашуваат дали може да поминат и да се населат на територијата од нивните татковци. Значи Бог не им вели одете и убивајте ги туку им вели одете и побарајте им да поминете иако однапред знае дека тие нема да им дозволат. Ако читаш добро ќе видиш дека Израелците не преминуваат веднаш, Бог ги воздржува се додека први не се нападнати. Во случаите со Содом и Гомор. Градовите кои завлегле во тешки гревови Бог ги чувал од самоуништување. Кога се иставил тие биле уништени од природна појава. Како огнените топки кои паѓаат се предизвикани, привлечени од самата уништувачка енергија на гревот кој постоел во градовите е тешко да се објасни но тоа е објаснувањето. Животот на човекот му ги носи оние настани според самиот човек.
Добар обид сард, ама неуспешен. И Он рече: »Не приоѓај ваму. Собуј ги обувките твои од нозете, зашто ова место, на кое стоиш, е света земја. Ако Бог осветува материја тогаш таа носи енергија од Светиот, таа е проткаена со Светиот и ефективна за ОНОЈ КОЈ ВЕРУВА ВО БОГ. Кога одреден предмет е во допир со Светиот се осветува. Така и многу предмети од Христово и апостолско време се зачувани до ден денес. Ако тие предмети не ги почитувала првата христијанска заедница на која наводно се повикувате како останале до ден денес. Напротив тие предмети продолжувале да лекуваат и кога Апостолите биле живи и кога апостолите преминале затоа што биле осветени од Светиот Дух. Но само ако биде изразена вера во Бога. Затоа денес имаме и во Македонија мошти од Св. Јован Крстител, Св. Апостол Јаков и други Светители кои сеуште ја имаат Божјата моќ за исцелување. Како опстанале тие предмети и мошти ако првата Црква не ги чувала.
Не, пријателе мој, тоа не биле икони. Никој не вели дека биле икони. Како што пишав погоре човек може да прави икони со Свет Дух и вера кои ги има во времето на Новиот Завет. Кога првосвештеникот се молел во скинијата сигурно не се
молел произволно, туку свртувајќи се кон некој од светите предмети? Па токму тоа ние го правиме
се молиме на Бога свртени кон одреден осветен предмет, а поклоните се
акти на молитвата.
Но неопходно беше сликите во Стариот Завет да
исчезнат во Новиот Завет. Во Новиот Завет, сите пророштва, сите слики,
сите "реликвити" станаа реалност, жива приказна. Христос рече "Јас Сум
Лебот" (за кој вие зборевте во Стариот Завет), Божјото Живеалиште
(Шаторот на Средабта) се премести во Божјите избраници - христијаните,
издигнатата змија на Мојсеј во пустината стана Распнатиот Христос на
Голготскиот Крст итн. Стариот Завет се исполни во Новиот и сликите,
ритуалните обреди, свештеничките одела и куп обврски - ИСЧЕЗНАА! ниту, пак, се става ново вино во стари мевови; инаку, мевовите ќе напукаат, и виното ќе истече и мевовите ќе пропаднат; туку ново вино се става во нови мевови, па така ќе се запази и едното и другото Човек вообичаено љубовта ја изразува некако. Скоро и невозможно е да се изрази љубов без никакво надворешно дело. Изразувањето има одредена форма. Пример некого можеш да го сакаш и без надворешно покажување, ама сакањето го изразуваш во одредена форма пример прегрнување. Старите облици биле израз на стравопочит, новите облици на нашиот однос кон Бога се акти на изразување соодветни на Верата и љубовта како новозаветни. А без акти прво е и невозможно и би било како да го сакаш некого, а да не го покажеш тоа никако.
Ова нема врска со иконите, се плашам да не ја смениш темата.
Зошто не го целивате Магарето? Да го сретнам тоа магаре кое го носело Бога би го целивал до бескрај и знам дека Господ нема да ми се налути туку ќе му биде мило оти ќе знае што значи тоа.
Да, доволно ми беше да сфатам дека секој ваш изговор за иконопоклонство е еден трагичен обид да се прекрши 2та Божја заповед. Се ти е објаснето погоре. Значењата на Библијата ги откриваме низ вековите. Црквата со Светиот Дух ја толкувала нејзината комплексна материја низ вековите и ни ги разјаснувала значењата. Одделни делови навидум се сосема противречни, затоа атеистите, муслиманите, евреите и верниците на другите вероисповеди ја напаѓаат за контрадикторност. Кога ќе се открие нивното значење тогаш се станува сложно. Како може Бог Самиот да ја прекршува наредбата која ја издава? Да така изгледа, ама Црквата од Светиот Дух го добила одговорот и се е јасно. Бог не казнува, самиот грев казнува и се станува јасно. Ако се нема вистинско толкување христијанската мисла губи од атеистичката. Тоа се случи на запад каде рационалистите ги победија погрешните толкувања пред се на протестантите, а и на римокатолиците. Затоа последните векови поради тој пораз на извитопереното учење за Бога на запад безбожништвото завладеа и ги даде своите плодови во грешниот начин на живот на луѓето.
Крајниот исход е бизнис и шверц со икони, иконите го
заменуваат Бог, се претвараат во сакрални предмети што помагаат за
време на испити, обесени на ретровизорите штитат од сообраќајќи, се
создава суеверие итн итн. Доволно кажува исходот? За да правиш бизнис не ти се потребни икони. Со верата може и се прави бизнис и без икони. Протестантите од Библијата направија „икона“ (во негативна смисла на зборот) и наместо Библијата да биде патоказ и да му служи на Бога, Господ и служи на буквата на Библијата. Лукаво смислен сатански план. Изменето од sard - 30.Јуни.2007 во 01:14 |
||||||||||||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
||||||||||||
![]() |
||||||||||||
Реакт ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 22.Мај.2007 Локација: Burundi Статус: Офлајн Поени: 373 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||
Крајниот исход е бизнис и шверц со икони, иконите го
заменуваат Бог, се претвараат во сакрални предмети што помагаат за
време на испити, обесени на ретровизорите штитат од сообраќајќи, се
создава суеверие итн итн. Доволно кажува исходот?
Поздрав! Кој го тоа така вели, а?????? Каде?????? Ако нема одговори - има лаги. А еве нешто и за лагата, и тоа, замислете, библиски :Вашиот татко е ѓаволот, и вие сакате да ги исполнувате желбите на својот татко, тој е човекоубиец од почетокот и не стои во вистината, зошто во него нема вистина. Кога зборува лага (како вие протестанти и секташи што правите!), говори од себе, зошто е лажец и татко на лагата. А бидејќи Јас вистината ви ја кажав, не ми верувате (Јован 8, 44)! |
||||||||||||
Без коментар
|
||||||||||||
![]() |
||||||||||||
EvAngelos ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||
Ако тоа не се иконите, баш ме интересира кои се тие "други слики" на кои се однесува 2та Божја заповед. Фотографските слики? Уметничките слики? Ајде прочитај го контекстот (барем 1та и 3та Божја заповед) и кажи ми го твоето мислење.
Теолошки лапсуз! Ако не го прифатиш ова ќе си имаш сличен проблем и со фактот дека Бог неколку пати во Стариот Завет ја прекршил и шестата Божја заповед (Не убивај!) со тоа што неколку пати наредил дирекно убиство на поединци, па и цела група народи (1 Царства 15:3; 4 Мојсеева 31:17,18; 5 Мојсеева 20:16). Епа ако Бог со 2та Божја заповед ти дозволува да си правиш "одредени" (незабранети) икони, тогаш Тој ист Бог со 6-тата заповед ти дозволува да убиваш "одредени" луѓе.
Добар обид сард, ама неуспешен. Ако ковчегот на сведоштвото, завесата и херувимите биле икони, тогаш зошто свештениците не им се клањале, зошто не им палеле свеќи, зошто не ги целивале? Не, пријателе мој, тоа не биле икони. Целото Светилиште, Шаторот на Средбата, Ковчегот на
Заветот, Светињата над Светињите, Завесите, Оделата на Свештениците, па
ако можеш да примиш, и самите Свештеници биле СЛИКА на нешто многу
поголемо кое доаѓа до израз во Новиот Завет. Но неопходно беше сликите во Стариот Завет да исчезнат во Новиот Завет. Во Новиот Завет, сите пророштва, сите слики, сите "реликвити" станаа реалност, жива приказна. Христос рече "Јас Сум Лебот" (за кој вие зборевте во Стариот Завет), Божјото Живеалиште (Шаторот на Средабта) се премести во Божјите избраници - христијаните, издигнатата змија на Мојсеј во пустината стана Распнатиот Христос на Голготскиот Крст итн. Стариот Завет се исполни во Новиот и сликите, ритуалните обреди, свештеничките одела и куп обврски - ИСЧЕЗНАА!
Ова нема врска со иконите, се плашам да не ја смениш темата.
Зошто не го целивате Магарето?
Да, доволно ми беше да сфатам дека секој ваш изговор за иконопоклонство е еден трагичен обид да се прекрши 2та Божја заповед.
Крајниот исход е бизнис и шверц со икони, иконите го
заменуваат Бог, се претвараат во сакрални предмети што помагаат за
време на испити, обесени на ретровизорите штитат од сообраќајќи, се
создава суеверие итн итн. Доволно кажува исходот? Изменето од EvAngelos - 29.Јуни.2007 во 19:48 |
||||||||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||||||||||
![]() |
||||||||||||
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||
Малку си ги помешал лонците. Ориген кога западнал во ерес бил веднаш гонет од Црквата и веднаш започнал меѓусебен судир и гонење на православните со оригенистите. Она што се случило после 3 века е тоа што се расчистило со оригенизмот со тоа што сите следбеници на Оригеновата ерес, (не на она претходно што го кажувал, туку на она кое подоцна се занесол), биле изгонети од Православната територија. Одредени Храмови и манастири биле мешани и со поддржувачи и противници на оригенистичката ерес, но најчесто едни храмови биле оригенистички додека повеќето други биле православни. Кога се утврдиле позициите и кога веќе секој си останува на своето православните рекле: не може да се остане вака вечно и да се егзистира едни покрај други. Или ние да одиме одовде и да си бараме ново место или вие одете настрана и барајте место за вашите убедувања. Ама бидејќи ние сме многу повеќе вие напуштете го Православието. Тој принцип се почитувал низ историјата на Православната Црква. Онаму каде што ереста ќе се покажела во поголем број од таму Православната Црква се повлекувала и ги оставала на нивните заблуди како на пример монофизитите во Етиопија и поголемиот дел од Египет. Проблемот е во тоа што се напушти тој принцип и сега еве ние не му се натураме на протестантизмот, а тој ни се натура нам, заборавајќи И така, се погрижив да го проповедам Евангелието не таму, каде што името Христово беше веќе извесно, за да не ѕидам врз туѓ темел Значи Оригеновата ерес била веднаш осудена и гонета. Ако некој не им верува на старите документи кои зборуваат за ова, тогаш нека и верува на својата логика. Главната точка на ереста на Ориген кој претходно силно напредувал во верата но сатаната го занесол во ерес на сопствената гордост и убеденост дека знае повеќе од Црквата па занесувајќи се дошол до сознание дека: „Сите ќе се спасат, Господ на сите ќе им прости, дури и на демоните дури и самиот ѓавол ќе се спаси.“. Ако има некој логика нека размисли дали на ваква небулоза би ќутеле православните 3 века. Значи и оној кој плука на Бога во текот на целиот свој живот (Господ нека ми прости за реченицава) ќе се спаси исто како и оној кој го посветува својот живот на Господ Христос, само малце подоцна. Тоа е спротивно на кажаното дека тесен е патот кон спасението и малкумина го наоѓаат. Тоа ја обезвреднува и Христовата жртва и тн. Од друга страна Аџија самиот се порекнува. Ниеден човек, ниеден Светител не е прифатен без да помине низ ситото на Соборноста на Црквата која ја води Светиот Дух. Така ако Ориген набрзо отпаднал, а други не отпаднале после векови, така патот на Црквата е цврсто зацртан и тешко е да биде воведувана ерес во Православието. Ако некој е 10 века потврдуван и она што ја научил Црквата, она што ги научил останатите христијани комплетно се слеало во Црквата и не донесло никакви негативни последици како ќе можеме истото да го негираме. Така што ако се појави некој после многу векови да го негира, тогаш проблемот е со тој некој. А тој некој се протестантите.
Додека Апостол Павле бил на земјата, не го молеле ли луѓето да се помоли на Бога и да ги исцели Бог благодарение на неговата молитва. Кога Апостолот преминал дали неговата душа умрела или сеуште е жива. Дали Апостолот кој е жив и е сега со Бога е незаинтересиран за Црквата за која го вложил целиот труд на земјата. Така спонтано луѓето и се молеле и на Марија и на Апостолите и на сите Божји угодници. Тоа природното во почетокот никој не може да го спори, меѓутоа подоцна има заблудени кои не знаат за она почетното па почнуваат со умот да резонираат и да го спорат, па Црквата морала да завземе став и да го официјализира ставот за почитта кон Богородица Апостолите и од Бога потврдените со Божји знаци и дела. Го гледаш ли континуитетот на вистината?
Православието не го води еден Патријарх туку го сочинуваат многу помесни Цркви. Отпаѓањето на еден од верата ќе биде осудено од другите затоа што заедницата на верниците во Бога е посилна од ставот на еден. Таквите поединци патријарси, биле гонети од останатите и нормално сменувани. Сепак стабилноста на Православната вера е зачудувачка, поединци може да забегуваат но Црквата имала и сега има силно Единство обезбедено од Духот кој ја води Црквата.
Павле не бил женет. Прв пат слушам некој да измислува ваква работа. Ако си протестант кој „се држи само за Библијата“ од каде ти најде таков податок. Апостол Петар бил женет и имал дете и никогаш на Црквата не и паднало на памет да го осудува за тоа. Тертулијан не е Православен и нема што да го коментирам.
Веројатно мислиш за исихазмот. Нормално е дека со текот на вековите луѓето ќе научат и извесна „техника“ на концентрација за да се исклучат од надворешниот свет и да ја продлабочат силата на молитвата што автоматски не им ветува ништо. Дали техниката за концентрација ќе донесе нешто, т.е. духовно посилна молитва зависи од односот на верникот и Господ.
Затоа што во 18 век се појави и модерниот национализмот во светот со појавата на Наполеон. Така што кога Французите рекоа ние сме нешто различно од другите и треба да се гордееме со тоа, вклучувајќи го католицизмот во француското. Тогаш и Германците, Холанѓаните и останатите рекоа тогаш ние сме Германци вклучујвајќи го протестантизмот во Германското, тогаш мораа и Православните да речат ние сме Руси, Срби, Македонци вклучувајќи го православното во националното. Инаку оној кој физички ќе те потисне како нација истовремено те потиснува и духовно. Дека тоа важи се гледа од поделеноста со по некој исклучок на романи - католици, германи - протестанти, словени - православни.
Дали ќе му веруваме на стариот факт или на новиот. Ако стариот факт е фалсификуван тогаш новиот уште повеќе. Дали доказите кои се видливи ќе ги отфрламе и ќе создаваме свое мислење од ум. Ако уште првите христијани не се осветувале со осветените предмети тогаш тие ќе исчезнеле бидејќи првата Црква наводно не ги почитувала. Тогаш ќе ги снемало. Така и моштите на Светителите како Св. Јован Крстител и Апостол Јаков од времето на Христовата проповед на земјата ги имаме во Македонија до ден денес и до ден денес ја имаат чудотворната Божја сила. Зарем ќе веруваме на некоја нова замисла и нема да веруваме на она што како факт стар 2000 години го има по црквите и манастирите. Дали Бог би давал одеднаш нова објава без покритие од старото. Тоа се демонските објави. Како што Мухамед одеднаш добил објава која не може да ја поврзе со минатото така и Протестантизмот открива нешто ново кое не може да го поврзе со минатото па скока 15 века и отфрла се во тие 15 века. Затоа и Библијата не е дадена веднаш туку во текот на долг период, за да има покритие за никој да не може да ја спори. Така и Православната Црква се она што учи е серија од континуирани откривања со континуирано покритие од она претходно за да не може никој разумен да ја спори. Може ли да се затвори потребното знаење во сите правци и нагоре и надолу и налево и надесно. Знаењето има рамки и патоказ но нема граници, може да се продлабочува и извисочува до бескрај. Најмалку знаењето за Бога може да има завршни граници. |
||||||||||||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
||||||||||||
![]() |
||||||||||||
Реакт ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 22.Мај.2007 Локација: Burundi Статус: Офлајн Поени: 373 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||
За т.н. вистински христијани, оние кои демек се вратиле кон изворното христијанство, кои ги слушаа нивните лажни учители (Лутер и пријателите - од кои дојде до бескрајното делење на безброј секти), еве што вели свети апостол Павле: А целта на заповедта е: љубов од чисто срце, добра совест и нелицемерна вера. Некои, откако не ги постигнаа тие работи, се отклонија во празнословија, сакајќи да бидат учители по Законот, но не разбираат ни што зборуваат, ниту што утврдуваат (1 Тимотеј 1, 5-7).
Таквите, синовите на таткото на лагата, биле препознаени уште во павлово време. Лаги и измислици - колку сакаш! Апсурд - еретици и отпадници од вистинната - а толку "добро" го знаат православното учење, да не ти се верува????!!!! Па и го толкуваат, објаснуваат, бараат некави лаги и измислици - како тие да се критериумот на верата. Но на таквите и пречи вистината - затоа со нив може само со лага да се разговара. |
||||||||||||
Без коментар
|
||||||||||||
![]() |
||||||||||||
Vlade ![]() Сениор ![]() Регистриран: 14.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 193 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||
I Pavle bil zenet? Si procital li sto vika toj vo negovite poslanici za onie sto se vo brak i za onie sto se uste ne stapile vo nego? Potseti se pa ke ti se razjasni. Ti Origenovata filozofija ja smetas za ispravna? Ocigledno ne si go procital. Ona sto Pravoslavnata Crkva go osudila kaj nego e negoviot "apla" paganizam. Origen e "duhoven tatko" na mnozina podocnezni Gnostici. A, toa deka on imal i dobri momenti, nikoj i ne go spori, tuku i po "osudata" mnogumina go spomnuvaat kako primer. Ponekogas ne e se crno i belo. Tertulijan e isto taka velikan kako i Origen, no toj zapadnal vo radikalna krajnost, sto sekako ne e vo kontekst na sustinata na hristijanstvoto kako "ljubov i radost". Ona sto nie sovremenite hristijani cesto go zaboravame, pletkajki se vo "mudruvanja i dlabocini". toa i go osudila crkvata kaj nego. na Crkvata ne i trebalo 9 veka za ikonite, tuku tie se prisutni uste vo prvite vekovi od ranoto hristijanstvo. Sum bil vo katakombi od toj period i sum gi videl izobrazbite po dzidovite. Si go procital li Palama (veruvam deka ne)? Toj ne smislil nisto novo, tuku svojata teorija ja baziral vrz osnova na drevnite teorii na ocite, koi ti kaza deka gi pocituvas. Palama, vo sporot so Akindin i Varlaam, go branel 'misticnoto" vo hristijanstvoto, poradi toa sto vo osnova i Bog postoi na toj nacin. Palama odgovoril na prasanjeto kako se spasuvame. Ne sekoj sto ke rece gospodi, Gospodi e spasen, neli? tuku e potreben i podvig (askeza). Onoj sto zivee pravedno, redovno ja praktikuva molitvata, nemu i Bog ke mu se otkrie. Bog nikoj nikogas ne go videl, a kako nie togas komunicirame so svojot Bog. Toa teoriski go obrazlozil tokmu Palama. Vprocem i pred Palama ocite go praktikuvale istoto, samo sto mu doslo vreme toj da go zapise. hristijanite nikogas nemaat potreba od intelektualni "mastrubacii" ili pak, od "siluvanje" na Biblijata. Bog e sekadeprisuten, a vo isto vreme i nedostizen. Togas kako da go "dopreme" Boga, e tokmu toa go objasnil Palama. Palama objasnil kako srceto na apostol Pavle postojano vika "Ava Oce!" Molete se postojano, duri i koga spiete, rekol Apostol Pavle e tokmu toa go primenuval i Palama i onie pred nego (koi ti gi pocituvas), pa i one do den deneska (koi ti gi navreduvas). Monastvoto ne se kosi so principite na Biblijata, tuku naprotiv. Monastvoto se pojavilo vo specificno istorisko vreme i toa slobodno mozeme da kazeme go spasilo avtenticnoto rano hristijanstvo, zasto go primenuva evangelskiot maksimalizam. i onie koi gi pocituvas bile monasi, pa zatoa vnimavaj da ne padnes vo kontradikcija pri iznesuvanjeto tezi. Ne bidi cinicen, bidi konstruktiven, ako ja baras vistinata. |
||||||||||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1234 6> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |