Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 05.Јули.2016 во 18:43 |
Летна салата со киноа, фета и краставица
Салатите се навистина одличен начин да го одбележите летото, а јадењето на истите ќе направи да бидете најадени со здрави состојки и малку калории. Салатата со киноа и фета е можеби една од највкусните и најздравите кои ќе ги направите (и пробате) ова лето. Лесно се приготвува и е одличен додаток за вашиот ручек. Состојки:- 350 грама киноа (зготвена и оладена)
- 1 поголема краставица исечена на коцки
- ½ црвен кромид
- 60 грама фета сирење издробено
- Неколку гранчиња босилек исечени на тенки парчиња
За италијански сос:- 3 лажици маслиново масло
- 2 лажици балзамичен оцет
- 1 лажица сок од лимон
- Сол и црн пипер по желба
Подготовка:
Згответе ја киноата според упатството, а потоа и оладете ја на собна температура. Исечкајте ги краставицата и кромидот на коцки, а потоа и босилекот. Во поголем сад додадете ја киноата, а потоа краставицата, кромидот, босилекот и издробеното фета сирење и сите состојки заедно добро измешајте ги. Во помал сад направете го сосот и употребето го како прелив за салатата. Сервирајте ја добро оладена во фрижидер.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 08.Мај.2016 во 21:51 |
Топло ладна салата со ракчиња
Сериозно ни се наближува сезоната за бикини, па совршен момент е да внесуваме повеќе салати на нашето мени. Затоа денес ви нудиме интересна салата која веруваме дека ќе го освои вашето срце и секако вашиот желудник. А нема да ви одземе повеќе од 10-15 минути. За 4 личности Состојки: - 300 грама исчистени ракчиња
- 100 грама микс од зелена салата и рукола
- Чили
- Сол
- Маслиново масло
- Оцет балсамико
- Мед
- Лимон
Подготовка: На силен оган пропржете ги ракчињата и намалете го огинот. Додадете ги солта и чилито и поклопете ја тавата. Исчистете ја салата. Топлите ракчиња додадете ги во мискот на зелена салата и зачинете со маслиново масло, балсамико, лимон и мед. Веднаш сервирајте. Имајте добар апетит!
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 18.Март.2016 во 18:21 |
Состојки:
200 г. цвекло 1 кисело јаболко 2 лажици рендан корен од рен сок од 1 лимон 3 лажици маслиново масло 200 г кисела павлака сол, бибер Приготвување:Излупете ги цвеклото и јаболкото, изрендајте ги, додадете го ситно изренданиот рен, сок од лимон, масло, сол и бибер. Се добро измешајте, додадете павлака и уште еднаш измешајте
Изменето од Valerija - 18.Март.2016 во 18:21
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 18.Март.2016 во 18:20 |
Рецептот за оваа салата е прилично едноставен за подготовка и не одзема многу време. Главна состојка е сирењето па препорачливо е да го употребите сирењето на Идеал Шипка. Состојки: - 500 г полномасно овчо или кравјо сирење на Идеал Шипка
- 10 печени пиперки
- 5 печени лути пиперчиња
- 6 – 7 чешниња лук
- 1 лажица кајмак
- 1 лажичка мелен црвен пипер
- 3 сварени жолчки
- Малку масло
- Сол
Приготвување: Во поголема чинија или сад за матење ставете го сирењето и добро згмечете го. Печените пиперки и лутите пиперчиња излупете ги и очистете ги од семките. Потоа ситно исечкајте ги и додадете ги на сирењето. Лукот исто така изгмечете го заедно со жолчките јајце па додадете ги на сирењето. На целата смеса додадете ги и останатите состојки: мелениот пипер, кајмакот и маслото. Мешајте додека не добиете компактна смеса, а потоа посолете по желба. Оваа салата треба да отстои најмалку 3 часа во фрижидер пред да ја послужите.
Изменето од Valerija - 18.Март.2016 во 18:22
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 18.Март.2016 во 18:18 |
Салата со ананас и со пилешко
- Состојки:
- 1 конзерва со ананас
- 1 конзерва пченка
- варени пилешки гради
- 7-8 корнишони со средна големина
- мајонез
- црн пипер
Приготвување: Исечкајте ги корнишоните и пилешките гради во тенки ленти. Ставете ги во длабок сад заедно со ананасот, пченката и мајонезот и на крај зачинете со црн пипер.
Изменето од Valerija - 18.Март.2016 во 18:22
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 22.Јануари.2016 во 21:38 |
КЛАСИЧНА КРЕМ-САЛАТА СО МАКАРОНИПроизводи: 1 чаша мајонез + 1 лажица ¼ чаша бел оцет 2 лажици сенф 2 лажички сол ½ лажичка црн пипер 1/8 лажичка чили 1 супена лажица шеќер 1 чаша ситно сечкани коцки целер ¾ чаша црвена пиперка ситно сецкана ½ чаша рендан морков ½ чаша свеж кромид, сецкан ¼ чаша пиперка исечена на ситно 1 пакетче макарони Подготовка: Измешајте во сад 1 чаша од мајонезот со оцет, сенф, сол, двата вида пипер. Промешајте и додадете шеќер. Повторно промешајте. Додајте го целерот, лутите пиперки, моркови. Складирајте оваа мешавина во фрижидер. Во посолена вода сварете макарони. Потоа исцедете ја водата и исплакнете со ладна вода. Исцедете ја водата и префрлете ги макароните во голем сад. Врз нив истурете ја смесата со мајонезот, зеленчукот и зачините. Измешајте добро, за да се разнесе рамномерно смесата по макароните. Покријте со пластичната фолија за свежо складирање и оставете околу 4 часа во фрижидер. Пред сервирање измешајте уште еднаш. Додадете 1 лажица мајонез и 1 лажица вода, за да го освежите изгледот на салатата.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 09.Јануари.2016 во 15:34 |
Празничната трпеза - еден од највкусните симболи на празникот, а зимските салати се нејзиниот најголем украс. Нема домаќин кој не сака да ги изненади гостите со некој нов, иновативен рецепт како овој - салата во облик на шишарки. Состојки кои ќе ви бидат потребни: - 300g крем сирење
- 50g oреви
- 200g варено пилешко
- 20-30g копар
- 50g мајонез
- 1 чешне лук
- Сол по вкус
- 200g бадеми за декорација
Подготовка: Во крем сирењето додајте ги ситно сечканиот копар и лукот, додадете мајонез и изматете со миксер или во блендер. Ситно сечканите ореви и свареното пилешко исечкано на ситни парчиња додајте ги во смесата. Посолете по вкус. Салатата сервирајте ја во форма на елипса која ќе ја декорирате со бадеми како на сликите. Можете да искористите и цели гранки копар.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 21.Ноември.2015 во 14:39 |
Салата од печен лук * 1 Главица лук* 400 грама Кисело млеко* 200 грама Мајонез* 100 милилитри Масло* 100 грама СенфГо лупиме лукот.Ги ставаме во тава, попрскуваме со маслиново масло го печеме во предходно загреана рерна на 200 степени околу 20 минути . (или додека лукот омекне).Печениот лук заедно со сите состојки ки ставаме во блендер и ги миксаме.Салата од компири * 4 Јајца/це * 500 грама Домат * 100 грама Кисели краставички * 1000 грама Компир * 50 грама Мајонез * малку Магдонос * 15 милилитри Оцет * 30 грама Сенф * малку Сол Сварените и излупени компири се сечат на тркалца, краставичките, доматите и јајцата се сечат на коцки и се мешаат со компирите. Сенфот, мајонезот, оцетот и солта се мешаат и со тоа се прелива салатата. На крај се додава сечкан магдонос и уште еднаш се меша и се послужува.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 21.Ноември.2015 во 14:37 |
МЕКСИКО САЛАТА Потребни состојки:500гр ориз (сварен)150гр црвена пиперка150гр грашок од конзерва100гр пченка2 лажици маслоСок од 1 лимонНачин на подготовка:Во сад ставете го оризот, ситно исецкани пиперки, грашок и пченка. Прелијте со маслиново масло и сок од лимон. Салатата измешајте ја и украсете по желба.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 21.Ноември.2015 во 14:36 |
Алпска салата
Потребни состојки300мл мајонез3 компиримала главица кромид200гр кашкавалсвежа краставица100гр пченкасолбиберНачин на подготовка:Излупете го компирот, исечете го на коцки и сварете го во солена вода, внимателно да не се превари. Кашкавалот исечете го на тенки правоаголници. Кромидот исецкајте го на ситни коцки, а краставицата добро измијте ја, отстранете ја средината со семињата и исечете на коцки. Во поголем сад све помешајте со мајонез и зачинете по вкус.
Изменето од Valerija - 21.Ноември.2015 во 14:36
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Ноември.2015 во 17:31 |
Жилиен салата
ПодготовкаСостојките се мешаат Време на подготовка од: 10 Време на подготовка до: 15 Kомплицираност: 1
Состав* Зелена салата (на резанци) * рендан варен морков * шунка на резанци * рендан кравји кашкавал * павлака * мајонез
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Ноември.2015 во 17:29 |
Телешка салата со шампињони
ПодготовкаКромидот,јајцата и краставичките се сецкаат ситно(како за мајонез салата).Месото се сецка на ситно исто така и се се става во поголем длабок сад.Потоа се додаваат шампињоните и мајонезот и убаво се меша.На крај се додава малку сол и црн бибер. Време на подготовка од: 90 Време на подготовка до: 120 Број на лица: 3 Kомплицираност: 3
Состав1/2 кг варено телешко месо 3 главици кромид 4 варени јајца 1 тегла кисели краставички 1 тегла сецкани шампињони 1 тегла мајонез сол и црн бибер по вкус
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 19.Август.2015 во 17:44 |
САЛАТА СО МЛАДИ КОМПИРИ И БОСИЛОК
Ако го сакате песто сосот, тогаш сигурно ќе уживате во оваа малку поинаква компир салата. Одлична е како предјадење, а богами и како додаток на главно јадење (и супер оди со чаша изладено бело винце). Пријатен апетит! Салата со млади компири и песто
- 1.Добро измијте ги компирчињата (не ги лупете), а потоа ставете ги да се варат во вода со малку сол. Кога ќе се сварат, пресечете ги на половинки и оставете ги во подлабок сад да се оладат.
- 2.Во посебен сад измешајте ги добро маслиновото масло, мајонезот, сокот од лимон и песто сосот. Зачинете со сол и црн пипер по вкус.
- 3.Ислупените бадеми исечкајте ги на покрупни парчиња, а потоа запржете ги во тавче без масло додека не ја сменат бојата. Кога ќе се оладат додадете ги во сосот и промешајте.
- 4.Прелијте ги оладените компири со сосот и измешајте. Покријте го садот со пластична фолија и оставете ја салатата да отстои барем 2 часа во фрижидерот пред да ја послужите. Декорирајте со неколку ливчиња свеж босилек.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Август.2015 во 22:01 |
Летна кускус салата
Кускусот е едно од најлесните јадења за подготовка и е основата за подготвување на најразлични комбинации. Тоа е основата, а во него може да додадете што сакате. Месо, зеленчук, печурки, зачини... Кускусот ги „обожава“ сите.
Но, ние ви предлагаме да подготвите лесна кускус салата. Совршена за летните денови кога не е препорачливо да „заглавите“ долго време во кујната.
Состојки:
- 140 грама сув кускус
- ½ голем кромид (ситно исечкан)
- 1 средна краставица (ситно исечкана)
- 2 домати од средна големина (ситно исечкани)
- 75 грама изрендано фета сирење
- 3 лажици свеж босилек ситно ичекан
- 1 лажица сушен лук
- 2 лажици балзамичен оцет
- Сол и црн пипер по желба
Подготовка:
Во посебен сад ставете 300 мл вода и ставете ја да зоврие.
Додека водата врие исечкајте ги зеленчуците ситно, изрендајте го сирењето и ставете ги на страна. Кога водата ќе зоврие, ставете го кускусот во длабок сад па прелијте го. Промешајте и поклопете го садот па оставете 5-10 минути за да ја впие водата и зрната на кускус да набабрат.
Потоа соединете ги состојките во садот со кускусто, додадете ги зачините и оцетот. На крај зачинете по вкус со сол и црн пипер.
Добар апетит.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|