|
ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР:ДЕНЕС СЕ СЛАВИ |
Внеси реплика | страница <1234 68> |
Автор | ||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Драга Calipso, можеби ти пишуваш на шега, на мајтап, но некој може да те сфати сериозно и во тешките моменти во животот, утехата - наместо во Евангелието БОЖЈЕ (Христос) - да ја побара во алкохолот, што засигурно не ќе биде најмудрото решение. Погледај околу себе и ќе видиш дека со алкохолот нема шега! Најпријателски поздрави Внимание (!), Внимание (!), Зборовите имаат големо влијание! И ви велам, дека за секој лош збор, што ќе го изговорат луѓето, ќе одговараат на судниот ден; оти по зборовите свои ќе бидеш оправдан, и по зборовите свои ќе бидеш суден.” Ев.Матеј 12:36+37 Изменето од spiros - 25.Јуни.2013 во 00:22 |
||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не предлагам јас ништо никому,секој си е доволно паметен за себе. Тоа што стои во мојот потпис не значи дека се водам јас по тоа или предлагам на некој,не ги сфаќај толку буквално работите |
||
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
И сега - драга Calipso - што им предлагаш на луѓето, на кого да се ослонат во тежок момент? На Единствениот Вистински, Совршен и Тросветол БОГ, Кој преку Неговата во Исус отелотворена Мудрост ни вели ... и ете, Јас Сум со вас во сите дни до свршетокот на светот.(Ев. Матеј 28:20) Или пак на Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker, како што велиш во твојот подпис? Изменето од spiros - 24.Јуни.2013 во 23:52 |
||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ПЕДЕСЕТНИЦА-ДУХОВДЕН(СВ.ТРОИЦА) „Слава на Светата, Едносуштна, Животворна и Неразделна Троица!“ (Возглас на Утринската богослужба) ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ! Секоја утринска богослужба светата Православна Црква ја започнува со велегласниот возглас: „Слава на Светата, Едносуштна, Животворна и Неразделна Троица!“, зборови во кои се содржи целата суштина на нашето верување и постоење. А токму денешниот ден е ден во кој се открива Тајната на Пресвета Троица, исто онака како што таа била откриена и при Христовото крштение. Затоа овој ден, освен Педесетница и Духовден, се нарекува уште и Света Троица. Колку е величествена оваа Тајна? Еднаш, блажениот Августин, големиот учител на Црквата, си поставил за задача да ја достигне Тајната на Света Троица. Вознемирен од таа мисла, едно утро шетајќи по морскиот брег, тој наишол на едно мало дете, кое со своите дланки црпело вода од морето и ја носело во една мала дупка, ископана на брегот во песокот. Блажениот Августин застанал и збунето го прашал момчето: „Што работиш?“. Момчето се насмеало и одговорило: „Сакам целото ова море да го пренесам во дупката“. Августин му одговорил: „Малечок, па тоа е невозможно“. „Добро, одговорило момчето, но побргу јас ќе ја достигнам својата цел, отколку што можеш ти да ја достигнеш до крај Тајната на Света Троица“. Августин сфатил дека тоа е Божји знак и заклучил дека како што е невозможно да се смести целото море во една земјена дупка, така е невозможно и Тајната на Света Троица да се смести во човечкиот ум. Света Троица – Еден Бог по суштество и Троичен во Лица: Отец, Син и Свет Дух, се јавува како највеличествена Тајна во христијанската вера. Бог е Дух. Кога Господ Исус Христос говори дека „Бог е Дух“ (Јован 4: 24), со тоа ни докажува дека Бог е бестелесен. Неговото Божество е недостижливо. Над Тајната на Неговото битие лежи покрив и потребна е, како што вели преподобниот Симеон Нов Богослов, голема благодат од Сесветиот Дух за разбирање на сокриената Тајна. Божеството е Едно суштество во Три Лица – Отец, Син и Свет Дух. Отецот го раѓа Синот и го испраќа Светиот Дух. И Отецот го именуваме Бог; и Синот го именуваме Бог; и Светиот Дух го именуваме Бог. Образ на Отецот е Синот, и образ на Синот е Светиот Дух. Затоа Христос и ни сведочи: „Кој Ме видел Мене, Го видел и Отецот“ (Јован 14: 9), и кој го видел Светиот Дух, го видел Синот. Откровението за Света Троица, по Божја милост и промисла, било сокриено до времињата на Новиот Завет, односно, до она време, додека не дојде на земјава Синот Божји, Господ наш Исус Христос, Кој пак ни посведочи: „Ако Ме бевте познавале, ќе Го познававте и Мојот Отец. А отсега Го познавате, и сте Го виделе“ (Јован 14: 7); „Верувајте Ми дека Јас сум во Отецот и Отецот е во Мене“ (Јован 14: 11). Во Новиот Завет, пак, Господ Исус Христос, според богатството на благодат, ги умножил во нас премудроста и разумот. Тајната на божественото воплотување ни ја посведочил и Ангел од небото, кога ѝ рекол на Марија: „Светиот Дух ќе слегне на тебе и силата на Севишниот ќе те осени; па затоа и роденото ќе биде свето и ќе се нарече Син Божји“ (Лука 1: 35), а по Своето Воскресение, испраќајќи ги Своите ученици на проповед, Христос им рекол: „Ми се даде секаква власт на небото и на земјата. Одете и научете ги сите народи, крштевајќи ги во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух“ (Матеј 28: 18-19). Православната Црква учи дека секоја тајна, која се однесува на Божеството и духовниот живот, се достигнува само преку очистувањето на нашиот живот од гревовите. Навистина тешко е за човечкиот разум да сфати како може Бог да е Троичен во Лица, а Еден по суштество. Како може три да биде едно, а едно да биде три. Да се сфати тоа навистина е тешко, но затоа, пак, тоа е тајна. Тајните го окружуваат човекот во текот на целиот негов живот. Зарем ние сè знаеме што се случува во овој материјален свет, па сега да започнеме да ги откриваме тајните и во духовниот свет? Зарем можеме да сфатиме како може во една капка вода да живеат милиони живи суштества? Не, сè додека не погледнеме во микроскопот и кога во тоа самите ќе се увериме. И не напразно премудриот Соломон уште во Стариот Завет вели: „Со мака го разбираме она што е во нашите раце, а што има на небесата – кој испитал?“ (Мудр. 9: 16). Човекот, иако е богоподобно суштество, сепак е ограничен и може да го дознае само она, кое Бог благоволи да го открие. За да ги достигне Божествените тајни, потребно е човекот, пред сè, да влезе во сферата на божествената духовност, зашто само преку подобно можеме да го спознаеме подобното. Пазителката на Божественото Откровение – светата Христова Црква, го води човекот по патот на постојаното познание. Таа постојано во помош ни испраќа споредби и симболи. Бог нам ни се открива онолку, колку што е потребно за нашето спасение. Затоа, пак, симболи и споредби за постоењето на Света Троица ние можеме да видиме насекаде околу нас. Секоја материјална творба, од било каква природа и форма, мора да ги има трите параметри: „број, мерка и тежина“, како што ни сведочи повторно премудриот Соломон (Мудр. 11: 21). Независно од нивните менувања, сепак, остануваат овие три параметри. Да ја погледнеме и водата: таа е иста и при изворот, и во реката и во морето, каде што се влева. По својата суштина таа е една и иста, без разлика каде се наоѓа, зашто изворот си останува извор, реката река, а морето море. Ако размислуваме и за сонцето, ќе сфатиме дека тоа се состои од самиот објект – сонце, од светлината која излегува од него и од топлината, која ја чувствуваме и неи на земјава. Тоа се три различни својства во едно суштество. Светлината не е сонце, сонцето не е топлина, а сепак, тие во исто време се неразделни и различни. Да го погледнеме и дрвото: тое е една творба, која започнува со корен, се развива преку столбот и завршува со плодовите. Три различни нешта во едно. Сето ова, пак, не ја решава Тајната за познавање на троичното Единство, но му помага на човечкиот разум, преку симболи и споредби, донекаде да проникне во Тајната. Сите овие симболи и споредби, нема да имаат никаква корист за нас, ако ние не навлеземе во суштината на духовниот живот. Познанието на Бога – тоа е животот. Христос вели: „Животот вечен е тоа, да Те познаат Тебе Единиот вистински Бог, и испратениот од Тебе Исуса Христа“ (Јован 14: 3). Отецот му се открива на светот како Творец, кој го створи светот од ништо; Божјиот Син – Христос се открива на светот како Креатор на сè што е створено, Кој на сè што постои дава форма и убавина; Светиот Дух се открива на светот како Животворец и подател на благодат. Тајната на Света Троица нам ни ја јавува светата Црква, Христовата Невеста. Ние зависиме од Света Троица, како што зависат зраците од сонцето. Тајната на Света Троица ни го открива и примерот на единство, по образот на единството на Света Троица. Единството на Света Троица го благословува и просветува човечкото единство, зашто секоја душа „свети преку свештенотајната на Троичното единство“, како што пее и црковната песна. Оттука се раѓа почитта и љубовта која луѓето се должни да ја имаат кон Бога и кон ближните, познавајќи го Законот Божји. Ако ние во себе го немаме образот на Света Троица, тогаш ние ќе бидеме безопределени предмети, творби без автор, бледи отпечатоци и копии без оригинал. Сепак, ние сме образ на Света Троица и нашето тело е Божји храм. Да бидеме достојни носители на образот и Божјото подобие, достојни за Отецот, Кој нè создаде; достојни за Синот, Кој нè избави од гревот; достојни за Светиот Дух, кој нè освети и просвети. Амин! |
||
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ова е еден од најубавите постови на подфорумот вероисповед, досега. Му благодарам најнапред на БОГА, но и на тебе (calipso), за тоа. Те молам calipso да ми простиш што имам една малечка замерка, а ако мислиш дека не е основана, те молам корегирај ме и простими! Единствено првиот дел од предпоследната реченица е малку сомнителен, бидејќи малку му недостасува потполната вера дека Господ Исус Христос веќе (Јован 09:30) - земјаќи ги врз себе на голготскиот крст - ги простил сите гревови, на оние кои не Го одбиле, туку вистински Го прифатиле! А, кои се тие кои што вистински Го прифатиле? Како да ги познаеме? Љубовта и Проштавањето (Милоста), се најзначајните одбележја на оние кои што Христа вистински Го прифатиле. Тоа се одбележијата кои што Господ Исус Христос, преку Својата безкрајно скапоцена Крв, Тело и Дух Светол, му ги дари на правото православие! Во правото православие нема национални “православија“, национални поделби, ... нити такви расправии, а во ниеден случај војни! Нова заповед ви давам: да се љубите еден со друг; како Јас што ве возљубив, така и вие да се љубите еден со друг. По тоа ќе ве познаат сите дека сте Мои ученици, ако имате љубов меѓу себе.” Ев. Јован 13:34+35 Тука нема повеќе ни грци, ни јудејци, - нити било кои други нации - ни обрезани, ни необрезани, ни варварин, ни скит(ник), ни роб, ни слободен, а се’ и во се’ е - Мудроста БОЖЈА - Христос! И така, како избраници Божји, свети и возљубени, облечете се во милосрдност, доброта, смиреност, кротост и долготрпеливост; трпете се еден со друг и проштавајте си. Ако некој има поплака на некого, како што Христос ви прости, така и вие направете! А над сето тоа облечете се во Љубов, Која се’ сврзува во совршенството, и Мирот Божји да владее во срцата ваши, за што сте повикани во Eдно Tело ...! Колос.3:11-15 Изменето од spiros - 17.Март.2013 во 09:55 |
||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
|
ПРОЧКА, ВЕЛИКИ ПОКЛАДИ |
||
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
||
Pica pica
Сениор Регистриран: 04.Октомври.2010 Статус: Офлајн Поени: 1488 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
utre e nedela
Изменето од Pica pica - 11.Јануари.2013 во 12:45 |
||
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
денес е Св. Стефан |
||
gospel
Сениор Регистриран: 01.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 405 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Што знаеме за Св. Никола?
http://www.youtube.com/watch?v=nlEgJUOsO1w Изменето од gospel - 19.Декември.2012 во 16:17 |
||
"Be strong and courageous. Do not be terrified; do not be discouraged, for the LORD your God will be with you wherever you go." - Joshua 1:9
|
||
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Денеска е Свети Никола Чудотворец!Православните христијани во Македонија го празнуваат Свети Никола Чудотворец, светецот заштитник на децата, морепловците, девојките, сиромашните, учениците, пекарите, аптекарите, трговците, патниците...Свети Никола е еден од најпочитуваните светци, a го слават и православните и католиците, но и дел од муслиманите, особено во Турција. Во Македонија и во светот има безброј цркви, манастири, икони и фрески кои се посветени на овој светец.Голем број македонски семејства денеска со богата посна трпеза, на која преовладуваат рибата и посните сарми, ќе го прослават празникот.Нека им е честит денот на сите оние кои го носат името на големиот светец - Никола. |
||
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
||
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
|
Денес е Свети великомаченик Димитриј – Митровден!
Денес се празнува споменот на светиот великомаченик Димитриј Солунски, наречен уште и чудотворец. Овој празник меѓу народот е познат како Митровден (Митроен) и се празнува на 8 ноември според новиот (или на 26 октомври според стариот) календар. Именден празнуваат: Димитрија, Митре, Мите, Димитра, Митра и други. Нека ни е честит празникот на сите, а особено на оние кои го носат Неговото име. За многу години нека им е Славата, на оние кои ја чекаат. |
||
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
||
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ДЕНЕС Е ПРАВОСЛАВНИОТ ДЕН НА ВЉУБЕНИТЕ
Православните верници денеска го празнуват мачеништвото на четири римјанки Вера, Надеж, Љубов и нивната мајка Софија, а воедно и Православниот ден на вљубените – 30-ти септември. Во својот богослужбен циклус, Црквата на овој ден се сеќава на животот и мачеништвото на четири римјанки Вера, Надеж, Љубов и нивната мајка Софија. Овие четири христоподобни души беа приведени од римските власти за време на прогоните на императорот Хадријан, во првата половина на вториот век по Христа. Заради исповедањето на Христа и одбивањето да принесат жртви пред празниот идол на Артемида, Вера, Надеж и Љубов беа ставени на маки пред очите на нивната мајка и најпосле им беа отсечени главите. Софија ги зеде и ги закопа телата на своите три ќерки и откако помина три дена и ноќи во молитва над нивниот гроб, го предаде својот дух на Бога. Кон крајот на првиот и почетокот на вториот век со својата верба во Исус Христос и со својата готовност да се жртвуваат за него се прославиле четирите римјанки, мајката Софија и нејзините три ќерки маченички: Вера, Нада и Љубов. Мајката Софија била достојна на името што го носела, а што значи мудрост, премудрост. Таа и додека бил жив нејзиниот сопруг и подоцна кога останала вдовица живеела како вистинска христијанка, со добри дела, со смиреност на душата, со покорност на Божјата волја. Во тој дух и ги воспитувала своите три ќерки кои ги носеле имињата на трите најважни христијански вредности: Вера, Надеж и Љубов.
Набргу по раѓањето на третата ќерка Софија останала вдовица. Се посветила на своите ќерки со цел да ги порасне и да ги воспита во духот на христијанската вера. Заедно ги читале и препрочитувале пророчките и апостолските книги. Но тој начин на живеење на ова семејство не останал без впечаток на околината. Најпрвин управителот на областа Антиох се уверил дека целото семејство исповедува христијанска вера, а потоа тоа му го соопштил на императорот Адријан, голем противник на христијанството и прогонувач на христијаните. Императорот ги повикал мајката и трите ќерки за да се увери во тоа што го слушнал. Но тие не само што не се исплашиле од таа покана туку со задоволство тргнале кон злогласниот владетел кому мудрата мајка му соопштила: -Јас сум христијанка! Тоа е скапоцено име со кое можам да се пофалам. Со тоа име се фалат и моите три ќерки. Императорот бил изненаден од решителната изјава на мајката, но не сакал веднаш да донесе пресуда за нивно казнување, надевајќи се дека ќе ги придобие. По три дена императорот повторно ги повикал на суд и на трите девојки им понудил да ги нарече свои деца, да им даде големо богатство, раскошен и удобен живот, само да се откажат од својата вера и да им се поклонат на боговите владетели на вселената. Во спротивно им се заканил со жестока смрт. На тоа трите девојки без страв, а со голема решителност во еден глас му одговориле: -Нашиот татко е Богот што живее на небото. Тој се грижи за нас и ние сакаме да бидеме почитувани од Него. Сакаме да бидеме негови вистински деца. Ние само нему му се поклонуваме и ги почитуваме неговите заповеди, а ги презираме твоите богови. Не се плашиме од твоите закани зашто сме подготвени да ги истрпиме големите страдања во името на Исус Христос, нашиот Бог. |
||
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
||
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
|
Денес-28 август-Успение на Пресвета Богородица
Православните Христијани денеска го слават празникот Успение на Пресвета Богородица или меѓу народот познат како Голема Богородица.
Православните Христијани денеска го слават празникот Успение на Пресвета Богородица или меѓу народот познат како Голема Богородица.
Успение (Заспивање) на Пресвета Богородица е еден од дванаесетте големи христијански празници. Според Библијата, тоа е ден кога божјата мајка на 64-годишна возраст го напуштила земскиот живот и заминала кај сина си. Нејзината смрт била така лесна и блажена, што наликувала на заспивање. Оттука и името Успение (заспивање). |
||
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
||
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13921 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
,,,,chestit gjurgjevden,,,,,,,,
|
||
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
||
Внеси реплика | страница <1234 68> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |