|
ВЕРСКИ ВЕСТИ |
Внеси реплика | страница <1234 86> |
Автор | ||||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Седуммина мртви во напад на верски храм во Висконсин Вооружени напаѓачи убија најмалку шест лица во храм на етничката заедница Сики, во градот Оук Крик во американската сојузна држава Висконсин. Според последните информации, полицијата убила еден од напаѓачите, а претпоставува дека во храмот се наоѓа уште едно вооружено лице. Неизвесно е дали има и заложници. Од полицијата доаѓаат „штури“ информации, а некои медиуми јавија дека во храмот има близу 400 лица. Не се знае точниот број на ранети, дали се четири, седум, или над десет, како што јавуваат некои телевизии, меѓу нив е и еден полицаец. Нападот бил извршен околу пладне за време на верска служба во храмот во кој имало десетици верници, меѓу кои и деца. Сиките се заедница од неколку десетици милиони лица во Индија и во Пакистан, додека во САД нивната заедница се проценува на неколку стотици илјади, со стотици храмови низ земјата. Сиките се препознатливи со носењето на турбани и други видливи белези на нивната вера. |
||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Протојерејот Бранислав Перановиќ осомничен за убиство
Во име Оца, Сина и Светото тепање - православно лечење на наркозависници со безмилосно тепање.
- Ни ден денес не можам да заборавам на страшните крици кои ги слушав во Црна река, додава тој зависник од наркотици, кој по лечењето во еден метадонски центар, веќе цела година успешно апстинира. Тој вели дека во рехабилитацискиот центар Црна река, со кој тогаш управувал Перановиќ, го пратила неговата мајка пред четири години и која за тоа позајмила многу пари. - Не сум доживеал некој така да ме удри, но секојдневно присуствував на насилство и се прашував кога ќе дојде ред на мене. Еден човек толку го удираа со тупаници во стомакот и главата, јас помислив дека нема да преживее. Внимание : На линкот има и документарно видео како тепаат еден штитеник. Бидете предупредени дека снимката е мошне вознемирувачка. Изменето од Messenger - 11.Август.2012 во 00:14 |
||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||
evangelist
Сениор Bože ne znam šta mi je, pale m Регистриран: 16.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 201 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
|||
Муслиманите добија порака да не јадат домати бидејќи биле христијански
Радикалната исламистичка група Салафи (салафисти) наречена „Популарна исламистичка асоцијација“ ги предупреди муслиманите да не јадат домати затоа што тие се „христијанска храна“. Групата ги заснова своите тврдења врз фактот дека кога ќе го пресечете доматот на половина во средината се појавува облик кој наликува на крст. Асоцијацијата го објавила предупредувањето на „Фејсбук“ заедно со фотографија на домат пресечен на половина на кој се гледа обликот во форма на крст во средината. Пораката објавена на Фејсбук вели: -Јадењето домати е забрането бидејќи тие се христијански. Доматите го слават крстот наместо Алах. Во пораката понатаму се вели: -Ве молиме да ја раширите оваа фотографија затоа што има една сестра од Палестина која го видела Пророкот дека плаче, предупредувајќи ја нацијата да не јаде домати. Ако не ја проширите оваа информација, знајте дека ѓаволот е тој кој ве спречува. Пораката предизвикала бес кај голем број корисници на Фејсбук, кои побарале групата да го појасни нивното предупредување. Салафистите пак појасниле дека тие не им рекле на луѓето да не јадат домати. -Рековме да не ги сечете доматите така што ќе се образува формата на крстот, стои во нивното објаснување. http://grid.mk/read/news/65176803/771928/muslimanite-dobija-poraka-da-ne-jadat-domati-bidejkji-bile-hristijanski |
||||
убаво е човек да создава пријатели не да шири омраза. Но реалноста секогаш е сурова.
|
||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Messenger и Македон и двајцата сте во право , но она што Македон го објаснува важи де јуре а она што Messenger го кажа е де факто ситуација а не она што правно се утврдило. Во секојдневието почесто се случуваат и важат де факто работите отколку онхие де јуре, дури и во современите демократски општества каде се вели дека има правна држава.
|
||||
Бог повторно му говори денес на човештвото преку Неговата пророчица, Габриеле од Вирцбург. Тој не ја говори речта на Библијата!
|
||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Messenger, дали добро ја прочита веста? Истата завршува со фрлање анатеми на сите кои не верувале во чудото, а притоа се заборава дека за Црквата не претставува чудо она што не е прогласено за такво. Никаде и никому не му беше фрлена анатема, но во веста стои дека е така. Токму затоа јас се прашувам дали и воопшто има пречки, но, дури и да има, како што стои во веста, тие потекнуваат и од друго место, а тоа е управата за културно наследство. А таа управа не е дел од Црквата, туку од државната власт. А интересно е во веста што и се спомнуваат примероци со кои располага скопското конзерваторско друштво. Интересно е како вакви вести, со јасно изразени неточности се земаат здраво за готово.
|
||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Е така де, зошто да има недоразбирања и сомневања, кога свештениците ќе се изјаснат дека тоа е чудо со кое Бог сака да го искаже своето незадоволство од "ова" или "она", нели ?
И зошто Црквата да си става трн во нога со давање дозволи за испитувања на нештата, така ? Вака е најдобро... свештениците изјавуваат дека е чудо, официјално Црквата вели можеби е чудо, демек сака разјаснувања, ама не дава пристап истото да биде извршено... научниците велат дека треба детални испитувања за да се докаже работава дали е чудо, ама бидејќи Црквата не дава тие не можат да сторат ништо... и така волкот сит и овците на број... или сите топтан гладни освен Црквата која , се разбира, е единствената која добива со пласирања на вакви научнотo необјаснети сензации. Како што ми рече еднаш еден свештеник -"абе нема ништо лошо во тоа, добро е за верата и верниците". Изменето од Messenger - 07.Мај.2012 во 01:00 |
||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Напротив пријателе! Црквата не ги прогласи официјално за чудо. Пониските свештеници, одговарајќи на прашања, упатија на Светиот Архиерејски Синод како на надлежен за прогласување чуда. Црквата никаде ништо не прогласи, дури и Архиепископот рече дека без детални испитувања не може да даде точно објаснение. Тоа што народот поинаку тоа го протолкува, не е работа на Црквата. А за туринскoто платно, очигледно е дека не си запознаен со сите збоднувања. Научниците не се согласуваат ниту меѓусебно, затоа што дел сметаат дека е автентично, друг дел смета дека процесот на датирање бил со огромни пропусти, трет дел смета дека потекнува од средниот век, но не се согласува начинот на кој бил изведен сиот процес. Можеби ќе ти звучи чудно, но, дури и меѓу нив има такви кои сметаат дека има голема веројатност тоа платно да е од првиот век. Колку што се сеќавам, професорите на медицината и форензичарите се во најголем дел скептични дека се што е претставено таму е средновековна конструкција, особено околу нештата поврзани со телото на ликот на платното.
Изменето од Македон - 06.Мај.2012 во 23:37 |
||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Сега... Црквата тоа го прогласи за чудо, верниците и неверниците се втурнаа да го видат... и што очекуваш сега, да се повтори истата грешка како онаа што ја направи Ватикан со Туринскиот чаршав ?
Црквата рече дека тоа е чудо и готово ! |
||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
А1ON: Црквата го кочи разоткривањето на чудото
Инаку во врска со појавата (меѓу останатите тнр. чуда) на фреските дискусијата е префрлена во темата: (Не)Објасниви чуда |
||||
Бог повторно му говори денес на човештвото преку Неговата пророчица, Габриеле од Вирцбург. Тој не ја говори речта на Библијата!
|
||||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Вака ќе се вика бурлески преставата чија што премиера ќе биде одржана на 12 мај - оваа година - во германскиот град вирцбург. Оваа бурлески/сатирична престава се однесува на самонаречената 76 годишна пророчица габриеле витек, која себеси се експoнира како единствената “божја проорчица“ на денешницата и како таква е обожавана од нејзините потполно оддадени следбеници! ... Покрај протестите поради преставите од страна на христијанските цркви и партии, кои што сакаат да ги заштитат верските чувства на членовите на верските заедници во германија, сепак највисоките германски судови се ставија на страната на хуманистичките вредности кои преку сатира знаат да критизираат и ги дозволија бурлеските престави кои им се “посветени“ на габриеле витек и нејзините потполно оддадени обожаватели . Дури и реномираната фондација Џордано Бруно се изјасни против цензурските “ножици во глава“ кои би можеле да ги скратат фундаменталните права на слободно изразување во германија. http://mainpost.de Изменето од Messenger - 27.Април.2012 во 05:52 |
||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
На македонски јазик во издание на „Универзален живот„ од печат излегоа книгите:
- Реинкарнација: дар од милоста на животот - патувањето на мојата душа - Животна школа за овладување со животот 1 дел - Порака од сепостоењето - Божјото пророштво денес, а не речта на Библијата (2 дел) Изменето од Majkl - 26.Април.2012 во 22:30 |
||||
Бог повторно му говори денес на човештвото преку Неговата пророчица, Габриеле од Вирцбург. Тој не ја говори речта на Библијата!
|
||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
|||
Изменето од Messenger - 25.Април.2012 во 05:04 |
||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
||||
Внеси реплика | страница <1234 86> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |