IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Диети
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Диети

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 33>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2013 во 08:21

lubenica-dieta-ponizok-pritisok-i-potesen-struk

Иако содржи повеќе од 90% вода, дебелите луѓе не би смееле да јадат лубеница во неограничени количини.

Ова овошје кое потекнува од семејството на тикви најдобро е да се јаде помеѓу 17 и 18 часот и тоа најмногу 120 грама дневно. Во тој период се лачат одредени хормони и ензими кои ни помагаат максимално да ги искористиме сите хранливи вредности на лубеницата, советуваат лекарите.

Оваа лубеница диета, со која во текот на пет дена можете да ослабите два килограми, е одлична за детоксикација на организмот. По пет дена диета, задолжително направете пауза од една недела, па ако сакате пак продолжете ја диетата. Во текот на диетата секој ден пијте по осум чаши вода, чај или свежо цеден сок.

Она што малку се знае е дека лубеницата е многу богата со шеќери и го покачува нивото на шеќер во крвта по оброкот, а со самото тоа се лачи инсули, кој не дозволува топење на мастите.

- Оние што држат лубеница диета може да изгубат вкупна тежина во вода и мускулна маа, но ако имаат вишок на маснотии во телото, тогаш оваа диета не е за нив – вели Dr. Gifing.

Лубеницата ја спречува хипертензијата

Секојдневното консумирање лубеница  го намалува крвниот притисок кај луѓе кои боледуваат од хипертензија, покажало истражувањето на научниците од Универзитетот на Флорида. Dr. Arturo Figueros, кој го водел ова истражување, објаснил дека лубеницата особено може да им помогне на луѓето со благо покачен притисок, така што ќе спречи да се развие во хипертензија со потполн облик.

Женскиот бостан е посладок

- Најдобра е онаа лубеница која што има темна, мат кора, не премногу сјајна.

- Кога ќе тропнете по кората, звукот што допира до вас не смее да потсетува на ехо добиено од празен предмет.

- Благата лубеница на врвот од петелката главно има јасен прстен, а шарите треба да бидат зелено-бели, а не две нијанси на зелена боја.

- Искусните продавачи велат дека женските лубеници се повкусни, а ќе ги препознаете по широкиот цвет кој се наоѓа спротивно од петелката.


Мени кое го чисти организмот

1. Ден

Ручек: 100g варено говедско месо, 100г варен ориз со сос од домат, парче лубеница.

Вечера: 50g сирење, парче тост


2. Ден

Ручек: тост, 50g варен пилешки стек (или од мисирка), парче лубеница.

Вечера: 100g риба на скара, парче тост, сезонска салата.


3. Ден

Ручек: 30g шпагети со сирење и патлиџан, парче лубеница.

Вечера: Мешана салата од патлиџан, краставица, пиперка, кромид и зелена салата, 50g свежо сирење, парче лубеница.


4. Ден

Ручек: Чинија супа од зеленчук, парче тост, 50g варено пилешко месо, парче лубеница.

Вечера: 2 варени компири со апрмезан, сезонска салата, парче лубеница.


5. Ден

Ручек: 50g варено говедско месо со шампињони, парче тост, парче лубеница.

Вечера: 50g свежо сирење, 2 парчиња тост, парче лубеница..

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2013 во 13:46

Ако постојано сте во борба со килограмите во која речиси никогаш не победувате, овие неколку месеци се идеалното време да се обидете повторно. Зошто токму есенско слабеење?

sega-e-vistinsko-vreme-za-esensko-slabeenje-01

Есенските плодови кои се во екот на својата сезона се најдобар сојузник на вашата линија.

Ова се плодовите кои се есенски благодет за вашето здравје и линија:

Јаболка -  Со многу малку калории и богати со влакна, јаболката се идеални меѓуоброци.

Тиква - Содржи витамин А, бета каротин и влакна. Семките од тиква помагаат во регулацијата на холестеролот и влијаат на расположението затоа што содржат триптофан – аминокиселина важна за производство на серотинот, кој влијае на расположението.

sega-e-vistinsko-vreme-za-esensko-slabeenje-02

Брокула - Содржи малку калории, а богата е со хранливи материи кои го штитат телото од болести, вклучувајќи ги и сите облици на рак. Во себе има силен антиоксиданс, витамин Ц, фолна киселина, калиум, калциум, и Б витамини.

Кељ - Кељот е несомнено на самиот врв на сите зеленчуци. Како и брокулата, листовите на кељ имаат детоксикациски својства, мноштво витамини и влакна. Го намалува и ризикот од рак на јајници и гради и го намалува ризикот од артритис.

Зелка - Зелката е богата со антиоксиданси, витамин Ц и К, влакна и калиум, т.е. спаѓа во категорија на зеленчукот кој има одлична репутација во борбата против рак.

sega-e-vistinsko-vreme-za-esensko-slabeenje-03

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2013 во 13:42

Поголемиот дел на жените се борат со вишокот килограми во пределот на стомакот, бидејќи овие мускули тешко се затегаат без упорно вежбање.

3-dnevna-dieta-za-ramen-stomak-01

Меѓутоа, девојките забораваат дека исхраната има огромна улога. Треба да употребувате специјална диета која се состои од вкусни оброци богати со витамин Ц кој помага при согорувањето на мастите.

Ако вежбате додека ја практикувате оваа диета по три дена ќе изгубите 2 килограми и во обемот на струкот ќе изгубите до 3cm.

Појадок по избор

Јајца и посна павлака

Намачкајте 30g посна павлака на интегрално парче леб. Комбинирајте со половина црвена пиперка и едно меко јајце.

199 kal, 9g масти

Младо сирење и домати

Две интегрални парчиња леб намачкајте ги со 100g младо посно сирење и комбинирајте ги со магдонос и еден домат.

197 kal, 2g масти

Мед со праски и леб

Изматете 50g посна павлака и една лажица мед, со таа смеса намачкајте две парчиња интегрален леб и комбинирајте со една праска.

210 kal, 1g масти

3-dnevna-dieta-za-ramen-stomak-1

Ужина

Енергетски пијалак

За освежување, помешајте 150 ml свеж исцеден сок од портокал заедно со 100 ml кисела вода, а за заситување изедете една банана.  

100 kal, 1g масти

Крем со портокал

Изматете 100g посна павлака со 50 ml свежо исцеден сок од портокал и половина лажица мед

100 kal, 1g масти

 Леб со краставици

Измешајте 50g младо сирење со исецкан млад лук. Комбинирајте со една мала интегрална кифла и две кисели краставички.

100 kal, 1g масти

 

1 Ден

Ручек: Тестенини со сирење и со пиперка

Испржете едно чешне лук во малку масло, додадете печена исецкана црвена пиперка, две лажици доматно пире и мешајте на оган. Откако ќе се пропржи смесата, сварете 80 gr шпагети, прелијте ги со сосот од пиперки и зачинете со босилек и рендан пармезан.

243 kal, 4g масти

Вечера: Салата од целер и сусам

Измешајте 50g зелена салата со рендан целер, додадете една исецкана праска, една лажичка сецкан магдонос и половина лажица печен сусам. Прелијте со една лажица посен јогурт. Јадете со парче интегрален леб намачкан со 20g посна павлака, сенф, препечен сусам и 20g готвена шунка.

230 kal, 4g масти

3-dnevna-dieta-za-ramen-stomak-2

2 Ден

Ручек: Целер со сос од портокал и ориз

Сварете 100 ml бистра супа со малку цимет, додајте 10 gr ситно сечкан целер и продолжете да варите 10 минути. Во супата додадете половина лажица густин, две лажици соја сос, три лажици исцеден сок од портокал, малку чили, а потоа комбинирајте со зеленчук и варете додека не се направи сос. Додајте половина од исечен портокал, сечкан кромид и една лажица сецкан магдонос и сол. Комбинирајте со 80g варен ориз.

216 kal, 1g масти

Вечера: Салата со карфиол

Измешајте 200gr варен карфиол со исечен домат и кромид. Направете сос од една лажица босилек, половина лажица од лимон, половина лажица маслиново масло, сол, бибер и прелијте го зеленчукот. Нека отстои половина час, а потоа комбинирајте со парче интегрален леб намачкан со 30g младо сирење и исечкајте свежа салатата по желба.

199 kal, 0g масти


3 Ден

Ручек: Пилешко со брокули и компири

Во 400 ml бистра супа варете 100g ситно сецкан компир, додајте кора од лимон и малку морско оревче. По 5 минути додадете 100g брокула, 100g тенко исечени пилешки гради и варете уште 5 минути. Во готовата супа посипете исецкан праз, по желба.

220 kal, 2g масти

Вечера: Салата со сирење

Помешајте 50g исецкана црвена пиперка, 50g исецкан целер на листови, 50g изрендан карфиол и едно ситно сецкано младо лукче. Направете сос од 30g посен јогурт со две лажици сос од домат, лажица сирење и лимонов сок, сол и црн пипер. Јадете со парче интегрален леб намачкан со посна павлака, пармезан и босилек.

211 kal, 5 g масти

3-dnevna-dieta-za-ramen-stomak-3

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2013 во 13:42

Не е лесно да практикувате посебен режим на исхрана ако по цел ден сте на работното место. Сепак, не ја губете надежта.

najlesnata-dieta-za-vraboteni-01

Неколку американски нутриционисти објавија диета за вработени која ќе ви овозможи да се ослободите од гладот, а воедно и од неколкуте килограми вишок.

Понеделник

Појадок: 1 банана, 1 киви

Ручек: Салата од зеленчук и тестенини

Вечера: 250g телешка шницла со варен зеленчук

Вторник

Појадок: 2dl сок од морков, 2 парчиња црн леб, 20g кравјо сирење

Ручек: 2 варени јајца, 100g варен грашок

Вечера: Голема порција салата од зеленчук

Среда

Појадок: Шолја чај без шеќер, кроасан, путер и 10g џем

Ручек: 150g печен компир, 1 јаболко

Вечера: Бистра супа, 200g бела риба, 100g варени моркови

Четврток

Појадок: 2dl сок од портокал, 200g крушки

Ручек: 1 ѓеврек, 100g домат, 100g варено пилешко месо

Вечера: 100g варено телешко место, 200g цвекло

Петок

Појадок: 250g ананас

Ручек: Салата со зеленчук и 1 варено јајце

Вечера: 100g парче морска риба, 200g варен грашок

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2013 во 13:36

Во потрага по најдобрата диета за совршена линија летово сигурни сме дека сте пробале неколку до сега. Ние ви подготвивме нешто сосема поразлично од претходно - секс диета со која може да изгубите 10 килограми за 6 месеци.

delotvorna-seks-dieta-01

Докажано е дека практикувањето на редовен секс има голема корист - здраво срце, здрав имунолошки систем, намалување на депресија, губење на тежина. Негативната страна би било единствено ограничувањето на внесувањето на храна.

Диета и исхрана

Како што уживаш во водењето љубов со твојот партнер би требало да уживаш и во храната. Пребрзото џвакање или пак јадење на брза храна се твои непријатели. Алкохолот според оваа диета треба да се елиминира, а лебот, тестенините и шеќерот треба да се консумираат во умерени количини. Појадокот е задолжителен како и големи количини на вода и зелен чај. Последниот оброк не смее да биде после 19 часот, и се разбира треба да практикувате многу вежбање, односно секс.

Докажано е дека дури 90 проценти од диетите не успеваат поради преголемите ограничувања.

Оваа секс диета овозможува уживање и доста удобен начин со кој можете да се решите од килограмите. Исклучиво важна е здравата исхрана и се препорачуваат банани, црно чоколадо, целер, спанаќ, риба. Можете да забележите дека овие намирници се воедно силни афродизијаци кои ќе ви го зголемат сексуалното либидо.

Вежбањето ја забрзува циркулацијата и го ослободува хормонот за среќа, а кога сте среќни имате желба за нешто убаво. Посетете некоја продавница за долна облека и изненадете го вашиот партнер. Таа новина во спалната соба може многу да го возбуди. Што се однесува на прашањето колку често треба да се практикува секс, експертите препорачуваат минимално 4-5 пати неделно. Еднаш во неделата приредете си вечер на заведување или било што друго што вообичаено не го правите со партнерот.

Ако се придржувате до овие правила за 6 месеци ќе изгубите до 10 килограми.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2013 во 13:35

Вашето тело бара внесување на здрава храна и редовни вежби за да ги намалите килограмите на здрав и сигурен начин.

dieta-so-polovina-limon-dnevno

Но, за губење на килограмите потребно е здраво варење на храната за калориите да се потрошат, а телото да ги искористи вредните супстанци од храната. Ако вашиот систем за варење не функционира како што треба, повеќето обиди за слабеење ќе бидат многу побавни.

Сокот од лимон има висока концентрација на лимонска киселина која го стимулира системот за варење и помага при намалување  на дејството на јаглените хидрати.

Чекор 1
Исечете го лимонот на половина и исцедете ја половината во чаша од 2.5 dl. Додајте вода на собна температура. Собната температура е важна затоа што значи дека вашето тело нема да вложи дополнителен напор за загревање на сокот и може да започне веднаш со варење на лимонадата. Колку е постудена водата ќе треба подолго време за да започне варењето.

Чекор 2
Добро измешајте ја лимонадата во чашата и испијте ја чашата одеднаш. Важно е лимонадата да ви биде првата работа која ќе ја испиете наутро бидејќи така ќе има најдобро дејство.

Чекор 3
Втората половина од лимонот завиткајте ја во пластична фолија и ставете ја во фрижидер за наредното утро.

Чекор 4
Секое утро напијте се незасладена лимонада според рецептот, пред појадокот. На тој начин вашиот метаболизам ќе започне пред да внесете калории во организмот.

Добро е да се знае: Лимонадата сама нема да доведе до поголеми резултати. Таа го забрзува губењето на килограми, но само ако помалку јадете и повеќе се движите.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2013 во 13:33

Иако медот секогаш важел за здрава храна многу нутриционисти во последно време го ставаат во групата намирници кои треба да ги избегнувате кога сте на диета. Шкотскиот нутриционист Мајк Мекинс има сосем поинакво мислење.

medena-dieta-vitka-stava-so-edna-lazicka-med-01

Во оваа диета нема да ви кажуваме што точно да јадете, туку неколку правила за како да ја комбинирате храната што сакате да ја јадете.

 Единствено што треба да внимавате се количината и хранливите вредности. Целиот избор на храна останува сами да го комбинирате. Сигурно ќе ги изгубите непосакуваните килограми ако ги следите овие златни правила:

- Заменете го шеќерот со мед. Секое утро и секоја вечер пред спиење испијте шолја топла вода со лажичка мед.

- Користете нерафинирани јаглени хидрати. Во однос на калориите сеедно е дали ќе јадете бел или црн леб. Но голема е разликата во однос на тоа што црниот леб содржи многу похранливи состојки и растителни влакна кои помагаат во варењето. Јаглените хидрати треба да зафаќаат максимум една четвртина од вашиот оброк.

- Јадете протеини во секој оброк за подолго да останете сити. Риба, месо, јајца, зеленчук треба да бидат дел од секој ваш оброк.

- Еден ден неделно, по ваш избор, треба да го поминете без јаглени хидрати. Тоа значи без леб, тестенини и благо.

- Не ја ограничувајте количината на салати. Секојдневно јадете салата, по можност од различен зеленчук.

- Задолжително по две овошки на ден кои не се полни со шеќер.

- Одберете полномасно млеко. Во оваа диета не се бројат мастите. Слободно одберете полномасно млеко, сирење, кашкавал со најдобар вкус кои дури може да ви помогнат за побрзо да се заситите и подолго да ве држат.

- Јадете што и да посакате, колку и да е масно, но не заборавајте наутро и навечер во чаша топла вода или чај да растопите една лажичка мед и по желба малку лимон.

Резултатите ќе бидат видливи веќе по една недела.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2013 во 18:19

Зголеменото внесување на јагоди ја поттикнува детоксикацијата на организмот и губење на два до три килограми за недела дена, што треба и да се очекува ако дел од храната во текот на денот се замени со ниско калорично овошје, како што се јагодите.

jagoda-dieta

Јагодите би требало да се вклучат во секој оброк во текот на денот.

План на исхрана

Се препорачува денот да започне со 300 грама јагоди за појадок, а истата количина да се консумира и за десерт по ручекот. Ужината исто така вклучува порција јагоди, а за вечера се препорачува 500 грама јагоди и јогурт со намален процент на млечни маснотии пред спиење. Освен јагодите од овошје во текот на денот може да се изеде и половина банана.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2013 во 18:19

Високо - протеинската или месна диета дозволува висок внес на протеини, а смалување на внесување јаглехидрати на минимум.За оваа диета не постои некој строг режим на придржување. Важно е да се храните исклучиво со месни продукти, а да избегнувате се останато, па дури и овошје и зеленчук.

mesna-dieta-1

Недостатокот од внесување на витамини можете да го надоместите со витамински таблети. За време на оваа диета дозволено е месото да се спрема на најразлични начини (да се пржи, да се вари, да се пече) се додека додавате зачини кои не содржат јаглехидрати.

Слабеењето ќе настане како резултат на промена на составот на телесното ткиво, со губење на мастите и зголемување на мускулната маса. Мускулот е 3 пати потежок односно погуст од масното ткиво, па затоа немојте да се држите до бројот на килограми. Подобро мерило за резултатот од оваа диета се изгубените сантиметри во обем.

Дозволени продукти се сите видови риба и месо:

Подготовка: варено, пржено, печено, сушено. Дозволени се и сите зачини, освен кечап и сенф.

Забранети продукти: сите кои содржат скроб, сите видови млечни производи, слатки и грицки.

Дозволени пијалоци: минерална вода, вода, црно кафе, чај.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2013 во 18:18

Не е лесно да практикувате посебен режим на исхрана ако по цел ден сте на работното место. Сепак, не ја губете надежта.

najlesnata-dieta-za-vraboteni-01

Неколку американски нутриционисти објавија диета за вработени која ќе ви овозможи да се ослободите од гладот, а воедно и од неколкуте килограми вишок.

Понеделник

Појадок: 1 банана, 1 киви

Ручек: Салата од зеленчук и тестенини

Вечера: 250g телешка шницла со варен зеленчук

Вторник

Појадок: 2dl сок од морков, 2 парчиња црн леб, 20g кравјо сирење

Ручек: 2 варени јајца, 100g варен грашок

Вечера: Голема порција салата од зеленчук

Среда

Појадок: Шолја чај без шеќер, кроасан, путер и 10g џем

Ручек: 150g печен компир, 1 јаболко

Вечера: Бистра супа, 200g бела риба, 100g варени моркови

Четврток

Појадок: 2dl сок од портокал, 200g крушки

Ручек: 1 ѓеврек, 100g домат, 100g варено пилешко месо

Вечера: 100g варено телешко место, 200g цвекло

Петок

Појадок: 250g ананас

Ручек: Салата со зеленчук и 1 варено јајце

Вечера: 100g парче морска риба, 200g варен грашок

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2013 во 18:17

probajte-dieta-so-tikva-01

Тиквата е кралица на есента, може да се подготвува на безброј начини, при тоа е ниско калорична, има се на се 30 калории во 100 грама и преставува добар избор за сите оние што сакаат да ослабат.

Мени за 4 дена

Прв ден

Појадок: варена тиква со морков и сок од лимон и каша од варена тиква со додаток на житарици.

Ручек: супа од зеленчук со тиква (пиперка, морков, кромид и малку компир), 150 грама пилешко филе и парче интегрален леб.

Вечера: тиква печена во релна.

probajte-dieta-so-tikva-1

Втор ден

Појадок: каша од тиква, шолја немасен јогурт и една интегрална кифла.

Ручек: крем супа од тиква и рижото од тиква и печурки.

Вечера: 150 грама овошје по избор.

probajte-dieta-so-tikva-2

Трет ден

Појадок: каша од варена тиква и едно варено јајце.

Ручек: супа од зеленчук со тиква и мусака од тиква и мелено месо.

Вечера: две парчиња тост и салата од печена тиква со ананас.

probajte-dieta-so-tikva-3

Четврт ден

Појадок: две парчиња солена пита од тиква и шолја немасен јогурт.

Ручек: крем супа од тиква, гулаш од тиква (се подготвува како и секој гулаш, само што наместо месо се става тиква) и парче интегрален леб.

Вечера: тиква печена во рерна.

probajte-dieta-so-tikva-4

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
mrzla Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
натурална девојка

Регистриран: 14.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mrzla Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Октомври.2013 во 00:53
Нема поубава диета од оваа...нема


1 ден - протеински

Ручек: месо, варено или печено, (какво било, само еден вид) во количина од околу 300 грама (или риба, соја или 3 јајца) + салата (во неограничени количини, од каков било зеленчук, освен патлиџан, со масло, сол, зачини) + една чаша супа од зеленчук (без протеини или скроб, само зеленчук + масло)

Вечера: исто како и ручек само пола количина

Може да се јадат и млечни производи (сирење, млеко, јогурт во мали количини) или да се јаде млечен производ како главен протеин за ручек или вечера наместо месо.

2 ден - скробен

Ручек: компир, ориз, грав, грашок, леќа, боранија + салата (може и патлиџан). Количината како и во првиот ден, околу 300 грама, за вечера исто како и ручек само пола количина.

3 ден - јагленохидратен

Ручек: варено тесто (макарони, шпагети, јуфки…) или мала пица со зеленчук (без скроб, протеини или млечни производи) со додаток на зачини, кечап и сл., или солени пецива во количина на пица во пицерија (на пример 3 кифли).

Вечера: 2 мали парчиња торта, или 4 мали слатки или 3-4 топки сладолед + задолжително 1 ред чоколада за готвење за да се спречат алергии.

4 ден - овошен

Цел ден се јаде какво било овошје, разни видови, во неограничени количини.

По еден круг од 7 х 4 денови, односно 28 денови, еднаш месечно по овошниот ден се применува течен ден: какви било течности (вода, чај, сок без шеќери).

По овошниот, односно течниот ден, се продолжува со протеински ден.

Кафе и чај можат да се пијат, но без шеќер.

Се што е наведено мора да се јаде бидејќи има своја улога во организмот.



Количините на храна се поголеми од вообичаените, а намирниците се прилагодени на нашето поднебје, така што диетата, генерално, не е тешка. Мора да се применува со упорност и доследност. Понекогаш се случува десет дена да нема никаква загуба на килограми, па потоа одеднаш ќе се загубат 3-4.

Диетата не смее да се држи подолго од 90 денови. Треба да се направи пауза од 3 месеци па потоа, ако сакате, повторно да спроведете нови 90 дена од диетата.



И бричот падна на колена пред зборот:

Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јули.2013 во 16:50

Овошна диета: Експресно изгубете 5 килограми


Благодарение на овој режим кој се темели на лубеница и диња, ќе си ја доведете линијата до совршенство.

Сега им е сезоната на лубеницата и на дињата, па вистинско време е да се обидете со оваа диета.

Основни правила:
* Диетата трае две недели.
* Забрането е конзумирање на: слатки, бел леб, масно сирење.
* Дозволено е: пилешко, риба, овошје, зеленчук, житарки.
* Од маснотии: маслиново масло; од зачини: бибер, сол и ароматични билки.
* Секое утро по будењето пијте чаша вода со сок од половина лимон.

МЕНИ

1 ден
Појадок: шолја бело кафе, кришка црн леб, половина виршла
Ужина: 100гр. изладена диња или лубеница
Ручек: супа од зеленчук, 150гр. пилешко на скара, зелена салата со масло
Ужина: 100гр. изладена диња или лубеница
Вечера: 80гр. туна, кришка црн леб, свежа пиперка

2 ден
Појадок: шолја бело кафе, кришка црн леб, 30гр. пилешка шунка
Ужина: 100гр. изладена диња или лубеница
Ручек: бистра пилешка супа, 150гр. ослиќ, 100гр. компир-салата, салата од домати зачинета со маслиново масло
Ужина: 100гр. изладена диња или лубеница
Вечера: чорба од зеленчук, кришка црн леб

3 ден
Појадок: шолја бело кафе, кришка црн леб премачкана со пилешка паштета
Ужина: 100гр. изладена диња или лубеница
Ручек: говедска супа, 200гр. шпагети болоњезе, зелена салата
Ужина: 100гр. изладена диња или лубеница
Вечера: 150гр. рижото со зеленчук

4 ден
Појадок: шолја чај, кришка црн леб, лажица масло, лажица мед
Ужина: 100гр. изладена диња или лубеница
Ручек: чорба од спанаќ, 200гр. телешко динстано со зеленчук, салата по избор
Ужина: 100гр. изладена диња или лубеница
Вечера: салата од 100гр. пилешко, 50гр. варен компир и 50гр. карфиол со лажица маслиново масло

5 ден
Појадок: чаша незасладена лимонада, кришка црн леб, виршла, сенф
Ужина: 100гр. изладена диња или лубеница
Ручек: 150гр. печено пилешко, 100гр. варена боранија, кришка црн леб
Ужина: 100гр. изладена диња или лубеница
Вечера: шопска салата со немасно сирење

6 ден
Појадок: шолја бело кафе, кришка црн леб, 50гр. шунка
Ужина: 100гр. изладена диња или лубеница
Ручек: говедска супа, 200гр. телешко динстано со зеленчук, салата по избор
Ужина: 100гр. изладена диња или лубеница
Вечера: 100гр. проја и јогурт

7 ден
Појадок: шолја јогурт со ниска масност, кришка црн леб, 50гр. немасно сирење, кришка диња/лубеница
Ужина: 100гр. изладена диња или лубеница
Ручек: 200гр. слатка зелка со телешко, кришка црн леб
Ужина: 100гр. изладена диња или лубеница
Вечера: две виршли, сенф, зелена салата

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6759
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Февруари.2013 во 03:47
  pametno големо гушкање
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 33>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.