|
Пиете многу вода? |
Внеси реплика | страница <1234 24> |
Автор | ||
Charmedgirl18
Сениор Регистриран: 17.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 868 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
не пијам многу вода, не бара организмот.сигурно пијам помалку од 2литра дневно
|
||
I'm not afraid to take a stand
Everybody come take my hand We'll walk this road together, through the storm Whatever weather, cold or warm Just let you know that, you're not alone |
||
sneska_v
Сениор Регистриран: 05.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 3455 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Страсниот и возбудлив секс речиси секогаш предизвикува жед, а потоа и умор. Но пиењето доволно вода помага да се зголеми активноста во креветот. Разни студии покажуваат дека пиењето вода е особено важно за совладување на заморот во креветот, т.е. водата може да им помогне на илјадници љубовници кои не можат долго да ги држат очите отворени. - Со пиењето вода нема само да му помогнете на вашиот сексуален живот, туку тоа ќе биде една одлична работа која може да ви премине во здрава навика, велат истражувачите од JonsHopkins, додавајќи дека земањето вода заедно со правилната исхрана и вежбање помага во спречувањето на кардиоваскуларните болести. Интересно е дека кардиоваскуларните болести одат рака под рака со проблемите кои мажите ги имаат в кревет. Токму пиењето вода помага во регулацијата на крвотокот, што е битен фактор за ерекција. Хидратацијата им помага и на жените да го подобрат својот сексуален живот, вели доктор Колин Вилсон, објаснувајќи дека водата го подобрува кардиоваскуларниот систем. Затоа заменете го алкохолот со вода и уживајте во долги жешки ноќи со водата како афродизијак. |
||
sneska_v
Сениор Регистриран: 05.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 3455 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Луѓето што живеат во Јапонија имаат навика да пијат вода веднаш штом ќе
се разбудат. Голем број испитувања ја докажале предноста на оваа
техника. Лекувањето со вода дава резултати за голем број сериозни
заболувања.
Познато е дека пиењето вода на празен стомак делува во лечењето на следниве болести: главоболка, болки во телото, срцевиот ситем, забрзана работа на срцето, епилепсија, масти во крвта, бронхитис, астма, туберкулоза, менингитис, болести на бубрезите и мочните органи, повраќање, гастритис, дијареја, хемороиди, дијабетис, запек, сите болести на очите, болести на матката, менструални пореметувања, болести на увото, грлото и носот. |
||
gonzo
Сениор Мачкозил Регистриран: 04.Декември.2008 Локација: У дневну Статус: Офлајн Поени: 3137 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
So ogled na temperaturite u 'moive kraista' mora da pijam voda, posebno ako imam nekoi manifestacii nadvor na sonce togas i sam neznam kolku voda pijam dnevno...
|
||
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Последниве неколку дена премногу.
Денес имам испиено скоро 3 литри течност,било обична или минерална вода.
|
||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||
Феникс
Сениор http://www.youtube.com/watch?v=mTCmVSp46 Регистриран: 12.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 8143 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Jas pijam sigurno 2 l, a nekogash i poveke.
|
||
...Ne gledaj nazad so gnev, nitu napred so strav, gledaj naokolu so razbiranje. ...
|
||
sanja-a
Сениор Only God Can Judge Me! Регистриран: 12.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 13457 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ајроне бре па реков правопропорционално...цел ден....колку внесуваш толку изнесуваш |
||
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу. Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот. Одри Хепберн |
||
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Повеќе вода за поздраво срце
Доколку во организмот не внесуваме количество на вода која е неговата минимална потреба, и доколку тоа трае со години, како што во низа свои стручни и практични трудови покажа Доктор Ферејдун Батманхелиџ од САД, нашиот организам полека но сигурно дехидрира. Тоа доведува до физиолошки одговор на низа механизми на организмот за заштита од дехидрација (што сме ги наследиле уште од нашите претци водоземците) и до соодветни промени во функционирањето на организмот. Какво е влијанието на дехидрацијата врз крвните садови, чие здравје е од суштинска важност за здравјето на срцето? Крвните садови се еластични и се прилагодуваат на количеството на течност која е во нив, ширејќи го и собирајќи го својот лумен (обем). Тие мораат на недостигот на течност моментно да се прилагодат со грчење, намалување на обемот, оти инаку би дошло до издвојување на гасови од крвта што би имало фатални последици. Значи, дехидрацијата, која го намалува и количеството на крвна течност, доведува до грчење, односно до намалување на обемот на крвните садови. Второ, намалувањето на количеството на течност во крвотокот доведува и до пад на притисокот врз неговите краеви- капиларната мрежа која ги снабдува ткивата и органите со крв. Работата е сосема иста како со водоводот: помалку вода, помал притисок во славината! За да не дојде до оштетување на ткивата поради недостиг на крв, кардиоваскуларниот систем реагира со зголемување на притисокот! И така, парадоксално, помало внесување на течност доведува до покачување на притисокот. Тоа е оној вид на покачен притисок на кој всушност не му се знае причината и кој, лекарски домислено, се нарекува „есенцијална хипертензија“. Ако хипертензијата од овој вид ја лечиме со диуретици, ние всушност уште ја влошуваме ситуацијата. Организмот има недостиг од вода, а ние го тераме уште да ја исфрлува! Така се создава затворен круг кој доведува до се поголемо влошување. Тој може да се прекине единствено со постепено зголемување на внесување на чиста вода, додека не се достигне нивото на минималните потреби-2 литра дневно! Кога во организмот се внесува доволно течност, крвта, како воден раствор, станува погуста. Според принципот на осмоза, крвта тогаш почнува да ја црпи водата од ќелиите на крвните садови. Меѓутоа, секоја ќелија има примарен механизам кој е „постар“ и кој ја штити од дехидрација- а тоа е создавање на „тули“ на холестерол кои ја спречуваат водата да истекува од ќелиите! И така, парадоксално, помалото внесување на течност доведува до зголемување на количеството на холестерол на ѕидовите на крвните садови, а тоа е познато како затнување („закречување“) за кое, за жал, доведува до постепено намалување на снабдувањето на срцето со крв и прогресивно пропаѓање на срцевото ткиво. Пациентите на Доктор Батманхелиџ, кои пателе од висок притисок и холестерол, под негов надзор успевале да ги решат тие проблеми само со зголемено внесување на вода. Звучи неверојатно, но е вистинито, што покажува неговата документација, историите на болестите и сведоштвата на самите пациенти. Се разбира, ако саката да го пробате овој метод, морате да се консултирате со лекарот. Зашто мора да се исклучи можноста од проблеми со бубрезите и да се следи здравствената состојба, во случај некој веќе да се лечи со класични медикаменти против холестерол и висок притисок, кои под лекарски надзор би требало се намалуваат онака како што, со зголеменото внесување на вода, се намалуваат и видливите симптоми. |
||
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
||
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
imav lesna vechera........kroketi i jogur, znachi denes nema voda, a i vremeto ne dozvoluva. Sumorno E.
|
||
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
||
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Сање бе кај пикаш толку или одма трошиш????? да не јадиш многу сирење аааааа или од негде течи па само вода пиеш и на чешма висиш јас можи до кај 2 л пијам |
||
|
||
sanja-a
Сениор Only God Can Judge Me! Регистриран: 12.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 13457 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
правопропорционално
колку внесувам толку изнесувам сигурно докај 4 литри дневно...ако не и повеќе |
||
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу. Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот. Одри Хепберн |
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
И течностите можат да му наштетат на организмот
Општото правило за количината на испиената течност е едноставна. За секој килограм телесна маса потребно е 40 милилитри течност, односно човек со тежина од околу 60 килограми мора да испие секојдневно по 2,4 литри течност - не повеќе, но не ни помалку. Како резултат на стереотипите и бројните публикации луѓето во лето пијат повеќе течности за разлика од останатиот дел во годината. Точно. На топло време, телото е особено чувствително и се нарушува водениот биланс, но е задолжително да се прави разлика помеѓу жед и желба за пиење. Чувството за жед е сигнал на организмот, а желбата за пиење е поврзана со сознанието дека ни треба вода во себе. Отоци под очите наутро и навечер, зголемена секреција на масните жлезди во кожата на главата (поради која треба често да си ја миеме косата, не еднаш туку два пат дневно), главоболка при најмалите промени на температурата, доволно долга менструација (до 7 дена), не многу долг циклус (21-23 денови), сето ова се знаци за зголемена количина на течности во организмот. Според експертите, луѓето многу малку обрнуваат внимание за испиената количина течности. Поголемиот дел од денот консумираат кафе, чај или сок. Газираните пијалаци, исто така го зголемуваат проблемот. Топлите пијалаци се бескорисни, особено во лето. Тие имаат диуретични својства и со нив, можеме само да ја изгасиме жедта. |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Zavisi od toa shto sum vecheral...........
|
||
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
||
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Умерено
|
||
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
||
Внеси реплика | страница <1234 24> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |