|
Колачи,торти и останати слатки од костен |
Внеси реплика | страница <123> |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Превкусен десерт од костен и рум Идеален десерт за постудените денови. Со малку волја и време можете да подготвите совршено костен пире многу повкусно од купената верзија. Во лонец ставаме 100 мл вода во која додаваме 2 лажици шеќер, штом добиеме полуредок сируп го додаваме румот, аромата од ванила и вариме уште две три минутки со мешање. Лончето го тргаме на страна за смесата да се олади. Сварените костени ги лупиме и потоа ги толчиме. Потоа ги полеваме со сирупот. Таквото костен пире го ставаме во чашки за сладолед и врз него додаваме шлаг и украсуваме со чоколадни трошки. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Торта со костениКостените кои се едни од главните обележја на есента, како што веќе спомнавме можете да ги јадете печени или варени, можете од нив да направите вкусни мали бомбици, а исто така можете да ги употребите за подготвување на фил со кој ќе ја филувате тортата, која денес ви ја нудиме како наш предлог. За подготовката на оваа вкусна торта со костени, покрај состојките кои ќе ви ги кажеме, во самата подготовка потребно е да внесете и многу љубов и внимание. Ви посакуваме пријатна и лесна работа, а кога тортата ќе биде спремна за консумирање, ви предлагаме со чаша црвено вино уште повеќе да го збогатите нејзиниот вкус. Состојки за пандишпан: Состојки за фил: Подготовка на пандишпанот: 1. Белките се матат со миксер заедно со шеќерот и постепено една по една им се додаваат жолчка не престанувајќи со матењето. Подготовка на филот: 1. Јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер се ставаат во сад да се стопат над пареа со постојано мешање, додека смесата не се згусти. Финална подготовка на тортата: 1. Изладениот пандишпан се враќа во калапот во кој се печел. Над него се става изладениот фил и калапот се става во фрижидер за да се стегне тортата со филот. Изменето од Valerija - 23.Јули.2018 во 20:20 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Костен торта – едноставна, а толку вкусна…Доколку ви се јаде благо направете ја оваа вкусна торта од костени – ќе бидете воодушевени! СОСТОЈКИ ЗА КОРА:
СОСТОЈКИ ЗА ФИЛ:
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Изменето од Valerija - 07.Јуни.2018 во 22:21 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Есенски десерт: Торта од костен во 5 чекориСо официјалниот почеток на есента започнаа подготовките во домот, па и во кујната. Еден од омилените есенски плодови - костенот, за прв пат ќе можете да го искористите на малку поиновативен и повкусен начин. За сите љубители на оваа прекрасна есен прeпорачуваме едно колаче/торта кое пријатно ќе ве изненади:
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Непечена торта од костен- Подготовка
Непечената костен торта е толку многу вкусна, кремава и едноставно се приготвува. Костенот и шлагот од ванила и даваат волшебен мирис на која многу тешко можете да му одолеете.
~45 бисквити 350 г пасиран варен костен 200 г ореви 125 г путер 150 г шеќер во прав 1 пакување шлаг крем од чоколадо или ванила Екстракт од ванила
1-2 пакетчиња шлаг пена
Во изматениот шлаг крем додадете сварен и испасиран костен, па промешајте. Путерот пенасто изматете го со шеќер во прав па додадете го во смесата со шлагот и костенот. На крајот додадете исечкани ореви и сето убаво со дрвена лажица соединете.
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Колач од костени и вишни За подготовка ви се потребни:
Подготовка Исчистените костени варете ги во млекото додека не омекнат. Жолчките се мешаат со шеќерот додека не се добие пенлива смеса. Во смесата додадете бадеми, сок од лимон и коњак, мешајте и додадете во костените. Изматете ги белките од јајцата додека не станат густи, потоа додадете ги во смесата со костените. Смесата истурете ја во подмачкан калап со брашно (околу 26-28 центиметри дијаметар). Печете околу 45 минути на 170˚С. Вишните варете ги во пола чаша црвено вино со 3 лажици шеќер, додека смесата не стане густа. Смесата истурете ја на изладениот колач. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Рум коцки од костен 1 килограм костени 250 грама маргарин 200грама шеќер 50 грама рум 300 грама чоколада за готвење 4 лажици масло за јадење Костените ги вариме, лупиме и ги пасираме. Посебно ги матиме шеќерот и маргаринот, па го додаваме румот и испасираните костени. Добро мешаме,потоа смесата ја истураме на работната маса и ја развлекуваме со дебелина од 4 сантиметри. Изменето од Valerija - 07.Јуни.2018 во 22:07 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Рецепт: Парфе торта од костениКостените се заштитен знак на есенските денови. Неодоливата миризба на печени костени веќе некое време се шири низ улиците и му дава посебна магија на овој период од годината. Потребни состојки Тесто: - 50 гр. путер; - 50 гр. шеќер во прав; - 2 жолчки од јајце; - 70 гр. чоколадо; - половина супена лажица горко какао; - 1 кесичка ванилин шеќер; - 35 гр. брашно; - половина лажичка прашок за пециво; - половина лажичка сол; - 0,33 дл. слатка павлака (хопла); - 2 белки од јајце; - 0,66 дл. млеко. Фил: - 500 гр. варени и исчистени костени; - 400 мл. слатка павлака (хопла); - 100 гр. шеќер во прав; - 1 кесичка желатин во прав; - изматен шлаг; - рендано чоколадо за декорација. Подготовка Најпрво подгответе го тестото, односно чоколадниот бисквит. Пенасто изматете ги путерот и шеќерот, па додавајте ги жолчките, една по една. Потоа, стопете го чоколадото на пареа, оставете го малку да се олади и во него додадете ги какаото и ванилиниот шеќер. Со миксер мешајте сè, додавајќи ги во смесата брашното, прашокот за пециво и солта, а потоа полека и павлаката и млекото. Белките добро изматете ги одвоено, сè додека не добиете цврста пена, а потоа истата додадете ја во смесата и изматете уште малку. Истурете ја смесата во кружен калап и печете на 180 степени околу 15 минути. Додека тестото се лади, подгответе го филот. Сварените костени исчистете ги и испасирајте ги. Желатинот подгответе ги според упатството на кесичката. Во костените додадете го шеќерот, а течната слатка павлака измешајте ја со изматената шлаг пена. Измешајте ги костените и шлагот и на крај додадете го растопениот желатин. Измешајте ја смесата со лажица и ставете ја врз испеченото и изладено тесто. Тортата ставете ја во фрижидер да се олади. Потоа украсете ја со шлаг и попрскајте ја со рендано чоколадо. Добар апетит! |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бајадера со костени 700gr костени (исчистени), 200gr мелени бисквити, 200 gr мелени бадеми, 150gr путер, 450 gr шеќер растопен во 15тина лажици топло млеко. јас имав доста помалку костени, ама пак се осеќа нивниот вкус. Околу 250 gr варени и испасирани костени (измерени после лупењето, пред тоа беа пола кило) Измешајте ги сите состојки и во пола од смесата ставете го стопеното чоколадо. сипете ја смесата во калапи или поголема кутија, прво делот без чоколадо, па делот со чоколадо, и врз сето тоа направете глазура, која јас ја испуштив, од желба што побрзо да ја пробам бајадерата. глазурата на ирена е од 150 gr стопено чоколадо со 2 лажици путер и 2 лажици млеко. бајадерата треба да се стврдне некое време во фрижидер и потоа лесно се сече. и брзо ја снемува. Изменето од Valerija - 07.Јуни.2018 во 21:42 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Убиствено добра комбинација -торта со чоколадо и костениПирето од костени и кремот од чоколадо ќе создадат торта која ќе ви ја збогати трпезата, ќе ја јадете со сласт и ќе внесе дополнителна радост во ова преубаво годишно доба од годинатаПотребни состојки:
За кремот:
Начин на подготовка:
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Чоколаден костен-колач со ликер
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Колач од костен Потребни состојки за тесто: 6 белки 18 лажици шеќер 6 жолчки 1 пакување пире од костени 1.Добро изматете ги белките со шеќер и оцет, па додадете ги оревите. Смесата излејте ја во плех обложен со хартија и печете 1 час на 150 степени. 2.За првиот фил изматете ги жолчките со шеќер, додадете ванилин шеќер и кесичка пудинг од ванила, па сето добро измешајте го, додадете малку млеко за да не биде премногу густа смесата. Сварете го во млекото и оставете да излади. Тогаш додадете 150 г путер/маргарин. 3.За вториот фил во пирето од костен додадете ореви, промешајте и додадете изматена слатка павлака. 4.Изладениот бисквит премачкајте го со првиот па со вториот фил. Колачот прелијте го со растопено чоколадо или премачкајте со шлаг. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Подгответе: Лесна торта од чоколадо и костениКостенот и чоколадата ќе направат торта која со сигурност ќе го збогати вашето мени на десерти. Тортата се прави брзо и едноставно и со сигурност ќе ви стане омилениот сладок оброк. Ако сте огромни обожаватели на слаткото, тогаш ова е есенската комбинација за вас:
Во еден сад ставете ги жолчките од јајцата и шеќерот, па со помош на миксер измешајте ги додека не се соединат. Потоа додајте го какаото промешано со брашното. Белките од јајцата лесно вмешајте ги во смесата. На дното од калапот за торта ставете хартија за печење, а потоа добро премачкајте со путер. Во калапот, додајте ја подготвената смеса, измазнете го тестото и печете 40 минути во загреана рерна на 180 степени. Печеното тесто извадете го од рерна и оставете го во калапот да се лади, а потоа распрскајте го млекото врз него. Пирето од костен разредете го со 100ml крем. Земете сад во кој ќе ги ставите ладното млеко, остатокот од слаткиот крем и кремот за колачи од чоколадо, па мешајте со миксер додека да добиете еднолична смеса. Потоа додајте го стопеното чоколадо и пирето од костен. На веќе изладеното печено тесто, додајте го кремот, а потоа оставете ја тортата да се олади. Украсете со шлаг или чоколадни трошки. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <123> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |