|
Рецепти за еурокрем десерти |
Внеси реплика | страница <12 |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бисквит торта со еурокрем
Сварете го млекото со шеќерот. Растопете 8 лажици брашно во малку млеко и додјте го во садот со свареното млеко со постојано мешање да не се направат грутки. Сварете го филот така што ќе добиете густа смеса како пудинг. Тргнете го тенџерето од оган и додадете еден маргарин и еурокрем. Мешајте додека состојките не се растопат. Секоја бисквита потопете ја во млеко и наредете ги на еден четвртаст плех. Потоапремачкајте со филот, и повторете ја постапката додека имате од состојките. На крајот завршете со кремот и посипете со мелени лешници, ореви или чоколадни мрвици. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ванила торта со еурокрем Состојки Кора 1 јајце 80мл. зејтин 80мл. јогурт 1 филџанче шеќер (филџанче од 100мл.) 2 филџанчиња брашно 1 пециво прстофат сол 1 лажица ванила Ванила крем 300мл. млеко 1 пудинг од ванила 150гр. путер 3 лажици шеќер 1 полна лажица шеќер во прав 1 лажица ванила Уште плус 250гр. еурокрем 18-20 бисквити малку млеко 2 пакувања шлаг пена 200мл. ладно млеко 3 лажици шеќер1. Во сад за матење ставете го јајцето, солта и шеќерот и матете додека не се растопи шеќерот. Потоа постепено додадете ги јогуртот и зејтинот. Во сад на страна просејте го брашното и пецивото па додадете ги во садот за матење. На крај додадете ја и ванилата. Калап со бр.20 обложете го со хартија, па претурете ја смесата и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180С. Проверете со чепкалка дали е готова (околу 20мин.) 2. Во сад на оган ставете го скоро целото млеко, шеќерот и ванилата да се варат. Во преостанатото млеко раствортете го пудингот, па кога млекото ќе зоврие додадете и мешајте за убаво да се згусне. Тргнете на страна и оставете да се олади целосно. Во сад за матење ставете го омекнатиот путер и шеќерот во прав и матете додека се добие убава пенеста смеса. Додадете го оладениот пудинг и матете да се соедини. 3. Кога тестото е испечено извадете го, оставете 10тина мин во калапот да се олади па извадете го на решетка и отстранете ја хартијата. Додека е млако тестото премачкајте убаво со еурокрем (оставен на собна температура да омекне). Врз еурокремот наредете ред бисквити претходно потопени во млеко. Преку бисквитите повторно премачкајте со еурокрем. Врз еурокремот ставете го скоро целиот ванила крем и убаво израмнете. Од горе повторно наредете ред бисквити и премачкајте ги со преостанатиот еурокрем. Од страна целата торта премачкајте ја со ванила кремот. Ставете во фрижидер да се стегне. 4. Шлагот подгответе го според упатството. За поголема цврстина секогаш го подготвувам со малку помалку млеко. Премачкајте ја целата торта и декорирајте по желба. Мојата декорација според поводот =) Добар апетит =) |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Киндер торта со еурокрем Состојки Пандишпан 8 белки 5 лажици шеќер 2 цели јајца 5 лажици брашно 2 лажици масло 100 гр сецкани ореви Фил 1 л млеко 10 лажици шеќер 8 жолчки 3 пудинга од ванила 1 маргарин 200 гр црно млечно чоколадо 100 гр бело млечно чоколадо 300 гр еурокрем 400 гр бисквитиПандишпан Се матат белките со шеќерот во цврст снег. Се додаваат и двете цели јајца и се мати уште кратко. Потоа се додаваат останатите состојки, се промешува се заедно со лажица и се става во правоаголен плех, се пече на 200 степени, околу 20 мин. Фил Од млекото малку се одвојува за да се промешаат жолчките со пудингот, а останатото млеко со шеќерот се ставаат на оган да почне да врие, па се додаваат жолчките со пудингот и се вари крем. Откако кремот ќе се згусти се трга од оган да се излади. Се уработува еден маргарин и се соединува со оладениот крем, па кремот се дели на два дела, во едниот се додава растопеното црно чоколадо, а во другиот се додава растопеното бело чоколадо. Се филува прво кора, па се премачкува со целиот крем, па се редат половина од бисквитите, па се става од чоколадниот фил, па повторно бисквити, и на крај од белиот фил. Врз белиот фил на крајот изрендав чоколадо. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еурокрем торта со ореви Состојки Пандишпан 5 белки 5 лажици шеќер 2 полни лажици брашно 1 лажица пециво 10 полни лажици мелени ореви Фил 550 мл. млеко 5 лажици шеќер 5 жолчки 2 пакетчиња ванилин шеќер 1 пакетче пудинг од ванила 1 лажица нишесте 2 лажици млеко 350 гр. мелени ореви 250 гр. маргарин 1 пакетче шеќер во прав 100 гр. чоколадо за готвење (стопено) Околу 400 гр. бисквити по желба (чајни, плазма, обични, може и микс За подготовка на пандишпанот прво ги миксаме белките со шеќерот. Ги додаваме брашното и пецивото и промешуваме. Потоа го додаваме и оревите, мешаме добро и смесата ја истураме во плех и печеме на 180 степени 5-10 минути. За подготвка на филот, прво го вариме млекото со шеќерот. Настрана со миксер добро ги мешаме жолчките, ванилиниот шеќер, пудингот од ванила, нишестето и двете лажици млеко. Ги додаваме во веќе зовриеното млеко и мешаме додека смесата не се соедини и не згусне. Потоа оставаме да излади околу еден час. Настрана ги миксаме маргаринот и шеќерот во прав. Го додаваме изладениот пудинг лажица по лажица и миксаме додека смесата не се соедини. Потоа ги додаваме мелените ореви и убаво промешуваме (најдобро со дрвена лажица). Го делиме филот на два дела - над пандишпанот премачкуваме од белиот фил, а во вториот дел од филот го додаваме стопеното чоколадо и мешаме додека филот сосема не потемни. Над белиот фил ги редиме бисквитите натопени во млеко (може да додадете арома по желба во млекото), а над нив го истураме темниот фил. Убаво премачкуваме и украсуваме по желба. Најдобро е да отстои 12 часа за да се стегне, тогаш вкусот е најдобар. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |