IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Торти  и колачи со локум
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Торти и колачи со локум

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Мај.2018 во 20:56
&amp;#208;&amp;#159;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#208;&amp;#178;&amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#184; &amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;»&amp;#208;°&amp;#209;&amp;#135;&amp;#208;&amp;#184; &amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#190; &amp;#208;»&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#209;&amp;#131;&amp;#208;&amp;#188;


Пивски колачи со локум

Состојки
Тесто
1кгр брашно
1 пециво
1 ванила
1-2 лажици какао
3 филџани (за кафе 130мл) зејтин
3 филџани (за кафе 130мл) пиво
0,5 кгр локум
Шербет
3 шољи (за чај 250мл) вода
3 шољи (за чај) шеќер
За валкање
3 кесички кокос

Брашното, пецивото, ванилата, какаото, зејтинот и пивото се замесуваат.
Од тестото се прават топчиња (јас ги правам помали од орев).
Во секое топче се става по едно коцкиче локум и се редат во тава за печење.
Откако ќе бидат готови се оставаат да се изладат.
Ладните колачи се ставаат во топол шербет и се валкаат во кокос.
Шербетот се подготвува на тој начин што водата и шеќерот се ставаат во тенџере да провријат, но шербетот треба да биде поредок од оној за баклава.
Откако ќе примат од шербетот колачите се валкаат во кокос.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Мај.2018 во 20:52
&amp;#208;&amp;#155;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#209;&amp;#131;&amp;#208;&amp;#188; &amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;»&amp;#208;°&amp;#209;&amp;#135;&amp;#208;&amp;#184;


Локум колачи

Состојки
500гр локум
500гр мелени бисквити
250гр маргарин
100гр шеќер во прав
200гр мелени лешници
4лажици рум

Локумот ситно се сецка и се меси со маргаринот и шеќерот.Бисквидите се мелат,се мешаат со лешниците и се додава румот па се соединуваат двете смеси и со помош на бисквидите се моделираат форми.Бисквидите не мора се да се стават одеднаш туку се остава една шака и се додава по потреба за компактност на смесата.Колачите се декорираат по желба а јас ги сакам потопени-прелиени со чоко прелив и декорација по желба


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Мај.2018 во 20:49
&amp;#208;&amp;#147;&amp;#209;&amp;#128;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;·&amp;#208;&amp;#180;&amp;#208;°&amp;#208;&amp;#189;&amp;#209;&amp;#135;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#209;&amp;#154;&amp;#208;° &amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#180; &amp;#208;»&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#209;&amp;#131;&amp;#208;&amp;#188;


Грозданчиња со локум

Состојки
250гр бел локум
100гр шеќер во прав
250гр бисквити
150гр мелени ореви
6 лажици вода
200гр црно чоколадо

Најпрво се меси локумот со шеќерот во прав. Потоа се додаваат мелените бисквити, мелените ореви и водата. Сето ова убаво се меси и се дели смесата на 10 топчиња. Секое топче се сука долго како сукалце - значи се прават 10 сукалциња долги 30см (колку е долго плехчето триаголно за визитарски колачи).

Настрана се топи чоколадата на пареа.

Начин на редење
Пред да се почне колачот се става во модлата најлонска фолија за подобро да излезе колачот.
Прво во калапчето се става стопена чоколада 3 лажици и се става 1 долго сукалце. Потоа се става пак чоколада да се покрие првото сукалце и се редат 2 сукалциња, па пак чоколада врз нив, па 3 сукалциња -чоколадата и 4 сукалциња и на крај пак чоколадата. Се лади колачот и се превртува.
Се сечи колачот на парчиња.




Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Мај.2018 во 20:48
&amp;#208;&nbsp;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;»&amp;#208;°&amp;#209;&amp;#130; &amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#180; &amp;#208;»&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#209;&amp;#131;&amp;#208;&amp;#188;


Ролат од локум

Состојки
250гр локум
250гр шеќер во прав
150 гр ореви
150 гр бисквити
50-100гр путер
2 лажици какао
50 -100гр суво или кандирано овошје, суви смокви, сливи, ананас...

Потребен ви е локум и иста количина на шеќер во прав, на пример, по 250 гр. кои ги месите со малку растопен путер. Потоа врз шеќер во прав правите кора од локумот према калапот што го имате. Во калапот ставите проѕирна фолија и нанесете ја кората од локум по ѕидовите, така за да имате и да го покриете ролатот, значи да виси кората однадвор.
Сега го полните калапот, односно локумот со фил. Овој фил ми е од мелени ореви, но и сечкани, мелени бисквити и парчиња сув ананас, путер, какао и многу малку водичка за да може да го замесите. Кога ќе го нанесете, притиснете убаво и затворете го ролатот со кората од локумот. Ставете го во фрижидер неколку часа...
Вкусот е невообичаено прекрасен, а фил може да си направите и друг, по ваша желба ! Правев со суви смокви и ореви, суви сливи и ореви, кикирики...


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Мај.2018 во 20:47
&amp;#208;&amp;#158;&amp;#208;±&amp;#208;»&amp;#208;°&amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;&amp;#180;&amp;#208;&amp;#184; &amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#190; &amp;#208;»&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#209;&amp;#131;&amp;#208;&amp;#188; &amp;#208;&amp;#184; &amp;#209;&amp;#131;&amp;#209;&amp;#128;&amp;#208;&amp;#188;&amp;#208;&amp;#184;


Обланди со локум и урми

Состојки
1табла обланди
900гр локум со ореви
600гр урми
200гр суво грозје
100гр ситно сецкани ореви

Локумот се сецка на поситни парчиња и се става во подлабок сад на рингла. Се налева со 250мл вода и се загрева на потивко. Се меша постојано додека се растопи. Се додаваат урмите и се продолжува со мешање додека смесата се спои. Се додава и сувото грозје и оревите и се става да се олади. Сувото грозје претходно се чисти и се попарува со врела вода да одстои 10 минути. По желба во водата може да се стави и рум.
Се зема еден лист обланда и се става меѓу две салфетки влажни. Се редат и другите листови еден над друг и помеѓу нив влажни крпи. Од како ќе омекнат се зема листот од обланда се премачкува со фил по цела површина и со салфетката се свиткува ролна. Исто се постапува со сите 5 листа. Се остава да се спои убаво и потоа се сече на парчиња по потреба.



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.