|
Се од тиква |
Внеси реплика | страница <1234> |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Состојки кора 300 гр. тиква 150 гр. ореви (сечкани) 4 јајца 8 лажици шеќер 3 лажици брашно 1 пециво 1/4 лажичка цимет фил 150 гр. тиква 3 лажици густин 3 лажици шеќер 350 мл. млеко 100 гр. путер/маргарин 2 лажици шеќер во прав за глазура 50 гр. чоколадо за готвење 1 лажичка маслоОвој ролат во кој преовладува вкусот на тиквата искомбиниран со вкусот на циметот, оревите и чоколадото, излезе одличен, необично вкусен, избендисан од моите деца кои вообичаено нешто баш не ја обожаваат тиквата. ~ Кора ~ 1. Тиквата се чисти, се сечи на коцки, се вари со малку вода 15 минути, се цеди, се прави пире и се лади. 2. Тавата во која ќе се пече ролатот (јас користев Интенсо Ростер тава) се намрсува со масло, се става хартија за печење, пак се намрсува со масло и се посипува со 3 лажици од сечканите ореви. Намрсувањето на тавата (која вообичаено нема потреба да се намрсува), е само за да не се измести хартијата за печење која понатаму ќе послужи за ролање на ролатот. 3. Јајцата пенасто се матат со шеќерот, се додаваат брашното со измешаното пециво и цимет. Се мати со миксерот на бавно, се става пирето од тиква и со дрвена лажица се изедначува. Смесата има прекрасна портокалова боја која се истура врз оревите во тавата, и се пече на 170 степени 15-20 минути. 4. Откако ќе се извади ролатот од рерна, се лади 5 минути и врз него се распоредува останатата количина од сечкани ореви. Друго парче хартија за печење се става врз ролатот, врз неа се става некоја тацна или даска со соодветна големина за да може да се преврти ролатот од другата страна, внимавајќи да не испаднат оревите. Со помош на хартијата се витка ролат и се остава да се излади. ~ Фил ~ 1. Исечканата тиква се вари 15 минути и се прави пире по иста постапка како за кората. 2. Густинот се меша со шеќерот и малку млеко одземено од вкупната количина, се вари како пудинг и добро се лади. Употребив густин, а не некаков пудинг, за да може да дојде до израз вкусот на тиквата во филот. Путерот/маргаринот се мати со прав шеќерот, се додава изладениот густин, се мати убаво, на крај се става изладеното пире од тиква и се мати до убаво изедначување. 3. Ролатот се одвиткува, се отстранува хартијата и се премачкува со филот. Со помош на другата хартија се завиткува ролат. 4. На пареа се топи чоколадото и маслото и со лажица се шари ролатот одозгора, се остава во фрижидер. При консумирањето на ролатот, во тестото иако во мала количина, се чувствува преубавата арома на циметот, но истиот може по вкус да се стави и повеќе. Исто така може да се додадат и ѓумбир во прав, каранфилче, мускантно оревче ... Се надевам дека ќе ви се допадне овој мој несекојдневен ролат со тиква. Изменето од Valerija - 14.Ноември.2019 во 10:20 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Состојки 1 кг исчистена тиква 5л вода 500 гр шеќер 5 портокали 1 лимонСокчето брзо се подготвува. Исчистете ја тиквата, исечете ја на парчиња и ставете ја во 5 литри вода да се свари. Изблендирајте ја, јас тоа го правам директно во тенџерето, со рачниот блендер. Откако ќе се подолади, ставете го шеќерот и исцедениот сок од лимонот и портокалите. Промешајте. Ако баш не ви се допаѓа вкусот на тиквата, можете да ставите и екстрат од лимон или портокал... Турете го во шишиња и чувајте го во фрижидер. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Путер колач со тикваСостојки 100 гр шеќер 100 гр путер 2 јајца 150 гр брашно 1/2 лажичка пециво 1 ванилин шеќер сок од 1/2 портокал рендана кора од 1/2 портокал 100 гр тиква во спирали или ренданаПодготовка 1. Ја вклучуваме рерната на 170 степени да ни се загрее. 2. Омекнатиот путер и шеќерот ги матиме до соединување. 3. Ги додаваме едно по едно јајцата и матиме со миксер. 4. Го додаваме сокот и кората од портокал, ванилиниот шеќер, пецивото и на крајот брашното. Соединуваме. 5. Тиквата ја рендаме или пак ја сечкаме во спирали и ја редиме во тавата за печење, па со додавање на смесата ја соединуваме насекаде да ни е распоредена. 6. Печеме околу 1/2 час, а пробуваме со чепкалка дали ни е печен колачот. Ако е сува, печен е. Забелешка Тиквата не ја рендав туку ја сечкав во спирализерот на Делимано. Многу штосни долги и тенки парчиња излегоа, па затоа и е позабележлива во колачот, а тоа и ми беше целта. Го печев во мал силиконски калап за векни, а ако сакате поголема доза на пр. дупло, печете го во тавче бр.24 или 26. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Колач од рендана тиква
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Dave`s Kitchen: Крем супа од тикваПостојат најразлични рецепти каде што може да ја искористите тиквата како главна состојка. Оваа недела со Dave’s Kitchen ви ја споделуваме неговата верзија на омилената крем супа од тиква. Потребни состојки:
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Совршено рижото со тикваИталијански рецепт кој ќе го повторувате со задоволство…. Намирници – 150 г тиква, 100 г овчо сирење, 1 чешне лук, 200 мл бело вино, 1 лажичка мелен мак, 2 лажици семки од тиква, 4 лажици маслиново масло,300 грама ориз, бујон од зеленчук, сол и црн пипер. Подготовка – Пропржете го лукот во загреана тава на маслиново масло па додадете го оризот и кратко динстајте додека да добие боја. Полејте се со бело вино, па додадете ја тиквата исечкана на мали коцки.Се добро измешајте и варете се додека не испари виното. Потоа додавајте од бујонот мешајќи додека оризот не се свари. Пред крајот зачинете, додадете ги сирењето и макот па се добро измешајте. Поросете со исечкани семки од тиква и послужете топло. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Многу се вкусни: Њоки од тикваМногу се вкусни, а тиквата им дава посебна арома. Прелијте ги малку со маслиново масло, наросете ги со исечкан босилек и изрендан пармезан, и уживајте во секое залче. Потребни намирници – 1 кг печена и оладена тиква, 500 грама брашно, 2 цели јајца, свеж босилек, маслиново масло, сол и црн пипер, пармезан. Подготовка Загрејте ја рерната на 200 степени. Тиквата исечете ја на кришки и печете ја околу еден час. Кришките изладете ги, отстранете ја коричката и одвојте го портокаловото „месо“. Од него направете пире. Додадете ги јајцата, посолите, наросите црн пипер, додадете ситно исечкан босилек и потоа додадете го и брашното. Добро мешајте и направете меко тесто. Од тестото направите њоки. Во меѓувреме сварете вода, посолете ја и варете ги во неа њоките додека да испливаат на површина. Извадете ги со лажица. Жешките њоки прелијте ги со маслиново масло или потпечете ги на маслиново масло. Додадете уште неколку ливчиња свеж босилек и прелијте ги со изрендан пармезан. Изменето од Valerija - 11.Април.2019 во 17:34 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Превкусни палачинки од тикваДегустирајте ги овие слатки палачинки направени од кралицата на есента – тиквата. Пресечете ја тиквата на четвртинки и ставете да се испече на 200 степени околу 40 минути додека да омекне. Печената тиква оставете да се излади, потоа со лажица извадете го „месото“ и гмечете да добиете пире. Помешајте го брашното со шеќерот, прашокот за пециво, ванилиниот шеќер, сода-бикарбоната, циметот и додадете прстофат сол. Јајцето посебно изматете го со млекото, лимоновиот сок, ренданата коричка од лимон, пирето од тиква и неколку капки рум. Мешајќи на оваа смеса додадете ги сувите состојки. Смесата оставете ја да отстои половина час. Палачинките печете ги на загреано масло додека поруменат, од секоја страна по околу минута. Послужете ги со прелив од мед или чоколада. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Потпечена тиква полнета со мелено месо и оризВи здодеа од некреативни оброци? Ова неодоливо јадење се подготвува едноставно, а е вистинско задоволство за целото семејство. За подготовка потребно е – 1 тиква, 500 грама говедско месо, 50 гр ориз, 1 кромид, 1 морков, лажичка мелен бибер, лажичка зачин од сушен зеленчук, малку масло, сол, бибер. Тиквата исечете ја на врвот, внимателно исчистете ја од семките, па делумно издлабете ја средината. Ситно исечкајте ги кромидот, а морковот и остатокот од „месото“ на тиквата изрендајте ги. На малку масло пропржете го кромидот, меленото говедско месо, морковот и тиквата. Динстајте додавајќи вода, а потоа додадете го и оризот и измешајте. Зачинете по желба. Со смесата пополнете го испразнетиот дел од тиквата. Затворете го горниот дел со фолија и ставете ја во премачкана со масло тепсија. Во тепсијата додадете и малку вода. Печете ја полнетата тиква во претходно загреана рерна. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Протеински колачи од тиква – подготовкаСостојки 100 грама овесни снегулки
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Есенски колач со тикваИзменето од Valerija - 11.Февруари.2019 во 10:31 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Фрапе од тиква За фрапе за 1: Мала чаша месо од тиква (претходно издинстана, сварена на пареа или печена, и оладена) пола банана околу 150 мл. млеко, млеко од соја или ванила благ јогурт пола лажиче цимет (а може и ронка ѓумбир во прав, каранфилче во прав) 1-2 коцки мраз Во блендер измешајте ги сите состојки околу 1 минута, дур не добиете мазно, густо фрапе. Уживајте ! Ви требаат други идеи што да правите со тиква? Еве: тиква на пареа за сладолед и мафини, Изменето од Valerija - 03.Ноември.2018 во 09:04 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ароматична есенска торта со тикваВкус на есен, совршен десерт во ладните ноќи, аромата неодолива. СОСТОЈКИ:
ПОДГОТОВКА
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <1234> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |