![]() |
|
Марципан торти и колачи |
Внеси реплика ![]() |
страница <12 |
Автор | |
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() Марципан обланда ролат Состојки 1 лист обланда 200 гр марципан 100 мл слатка павлака 100 гр чоколадо 1 лажица мед 1 преполна лажица нутелаВо тенџерче на рингла се стваат слатката павлака и чоколадото искршено на коцки. Се загрева со мешање до точка на вирење, односно додека чоколадото потполно не се истопи. Се трга на страна и се остава добро да се излади. Потоа се додава лажица мед и се миксира, па на крај се вмешува лажицата нутела. Марципанот со помош на оклагија се развлекува во кора со големина колку листот обланда. За полесно справување, најдобро е да го ставите врз пек-хартија, а одозгора целофан и врз него постепено да тенчите. Обландата омекнете ја меѓу две влажни крпи. Премачкајте ја со чоколадниот крем, а потоа врз него ставете го истенчениот марципан. Внимателно завиткајте ролат кој малку ќе го заролате врз работната маса за да добие што покружен изглед. Откако ќе се излади се сечи на тенки парчиња. Ролатот можи да се мрзни. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() Марципан обланда Состојки 250 гр шеќер 10 лажици вода 200 гр маргарин 150 гр мелени ореви 150 гр мелени бисквити 200 гр чоколадо 1 лист обландаСтавете го шеќерот и водата да зоврие, па во течноста додајте ги оревите, бисквитите и маргаринот и убаво измешајте. Поделете ја смесата на три дела и во едниот ставете 50 гр. чоколадо. Листот обланда поделете го на 4 дела. На првиот дел ставете од белиот фил, па пак лист, црн фил, лист, бел фил и на крајот ставете го четвртиот дел. Притиснете убаво да се спојат листовите со филот и ставете нешто тешко одозгора, сето убаво да се спои. Одозгора прелијте ја обландата со преостанатото чоколадо. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() Марципан колачи Состојки 200гр. марципан-купечки 100гр. шеќер во прав 200гр. печени бадеми 200гр. црно чоколадо Користени Делимано производиМарципанот убаво се меси со шеќерот во прав се додека не се добие убава смеса. Земаме од смесата по малку колку да формираме бомбица и убаво ја притискаме на средина за да добиеме вдлабнатина. Така правиме со цела смеса и потоа ги чоколадираме и на крај во секоја длабнатина ставаме по еден бланширан бадем |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |