|
Вафли |
Внеси реплика | страница <12 |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Домашни солени вафли Состојки 1 растопен маргарин 200 гр млака вода 200 гр зејтин 1 пакетче сусам (може и други семиња по желба) 1 пециво 1 мала лажичка сол брашно по потреба (за да се добие меко тесто 400-500 гр)Растопениот маргарин се меша со останатите состојки, освен брашното. Брашното постепено се додава (во половина од количината на брашното јас додадов интегрално брашно). Се меси меко тесто. Потоа се прават мали топчиња, па се плескаат во зависност од апаратот за вафли. Апаратот не се премачкува затоа што веќе има маргарин и зејтин во тестото. Се печат на апаратот додека не заруменат. Можат да се јадат со јогурт, павлака или само како закуска. Брзо се прават, а се многу вкусни. Добар апетит! |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Домашни вафли Состојки 250 гр. брашно 2 кесички прашок за печиво 3 јајца 1 кесичка ванилин шеќер 2 лажици шеќер 60 гр. путер 450 мл. млекоПомешајте го брашното со солта, прашокот за печиво и оставете ги на страна. Одвојте ги жолчките од белките, па изматете цврст снег. Во друг сад, матете ги жолчките со шеќерот и ванилиниот шеќер се додека не добиете бледо жолта боја. Додајте го растопениот путер и млеко и добро измешајте. Во истата смеса, додајте го брашното при тоа матејќи со најмала брзина (многу кратко се додека смесата не се изедначи). На крај додајте ги и изматените белки и измешајте со лажица. Апаратот за вафли премачкајте го со малку маргарин, истурете од тестото, затворете и печете. Служете со еурокрем,мармалад,мед...или едноставно посипете ги со шеќер во прав. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Утрински вафли Состојки 2 шољи (250мл) сенаменско брашно 1 лажичка сув квасец 1 лажица шеќер 1/2 лажичка сол 2 шољи млеко 1 големо јајце 6 лажици растопен путерРецептот е дел од колекцијата на најдобри 1000 рецепти од 150 годишната архива на Њу Јорк Тајмс. Исклучиво е лесно да се направи, а посебна предност е што тестото се прави одвечер, а наутро е подготвено за печење. Мој предлог што да послужите на вашето семејство за Велигденски доручек. Во еден поголем сад измешајте ги со жица сувите состојки, додајте го млекото и мешајте со жица додека не стане сосема мазно. Покријте со проѕирна фолија, оставете 1 - 2 часа на собна температура, а потоа тестото оставете го во фрижидер преку ноќ. Утрото, додајте го во тестото разматеното јајце, измешајте, па додајте го и растопениот путер. Ќе добиете прилично ретко тесто. Загрејте ја вафлерицата. Премачкајте ја површината со малку путер, па испечете ги вафлите додека не добијат крцкава површина и убава златна боја. Сервирајте ги топли, со путер, мед, мармалад, компот, посипани со шеќер во прав или веке по ваша желба. Од овие состојки, мене ми испаднаа 12 вафли. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Лиснати вафли Состојки Лиснато тесто по потреба Еурокрем или некој посув џем (за блага варијанта) Сирење сечкана салама, кашкавал (за солена варијанта)Ова е повеќе идеја отколку рецепт.Јас сум воодушевена од крајниот резултат, никогаш побрзо не сум направила толку убави вафли. Загрејте го добро пекачот за вафли. Лиснатото тесто (јас редовно го користам мојот рецепт за брзо лиснато) малку расучете го. Исечете парчиња со димензии на калапот. На едното парче ставете од филот, само не до крајот за да не ви истекува и преклопете го со друго парче. Ставете го да се пече. Додека не се испече не го стегајте тостерот, дозволете лиснатото да нарасне. Брзо оди печењето, кога ќе заруменат, вафлите се готови... |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Вафли со Нутела Состојки 500гр. брашно 4 јајца 200гр. шеќер 150мл масло 200мл млеко 1 пециво 1 ванилин шеќер 250гр нутела 3-4 бананиСите состојки ги ставате во сад, освен нутелата и бананите, и ги матите со миксер. Апаратот за вафли загрејте го и намачкајте го со малку масло. Ставете од смесата и печете ги вафлите околу 3-4 минути. Јас ги премачкав со нутела и ги декорирав со банани и малку мусли. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бабини вафли Состојки 250гр. омекнат путер или маргарин 250гр. шеќер 1 пакетче прашок за пециво 1 пакетче ванилин шеќер 4 јајца 500гр. бело брашно 400мл. газирана водаРецептов го добив од една пријателка пред подолго време и остана не испробан мислејќи дека сум го загубила. Пред неколку дена случајно го најдов и секако бидејќи сме големи љубители на ваков тип на десерти, веднаш ги направив. За подготовката не е потребна некоја умешност, напротив, лесни и брзи се за подготовка, а уште побрзи за јадење -))) Подготовка Путерот или маргаринот заедно со двете врсти на шеќер изматете ги пенесто. Додадете ги јајцата едно по едно и секое од нив матете го по половина минута пред да го додадете наредното. Прашокот за пециво измешајте го во брашното. Наизменично додавајте од водата и брашното во садот каде матите. Ќе добиете доста густа и мазна смеса. Покријте го садот со алу фолија и оставете тестото да одмори 10-тина минути. Загрејте го апаратот за печење вафли. Премачкајте ја површината за печење со зејтин и ставајте по 3 лажици од тестото на неа. Поклопете со капакот и оставете да се испече вафелот на средна температура. Сервирајте ги топли посипани со шеќер во прав, додадете овошје по желба и матена слатка павлака. Убави се и со чоколаден крем, или со овошен сос....нам секоја комбинација ни е убава, ги обожаваме -))) Од оваа смеса излегуваат 15 вафли. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Вафли со кашкавал Состојки 1 јајце 2оо мл јогурт 50 мл млеко 50 мл масло 5-6 лажици брашно 1пециво Преубави вафли за појадок. Се ставаат сите состојки во сад, се матат со вилушка или миксер, се остава да стои 10 тина минути. На намрсен тостер за вафли се става малку од смесата, па парчиња кашкавал и се дополнува со смесата. Се затвора тостерот и се печат додека не поруменат вафлите. Изменето од Valerija - 15.Мај.2018 во 16:25 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Меки миризливи вафли со мед Состојки 150 гр омекнат маргарин 3 јајца 50 гр шеќер 150 гр мед прстофат сол 250 мл млеко 300 гр брашно 1/2 пакетче лимон шеќер 1 лажиче мешавина зачин за пченица 1 пак. прашок за печењеМаргаринот со шеќерот, солта и медот пенасто се матат, па се додаваат јајцата едно по едно. Секое се мати по една минута посебно. Се додава млекото, па брашното и прашокот за печење и на крај зачинот и лимон шеќерот. Се печат во ваферка. Можи да ги послужите одозгора со мед и ореви, со готов пудинг или некој овошен прелив |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Домашен рецепт за брзи холандски вафлиВелат дека еднаш штом ќе ги пробате холандските„ стоп-вафли“ никогаш повеќе нема да посакате да пробате друг тип на вафли. Овој неодолив десерт за многумина претставува врв на кулинарските деликатеси, а посетата на Холандија не може да пројде без дегустација на еден од најпознатите рецепти. Секако ако немате можност да ја посетите Холандија, тогаш можете да сами да си направите вафли.
Во голем пластичен сад помешајте ги брашното, стопениот путер, сувиот квасец, шеќерот, млекото и јајцето. Кога тестото ќе стане прегусто за мешање ставете ја смесата на рамна површина и продолжете да го месите тестото. Оставете го на страна да отстои 45 минути. За тоа време подгответе го филот. Во мало тенџере загрејте ги медот, кафеавиот шеќер, 50g путер и циметот. На средна температура полека загревајте ја смесата и кога состојките ќе се соединат тргнете го тенџерето од рерната и оставете да се лади смесата. Во апарат за вафли или тостер со калапи за галети ставете го тестото и печете го додека не добие златножолта боја. Потребни ќе ви бидат отприлика 20-тина минути. Извадете ги од тостерот и премачкајте ги со филот. Оставете ги малку да се оладат (или не...) и уживајте во нив. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Меки вафли Состојки За тесто 4 јајца 200 гр шеќер 2 ванилин шеќери 200 мл масло 200 мл млеко 1 пециво 500 гр брашно За пудинг 1 пудинг од ванила 400 мл млеко 3-4 лажици шеќер За шлаг 1 пакетче шлаг 125 мл млеко Слатко од боровинки, џем или мармалад по желбаМеки галети или вафли... ги обожавам. Во услови на „одмор“ можете да ги подготвите и од вечер, затоа што го задржуваат вкусот и тексурата, со тоа што ќе ги мачкате утредента. Инаку и самостојно да се јадат се одлични. Предноста кај овие меки галети е брзата подготовка. Сите состојки ги ставате во еден сад и ги матите со миксер, а може и рачно. Потоа на апаратот за вафли истурајте по лажица или две и печете, вие најдобро си го знаете како ви работи апаратот, па не би можела да ви кажам временски колку би ги печеле. И уживајте... Моите беа дегустирани со пудинг од ванила, слатко од боровинки и шлаг од ванила. Одличен спој на вкусовите. Можете да ги лепите, па да имате веќе подготвени слатки сендвичи срциња, кои ќе бидат голема радост за децата. Апаратот за вафли и галети е еден од помалите апарати кои може да се носи на кампување, а особено корисен за брзински подготвен појадок или вечера.... |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Вафли со рум Состојки 4 јајца 120гр шеќер 1 пакетче ванилин шеќер 200гр путер или маргарин омекнат на собна температура 350гр брашно 1/2 пакетче пециво 200мл вода 1 лажица румЈајцата заедно со двете врсти на шеќер изматете ги убаво, смесата да осветли и да се згусне. Додадете го путерот или маргаринот и продолжете со матење. Брашното измешајте го со пецивото па половината додадете ја кон јајцата. Продолжете со матење. Налејте ја водата и остатокот од брашното со пецивото. На крај ставете го и румот и убави изматетете за да се спојат сите состојки. Ќе добиете густа смеса. Апаратот за вафли заграјте го на умерена тепература, ставајте од смесата врз површината и печете вафли. Во зависност од тоа каков апарат користите, премачкајте со зејтин пред да ставите од тестото да се печи, се разбира доколку ви лепи површината за печење, а и времето на печење си зависи од самиот апарат. Готовите вафли наросете ги обилно со шеќер во прав и послужете ги со вам омиленото слатко или чоколаден прелив. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Чоколадни вафли со брусница Состојки 4 јајца 6 лажици кафен шеќер 180 мл јогурт 150мл масло 6 лажици млеко 19-20 лажици брашно 1 пециво 1 полна рака сува брусница 1 лажица полна со врв какао 1 ванила топки сладолед од шумско овошје, за послужувањеВо еден сад ги ставаме јајцата, ванилата и кафениот шеќер и матиме со миксер 1-2 минути. Во еден сад ги соединуваме пецивото, просеаното какако и брашното. Во садот со изматени јајца ги додаваме млекото, јогуртот, маслото. Лесно соединуваме, па ги додаваме сувите состојки. Ја додаваме и сувата брусница. Убаво ја изедначуваме смесата. Го загреваме апаратот за вафли. Ставаме од прилика по 2 полни лажици и оставме да се печат по неколку минути. Ги вадиме на решетка да се изладат. По желба ги сервираме со топки сладолед од шумско овошје. До колку се за носење, за ужинка, се консумирааат со чоколадно млеко. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Колку ги сакате вафлите? Вафли Состојки 20 лажици шеќер 400 мл зејтин 400 мл млеко 40 лажици брашно 2 пакетчиња ванилин шеќер 1 пециво 8 јајца Во сад за матење ги ставаме јајцата и шеќерот и добро ги уработуваме. Го додаваме зејтинот, млекото, добро промешуваме, На крајот го додаваме брашното во кое претходно е додадено пецивото и ванилата. Со бркалка добро промешуваме за да не ни останат грутчиња од брашното. Апаратот за вафли го вклучуваме на 3 или зависно од јачината на вашиот, подмачкуваме со малку маргарин на почетокот. За времето на печење ќе оцените сами или околу 5 минути. Можете да ги споите со мармалад или крем, а вкусни се и така. Овој рецепт ни е одомакинет и често се прави во мојот дом. Овојпат ги правеше ќерка ми .Од оваа смеса излегуваат многу вафли,а ако сакате можете да направите половина доза. Ви посакувам добар апетит. Изменето од Valerija - 15.Мај.2018 во 16:01 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |