IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Што со стариот леб?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Што со стариот леб?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Ноември.2016 во 20:46

НАПРАВЕТЕ ПИРОШКИ ОД СТАРИОТ ЛЕБ


Потребни состојки:

–          Половина векна стар леб

–          100 гр кашкавал

–          100 гр презла

–          100 гр салама

–          2 јајца

–          100 гр сирење

Подготовка:

Иситнете го лебот и ставете го во еден длабок сад. Додајте го јајцето, малку млеко, посолете и убаво измешајте. Кашкавалот и саламата ситно изрендајте ги. Во смесата ставете ги кашкавалот, саламата и ситно исецканото сирење, па од таа смеса направете пирошки. Секоја пирошка најпрво потопете ја во изматено јајце, па во презла и пржете ги во врел зејтин. Откако ќе се испржат ставете ги на хартиена салфетка за да ја впие непотребната маснотија.



Изменето од Valerija - 30.Април.2018 во 08:30
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Ноември.2016 во 16:04
Направете  погача од стар леб


Денес како предјадење подгответе ја оваа погача од стар леб …

Потребно е:
околу 800 гр стар леб
150 мл млеко
500 мл јогурт
2 јајца
1 лажиче сол
1 лажица рендан пармезан
на врв на нож сода бикарбона
1 лажица путер, за премачкување на тавата
сусам, ким, ленено семе, по желба – за посипување

Подготовка:
– Лебот исечете го на мали коцки, постепено прелијте го со млеко и измешајте го со рака (кога смесата ќе стане тврда и мокра, престанете со додавање на млеко).

– Изматете ги јајцата и додадете ги јогуртот, солта, пармезанот и сода бикарбона. Матете додека да добиете хомогена смеса.

– Додадете го лебот и убаво измешајте за да се соединат сите состојки.

– Тавата во која ќе ја печете погачата убаво премачкајте ја со путер и распоредете ја смесата. Посипете со малку масло и на крај со сусам или пак со други семки, по желба.

– Ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 40 минути, додека убаво не порумени.



Изменето од Valerija - 30.Април.2018 во 08:33
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Ноември.2016 во 16:00
Крокети од стар леб

Состојки:

  • 500 гр стар леб
  • 2,5 дцл млеко
  • 3-4 јајца
  • 1 прашок за пециво
  • 100 гр шунка или салама
  • 100 гр сирење или кашкавал
  • Лебни трошки
  • Оригано

Подготовка:

Лебот се сече на парчиња и се полева со млако млеко. Се остава да отстои 10 минути за да омекне. Потоа се цеди со раце за да истече млекото. Лебот се меси со раце. Во тестото се додаваат јајцата, па потоа и останататите состојки. Се додава салама исецкана на коцки, рендано сирење, оригано, сол и бибер, прашок за пециво. Лебните трошки се додаваат по потреба, со цел крокетите да ја добијат потребната цврстина.
Кога ќе се добие изедначена смеса погодна за обликување, со раце се прават топчиња. Може да се извалкаат во јајца и лебни трошки или пак дирекно да се пржат.
Крокетите се пржат врело масло додека не добијат златно кафена боја. Сервирајте со салата!


Добар апетит!



Изменето од Valerija - 07.Ноември.2016 во 16:00
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Ноември.2016 во 15:56

ПИРОШКИ, ПИТИ И РОЛАТИ ОД ТВРД ЛЕБ


Што правите со тврд, сув и исушен леб? Не фрлајте го, ви даваме рецепти со кои можете да го збогатите менито

Лебот е еден од најважните продукти, барем во исхраната на балканскиот човек, а неговиот состав е добро познат - брашно, вода, квасец, сол, шеќер, а некои ставаат и малку витамин Ц. Брашното има белковини (протеини) и скроб, трите растворливи белковини се албуминот, глобулинот и протеазата, а нерастворливи се глутеинот и глијадинот. При замесувањето на тестото, растворливи протеини се раствораат во водата и ја формираат структурата на лебот. Глутеинот создава низа од долг и тенок синџир од молекули, а глијадинот ги сврзува овие синџири, формирајќи мостови. Како резултат на тоа се формира мрежа од два протеина, глутеин и глијадин. Смесата од овие два протеина е позната под името глутен. Ете затоа по месењето е важно тестото да се одмори. Дали сте знаеле дека корката од лебот е покорисна во споредба со мекиот дел од внатрешноста? Германскиот биохемичар Томас Хофман, на пример, дошол до сознание дека при процесот на печење, во корката на лебот се формираат различни антиоксиданси, што ја прави многу здрава. Инаку, што правите со тврд, сув и исушен леб? Не фрлајте го. Од сувиот леб можете да направите трошки што ќе ги искористите за похување, тој може да се потпече, да се измеле или истолчи и, се разбира, да се направат пржени лепчиња и двопек. Еве уште некој совет како да го искористите бајатиот леб.



Мусака од леб

Потребно е:

1 векна стар леб 

300 г сирење 

200 мл павлака 

200 мл кисела вода 

200 мл млеко 

3 јајца 

сол, сусам 

50 г зелени маслинки без семка



Лебот се сече на тенки парчиња и се реди во подмачкано тавче. Настрана се мати едно јајце со 100 мл кисела вода, се полива врз првиот ред лепчиња и одозгора се става дробено сирење и сечкани маслинки.

Се реди вториот ред лепчиња и се додава преостанатиот фил, т.е двете јајца, 100 мл кисела вода, павлаката, млекото и дробеното сирење. Полијте го врз лепчињата и убаво распоредете го филот. Одозгора попрскајте со масло. Оставете да стои 30 минути. Посолете со сусам. Загрејте ја рерната на 200 Ц степени и печете додека не поцрвене.



Пирошки

Потребно е: 1 бајат леб 

2 јајца 

100 г кашкавал или сирење 

100 г салама 

50-100 мл млако млеко или вода 

100 г трошки од леб

Подготовка

Лебот се кршиме на ситни парчиња, се полева со млеко или вода за да омекне и се оставаме да покисне околу 10-15 минути. Во меѓувреме, сечкаме салама и кашкавал и матиме јајца. Лебот го замесуваме малку, па потоа ги додаваме јајцата, саламата и кашкавалот. Ставаме и трошки од леб и убаво месиме да се добие смеса од која може да се формираат пирошки. Пирошките ги валкаме во трошки од леб и пржиме во загреано масло.



Салата

Потребно е:

600 мл кисело млеко 

2-3 лажици кисела павлака 

2 лажици зејтин 

средината од 1 векна леб 

лук 

толчени ореви

Во сад ставете газа, во неа млекото и за кратко време нека се процеди векната. Ставете го млекото во друг сад, додадете кисела павлака и зејтин, по по вкус сол, лук и зејтин и измешајте. Додадете ја изронетата средина и малку толчени ореви. Измешајте и салатата е готова.



Лажна пита

Потребно е: 10 парчиња бајат леб, 4 јајца, 150 мл јогурт, 150 мл масло за јадење, 150 мл кисела вода, 200 г урда сол, 30 г путер, мирудии по желба и малку ајвар. 

Сето ова се меша додека не се добие компактна смеса. Потоа се става во подмачкан плех, се попрскува со масло, а пред самото вадење се наросува со рендано сирење. 



Ролат од бајат леб

Потребно е:

половина векна бајат леб

100 г сирење

100 г трошки од леб

100 г салама

2 јајца

100 г на парична казна сирење



Сомелете го лебот и додадете едно јајце, малку млеко, сол и добро измешајте. Кашкавалот, саламата и сирењето се рендааат и се додаваат во смесата. Површината ја посипуваме со трошки, потоа ја развлекуваме смесата и внатре редиме неколку варени јајца. Тоа се витка како ролат, се става во тава и се пече околу 20 минути. Пред да се извади, може да се намачка со кечап или да се нароси со пармезан. 



Макало

Потребно е:

1 главичка лук

2 филџани бајат леб

половина филџан оцет

1/2 филџан масло, по можност маслиново 

сол

малку магдонос

малку мелени ореви



Лепчињата се топат во вода и се цедат, се толчи лукот и се меша со лебот, а потоа се додаваат и другите состојки со постојано мешање. На крај, се полева во загреано масло, се меша и макалото е готово.



Пица пита


150 г чадено мисиркино 

месо 

150 г мрсен колбас 

4 јајца 

550-560 г бајат леб, исечкан на парчиња 

700-800 мл топло млеко 

100 г мајонез 

кечап 

150 г пармезан 

Лебот се натопува во топло млеко и се остава да отстои половина час. Изматените јајца се додаваат во смесата, а потоа и сите состојки, исечкани на парчиња, заедно со мајонез и кечап. Смесата се става во подмачкан плех, се израмнува и пред вадењето се посипува со пармезан.



Изменето од Valerija - 30.Април.2018 во 08:34
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Ноември.2016 во 15:50

ПИЦА-ТОРТА ОД СТАР ЛЕБ

Untitled-1

Постојат толку рецепти во кои можете да искористите стар леб и да направите вкусно јадење. Денес ви предлагаме данаправите потпечена пица-торта од стар леб.

Состојки:

– кришки стар леб
– домати
– путер или маргарин
– шунка
– кашкавал
– оригано
– јајца

Подготовка:
Намачкајте ги кришките леб со путер или маргарин и наредете ги во кружен калап за торти.

Меѓу секоја кришка леб ставете подебела кришка домат. Потоа додадете парчиња шунка… И потоа прелијте со изматеното јајце.

Додадете рендан кашкавал, зачинете со оригано и ставете ги во рерна загреана на 200 степени да се пече додека не се растопи кашкавалот и додека не порумени лебот.

Крв да ви се стори!



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Ноември.2016 во 15:44

Ручек за мрзливи: Крцкава пица од стар леб


Кога нема да ви се готви, а сепак ќе ви се јаде нешто сочно, наместо да порачувате пица - направете си домашна.

rucek-za-mrzlivi-krckava-pica-od-star-leb-01.jpg

Предноста е што стариот леб ќе добие многу подобар вкус и нема ништо да фрлите.

Ви требаат само неколку состојки кои веројатно ги имате во фрижидер:

  • 10тина парчиња (сув) леб
  • 100g кајмак
  • 1 јајце
  • 1 лажица издробено тврдо сирење
  • 200ml млеко
  • 100g кулен или салама по желба
  • 300g кашкавал по желба
  • Кечап
  • Оригано, сол

Подготовка:

Подмачкајте една тепсија со масло или путер, распоредете ги парчињата леб, така што со мали парченца ќе ја пополните секоја празнина.

Во посебен сад измешајте го јајцето со млекото, кајмакот, сирењето и сол по желба. Прелијте преку лебот.

rucek-za-mrzlivi-krckava-pica-od-star-leb-02.jpg

Наредете а саламата, а кашкавалот исечкајте го на парчиња.

Оставете половина час лебот да ги впие состојките, па потоа печете на 220 степени околу 20 минути. Зачинете и послужете.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Ноември.2016 во 15:42
Ви останува често стар леб?
Не го фрлајте, искористете го за нешто слатко и вкусносреќа

Искористете го стариот леб за превкусна и крцкава мини пица


Останати ви се неколку парчиња леб од пред неколку дена? Не го фрлајте, туку искористете ги за да направите превкусен оброк и тоа за екстра кратко време. Овие топли мини пици, кои се прават навистина лесно, вашите деца ќе им се израдуваат најмногу, а вам ќе ви бидат идеални кога нема да имате многу време на располагање.


Потребни состојки:

  • кашкавал
  • шунка/кулен/пршута
  • печурки
  • јајце
  • кечап
  • оригано
  • стар леб исечен на парчиња
  • други зачини по желба

Мерките се произволни и се комбинираат по вкус. Изрендајте го кашкавалот и исечкајте ја шунката, па сите состојки (без лебот) заедно помешајте ги во еден сад. Доколку смесата ви е премногу густа, можете да додадете малку јогурт.



Можете да бидете креативни и да додадете и други состојки по ваша желба.

Добиениот фил ставете го врз парчињата леб, одозгора врз секое лепче ставете уште малку рендан кашкавал, а потоа наредете ги во тавче и потпечете ги во рерна, додека малку да поцрвенат. 

Уживајте во крцкавите и вкусни домашни пица парчиња!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.