Состојки
1 главица брокула
2 краставици
250 гр павлака или кисело млеко
малку сецкани ореви
2-3 чешниња лук
1. Брокулата се двои на мали цветчиња и се вари на пареа неколку минути.
2. Се пасира брокулата со вилушка, се додаваат оревите, исецканиот лук и павлаката, се посолува и добро се промешува додека смесата да се изедначи.
3. Смесата се става во чинија и се декорира со краставиците. Може одозгора да се декорира по желба, со патлиџан и маслинки.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
400мл зеленчукова основа за супа (може и од инстант коцка)
1 врзулка млад кромид
200мл кисела павлака
Маслиново масло
Сол
Бибер (свежо мелен)
Начин на приготвување:
Во длабок сад, пропржете го ситно исечканиот кромид.
Додајте ја брокулата и основата за супата. Варете додека не зоврие, а потоа на потивок оган уште 15-20 минути, додека не омекне брокулата.
На крај ставете ја сварената супа во блендер за да добие кремаста структура и послужете ја додека е топла. При послужувањето, ставете 1-2 лажици кисела павлака и наросете свежо мелен бибер во секоја од чиниите, како и тостирано лепче од страна.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Одвојте ги цветовите брокула од стеблото и гответе ги додека брокулата не омекне. Исечете ги на ситни парчиња, додајте сирење, јајца и останати состојки.
Од смесата обликувајте топчиња, посипетеги со маслиново масло и печете ги на хартија за печење. Печете ги на 200 степени 16-18 минути.
Изменето од Valerija - 18.Април.2017 во 14:35
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 40 минути
Слатката павлака измешајте ја со зачините, изренданиот кашкавал и лимоновиот сок. Ставете ги во тенџере на оган и варете ги колку што е потребно за да се стопи кашкавалот.
Брокулата измијте ја, исечкајте ја и варете ја кратко во солена вода.
Загрејте маслиново масло и путер и тргнете настрана кога путерот ќе се стопи.
Потоа додајте ја брокулата, исечканиот лук, сварените јуфки и претходно приготвениот сос. Измешајте за да добиете хомогена смеса и на крајот додајте сол и бибер по желба.
Послужете го јадењето топло, а одозгора ставете го остатокот од ренданото сирење.
Изменето од Valerija - 10.Ноември.2016 во 19:28
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
За подготовка на овој рецепт користиме Делимано лонец, Ростер тава и Длабока тава со рачки.
Подготовка
Чекор 1: Додадете ги брокулата и карфиолот во 1,5 литри млеко и откако ќе зовријат оставете ги да се варат уште 10 минути за да омекнат, да исчезне горчливиот вкус на карфиолот и млекото да ги поприми сите вкусови за сосот.
Чекор 2: Со помош на лажица решетка извадете ги брокулата и карфиолот од млекото и ставете ги во Ростер тавата. Млекото чувајте го!
Чекор 3: Запржете го путерот и брашното и потоа полека додавајте го млекото за да го подготвите бешамел сосот. На крај додадете малку Чедар сирење за сосот да се згусне и да има поубав вкус.
Чекор 4: Ставете го сосот врз зеленчукот и одозгора попрскајте со малку лебни трошки и Чедар сирење. Ние ќе додадеме и малку Буковец за да му даде пријатна лута жичка на јадењето.
Чекор 5: Печете 25-30 минути на 150 степени додека преливот да добие златна боја и да се појават меурчиња.
Чекор 6: Послужете на чинија со Француски багет и уживајте во вашиот момент на среќа!
СОВЕТ: Оваа јадење е одличен лесен ручек. Идеална опција ако сакате оброк со ниско ниво на јаглехидрати – додадете морско оревче во сосот за малку поинаков вкус.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Брокулата измијте ја и одделете ја на помали цветови. Гответе ја на пареа, десетина минути. Не ја покривајте со капак, затоа што ќе ја изгуби зелената боја.
Семките од сончоглед тостирајте ги на тефлонска тава, колку да пуштат арома и да добијат малку боја.
Кога ќе бидат готови, ставете ги во сад за салата, заедно со исцедената брокула. Јајцата тврдо сварете ги, излупете ги и исечкајте ги на четвртинки. Зачинете ја салатата со соја сос и малку бибер и измешајте ја. Од горе ставете ги варените јајца и прелијте со маслиново масло и вински оцет.
Изменето од Valerija - 07.Ноември.2016 во 21:10
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Брокулите треба да ги исецкате најпрво и потоа да ги ставите 5 минути да омекнат на пареа. После тоа веднаш исплакнете ги со студена вода.
Загрејте го маслото и запржете ги за кратко исецканите бадеми. Потребна ви е подлабока тава со капак. Додадете ги брокулите, покријте со капакот и протретесете ја тавата. После 3 минути тргнете ја тавата од оган и префрлете се во чинија.
Полејте со лимоновиот сок и со оцетот, зачинете со малку сол и бибер по вкус. Се сервира веднаш.
Изменето од Valerija - 30.Април.2018 во 08:42
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Состојки
400 гр. брокула
2-3 чешниња лук
50 мл. зејтин
1 лажичка ѓумбир во прав
2 лажички нишесте
малку сол
100 мл. вода
1 лажица сув мешан зачин
Подравкин рецепт, одличен е, за време на постите ви предлагам вакво нешто да спремите...
1. Брокулата исчистете ја, измијте и разделете на помали цветчиња
2. Бланширајте ја кратко во зовриена посолена вода во која сте ставиле 2 лажици зејтин.
3. Извадете ја и веднаш треба да ја ставите во ладна вода за да ја задржи бојата. Оставете да се исцеди.
4. Во тавка загрејте го преостанатиот зејтин, додадете ја брокулата, посипете ја со смесата од сув мешан зачин и кратко пропржете ја.
5. Во водата растворете го нишестето, додајте го ѓумбирот, промешајте и додајте во брокулата. Тавката малку протресете ја, нека се за кратко време (една минутка) проврие, додадете го исечканиот лук - проценете сами - ако е потребно додајте уште сосема малку вода. Не треба да е многу густо, туку да е во густина на сос.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Нашиот рецепт за кремаста супа од брокула ја инспирираше читателката Светлана Василеска да ни препорача уште една интересна варијанта на супа од брокули и моркови. Се конзумира и ладна и топла, одлична во секоја варијанта.
1.Во сад за готвење, на оган, се ставаат да се варат морковите со малку масло и сол. Кога ќе бидат скоро сварени се додава брокулата и огнот се исклучува.
2.Варените моркови и брокулата се пасираат во блендер, Се додава од водата во која се вареа се додека не се добие саканата густина.
3.Во блендер се става и кисело млеко.
4.На крај се додава зачините се додека не се постигне саканиот вкус.
5.Супата е супер и ладна и топла, кој како сака.
Изменето од Valerija - 30.Април.2018 во 08:44
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Варете ги шпагетите во солена вода околу 6 минути. Додадете ја брокулата и варете уште наредни 4 минути, додека целосно не бидат сварени. Во голем сад за послужување ставете го кромидот, маслинките, копарот, туната и сокот и кората од лимон. Додадете ги сварените шпагети со брокула и додадете маслиново. Промешајте ги сите состојки. При послужување додадете врз секоја порција уште малку маслиново масло.
Добар апетит!
Изменето од Valerija - 30.Април.2018 во 08:41
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот