Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 14.Август.2015 во 22:56 |
ПРОЈА - ВКУС КОЈ ЌЕ ВЕ НАВРАТИ НА ДЕТСТВОТОПотребни состојки: – 4 јајца – 2 дл јогурт – 9 лажици пченкарно брашно – 12 лажици обично бело брашно – пециво – 100 мл масло – 200 мл кисела вода – 200 гр бело сирење Подготовка: Од јајцата, јогуртот, брашното, пецивото и киселата вода направете тесто малку погусто од она за палачинки. Потоа во него ставете го сирењето, па сипете го во плех кој го намастивте и го набрашнивте. Печете на 200 степени околу половина час.
Изменето од Valerija - 08.Мај.2018 во 21:03
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 14.Август.2015 во 22:51 |
Интегрална проја со семки
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 шољи пченкарно брашно 3 шољи интегрално пченично брашно ½ шоља масло за готвење Мала лажичка сода бикарбона Кисела вода за замесување на тестото Сечкани маслинки 300 г спанаќ Семки (сусам, сончоглед, лен и семки од тиква) По желба, козјо сирење ПОДГОТОВКА: Измешајте ги интегралното со пченкарното брашно заедно со зејтинот и содата. Тријте ја смесата меѓу раце за да пројата биде ровка и не се лепи. Додадете ги сечканите маслинки, претходно издинстаниот и исечкан спанаќ и козјото сирење. Додадете кисела вода колку да се замеси тестото. Посипете ги семките одозгора врз пројата и ставете ја да се пече на температура од 200 степени Ц околу 30 минути или додека не порумени.
Изменето од Valerija - 14.Август.2015 во 22:52
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 14.Август.2015 во 21:35 |
Потпечена палентаПодготовка- На загреано масло пропржете го ситно исечканото лукче со малку рузмарин и буковец.
- Турете ја супата и киселото млеко, ставете малку мелен црн бибер и оставете го додека не проврие.
- Турете ја палентата постојано мешајќи, и гответе едно 2 минути. Треба да имате погуста мешавина.
- Пред вадење додадете ја и урдата и добро измешајте.
- Турете ја готовата палента во плех на намрсена фолија и фино распоредете ја по целата површина. Оставете ја да се излади добро, може да ја ставите 1-2 часа во фрижидер.
- Извадете ја палентата од калапот и исечете ја на коцкести или правоаголни парчиња. Наредете ги на намрсен плех и ставете ги да се печат во загреана рерна на 250 степени околу 30 минути, додека не добијат златно жолта боја.
| Состојки- 500мл сварена коцка за супа (зеленчукова или кокошја)
- 2 лажици кисело млеко
- 2-3 лажици урда
- 200гр палента
- 2 чешниња лук
- рузмарин
- 1/2 лажичка буковец
- мелен црн бибер
- масло
|
КоментарИнтересна опција за грицки или појадок. Варијантава испадна многу повкусна од обична мрсна палента. Најинтересна е крцкавата кора која се добива со печењето. Не е лошо да се експериментира со попекување на парчињата на скара или тостер. Не ги пробавме со пиво, ама треба да се има предвид како одлично и лесно мезе. Исто така постои опција да се направи истото со обично пченкарно брашно со таа разлика што треба да варите едно 20 минути, и сигурно да додадете малку повеќе вода. Ние сигурно ќе пробаме и некоја друга варијанта со палента бидејќи е многу едноставна за подготовка, се друго се нијанси за збогатување на вкусот.
Изменето од Valerija - 14.Август.2015 во 21:40
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Renatax
Сениор
Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 14.Август.2015 во 19:06 |
Уффф...само што испробав еден рецепт за проја со кисело млеко и кисела вода и можам да ви кажам дека рецептот е фантастичен,многу е ровка и вкусна.Претходно имав испробано неколку рецепти ,ама не бев задоволна,беа со премногу брашно,без кисело млеко и кисела вода ....и кога ќе гризнеш задавува.  Овој рецепт не го менувам!
|
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 14.Август.2015 во 18:46 |
СЛАТКА ПРОЈА- 120 грама пченкарно брашно
- 120 грама пченично брашно
- 2 лажички прашок за пециво
- 200 грама пченка од конзерва
- 60 грама шеќер
- 50 грама путер
- 2 јајца
- 2.5 децилитри млеко
- 2 лажици кафеав шеќер
ПодготовкаВо сад промешајте ги двата вида брашно и прашокот за пециво. Додадете ја исцедената пченка, белиот шеќер, 40 грама стопен путер и изматените јајца. На крај додадете го млекото. Сето ова матете го додека не добиете изедначено тесто. Ставете го тестото во сад за печење кое предходно е премачкано со путер. На врвот посипете со кафеав шеќер. Ставете го во загреана рерна и печете 40 – 50 минути на температура од 180 степени. Откако ќе го испечете, оставете го колачот да отстои во садот околу 5 минути, а потоа извадете го и поставете го на соодветна чинија. Послужете го со омилениот мармалад.
Изменето од Valerija - 02.Декември.2017 во 19:37
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 14.Август.2015 во 18:38 |
Ја обожавата ли пројата? Да споделиме по некој рецепт за оваа вкусна храна
Изменето од Valerija - 02.Декември.2017 во 19:37
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |