IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Пирошки
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Пирошки

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2015 во 17:40

Печени пирошки


Состојки

500 г готови кори

35 парчиња пилешка салама (исечена на круччиња)

500 г кашкавал (исечкан на ленти)

малку кисела вода

малку презла (за похување)

2 јајца (за похување)

малку сол (за похување)

Подготовка

 Готовите кори пресечете ги надолж, на пола.

 На горниот дел од кората ставете парче салама и кашкавал.

 Свиткајте ги страничните делови на кората.

 Свиткајте ја кората во форма на ролат.

 Постапката повторете ја со сите кори.

 Пирошките префрлете ги во длабок сад за печење, притоа наредете ги неоставајќи простор помеѓу нив. Налејте со кисела вода (околу 1/3 од пирошките треба да се навлажнат).

 Секоја пирошка натопете ја во изматено јајце па потоа во презла. По желба, ставете малку сол во презлата.

 Вака подготвените пирошки може:
– да ги замрзнете;
– да ги испржите во загреано масло или;
– да ги испечете;

Во добро загреана рерна, на 220 степени, печете ги околу 15 до 20 минути. Оставете малку да се оладата и сервирајте ги.



Изменето од Valerija - 08.Април.2015 во 17:41
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2015 во 17:37
ПИРОШКИ ОД КОМПИРИ

Состојки:
Тесто:
500 гр. брашно
200 мл. млако млеко
7 гр. сув квасец
300 гр. варени компири
2 жолчки
1 лажичка сол
3 лажици масло
Подготовка:

Компирите се лупат и се варат. Кога ќе се сварат се цедат и се пасираат. Во друг сад се става брашното, се додава солта, квасецот и се промешува. Се додаваат жолчките, маслото, пасираните компири и заедно со млакото млеко се замесува хомогено тестото и се обликува во топка. Се покрива со крпа и се остава на топло место 45 мин.да стасува.

На набрашнета работна маса се става тестото и се премесува. Се расукува кора со големина од 8 мм. и се сечат правоаголници 12 х 8 см. Се филува секој правоаголник и се витка во ролат по должина. Страните од пирошката треба добро да се затворат за филот да не излезе за време на пржењето. Во подлабок сад се става масло и се пржат пирошките рамномерно со постојано превртување. Се служат топли со јогурт или кисело млеко. 

[&amp;#8203;IMG]
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2015 во 17:32
Италијански пирошки 

Потребни сосотојки
  • ½ коцка квасец
  • 1 децилитар млако млеко
  • Лажица шеќер
  • ½ децилитри масло
  • 1 килограм наменско брашно
  • 1 јајце
  • 30 грама сол
  • 3 децилитри кисела вода
Фил
  • 200 грама шунка 200 g
  • 400 грама кисела павлака
  • 400 грама кашкавал
  • 200 грама бело старо сирење
  • 200 грама кечап
  • Сенф
  • Оригано или босилек
Подготовка: 
Стопете го квасецот во млекото и додадете лажица шеќер. На работната површина ставете брашно и сол, и направете вдлабнатинаво брашното и внатре додадете млеко со квасец, малку измешајте, па искршете го јајцето, додадете масло и кисела вода. Замесете глатко тесто, ни меко ни тврдо, отприлика како за леб. Измесеното тесто ставете го во поголема пластична кеса која е подмачкана со масло од внатрешна страна и оставете го на собна температура додека не постигне трипати поголем волумен.
Тогаш тестото поделете го на осум делови, измесете го уште еднаш секој дел и развлечете ги во димензија 15×25 сантиметри во облик на круг. Во средината ставете два листа шунка, на шунката додадете павлака, потоа додадете рендан кашкавал и бело сирење, додадете кечап, сенф, рен и зачини по желба. Преклопете го тестото по долгата страна, потоа спој те ги краевите и преклопете го тестото и од друга страна. Со лесно стегање спој те го тестото, затворете ја пирошката, па преку пирошката изрендајте кашкавал и ставете малку кечап. 
Печете на 200 степени околу 15 минути.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2015 во 17:31
ПИРОШКИ СО ГОТОВИ КОРИ

-500 г.кори
-3 јајца
-250 г. рендана шунка
-една грутка сирење рендано
-шампињони
-1/2 л. минерална вода

Јајцата се мешаат со сирењето,шунката и шампињоните.
Се редат по три кори една врз друга.Првите две се попрскуваат со зејтин,а третата не.На третата кора најдоле се става зајрето и се мотаат како за баклава.Така замотано се реди во тавче за печење.Постапката се повторува додека не се потрошат и корите и зајрето.Потоа замотаните ролни од кори се сечат на четвртинки и се попрскуваат со минералната вода ,убаво да се надојат и да отстојат половина час.
Потоа,во мало подлабоко тавче за пржење (може и во фритеза или тенџерче), во поголема количина зејтин се пуштаат една по една.Готови се штом ќе се вцрват.Се вадат и се цедат на книжна салфета.
BON APETIT
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2015 во 17:25

Пирошки со чаден свински пафлак и кашкавал

Пирошки со чаден свински пафлак и кашкавал



Состојки

10 мали палачинки
10 мали лажички павлака
50-100 грама кашкавал
50-100 грама чаден свински пафлак
2 јајца
50 грама презла

Направете си ги палачинките по ваш рецепт.
Секоја палачинка ја филуваме со една лажичка павлака, а може и кечап и од ситно сецканиот кашкавал и пафлак и ја мотаме.
Палачинките ги валкаме прво во јајцата, потоа во презлата и ги пржиме во поголема количина на масло.
Се служат топли со вашиот омилен сос. =)




Изменето од Valerija - 08.Април.2015 во 17:28
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2015 во 16:51
Сакам да готвам ептен ама сеуште не можам да готвам комплицирани јадења (кога велам комплицирани баш за пирошкиве - не можам да чекам да киснат, или недокиснати ќе бидат или прекиснати) па затоа ќе споделам рецепт за сите оние кои живеат сами/со цимери (а не цимерки) или не им е мама до нив. голема насмевка

ПИРОШКИ ЗА ПОЧЕТНИЦИ

- 3 јајца
- 450 гр брашно (за тие што немаат вага како мене 3 чаши неполни до горе/ една                                                  чаша стаклена = 160 гр)
- 600 гр изварка (гледајте да биде солена оти ако не е солена нема да има никаков вкус)
- 1 прашак за пециво
- 3 лажички сол
- масло за пржење

Брашното се сее (јас немам сеилка и не го сеам) во сад, се додава пецивото и солта и се меша. Се прави една дупка на средина и се додаваат јајцата и изварката. Почнувате да мешате со рака (со лажица лепи) се додека се добие една хомогена смеса и сето тоа се префрла на маса работна, набрашнета и се меси тестото се додека престане да се лепи за рацете.  Тоа сето се сучи (ако немате сукало како мене, јас користам стаклено шише од вода, се разбира измиено предходно убаво) и се сучи кора дебела околку пола сантиметар. Е сега имате две варијанти:
  1.  Сечете правоаголници и на средина ставате полнеж
  2. Сечете кокци или други форми
Се пржат во загреано масло додека не станат светло кафени (внимание брзо се пржат ако е добро загреано маслото 40 сек максимум).

Ете тоа е мојот рецепт, ни киснење ни многу продукти.

Сервирајте со јогурт, сирење или мајонез со кисели краставички !!


П.С. За полнежот: изварка или меко сирење измешано со копар, еден мој предлог голема насмевка
Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2015 во 16:36
Барав низ форумов ама не наоѓам ваква тема..

Ако има бришете ја !!! големо гушкање
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.