![]() |
|
Бадникова и Божиќна трпеза |
Внеси реплика ![]() |
страница <1234 5> |
Автор | |
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Традиции за Бадник: Што треба да има на трпезата?Бадниковата вечер е еден од најрадосните празници во христијанството, кога се исчекува раѓањето на Исус Христос. Тогаш во домот се внесува бадниково гранче, кое симболизира здравје, радост и изобилие. А, што би требало да биде послужено на трпезата? Какви се традициите кои се пренесуваат од колено на колено? Изменето од Valerija - 15.Декември.2019 во 16:16 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() Бадникова пита со кори од хељда Состојки 500гр хељдини кори фил 2 страка сецкан праз 1-1.3кгр сецкана зелка од расол 1лажиче ленено семе сол и бибер, масло смеса за премачкување 250мл кисела вода 40мл масло 3 лажици брашно 30гр пресен квасец 1/4лажиче сол 1/4лажиче шеќер 50гр сусамБрза, вкусна, посна пита Прво се спрема кашичката за премачкување на корите. Се остава на страна. Сега на загреано масло се пропржува сецканата зелка од расол околу 45 минути. Се додава и сецканиот праз па се пржат уште 10 минути. Се додава леленото семе и сол и бибер по вкус. Во правоаголна тава се става една кора, со четка се премачкува со смесата за премачкување и обилно се става од филот. Постапката е иста до крај да се истроши целиот материјал. сега питата се сече на коцки, се прелева со остаток од смесата за премачкување, се наросува со сусам и се печи околу 40 минути на 180 степени. Уште сува лута потпечена пиперка и може да се јаде, ха, ха |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() Бадникова баклава со таан алва Состојки 500 гр кори за баклава 250 гр мелени бисквити 250 гр таан алва 250 гр мелени ореви За попрскување 130 гр маргарин 180 мл масло за јадење За шербет 900 гр шеќер 600мл вода 1-2 ванили кора од еден лимонШербет Шеќерот и водата се варат. Да врие шербетот околу 5 мин. На крај се додава кората од лимон. Се остава да се лади шербетот додека се испече баклавата. 1. Мелените ореви, мелените бисквити и иситнетата таан алва се мешаат заедно во еден сад 2. Маслото за јадење и стопениот маргарин се мешаат 3. Корите се редат една врз друга по 4. Секоја од нив се попрскува со растопениот маргарин и зејтин. На 4-тата кора, на самата ивица на кората се става од филот со алва, бисквити и ореви и се витка ролатче. - мене ми излегоа 6 ролатчиња (сите составени од по 4 листа-кори) 4. Откако ќе се наредат ролатчињата во тавата, се сечат на мали парчиња и врз нив се полева остатокот од мешавината на масло за јадење и маргарин 5. Се пече речиси 1 час (прво на 200 степениоколу 10минути, па потоа намалена на 180 степени уште околу 15 мин. а потоа намалена рерната на 140 степени се пече уште околу 30 мин.) 6. Изладената баклава се полева со изладениот шербет. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() Посна Бадникова пита Состојки тесто 360гр брашно 15гр свеж кавасец 50мл масло 190мл топла вода 1 рамно лажиче сол 1 лажиче шеќер фил 2 страка сецкан праз 2 лути суви пиперки масло, сол, бибер, буковецВо топлата вода го ставаме квасецот, шеќерот и малку брашно. Оставаме да се активира. За тоа време на загреано масло го пржиме ситно сецканиот праз да омекне. Го зачинуваме со сол, бибер, буковец. Потоа во вангличката ги ставаме солта, маслото и додаваме од брашното. Замесуваме нелепливо тесто. Го покриваме и оставаме да стои 15 минути. Потоа го делиме на 4 дела, односно две помали топчиња и две поголеми. Од двете погоилеми правоаголни топчиња сучиме правоаголни кори и им ставаме од пржениот праз. Ги виткаме како ролат и ги ставаме едно до друго во округла тава бр 26, на која сме и ставаиле и хартија за печење. Сега од првото округло мало топче расукуваме мала коричка. Таа ја ставаме во средината кај двата круга. Во остатокот од испржениот праз ги додаваме 2 лути сецкани пиперки. Овој фил го ставаме на коричката. Со останатото парче тесто расукуваме коричка и , малку поголемка , ја нанесуваме врз филот и правиме наборчиња. Попрскуваме одозгора со малку масло. Ја ставаме во загреана релна на 190 с. и печиме околу 25 минути. Испечена ја вадиме на кујнска решетка, да подизлади, па потоа заедно со гравчето, малите посни прилепски сармички,ципурата,лепчето со паричка.... ја послужуваме на Бадниковата вечера. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() Бадникова посна штрудла Состојки 500гр брашно 200мл млака вода 1 кесичка (10гр) сув квасец 100мл зејтин 250гр мармалад по желба 2-3 јаболка 1 лажица мед 1 лажица циметСе замесува тесто од брашното, квасецот, водата и зејтинот и се остава да стаса. Одкако ќе стаса се расукува кора која се премачкува со мармалад и над мармаладот се ренда јаболко. Се посипува со цимет и со лажица се цеди медот. Се завиткува во ролна и се остава да стаса да се спои ролатот. Се засекува, а и не мора и се пече околу 30 минути на 190 степени. Се сече одкако ќе се олади. Едноставен рецепт, па може некому и да се најде. Бадникова штрудла затоа што е посна, а тука е и моето коледарче-малата Маша. Исто така рецептот го ставив да послужи и како идеја затоа што тестото е основа и за бадниковото лепче па така може да се искористи две во едно. Јас дури и ги печев заедно и лепчето и штрудличката. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() Бадникова погача со паричка Состојки 700 гр брашно 400-450 мл млака вода 2 лажички инстант сув квасец 1 лажичка шеќер 50 мл масло 2 лажички сол Смеса за премачкување 20 мл масло 1/4 лажичка сол 10 мл вода Дополнително - 50 гр маргарин и сусам за посипување и паричкаПрекрасната Бадникова погача е украс на Бадниковата посна трпеза. Зависно од тоа за колку луѓе ја спремате оваа погача, толкава е и количината на брашно што треба да се стави. Конкретно оваа количина е за повеќе луѓе и е подготвена за колегијална прослава на Бадник. Јас по дома кога си правам за Божиќна трпеза, ја правам со по 300-350 гр брашно, што значи сите овие состојки на половина. 1. Од сите наведени состојки замесуваме тесто и го оставаме да отстои на топло и да ферментира. Тестото треба да надојде и да се дуплира смесата. 2. Кратко се премесува и се делат топчиња, за колку што треба. Секое топче се премесува 2 пати. Јас конкретно поделив на 21 топче. *На сликата подолу има погача и со 15 топчиња, да видите како изгледа редењето. Во едно од нив ја ставив паричката, замотана во алуминиумска фолија. *Кога си правам за дома си ставам турски алтан-златник, кој нема потреба да се замотува во фолија, бидејќи е златен. 3. Топчињата се редат во круг. Јас ги редев во округла тава Делимано Стоне Леџенд. Во таа тава рамномерно ми се пече лебот, не се лепи и добива прекрасна крцкава кора. 4. Погачата се остава да кисне уште 20-30 мин, зависно колку ви е топла собата. Откако ќе одкисне, се премачкува со смесата од масло, вода и сол, со помош на четка. Се наросува со повеќе сусам и се редат одозгора мали коцки маргарин. Се става во ладна рерна и тогаш се вклучува на 200 степени. Во периодот на загревање на рерната, погачата дополнително ќе нарасне и ќе стане уште повоздушеста. 5. Се пече на 200 степени, околу 15 мин, а потоа уште 10тина мин на 180 степени. Се зависи од рерна до рерна! 6. Печената погача се вади од тава, се префрла во чиста крпа и се остава малце да се излади. Се послужува за Бадникова вечер или како што беше во овој случај за колегијална прослава на Бадник. Среќни Божиќни празници! |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
lotus flower ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 08.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 6937 |

Да ти е мерак да ги грицнеш: 5 рецепти за шарени новогодишни колачињаНовогодишни колачиња во облик на чоколадни ирваси, шарени елки, црвени капчиња - кој не би ги посакал на својата трпеза? Не се плашете ако ви изгледаат комплицирано, нивната подготовка е посебно лесна. Тајната е во тоа што се прават од готови производи кои само треба да ги споите. Зависно од тоа дали сакате да направите мафини во облик на ирвас или накитена елка, црвени капчиња, замрзнати залчиња или мечиња во санка, набавете ги соодветните состојки. Изменето од Valerija - 15.Декември.2017 во 20:25 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
|
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1234 5> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |