IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Торти и колачи што не се печат
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Торти и колачи што не се печат

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 16>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Август.2016 во 21:39

СМРЗНАТА ТОРТА ОД 3 ВИДА СЛАДОЛЕД

Следниот рецепт ќе ви покаже како да направите вистинска вкусна „бомба“ од сладолед и Орео колачи која не само што ќе биде неверојатно вкусна однатре, туку ќе изгледа навистина интересно и однадвор.

Состојки:

  • Сладолед со парчиња колачи (количината зависи од садот)
  • Чоколаден сладолед, омекнат (количината зависи од садот)
  • Сладолед од карамела, омекнат (количината зависи од садот)
  • 24 Орео колачиња
  • 4 лажици стопен путер
  • малку сол

Начин на подготовка:

1. Ставете го во фрижидер садот во кој ќе ја правите „бомбата“ од сладолед.

2. Најнапред додадете го сладоледот со парчиња колачи и врз него ставете помал сад, обложен со проѕирна фолија, за смесата да се распореди подеднакво насекаде. Двата сада ставете ги во фрижидер и оставете да стојат 1 час.

3. Повторете ја постапката со сладоледот од чоколадо и повторно оставете да стои 1 час во фрижидер.

4. На крајот исполнете ја празнината со сладоледот од карамел.

5. Ситно сомелете ги или искршете ги Орео колачите и додадете го стопениот путер и малку сол. Ставете го ова врз сладоледот за да послужи како основа. Оставете го во фрижидер 4 часа.

6. За полесно да го извадите сладоледот од садот ставете го во топла вода неколку секунди. Превртете го на чинија за послужување и вашата „бомба“ од сладолед и Орео е спремна за послужување.



Изменето од Valerija - 04.Јуни.2018 во 10:38
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2016 во 08:15

Највкусниот десерт без печење: Нутела чизкејк


Чизкејк + Нутела = сладок, кремаст деликатес кој ќе го правите повторно, и повторно, и повторно.

Нутела чизкејк

СОСТОЈКИ ЗА ТЕСТОТО

250 грамабисквити
75 грамапутер
15-20 грамасецкани лешници
2-3американски бисквити со парчиња чоколадо (по желба)
изрендана кора од четвртина портокал

ПОДГОТОВКА НА ТЕСТОТО

  1. Сите состојки се ставаат во блендер/процесор и се мешаат додека да се добие „песокливо" тесто. Ако немате блендер, бисквитите се мелат или се дробат ситно, се додава растопениот путер и останатите состојки и се меша со миксер.
  2. Смесата убаво се натапкува во тава (со раце или лажица). Најпожелно е да користи тава со прстен кој се вади. Добиеното тесто се става во фрижидер или замрзнувач да се стегне.

СОСТОЈКИ ЗА ФИЛОТ

400 грамаНутела
250 грамакрем сирење
250 грамамаскарпоне
сок од четвртина портокал (без пулпа)
50-100 грамасечкани потпечени лешници (за декорација)

ПОДГОТОВКА НА ФИЛОТ

  1. Се матат крем сирењето со маскарпонето. Потоа се додава Нутелата и сокот од портокал.
  2. Изматената смеса се истура врз изладеното тесто. Врз филот се наросуваат исечканите лешници.
  3. Чизкејкот се остава 4-5 часа да се лади во фрижидер. Се сервира ладен.
Нутела чизкејк
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јули.2016 во 09:11

БЕЗ ПЕЧЕЊЕ: СКРИЕНИ БАНАНИ СО ПЛАЗМА И ОРЕВИ

12

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 300 г мелени плазма кекси
  • 100 г маргарин
  • 100 г шеќер во прав
  • 2 банани
  • 1 крушка
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 120 г мелени ореви
  • 4 банани
  • 1 кесичка шлаг пена (за шлагот)
  • 200 мл млеко (за шлагот)

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  1. Изматете го маргариннот со шеќерот во прав, потоа додадете во таа смеса изрендана крушка и испасирани две банани.
  2. Смесата полека измешајте ја со лажица. Потоа додадете ги мелените плазма кекси, ванилиниот шеќер и мелените ореви.
  3. Убаво измешајте и на фолија расукајте смеса, наредете ги 4 банани по должина, завиткајте во ролат и оставете на ладно да се стегне.
  4. Оладениот ролат декорирајте го со претходно изматениот шлаг крем со млеко.


Изменето од Valerija - 05.Април.2018 во 21:29
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2016 во 08:32

Кремаст колач од чоколадо и ванила


За сите љубители и на чоколадо и на ванилата ви претставуваме одличен кремаст колач, кој ќе ве освои веднаш, а истиот е многу лесен за правење.



Потребни состојки:

  • 6дцл млеко од соја
  • 4дцл крем од овес
  • 2л желатин
  • 2дцл јаворов сируп
  • 100гр растопено темно чоколадо
  • 100гр индиски ореви (кои претходно стоеле 2 часа во вода)
  • 2л шеќер од коко
  • 3 урми
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 пакетче бисквити без глутен

Начин на подготовка

Измешајте ги млекото, овесот, јаворовиот сируп и желатинот и гответе ги една минута додека ги мешате. Смесата ставете ја во блендер и додадете ги индиските ореви. Измиксајте добро. Бисквитите наредете ги на плех, со кои ќе го покриете целото дно.

Земете половина од сместа и намачкајте врз бисквитите. Оставете да се стегнат. Во останатата половина додајте го желатинот, кокосовиот и ванилин шеќер. Измешајте убаво и прелијте врз жолтата смеса. Украсете со некое бобичасто овошје, а потоа оставете го колачот во фрижидер два часа.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јули.2016 во 13:11

Летен десерт без печење: Тирамису готово за 15 минути


Тирамису е еден од десертите на кои ретко кој може да им одолее, посебно заради специфичниот вкус и неговата едноставност.

Domasno-tiramisu-so-plazma-biskviti-01

Одличен за топлите летни денови кога навистина сакате да се изладите со нешто благо, кое сепак не е сладолед и не содржи преголема количина на шеќер.

Маскарпоне сирењето е тајната состојка која му дава специфичен вкус и благодарение на која овој десерт се издвојува од сите останати.

Со помош на овој лесен и едноставен рецепт ќе научите како сами дома да го направите највкусното тирамису кое некогаш сте го пробале.  

Потребни состојки:

  • 250g сирење маскарпоне
  • 3 јајца
  • 60g шеќер
  • кафе (по желба во кафето може да се додаде рум, амарето или некој друг алкохол)
  • плазма бисквити
  • какао

Подготовка:

Најпрво подгответе го кафето и додадете му шеќер по желба.

Изматате ги убаво жолчките со шеќерот и потоа додадете го маскарпоне сирењето и продолжете да мешате.

Во друг сад убаво изматете ги белките додека не добиете густа смеса.

Додадете ги изматените белки во садот со жолчките и мешајте одозгора-надолу.

Земете чаши за послужување и ставете малку од добиениот крем, потоа натопете ги плазма бисквитите во подготвеното кафе и ставете ги над кремот. Повторете ја постапката според големината на чашата и според тоа колку слоја саката да имате. На крајот наросете со какао.

Ставете ги чашите во фрижидер најмалку 3 часа и потоа се подготвени за послужување.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јули.2016 во 08:52

НЕС КОЦКИ

14

Се подготвуваат без многу мака и трошок, а се вкусни за секоја пригода.

Потребни состојки:

  • 150g бисквити
  • 2dl млеко

За чоколадниот фил:

  • 2 пудинзи од чоколадо
  • 4 лажици шеќер
  • 3 лажици сечкани лешници
  • 100g чоколадо за готвење
  • 6dl млеко
  • 100g шеќер во прав
  • 180g маргарин

За филот од кафе:

  • 300g Маскарпоне крем сирење
  • 3,5dl слатка павлака
  • 150g шеќер во прав
  • 1 лажица Нес кафе
  • 10g желатин во прав

Начин на подготовка:

Чоколаден фил:

1. Во сад ставете 5dl млеко, додадете шеќер и варете додека не зоврие.

2. Останатото млеко посебно изматете го со пудинг од чоколадо и ставете го во зовриеното млеко и продолжете со варење додека не згусне. Пред крајот на варењето додадете искршена чоколада за готвење и мешајте додека не се стопи.

3. Посебно изматете го омекнатиот маргарин со шеќер во прав и соединете го со оладениот пудинг и измешајте. На крај, додадете ги сечканите лешници и измешајте.


Филот од кафе:

1. Изматете го крем сирењето со шеќер во прав и Нес кафе.

2. Измешајте ја слатката павлака додека не стане цврст шлаг и соединете ја со филот од Маскарпоне.

3. Прелијте го желатинот со 4 лажици ладна вода и оставете да набабри, а потоа додадете го подготвениот фил и полека мешајте.


Крајна постапка:

1. Дното од тавата покријте го со натопениот кекс во млеко. На него намачакајте го чоколадниот фил и оставете комплетно да се олади.

2. Потоа, нанесете го филот од кафе, израмнете и оставете го во фрижидер за да се зацврсти.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2016 во 09:45

МИЛКА ТОРТА ГОТОВА ЗА САМО 30 МИНУТИ

21

Потребни состојки:

1 литар млеко

10 лажици шеќер

3 пудинзи од ванила

300 грама млечно Милка чоколадо

100 грама бело Милка чоколадо

500 мл слатка павлака

Бисквити

Подготовка:

Пудингот и шеќерот промешајте ги со неколку лажици млеко, а потоа смесата додајте ја во загреано млеко. Сварете го пудингот, а потоа смесата поделете ја на 2 дела.

Во едниот дел истопете го темното чоколадо, а во другиот белото.

Измиксирајте ја слатката павлака и ¼ ставете во белиот, а ¼ во темниот крем.

Земете плех или тава за печење, издробете ги бисквитите или наредете ги цели, па прелијте го белиот крем. Оставете малку за декорација. Одозгора ставете го темниот крем.

Преостанатиот бел крем кој го оставивте за декорација нанесете го врз темниот во вид на мали точки кои може да ги прошарате со чепкалка.

Оставете ја тортата да се олади во фрижидер или замрзнувач, па потоа послужете ја.

Може да декорирате со рендано Милка чоколадо или нешто друго по желба.



Изменето од Valerija - 05.Април.2018 во 21:31
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2016 во 09:44

ИСКРШЕН КОЛАЧ БЕЗ ПЕЧЕЊЕ

20

Потребни состојки:

250g маргарин

200g шеќер

5 јајца

100g чоколадо за готвење

½ kg бисквити, кршени

1 лист обланда

Подготовка:

Во едно тенџере растопете го маргаринот со шеќерот, па додадете ги јајцата и чоколадото. Варете додека сите состојки не се стопени.

Кога ќе зоврие смесата, додадете ги крупно искршените бисквити.

Штом згусне смесата, тргнете ја од оган. На тава ставете го листот обланда, па врз него истурете ја смесата со бисквити.

Послужете го колачот ладен.



Изменето од Valerija - 05.Април.2018 во 21:30
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2016 во 09:53

ЛЕТЕН ДЕСЕРТ БЕЗ ПЕЧЕЊЕ - ГОТОВ ЗА 15 МИНУТИ

13
Одличен за топлите летни денови кога навистина сакате да се изладите со нешто благо, кое сепак не е сладолед и не содржи преголема количина на шеќер.

Со помош на овој лесен и едноставен рецепт ќе научите како сами дома да го направите највкусното тирамису кое некогаш сте го пробале.

Потребни состојки:

250g сирење маскарпоне

3 јајца

60g шеќер

кафе (по желба во кафето може да се додаде рум, амарето или некој друг алкохол)

плазма бисквити

какао

Подготовка:

Најпрво подгответе го кафето и додадете му шеќер по желба.

Изматате ги убаво жолчките со шеќерот и потоа додадете го маскарпоне сирењето и продолжете да мешате.

Во друг сад убаво изматете ги белките додека не добиете густа смеса.

Додадете ги изматените белки во садот со жолчките и мешајте одозгора-надолу.

Земете чаши за послужување и ставете малку од добиениот крем, потоа натопете ги плазма бисквитите во подготвеното кафе и ставете ги над кремот. Повторете ја постапката според големината на чашата и според тоа колку слоја саката да имате. На крајот наросете со какао.

Ставете ги чашите во фрижидер најмалку 3 часа и потоа се подготвени за послужување.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јуни.2016 во 08:18

Без печење, без миксер: Ледолино торта


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 мл. млеко
500 мл. хопла
12 лажици густин (околу 110 г.)
1 ванилин шеќер
100 гр. темно чоколадо за готвење
100 гр. бело чоколадо
4 лажици шеќер
кутија пишкоти или пак помали бисквити

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Помешајте го млекото со хоплата и од количината одземете околу 200 мл. за да ја помешате со густинот и шеќерот. Остатокот од течноста ставете го на оган, а откако ќе се свари додадете го и веќе разматениот густин. Кремата се згуснува за релативно брзо време, такашто 2-3 минути се сосема доволни.

Поделете го шлагот на два дела. Во едниот дел измешајте ја темната веќе срендана чоколада, и мешајте енергично за побрзо да се стопи. Во другиот дел додадете ја белата чоколада и исто така добро промешајте.

На дното на калапот наредете ги пишкотите или бисквитите кои претходно сте ги натопиле во млеко. Нанесете го одозгора темниот, па белиот крем. Доколку сакате, можете да ги наредите и наизменично за да добиете зебра ефект.

Оставете ја тортата во замрзнувач за да се стегне, и по извесно време уживајте во нејзиниот вкус.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јуни.2016 во 08:17

КРЕМАСТА БАЈАДЕРА БЕЗ ПЕЧЕЊЕ - ГОТОВА САМО ЗА 10 МИНУТИ!

10

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 1 литар млеко

* 150гр гриз

* 250гр маргарин

* 1-2 лажици какао

* 200гр оцет

* 1 пакетче ванила

* кора од лимон и сок од половина лимон

* бисквити

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Ставете го млекото  да се вари заедно со шеќерот, додадете го маргаринот да се стопи па во тоа додадете го и гризот.

Поделете ја смесата на два дела па во едниот додадете какао, а во другиотшеќерот од ванила и лимонот.

Во плех наредете ги бисквитите па најпрво ставете од црната смеса.

Врз црниот крем ставете бисквити.

Врз бисквитите ставете од белата крема, па повторно бисквити и тоа е тоа. Ставете во фрижидер и почекајте да се излади.



Изменето од Valerija - 05.Април.2018 во 21:30
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Мај.2016 во 08:43

Dave’s Kitchen: Чоколадни коцки со путер од кикирики


Сите сакаме брзи и едноставни десерти кои нема да ни одземат многу време, а ќе ја задоволат нашата потреба за благо. Овие чоколадни коцки без печење се идеален рецепт за тоа.

Потребни состојки:

Основа:

  • 200 гр. бисквити или крекери
  • 70 гр. путер растопен
  • 120 гр. путер од кикирики

Слој од чоколада:

  • 200 гр. темна чоколада растопена
  • 60 гр. путер од кикирики

Начин на подготовка:

Бисквитите се мелат во прав, им се додава растопениот путер и путерот од кикирики. Смесата се распределува во мало правоаголно тавче. Врз оваа основа се истура растопена чоколада додека растопениот путер од кикирики се става на неколку места со лажица.

Потоа со помош на чепкалка се прават движења низ целото тавче за да се добие саканата шара. Се остава да се излади и потоа се сече на коцки со врел нож.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2016 во 15:23

БАНАНА ДЕСЕРТ ОД 3 СОСТОЈКИ, ГОТОВ ЗА 5 МИНУТИ

4
Состојки:

1 банана

Кесичка шлаг или 250 мл.  хопла

кокос

Подготовка:

Изматете го шлагот, со него намачкајте ја бананата и извалкајте ја во кокос. Исечете ја на кругови и послужете.



Изменето од Valerija - 05.Април.2018 во 21:29
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2016 во 15:23

РУМ ВАЉАЦИ (БЕЗ ПЕЧЕЊЕ)

5

Состојки:

125 гр маргарин

100 гр шеќер во прав

300 гр мелени бисквити

125 гр маргарин

50 гр мелени ореви

50 гр мелени ореви

50 гр мелени ореви

Глазура:

200 гр црна чоколада

20 гр бела чоколада

Измиксирајте го маргаринот заедно со шеќерот во прав. Додадете ги мелената бисквити и оревите. Се заедно се миксира и се додава прво сокот, а потоа рум. Се остава 30 минути во фрижидер да се олади смесата, па се прават долги валјаци со дебелина од 1см. Се сечат од 5см должина.

Се ставаат во фрижидер на 2 – 3 часа и се става глазура од црно чоколадо кое е истопено на пареа. Кога ке се зацврсти чоколадата се украсува со бело чоколадо.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 16>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.