Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 26.Јануари.2017 во 12:18 |
Богат, вкусен и совршен мафин: Ваквиот оброк не се пропушта!
|
|
Сите ние знаеме дека
треба да се внимава што се внесува во вечерните часови, а и сите ние
токму поради секојдневните обврски, не секогаш имаме доволно голема
желба за да подготвиме нешто квалитетно.
За среќа, тука се и ваквите едноставни и
вкусни рецепти, со чијашто помош здравите и вкусни оброци се готови
буквално додека да трепнете.
А речиси за сè што е потребно за да се подготви овој нутритивно богат
оброк се доволни само 20-на минути, после што на трпезата ќе ве
пречекаат исклучително вкусни залачиња.
Уште едно одлично нешто во врска со овој оброк е тоа што може и самите
да си поиграте со вкусовите. Основата овојпат се јајцата. Нив не можете
да ги избегнете бидејќи тие ќе ги сврзат сите состојки во една смеса и
ќе направат мафинот да биде цврст, додека сето останато може да биде по
ваш избор. Препораката е да не го изоставувате и сирењето, од една
страна поради вкусот, но од друга страна и поради фактот дека и тој,
исто како и јајцата, ја врзува смесата. Сето останато понатаму може да
биде предмет на вашата креативност и афинитети.
Потребни состојки:
5 јајца, сол и бибер по вкус. За овој рецепт употребени се спанаќ,
домат, кромид, пиперка, брокула, печурки, пармезан и чедар сирење, но
ако изберете поинаква комбинација од зеленчук, секако дека нема да
погрешите.
Подготовка:
Матете ги јајцата додека да добиете мазна смеса и оставете ја потоа на
страна. Исецкајте го избраниот зеленчук на ситни коцки и потоа додадете
го во подмачканите калапи за мафини. Можете во различни калапи да
ставате и различни комбинации од зеленчук, па наместо еден, ќе добиете
неколку различни вкусови. Исполнете го секој калап до врвот, а потоа
додадете сол и бибер по вкус.
Кога ќе ја направите саканата комбинација од зеленчук, секој од калапите
прелијте го со сматените јајца. Мафините се печат во загреана рерна на
180 степени Целзиусови, околу 20 минути.
И вашиот вкусен и богат оброк е готов! Уживајте!
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 25.Ноември.2016 во 08:19 |
Dave’s Kitchen: Чоко мафини со кафе Чоколадо искомбинирано со кафе и сето тоа спакувано во вкусен мафин. А, зошто да не?
Овие мафини се одлични, вкусни и брзи за подготовка.
Потребни состојки:
- 150 гр. омекнат путер на собна температура
- 200 гр. шеќер
- 3 јајца на собна температура
- 120 мл. млеко
- 130 мл. сварено и изладено инстант кафе
- 280 гр. брашно прстофат сол
- 1 1/2 лажичка сода бикарбона
- 50 гр. какао
За филот:
- 250 мл. слатка павлака
- 1 лажица шеќер во прав
- 4 лажици капучино со вкус на чоколадо (или лешник)
Начин на подготовка: Во длабок сад ставете
ги путерот и шеќерот и матете додека не стане пенесто. Додадете ги
јајцата, едно по едно, убаво матејќи помеѓу секое додавање. Во сад на
страна соединете ги заедно млекото и свареното кафе и додадете ги во
садот со изматените јајца, путер и шеќер. Додадете ги сувите состојки
сите заедно измешани на два пати матејќи на средна брзина. Со помош на
алатка за сладолед ставете од смесата во претходно подготвено тавче со
корпи за мафини и наполнете ги корпите 2/3. Печете на загреана
рерна од 180 степени околу 15-20 минути. Оставете комплетно да се
изладат. За филот во сад со миксер изматете ја слатката павлака, шеќерот
во прав и капучиното заедно додека не добиете цврста структура.
Претурете во готварски шприц и декорирајте ги мафините. Добар апетит и
забавно готвење!
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 06.Ноември.2016 во 14:37 |
Мафини со сирење готови за 20 минути
Мафините се многу едноставни за подготовка, со кои никако не можете да погрешите, без разлика дали ги послужувате како сладок десерт или како солена закуска. Овие мафини со сирење се готови за само 20 минути. Потребни состојки:- 1 шолја млеко
- 3 лажици растопен путер
- 1 јајце
- малку бибер
- 250гр брашно
- 1 лажичка прашок за печиво
- 1 лажица шеќер
- малку сол
- 180 гр. сирење
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Во голем сад измешајте го млекото, растопениот путер и биберот. Во друг сад измешајте ги брашното, печивото, шеќерот и солта, а потоа додајте го и сирењето. Смесата ставете ја во калап за мафини. Печете од 20-25 минути и послужете со јогурт или кисело млеко.
Изменето од Valerija - 25.Ноември.2016 во 08:20
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 17.Септември.2016 во 17:52 |
Чоко мафини со кафе
Чоколадните мафини се вкусен и декадентен десерт. Тие се одличен избор за појадок кога сте во брзање, но и одличен додаток покрај шолјата кафе. Сепак, ова е рецепт кој во себе веќе содржи доза на кафе. Чоколадните мафини со кафе се лесни и брзи за подготвување, а гарантираме дека и ќе ви ги разбудат сетилата. Потребни состојки: - 350 грама брашно
- 30 грама зовриена вода
- 30 грама свежо сварено нес кафе
- 60 грама какао
- 170 грама несолен путер
- 2 јајца
- 60 мл млеко
- 1 прашок за пециво
- 1 лажичка ванила екстракт
Подготовка:
Во поголем сад ставете ги водата, кафето, млекото и какаото и тргнете ги на страна. Во друг сад измискајте ги добро шеќерот, путерот и јајцата додека смесата не стане воздушеста. Во првиот сад додадете го ванила екстрактот и комбинирајте го со смесата од вториот. Добро миксајте со миксерот додека смесата не стане хомогена. На крај додадете го брашното и прашокот за пециво и повторно промешајте.
Рерната загрејте ја на 350 степени и калапите за мафини обложете ги со хартиени корпи. Наполнете ги калапите со смесата и печете 20-25 минути.
Одозгора можете да ги оставите така како што се или да ги премачкате со шлаг или Нутела.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 06.Јули.2016 во 08:47 |
Чоколадни мафини
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 400 гр Екстра бело брашно 2 јајца 125 мл масло за готвење 250 мл млеко 200 гр шеќер 3 супени лажици прашок за печиво 1 супена лажица сол 5 лажици какао во прав или 100 гр растопено чоколадо за готвење готов шлаг трошки во боја НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Во поголем сад ги матиме јајцата со миксер 1 минута. Потоа ги додаваме маслото и млекото и продолжуваме со матење. За кусо време го додаваме и шеќерот и продолжуваме со матење се додека не добиеме мазна смеса. Потоа ги додаваме брашното, прашокот за печиво и солта. Матиме уште 2-3 минути. Во смесата го додаваме какаото или чоколадото растопено на пареа. Смесата ја претураме во калапите за мафини во кои имаме ставено хартиени мали корпи. Печеме во претходно загреана рерна на температура од 180 степени помеѓу 20 и 25 минути. Откако ќе се оладат, секој мафин го декорираме со шлаг и трошки во боја.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 04.Јули.2016 во 20:11 |
Рецепт за вкусни мафини со тиквички и пршута
Подгответе брзи и вкусни мафини кои ќе може да ги понесете во парк или на работа. Направете повеќе, затоа што тешко дека некој ќе им одолее. Потребни состојки:- 1 тиквичка
- 5 парчиња пршута
- 180гр брашно
- 1 прашок за печиво
- 2 јајца
- 120мл јогурт
- 100гр крем сир
- Малку сол и бибер
Начин на подготовка:
Изрендајте ја тиквата, а пршутата исечкајте ја на ситни парчиња. Брашното измешајте го заедно со печивото, додека јајцата изматете ги со јогуртот, крем сирот и ставете малку сол и бибер. Во смесата додадете ги тиквичките и пршутата. Калапот за мафини обложете го со кошнички за мафини и наполнете ги околу ¾ од висината. Печете на 180° околу 25 минути. Послужете со кисело млеко или јогурт.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 31.Мај.2016 во 08:26 |
Во потрага сте по сладок овошен деликатес? Дозволете си да бидете освоени од слатко задоволство со јагоди во форма на мафини. СОСТОЈКИ2 | јајца | 2 лажици | шеќер (или повеќе ако сакате поблаго) | 200 мл | јогурт | 50 мл | масло | 15 лажици | брашно | 1 кесичка | ванилин шеќер | 1 кесичка | прашок за печиво | | рендана кора од лимон | | овошје по желба | | шеќер во прав |
ПОДГОТОВКА- Разделете ги белките од жолчките на јајцата. Прво се матат белките. Потоа полека се додава шеќерот, па јогуртот, маслото, ренданата кора од лимон и ванилиниот шеќер. На крајот, додајте го прашокот за печиво.
- Смесата насипете ја во калапи за мафини. Наполнете ги до половина, а одозгора ставете овошје по ваша желба.
- Печете во загреана рерна на 180°С.
- Откако мафините ќе се испечат, посипете ги со шеќер во прав.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 05.Април.2016 во 08:37 |
Зелени мафини (фото рецепт)
Зелените мафини, ем се убави ем се здрави. Може да се јадат за појадок и вечера, или да се послужат како додаток на некоја салата. Состојки: - Блитва по желба
- Рукола
- Малку копар
- Свеж босилек
- Свежо оригано
- 4 јајца
- 250 грама јогурт
- 100 грама бело брашно
- 50 грама палента
- Лажичка сода бикарбона
- Лажичка прашак за печење
- Лажичка сол
- Малку бибер
- Рендано биено сирење или пармезан по желба
- Малку зејтин
Подготовка: Единствено правило во овој рецепт е зелените состојки да бидат свежи, па ако нема оригано (бидејќи тешко се наоѓа свежо) тоа може да се замени со да речеме рузмарин. Се друго е произволно. Свежо оригано Свеж босилек Рукола Блитва Копар Подготовката е брза и многу едноставна. Во солена вода сварете ги блитвата и руколата.
Овој зелен микс исецкајте го ситно и ставете го во подлабок сад.
Потоа на нив им додадете ги (прво зелените состојки) ситно исецканиот босилек, ориганото, малку копар а потоа и брашното, палентата, јогуртот, ренданото сирење, зејтинот, прашакот за печење, сода бикарбоната, солта и биберот.
Откако добиете фина смеса, наполнете ги калапите за мафини и право во загреана рерна.
Мафините се готови кога во нив ќе брцнете чепкалка за заби и истата ќе ја извадите чиста. Тоа значи дека се е добро испечено.
Мафините се јадат убаво изладени, така најдобро ќе се почувствува убавината на овој микс.
И тоа е тоа, брзо, здраво и вкусно. Имајте добар апетит!
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 05.Април.2016 во 08:36 |
Мафини со лешници
Зарем постои некој кој не сака мафини? Веруваме дека не, па зошто тогаш да не ги подготвите овие вкусни залчиња и да ги израдувате членовите на вашето семејство. Плус одлични се ако чекате гости… Состојки: - 100 грама брашно
- 100 грама чоколадо во прав
- ¼ лажица сода бикарбона
- 1 лажичка прашак за печење
- 1 јајце
- 80 грама путер
- 30 грама шеќер
- 125 милилитри млеко
- 50 грама насецкани и пржени лешници плус малку мелени лешници за украсување
- Прстофат сол
Подготовка: Прво измешајте ги сувите состојки: брашното, прашакот за печење, чоколадото во прав, сода бикарбоната, шеќерот и прстофатот сол. Во друг сад измешајте ги јајцето и путерот кој претходно го стопивте или го оставивте на собна температура да омекне. Потоа, постепено лажица по лажица додавајте ги сувите состојки во смесата од јајце и путер. Лесно додавајте го и млекото и пржените лешници. Кога сите состојки ќе се спојат, ставете калапи за мафини и смесата внимателно ставајте ја во нив. Тие треба да бидат до половина наполнети. Печете на загреана рерна од 180 степени околу 20 минути. Кога ќе се испечат, украсете ги со лешници и по желба растопено чоколадо. Послужете ги со кафе или чај. Имајте добар апетит!
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 15.Март.2016 во 08:06 |
Брзи пилешки мафини на мексикански начинПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 600гр. сецкано варено пилешко бело месо 350гр. чедар сирење 2 јајца 250мл. млеко 130гр. брашно 1 лажичка прашок за пециво 1 луто пиперче (по желба) свеж магдонос НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Изматете ги јајцата, млекото, брашното и прашокот за пециво. Во друг сад измешајте ги пилешкото месо, лутото пиперче, сирењето и магдоносот. Ставете од оваа мешавина во калапите. Врз нив додадете ја мешавината од млеко и јајца… Ставете ги да се печат половина час во претходно загреана рерна на 200 степени.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 27.Февруари.2016 во 16:05 |
Интегрални мафини со сирење, зелени маслинки и кашкавалПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: * 200гр сирење (рендано) *30 гр путер на коцки * 10 зелени маслинки * 500гр интегрално брашно * 100мл масло * 1 жолчка * малку сол * 3 јајца * 1 лажиче сода * 0,5 кофичка кисело млеко * 20гр мак * 10гр рендан кашкавал НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Го мешаме киселото млеко со една лажичка сода. Потоа ги додаваме и јајцата. Додаваме малку сол и масло. Се добро мешаме и ја истураме смесата во садот со интегралното брашно. Мешаме со лажица – ги додаваме маслинките исечени на кругови. Потоа го додаваме и сирењето и кимот. Со подмачкани раце правиме 12 топки и ги ставаме во подмачкани форми за колачи. Ги премачкуваме со жолчка. Печеме на 220 степени, околу 30-35 минути.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 26.Јануари.2016 во 19:55 |
Почестете се самите и израдувајте ги најмилите со вкусни, меки и лесни солени мафини. Мафините со сирење се добредојдени во сечија чинија и се идеални за брз и неодолив појадок или забава во домашна атмосфера. Еве како со еден рецепт можете да станете експерт за правење мафини, кои ќе ги примамуваат вашите гости да посегнат барем по уште едно парче: СОСТОЈКИ3 | јајца | 1 шолја | јогурт | ½ шолја | масло | 2 шолји | брашно | 1 | прашок за пециво | 200 гр | сирење | ½ лажичка | сол | | сусам |
ПОДГОТОВКА- Потпечете 4-5 лажици сусам на тивок оган и оставете го настрана.
- Во длабок сад ставете ги јајцата и изматете со миксер. Додавајте ги постепено останатите состојки по следниов редослед: јогурт, масло, брашно, пециво, сол. Добро изматете.
- Наведената количина сирење изрендајте ја на крупната страна од рендето во претходно приготвената смеса.
- Наполнете ги формите за мафини со добиената смеса и поросете со сусам.
- Печете на 200°С околу половина час.
Изменето од Valerija - 26.Јануари.2016 во 19:55
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 22.Декември.2015 во 17:04 |
Како што ни се доближуваат новогодишните празници, така и љубителите на декорациите почнуваат со својата потрага за оригинални декоративни идеи и десерти. За да ви олесниме во потрагата, решивме да ги споделиме овие одлични колачи во облик на снежни кугли кои без сомнение ќе бидат најоригиналниот и најкреативниот украс на вашата трпеза… Потребни состојки:- Готови мафини
- 12 листови желатин
- Ледена вода
- 8 балони
- 8 дрвени стапчиња
- Леплива трака
- Парче стиропор
- Спреј за десерти (можете да го направите сами: во чиста боца со распрскувач поставете малку растително масло и течен лецитин во ист размер)
Начин на подготовка:Во чинија со ледена вода ставете ги желатините, еден по еден, и оставете ги да отстојат 10 минути. Откако ќе омекнат, извадете ги од водата и нежно истиснете го вишокот вода од нив, па префрлете ги во мало тенџере. Додадете им 3 лажици вода и загревајте ги на тивок оган сè додека не се растопат. Оставете ги малку да се оладат, но внимавајте да не претерате и тие целосно да се стврднат. Во тој случај, загрејте ги повторно. Додека желатинот се лади, надувајте 8 балони со големина на калапот за мафини кој го имате и залепете ги со лентата на стапчињата. Испрскајте од спрејот на вашите дланки и потоа нежно премачкајте ги балоните сè додека маслото не се впие целосно. Балоните не смеат да бидат сјајни и масни. Оладениот желатин ставете го во шолја со ширина на балонот и доволна длабочина да може тој целосно да се потопи. Откако ќе го потопите балонот во желатин, оставете го да отстои 10-тина минути. Балоните се подготвени тогаш кога веќе нема да бидат лепливи на допир. Повторете го потопувањето во желатин, но овој пат поставете ги балоните на стиропорот и оставете ги да отстојат 24 часа на собна температура. Откако желатинот на балоните ќе стане цврст, вие сте спремни за следниот чекор. Со цел да ги одвоите куглите желатин од балонот, исечете го онаму каде се спојува со стапчето. Балонот ќе се издува, па потоа лесно ќе можете да го извлечете. Доколку не се одвои веднаш, дадете му време да отстои (од 5 до 45 минути). Отворот на секоја од куглите обликувајте го со ножици, така да што да одговора на секој мафин. Пред да ги нанесете куглите на мафините, секој од колачите премачкајте ги со бел крем по избор и посипете ги со кокос, со цел да изгледаат снежно. На секој мафин поставете и шеќерна декорација во празничен дух, како Дедо Мраз, Снешко, ирваси, елки… И за крај затворете ги со куглата од желатин. Сите ваши роднини и пријатели ќе бидат воодушевени.
Изменето од Valerija - 22.Декември.2015 во 17:06
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 04.Декември.2015 во 19:21 |
Мафини со спанаќ и сирење
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: – 1 чаша бело брашно – 1 чаша пченкарно брашно – 1 мала павлака – 300 гр фета сирење – 200 гр крупно исечен спанаќ – 1 кесичка прашок за пециво – 1/2 чаша масло – 3 јајца НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Изматете ги јајцата, павлаката и маслото. Во одделен сад, помешајте ги брашното, прашокот за пециво и на крајот додадете ја и мешавината од јајца. Додадете сирење и спанаќ. Загрејте ја рерната на 200 степени. Во калап за мафини прелиете го тестото и печете додека мафините не нараснат и не поруменат.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|