|
За злоупотребата на Светото Писмо |
Внеси реплика | страница <123> |
Автор | ||||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Во мојот прв пост ја спомнав демагогијата во контекст на манипулирањето со луѓето т.е. како сретство кое вернициите кои освен што практикуваат одредена религија, со своите постапки (проповеди, предавања, дискусии ...) сакаат истата да ја прошират врз што е можно поголем број луѓе. Следниве твои цитати претставуваат уште една потврда за мојот претходно искажан став дека демагогијата е еден од методите на ширење на една религија, начин кој со замајување на народот со одредени реторички заврзлами, вртења во круг, сепак на крајот завршуваат со основната поента – моето е најдобро и затоа најдобро е да се приклониш кон мојата вера. Сето друго е невистина, лага, лажно верување, лажни, непостоечки богови. (Зарем и во библијата не пишува дека ќе се појават лажни пророци?!) Повторно велам, ти и овојпат користиш демагошки методи бидејќи од една страна негираш дека си рекол за твојата религија дека е единствената вистинска религија:
За веднаш потоа, во истата реченица, да дојде до израз сјајот и величенственоста на методот за кој зборувам:
И самиот твој пост скриптум говори за ова што досега го велам.
Ти и верниците од твојата деноминација (како впрочем сите други верници од нивните деноминации), не ги признавате правата на другите да си живеат во нивната заблуда т.е. да си веруваат во тоа во што тие сакаат да веруваат. И кој после ова може да рече дека светото писмо не се злоупотребува?
Да, сфаќам дека јас како атеист, за разлика од припадниците на разните верски деноминации кои се обвинуваат и не се признаваат меѓусебно (освен се разбира декларативното), имам поголем праг на толеранција и ги почитувам сите кои си веруваат во тоа што мислат дека е исправно. Јас никому не сум му го оспорил неговото убедување, на никого не сум му рекол дека е на погрешен пат во откривањето на вистината. |
||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Златен златнику, потполно би ти дал право кога јас би велел дека јас и мојата религија е единствената вистинска религија, но не го велам тоа туку велам: не јас, не ти, не ние, не вие, туку вечната Милост (Мудрост) БОЖЈА - Христос - Тоа е единственото совршено точно и вечно Евангелие! Таа вечна Милост (Мудрост) БОЖЈА е пред небото и земјата, пред секое битие и е воедно темелот - и целта - на секое постоење! Сфаќаш? п.с. Чедата БОЖЈИ во однос на секој друг “бог“ - освен на Единствениот Вистински и Совршен БОГ (и Отец) во Исуса Христа - се “атеисти“! Изменето од spiros - 15.Април.2013 во 00:57 |
||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Спиросе, мило ми е што моето појавување кај тебе предизвика чувство на радост. Ти благодарам за убавите зборови и желби. Добрите луѓе се познаваат и по оваа особина – иако се критикуваат, сепак се почитуваат. Впрочем, ако не е критиката, ако не се спротивставувањата, ќе нема напредок во светов. Ако сме истомисленици, едноставно ќе се согласиме дека едно нешто е такво и, толку! Нема за што да се дискутира понатаму. Што се однесува до твоите ставови, до твоите размислувања, воопшто не се сомневам дека имаат нешто лошо, дека свесно на некого му мислиш лошо. Далеку од тоа. Но, со самото твое верување во верата за која си се определил, ти (но не само ти, туку и другите верници од сите вероисповеди) несвесно ги понижуваш останатите кои не се припадници на твојот колективитет. Зошто велам ги понижуваш? Ги понижуваш со тоа што велиш дека другите се кривоверни, што само по себе имплицира дека тие не знаат, дека не се способни да оценат што е добро, што е вистинско па, како такви, скршнале по друг пат – во кривоверство. Или во неверство (како мене ) Значи, поентата е во тоа што секој припадник на одредена религиозна заедница, тргнувајќи од своите лични побуди (определби), изградувајќи го своето „индивидуално его“ се приклонува кон принципите на „колективното его“, негирајќи го притоа колективното его (а со тоа и индивидуалното) на другите колективитети (религиозни заедници) . Еве, и последниов твој цитат го
говори токму тоа за што сега (како и претходно) пишувам:
Иако секоја религија декларативно се определува за мир, љубов, разбирање ... сепак, на овој индиректен начин, со „отворање на очите“ за кривоверната и приклонување кон вистинската религија, која единствено нуди спасение, се сака да се наметне својата и да се уништи другата! Е затоа во претходниот пост велам „деструктивизам“! Мислам дека сега разбираш „Шта је писац хтео да каже“! |
||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Златен златник и покрај оштрата критика, се радувам што те гледам дека си жив (и се надевам) здрав. Што се работи за критиката, доколку навистина мојата активност на форумов се темели врз мој индивидуален и колективен егоизам, тогаш ти давам потполно право и благослов за она со што ме обвинуваш (обвинувате). Но, ако не го правам тоа за личен или колективен егоистичен профит туку за се’општо спасение, тогаш твоите (вашите) обвинувања ќе го умножат благословот БОЖЈИ и ќе ме удостојат за нешто што всушност јас воопшто не сум достоен нити заслужен, туку само Единствениот Вистински и Совршен БОГ! Ви благодарам за критиката, која всушност ја сфаќам и прифаќам како еден израз на (повеќе или помалку свестна) љубов кон мене, одсрце посакувајќи вам истото да го прифатите од моите излагања! Изменето од spiros - 12.Април.2013 во 19:33 |
||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Повеќе од една година не бев присутен на форумов, Сега дојдов, видов и ... што ќе видам ... таа-па-таа!
До кога Бе со ова твоја демагогија? Зарем следниве твои зборови приличат на еден вистински верник?
Воден од твоите „индивидуални егоистички“ побуди, ти, кој веруваш само во твојот бог, мислиш дека само ти (твоето его) си во право и не сакаш да признаеш и да прифатиш постоење на друг/и бог/ови. А што е уште пострашно, сето ова може да се сведе на еден збор – деструктивизам, бидејќи ти, длабоко во себе, посакуваш т.е. се стремиш да уништиш секакво друго верување што не е твое, се што не припаѓа на твојот „колективен егоизам“! Уште и се занесуваш дека си некој „учител“, па им зборуваш на луѓето, ама тие не те слушаат и жалиш поради тоа:
Да, овде навистина нешто е за жалење! |
||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Знам дека надувените луѓе коишто се сметаат себеси (или други луѓе) за рамни или дури и за поарни од вистинските Апостоли Христови - како во мојот приватен живот така и на интернет форум - од мене мораат да слушаат нешто што на нивните уши воопшто не им годи. Но тоа е тоа. Мене многу мие жал што како домаќин јас неможам да им ги хранам нивните индивидуални егоизми, кои потекнуваат од изворот кој одсекогаш се обидувал да го злопутребува Светото Писмо. Жалам што е тоа така! Изменето од spiros - 12.Април.2013 во 09:13 |
||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
spiros, некоректното однесување со напаѓање на личноста на соговорникот и со фрлање дрвја и камења по луѓето не се сокриваат своите незнаења и слабости, туку напротив тие уште повеќе се истакнуваат. Но човековата прелест не дозволува давање скромен одговор на поставено прашање, ниту пак е подготвена да признае дека не знае или дека греши. Таа ќе продолжи да напаѓа секој и секого, да набедува, да суди и плука... во очаен обид да се задржи на cвојот умислен пиедестал. Не само што тоа не е христијански, туку е нечовечки. Изгледа дека најдобро e на своите теми да си дискутираш самиот со себе си... не повикувај попусто гости и соговорници доколку не знаеш да бидеш добар домаќин. |
||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||
dejanpp
Сениор Регистриран: 30.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 893 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
davidovata zvezda sega e namestena da site gresnici i losi lujdze pred svetot da izgledaat najnormalni.no ke pomine vremeto na taa sostojba i ke dojde vreme koga ke se srami sekoj od greskite.da cekame da se pomesti davidovata zvezda.
|
||||
dejanpp
Сениор Регистриран: 30.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 893 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
dejstvuvajneto so zloupotreba e isto sto i dejstvuvajne poradi sudbina.samo sto ednite legalno go pravat toa.
|
||||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Крајно е несериозно - или во подобриот случај само страмота -, кога еден човек кој себеси се наречува xристијанин и чедо БОЖЈЕ, да не ги знае од ГОСПОДА лично избраните Апостоли! Но, тоа воопшто нетреба да не зачуди, бидејќи се’поголем е бројот на луѓето (самонаречени христијани) кои го одфрлаат сведоштвото на вистинските Христови Апостоли, Евангелисти и следбеници, а се гордеат со сопственото знаење и умеење. Оттогаш Исус почна да проповеда и да говори: „Покајте се, зашто се приближи царството небесно!” И одејќи покрај Галилејското Море, ги виде двајцата браќа, Симон, наречен Петар, и брат му Андреј, како фрлаат мрежа во морето бидејќи беа рибари. И им рече: „Појдете по Мене и Јас ќе ве направам ловци на луѓе.” И ете, тие веднаш ги оставија мрежите и тргнаа по Него. Потоа, одејќи понатаму виде други двајца браќа: Јаков Заведеев и брат му Јован, во кораб со Заведеј, таткото нивни, кои си ги крпеа мрежите свои, и нив ги повика. И тие веднаш го оставија коработ и татка си и тргнаа по Него. Ев. Матеј 4:17-22 Изменето од spiros - 11.Април.2013 во 11:40 |
||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Ајде, ќе прашам уште еднаш надевајќи се, доколку си сериозен соговорник, дека ќе удостоиш со одговор член кој се одзива на твојот повик да коментира на тема отворена од тебе...
|
||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Потполно нерелавантен цитат? Тука и лежи проблемот на кривоверниот и неверниот свет, кој што се’уште е заробен во индивидуалниот и колективниот егоизам и не е свестен Кој Исус (и Неговите вистински Апостоли) всушност е! Јас за нив се молам; не се молам за сиот свет, туку за оние што си Ми ги дал, зашто се Твои. ... Но не се молам само за нив, туку и за оние што преку нивните зборови ќе поверуваат во Мене, за да бидат сите едно, како што си Ти, Оче, во Мене, и Јас во Тебе; па така и тие да бидат во Нас едно! Ев.Јован 17:9+20,21 Изменето од spiros - 10.Април.2013 во 23:51 |
||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Ако веќе тврдиш нешто и бидеш прашан за објаснување тогаш си должен да одговориш конкретно на што си мислел. Ваквото реплицирање, со потполно нерелевантен цитат, не е сериозна дискусија на сопствено отворена тема. |
||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
... барајте и ќе најдете ...! Ев.Матеј 7:7 |
||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||||
Внеси реплика | страница <123> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |