За злоупотребата на Светото Писмо
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Вероисповед
Опис на форумот: Право на личен избор
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=26401
Датум на принтање: 22.Ноември.2024 во 19:13 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: За злоупотребата на Светото Писмо
Постирано од: spiros
Наслов: За злоупотребата на Светото Писмо
Датум на внесување: 08.Април.2013 во 09:33
Многу луѓе и култури го читаат и го користат Светото Писмо за свои индивидуални и колективни (конфесионални, национални, ...) егоистични цели.
Зошто е тоа така?
Далие е тоа во ред?
Отелотворувањето на Мудроста БОЖЈА (Исус) - и Неговите вистински Апостоли (иако сите евреи) - не го читаа нити цитираа Светото Писмо за сопствени егоистички цели, туку за спасение и поука на сите.
Кога егоистичките колективи и индивидуи ќе се разбудат за Христа и Неговите вистински Апостоли (и следбеници) и ќе престанат да го злоупотребуваат Светото Писмо за своја егоистична корист?
Во надеж дека набрзо светот ќе се разбуди за Мудроста БОЖЈА чиста во Господа Исуса Христа и ќе го надмине сопствениот индивидуале и колективен егоизам, ве поздравувам и поканувам на темата, која засигурно не е атрактивна, како за мојот, така и за вашиот егоизам!
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Коментари:
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 09.Април.2013 во 06:25
spiros напиша:
Неговите вистински Апостоли (иако сите евреи) - не го читаа нити цитираа Светото Писмо за сопствени егоистички цели, туку за спасение и поука на сите.
|
Кои се тие Неговите вистински Апостоли ?
Патем, се сложувам за егоизмот... Впрочем, сето Христово учење е токму околу Егото и оноа што како последица призлегува од него - суетата, среброљубието, користољубието, горделивоста, желбата за популарност, шовинизмот и т.н.
Да се биде верник само од конвенционалност во одредени прилики и да се заборава на Христовиот пат во други, не е никаква религиозност.
Тоа е пародија.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 09.Април.2013 во 08:22
Messenger напиша:
Патем, се сложувам за егоизмот... Впрочем, сето Христово учење е токму околу Егото и оноа што како последица призлегува од него - суетата, среброљубието, користољубието, горделивоста, желбата за популарност, шовинизмот и т.н.
Да се биде верник само од конвенционалност во одредени прилики и да се заборава на Христовиот пат во други, не е никаква религиозност.
Тоа е пародија.
|
Messenger напиша:
Кои се тие Неговите вистински Апостоли ?
|
... барајте и ќе најдете ...!
Ев.Матеј 7:7
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 09.Април.2013 во 13:22
spiros напиша:
Messenger напиша:
Кои се тие Неговите вистински Апостоли ?
| ... барајте и ќе најдете ...!
Ев.Матеј 7:7
|
Ако веќе тврдиш нешто и бидеш прашан за објаснување тогаш си должен да одговориш конкретно на што си мислел.
Ваквото реплицирање, со потполно нерелевантен цитат, не е сериозна дискусија на сопствено отворена тема.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 10.Април.2013 во 23:50
Messenger напиша:
Ако веќе тврдиш нешто и бидеш прашан за објаснување тогаш си должен да одговориш конкретно на што си мислел.
Ваквото реплицирање, со потполно нерелевантен цитат, не е сериозна дискусија на сопствено отворена тема.
|
Потполно нерелавантен цитат?
Тука и лежи проблемот на кривоверниот и неверниот свет, кој што се’уште е заробен во индивидуалниот и колективниот егоизам и не е свестен Кој Исус (и Неговите вистински Апостоли) всушност е!
Јас за нив се молам; не се молам за сиот свет, туку за оние што си Ми ги дал, зашто се Твои. ... Но не се молам само за нив, туку и за оние што преку нивните зборови ќе поверуваат во Мене, за да бидат сите едно, како што си Ти, Оче, во Мене, и Јас во Тебе; па така и тие да бидат во Нас едно!
Ев.Јован 17:9+20,21
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 11.Април.2013 во 02:14
Ајде, ќе прашам уште еднаш надевајќи се, доколку си сериозен соговорник, дека ќе удостоиш со одговор член кој се одзива на твојот повик да коментира на тема отворена од тебе...
Messenger напиша:
Кои се тие Неговите вистински Апостоли ? |
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 11.Април.2013 во 11:36
Messenger напиша:
Ајде, ќе прашам уште еднаш надевајќи се, доколку си сериозен соговорник, дека ќе удостоиш со одговор член кој се одзива на твојот повик да коментира на тема отворена од тебе...
|
Крајно е несериозно - или во подобриот случај само страмота -, кога еден човек кој себеси се наречува xристијанин и чедо БОЖЈЕ, да не ги знае од ГОСПОДА лично избраните Апостоли!
Но, тоа воопшто нетреба да не зачуди, бидејќи се’поголем е бројот на луѓето (самонаречени христијани) кои го одфрлаат сведоштвото на вистинските Христови Апостоли, Евангелисти и следбеници, а се гордеат со сопственото знаење и умеење.
Оттогаш Исус почна да проповеда и да говори: „Покајте се, зашто се приближи царството небесно!”
И одејќи покрај Галилејското Море, ги виде двајцата браќа, Симон, наречен Петар, и брат му Андреј, како фрлаат мрежа во морето бидејќи беа рибари. И им рече: „Појдете по Мене и Јас ќе ве направам ловци на луѓе.” И ете, тие веднаш ги оставија мрежите и тргнаа по Него. Потоа, одејќи понатаму виде други двајца браќа: Јаков Заведеев и брат му Јован, во кораб со Заведеј, таткото нивни, кои си ги крпеа мрежите свои, и нив ги повика. И тие веднаш го оставија коработ и татка си и тргнаа по Него.
Ев. Матеј 4:17-22
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: dejanpp
Датум на внесување: 11.Април.2013 во 18:04
dejstvuvajneto so zloupotreba e isto sto i dejstvuvajne poradi sudbina.samo sto ednite legalno go pravat toa.
|
Постирано од: dejanpp
Датум на внесување: 11.Април.2013 во 18:07
davidovata zvezda sega e namestena da site gresnici i losi lujdze pred svetot da izgledaat najnormalni.no ke pomine vremeto na taa sostojba i ke dojde vreme koga ke se srami sekoj od greskite.da cekame da se pomesti davidovata zvezda.
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 11.Април.2013 во 23:42
spiros напиша:
Messenger напиша:
Ајде, ќе прашам уште еднаш надевајќи се, доколку си сериозен соговорник, дека ќе удостоиш со одговор член кој се одзива на твојот повик да коментира на тема отворена од тебе...
|
Крајно е несериозно - или во подобриот случај само страмота -, кога еден човек кој себеси се наречува xристијанин и чедо БОЖЈЕ, да не ги знае од ГОСПОДА лично избраните Апостоли!
Но, тоа воопшто нетреба да не зачуди, бидејќи се’поголем е бројот на луѓето (самонаречени христијани) кои го одфрлаат сведоштвото на вистинските Христови Апостоли, Евангелисти и следбеници, а се гордеат со сопственото знаење и умеење.
Оттогаш Исус почна да проповеда и да говори: „Покајте се, зашто се приближи царството небесно!”
И одејќи покрај Галилејското Море, ги виде двајцата браќа, Симон, наречен Петар, и брат му Андреј, како фрлаат мрежа во морето бидејќи беа рибари. И им рече: „Појдете по Мене и Јас ќе ве направам ловци на луѓе.” И ете, тие веднаш ги оставија мрежите и тргнаа по Него. Потоа, одејќи понатаму виде други двајца браќа: Јаков Заведеев и брат му Јован, во кораб со Заведеј, таткото нивни, кои си ги крпеа мрежите свои, и нив ги повика. И тие веднаш го оставија коработ и татка си и тргнаа по Него.
Ев. Матеј 4:17-22 |
spiros, некоректното однесување со напаѓање на личноста на соговорникот и со фрлање дрвја и камења по луѓето не се сокриваат своите незнаења и слабости, туку напротив тие уште повеќе се истакнуваат.
Но човековата прелест не дозволува давање скромен одговор на поставено прашање, ниту пак е подготвена да признае дека не знае или дека греши.
Таа ќе продолжи да напаѓа секој и секого, да набедува, да суди и плука... во очаен обид да се задржи на cвојот умислен пиедестал.
Не само што тоа не е христијански, туку е нечовечки.
Изгледа дека најдобро e на своите теми да си дискутираш самиот со себе си... не повикувај попусто гости и соговорници доколку не знаеш да бидеш добар домаќин.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 12.Април.2013 во 09:08
Знам дека надувените луѓе коишто се сметаат себеси (или други луѓе) за рамни или дури и за поарни од вистинските Апостоли Христови - како во мојот приватен живот така и на интернет форум - од мене мораат да слушаат нешто што на нивните уши воопшто не им годи.
Но тоа е тоа. Мене многу мие жал што како домаќин јас неможам да им ги хранам нивните индивидуални егоизми, кои потекнуваат од изворот кој одсекогаш се обидувал да го злопутребува Светото Писмо.
Жалам што е тоа така!
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: Zlatnik
Датум на внесување: 12.Април.2013 во 15:15
Повеќе од една година не бев
присутен на форумов,
Сега дојдов, видов и ... што ќе
видам ... таа-па-таа!
Па добро Бе Спиросе, до кога со овие твои демагошки „мудрувања“?
Од една страна ни’ зборуваш за љубов, за мудрост, за толеранција, за почитување
меѓу луѓето (демек, тоа твојот бог така ти рекол), а од друга страна ти не само
што не го почитуваш другиот, туку правиш уште полошо - го навредуваш, го
понижуваш, го омаловажуваш секој кој не е како тебе, секој кој не мисли како
тебе, кој не го прифаќа твојот или било кој друг бог? Сите тие имаат проблеми,
сите тие се кривоверни, сите тие не се свесни!
До кога Бе со ова твоја
демагогија?
Зарем следниве твои зборови
приличат на еден вистински верник?
spiros напиша:
... Тука и лежи проблемот на кривоверниот и неверниот свет, кој што се’уште е заробен во индивидуалниот и колективниот егоизам и не е свестен ... | Па зарем има поголем егоизам од
твојов?
Воден од твоите „индивидуални егоистички“
побуди, ти, кој веруваш само во твојот бог, мислиш дека само ти (твоето его) си во право и не сакаш да признаеш и да прифатиш
постоење на друг/и бог/ови.
А што е уште пострашно, сето ова може да се сведе на еден
збор – деструктивизам, бидејќи ти, длабоко во себе, посакуваш т.е. се стремиш да уништиш секакво
друго верување што не е твое, се што не припаѓа на твојот „колективен егоизам“!
Уште и се занесуваш дека си некој
„учител“, па им зборуваш на луѓето, ама тие не те слушаат и жалиш поради тоа:
spiros напиша:
... од мене
мораат да слушаат нешто што на нивните уши воопшто не им годи. ... Жалам што е тоа така! |
Да, овде
навистина нешто е за жалење!
------------- Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 12.Април.2013 во 16:34
Златен златник и покрај оштрата критика, се радувам што те гледам дека си жив (и се надевам) здрав.
Што се работи за критиката, доколку навистина мојата активност на форумов се темели врз мој индивидуален и колективен егоизам, тогаш ти давам потполно право и благослов за она со што ме обвинуваш (обвинувате). Но, ако не го правам тоа за личен или колективен егоистичен профит туку за се’општо спасение, тогаш твоите (вашите) обвинувања ќе го умножат благословот БОЖЈИ и ќе ме удостојат за нешто што всушност јас воопшто не сум достоен нити заслужен, туку само Единствениот Вистински и Совршен БОГ!
Ви благодарам за критиката, која всушност ја сфаќам и прифаќам како еден израз на (повеќе или помалку свестна) љубов кон мене, одсрце посакувајќи вам истото да го прифатите од моите излагања!
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: Zlatnik
Датум на внесување: 13.Април.2013 во 12:01
Спиросе, мило ми е што моето
појавување кај тебе предизвика чувство на радост. Ти благодарам за убавите
зборови и желби. Добрите луѓе се познаваат и по оваа особина – иако се
критикуваат, сепак се почитуваат. Впрочем, ако не е критиката, ако не се
спротивставувањата, ќе нема напредок во светов. Ако сме истомисленици, едноставно
ќе се согласиме дека едно нешто е такво и, толку! Нема за што да се дискутира
понатаму.
Што се однесува до твоите
ставови, до твоите размислувања, воопшто не се сомневам дека имаат нешто лошо,
дека свесно на некого му мислиш лошо. Далеку од тоа.
Но, со самото твое верување во
верата за која си се определил, ти (но не само ти, туку и другите верници од
сите вероисповеди) несвесно ги понижуваш останатите кои не се припадници на
твојот колективитет.
Зошто велам ги понижуваш?
Ги понижуваш со тоа што велиш
дека другите се кривоверни, што само по себе
имплицира дека тие не знаат, дека не се способни да оценат што е добро, што е
вистинско па, како такви, скршнале по друг пат – во кривоверство. Или во
неверство (како мене )
Значи, поентата е во тоа што
секој припадник на одредена религиозна заедница, тргнувајќи од своите лични
побуди (определби), изградувајќи го своето „индивидуално его“ се приклонува кон принципите
на „колективното его“, негирајќи го притоа колективното его (а со тоа и
индивидуалното) на другите колективитети (религиозни заедници) .
Еве, и последниов твој цитат го
говори токму тоа за што сега (како и претходно) пишувам:
spiros напиша:
... Но, ако не го правам тоа за личен или колективен егоистичен профит туку за се’општо спасение, тогаш твоите (вашите) обвинувања... |
Ете, гледаш, во сета твоја добра
намера ти несвесно, или подобро речено потсвесно т.е. твоето его те прави да си убеден дека ти си во право, па затоа велиш дека само
преку твојата правоверна (исправна) религија доаѓа сеопшто спасение, што
подразбира дека преку другите религии тоа спасение е невозможно да се постигне!
Иако секоја религија декларативно се определува за мир, љубов, разбирање ... сепак, на овој индиректен начин, со „отворање на очите“ за кривоверната и приклонување кон вистинската религија, која единствено нуди спасение, се сака да се наметне својата и да се уништи другата! Е затоа во претходниот пост велам „деструктивизам“!
Мислам дека сега разбираш „Шта је писац хтео да каже“!
------------- Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 15.Април.2013 во 00:50
Златен златнику, потполно би ти дал право кога јас би велел дека јас и мојата религија е единствената вистинска религија, но не го велам тоа туку велам: не јас, не ти, не ние, не вие, туку вечната Милост (Мудрост) БОЖЈА - Христос - Тоа е единственото совршено точно и вечно Евангелие!
Таа вечна Милост (Мудрост) БОЖЈА е пред небото и земјата, пред секое битие и е воедно темелот - и целта - на секое постоење!
Сфаќаш?
п.с. Чедата БОЖЈИ во однос на секој друг “бог“ - освен на Единствениот Вистински и Совршен БОГ (и Отец) во Исуса Христа - се “атеисти“!
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: Zlatnik
Датум на внесување: 15.Април.2013 во 10:56
Во
мојот прв пост ја спомнав демагогијата во контекст на манипулирањето со луѓето
т.е. како сретство кое вернициите кои освен што практикуваат одредена религија,
со своите постапки (проповеди, предавања, дискусии ...) сакаат истата да ја
прошират врз што е можно поголем број луѓе.
Следниве
твои цитати претставуваат уште една потврда за мојот претходно искажан став
дека демагогијата е еден од методите на ширење на една религија, начин кој со
замајување на народот со одредени реторички заврзлами, вртења во круг, сепак на
крајот завршуваат со основната поента – моето е најдобро и затоа најдобро е да
се приклониш кон мојата вера. Сето друго е невистина, лага, лажно верување,
лажни, непостоечки богови. (Зарем и во библијата не пишува дека ќе се појават
лажни пророци?!)
Повторно
велам, ти и овојпат користиш демагошки методи бидејќи од една страна негираш дека си рекол за твојата
религија дека е единствената вистинска религија:
spiros напиша:
„ ... потполно би ти дал право кога
јас би велел дека јас и мојата религија е единствената вистинска религија, но не го велам тоа ... “ |
За веднаш потоа, во истата реченица,
да дојде до израз сјајот и величенственоста на методот за кој зборувам:
spiros напиша:
„ ... туку велам: не јас, не
ти, не ние, не вие, туку вечната
Милост (Мудрост) БОЖЈА
- Христос - Тоа е единственото совршено точно и вечно Евангелие!
Таа вечна
Милост (Мудрост) БОЖЈА
е пред небото и земјата, пред секое битие и е воедно темелот - и целта - на
секое постоење! ... „ | Со други зборови, не ти, туку „вечното Евангелие“ е тоа кое ова го вели. Ти
само го пренесуваш тоа што ти си го прифатил од него, па сакаш да кажеш дека религијата
чија „мудрост“ и „милост“ е произлезена од таткото бог, а олицетворена во господ
Исус Христос, е онаа вистинската, „единствената“, „точната“, „совршената“! Дали
сега јас (или некој друг кој има прифатено некоја друга, погрешна религија), треба
да ги прифатам овие зборови на божјото евангелие искажани преку тебе со кои се
негираат, потценуваат другите религии т.е. дека сите други религии се „невистински“,
„лажни“, „несовршени“ ... и да се „мавнам“ од нив?
И самиот твој пост скриптум говори
за ова што досега го велам.
spiros напиша:
п.с. Чедата БОЖЈИ
во однос на секој друг “бог“ - освен на Единствениот
Вистински и Совршен БОГ (и Отец)
во Исуса Христа - се “атеисти“! |
Според ова твое кажување, за тебе (вас)
секој кој не верува во вашиот бог е „атеист“. Бидејќи атеист буквално значи
човек кој не верува во бог, тоа подразбира дека тие кои веруваат во „секој друг
бог“ за вас се празноверци.
Ти и верниците од твојата деноминација
(како впрочем сите други верници од нивните деноминации), не ги признавате
правата на другите да си живеат во нивната заблуда т.е. да си веруваат во тоа
во што тие сакаат да веруваат.
И кој после ова може да рече дека
светото писмо не се злоупотребува?
spiros напиша:
Сфаќаш? |
Да, сфаќам дека јас како атеист, за разлика од припадниците на разните верски деноминации кои се обвинуваат и не се признаваат меѓусебно (освен се разбира декларативното), имам поголем праг на толеранција и ги почитувам сите кои си веруваат во тоа што мислат дека е исправно. Јас никому не сум му го оспорил неговото убедување, на никого не сум му рекол дека е на погрешен пат во откривањето на вистината. Токму оваа моја животна филозофија е преточена во максимата искажана во мојот потпис.
Р.Ѕ. А ти го сфаќаш ова што го реков?
------------- Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 15.Април.2013 во 13:58
Секогаш сум велел дека атеистите во суштина се најрелигиозни. Тие не се венчаат за ниту една догма и постојано се во потрага по изворот.
А за некои други... што да кажам....тие со самото раѓање во некоја вера по автоматизам стануваат вистински, точни и совршени. А тоа во секој момент ќе ти го "докажат" со некој цитат и сликичка. И не дај боже со најдобри намери да се обидеш да им укажеш на нешто... веднаш ќе те исплукаат како надувен, самољубив, со индивидуaлен и колективен егоизам... с'е по ред, онака "вистински", "точно" и "совршено".
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: Pica pica
Датум на внесување: 15.Април.2013 во 15:09
Messenger напиша:
Секогаш сум велел дека атеистите во суштина се најрелигиозни. Тие не се венчаат за ниту една догма и постојано се во потрага по изворот.
| Postojano se vo potraga..!???
Po shto bre Mesi,po izvorot?
Sigurno shtom tolku tragaat po izvorot, veruvaat deka postoi.
Navistina bile najreligiozni,ovie ateisti.
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 15.Април.2013 во 17:03
Како што ти реков порано, твоето верување и твоетo разбирање за тоа што се религија и извор не мора да се споделени со другите.
Според тоа, твоето потсмевање, твоите прашувања и твоите чудења остануваат во рамките на твојот светоглед.
Во секој случај, благодарам што го споделуваш со нас.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 15.Април.2013 во 18:22
Zlatnik напиша:
Во мојот прв пост ја спомнав демагогијата во контекст на манипулирањето со луѓето т.е. како сретство кое вернициите кои освен што практикуваат одредена религија, со своите постапки (проповеди, предавања, дискусии ...) сакаат истата да ја прошират врз што е можно поголем број луѓе.
Следниве твои цитати претставуваат уште една потврда за мојот претходно искажан став дека демагогијата е еден од методите на ширење на една религија, начин кој со замајување на народот со одредени реторички заврзлами, вртења во круг, сепак на крајот завршуваат со основната поента – моето е најдобро и затоа најдобро е да се приклониш кон мојата вера. Сето друго е невистина, лага, лажно верување, лажни, непостоечки богови. (Зарем и во библијата не пишува дека ќе се појават лажни пророци?!)
Повторно велам, ти и овојпат користиш демагошки методи бидејќи од една страна негираш дека си рекол за твојата религија дека е единствената вистинска религија:
За веднаш потоа, во истата реченица, да дојде до израз сјајот и величенственоста на методот за кој зборувам:
Со други зборови, не ти, туку „вечното Евангелие“ е тоа кое ова го вели. Ти само го пренесуваш тоа што ти си го прифатил од него, па сакаш да кажеш дека религијата чија „мудрост“ и „милост“ е произлезена од таткото бог, а олицетворена во господ Исус Христос, е онаа вистинската, „единствената“, „точната“, „совршената“! Дали сега јас (или некој друг кој има прифатено некоја друга, погрешна религија), треба да ги прифатам овие зборови на божјото евангелие искажани преку тебе со кои се негираат, потценуваат другите религии т.е. дека сите други религии се „невистински“, „лажни“, „несовршени“ ... и да се „мавнам“ од нив? И самиот твој пост скриптум говори за ова што досега го велам.
Според ова твое кажување, за тебе (вас) секој кој не верува во вашиот бог е „атеист“. Бидејќи атеист буквално значи човек кој не верува во бог, тоа подразбира дека тие кои веруваат во „секој друг бог“ за вас се празноверци. Ти и верниците од твојата деноминација (како впрочем сите други верници од нивните деноминации), не ги признавате правата на другите да си живеат во нивната заблуда т.е. да си веруваат во тоа во што тие сакаат да веруваат.
И кој после ова може да рече дека светото писмо не се злоупотребува?
Да, сфаќам дека јас како атеист, за разлика од припадниците на разните верски деноминации кои се обвинуваат и не се признаваат меѓусебно (освен се разбира декларативното), имам поголем праг на толеранција и ги почитувам сите кои си веруваат во тоа што мислат дека е исправно. Јас никому не сум му го оспорил неговото убедување, на никого не сум му рекол дека е на погрешен пат во откривањето на вистината. Токму оваа моја животна филозофија е преточена во максимата искажана во мојот потпис.
Р.Ѕ. А ти го сфаќаш ова што го реков?
|
Златен златнику, мислам дека добро знам што повторно се обидуваш да ми кажеш, исто како што знам дека твоето сфаќање се темели на големо недоразбирање.
Јас - како и сите мои браќа и сестри - никогаш и никаде немам кажано (нити пак некогаш ќе кажeм/е) дека лично сум или дека веќе сум Ја достигнал полнотата на Совршената Вистина, Која е лично БОГ, Чија надприрода е Совршена Љубов и Која лично пред 2000 години на чудесен начин ни се покажа во Исус Христос !
Јас жалам за вашето недоразбирање и вашата (животонепријатна) толеранција кон сите оние што учат и практицираат спротивно од учењето и праксата на Исус, но во ниеден случај несакам да ви го угрозам вашето неодтуѓиво право да живеете во својата заблуда!
Еден ден сите ќе се разбудат за полнотата на надприродната Љубов БОЖЈА во Христос, но дали тоа будење ќе биде правовремено и доволно како компензација на консеквенците на дотогашната заблуда?
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: Pica pica
Датум на внесување: 15.Април.2013 во 19:25
Messenger напиша:
Како што ти реков порано, твоето верување и твоетo разбирање за тоа што се религија и извор не мора да се споделени со другите. Според тоа, твоето потсмевање, твоите прашувања и твоите чудења остануваат во рамките на твојот светоглед. Во секој случај, благодарам што го споделуваш со нас.
| nishto Mesi,poveli I drug pat I tebe isto, ti blagodram sto dojde od drug svet i go poseti ovoj svet za da spodeluvash so nas vakvi zeleni...
|
Постирано од: Zlatnik
Датум на внесување: 15.Април.2013 во 19:46
Ante scriptum. За да дојдам до саканата цел која
се однесува на темава, сакам на почетокот да дадам едно мало објаснување за
подобро да бидам разбран.
________
Којзнае
колку пати досега сме гледале анкети на американци во кои доаѓа до израз нивната наобразуваност, познавања од разни
области ... и, да не редам понатаму, за да не бидам погрешно сфатен.
Отсекогаш
сум се прашувал на кого му е поубаво? Дали на тие кои ама буквално абер немаат
за светот околу нив (а не пак за пошироко) но имаат пари и живеат безгрижен
живот или на тие кои имаат сестрани познавања, но поради сплет на субјективни и
објективни околности, немаат пари и живеат мизерен живот?
Нашиот
народ измислил убава поговорка: „Прост народ–силна држава“.
Иако
звучи парадоксално, во горенаведениов пример за американците, тоа ептен доаѓа
до израз. Токму поради тој факт тие се најразвиена земја во светот.
Зошто
го велам ова?
Едноставно,
за разлика од огромната маса „обични“ смртници, постои и една многу, ама ептен
многу паметна и образувана група луѓе кои се на власт и управуваат со државата
(а богами и со светот). И тие паметни, образувани но и бескорпулозни и
немилосрдни луѓе во намерата да стекнат енормни богатства и моќ, се стремат да
ги задоволат основните животни потреби на „остатокот“, овозможувајќи им доволно
пари за убав и лагоден живот, се со цел да „седат“ мирно, да не се занимаваат со други работи, да не се
интересираат што се случува околу нив.
Во оваа
нивна намера сесрдно им помага и црквата, која пак од своја страна врши додатен
притисок врз населението, со тоа што цврсто гo држи во претходно воспоставената
и добро разработена догма – вербата во бог! Да не бараме докази за оваа
соработка меѓу световната и духовната власт. Доволно е само да го спомнам
доларот и познатото:„IN GOD WE
TRUST“! Токму во овој факт се гледа
злоупотребата на светото писмо. Ова
е суштината на верата во бог – држење на народот под контрола и во покорност.
А тој,
народот, со сите негови претходно наведени карактеристики, без притоа подлабоко
да размисли, ја прифаќа соодветната вера во бог и ќе се нафрли на секого кој во
очи ќе им го каже ова, притоа сметајќи дека со тоа ќе се одбранат себеси
(сопственото, индивидуалното его).
Ах,
само да се свесни кого навистина бранат!
Како
што се шири влијанието од материјално развиениот запад (Америка) на овие
простори, се почесто се јавуваат луѓе кои во своето незнаење не ја согледуваат гл
... смешноста на своите изјави.
Pica pica напиша:
Messenger напиша:
Секогаш сум велел дека атеистите
во суштина се најрелигиозни. Тие не се венчаат за ниту една догма и
постојано се во потрага по изворот.
| Postojano se vo potraga..!???
Po shto bre Mesi,po izvorot?
Sigurno shtom tolku tragaat po izvorot, veruvaat deka postoi.
Navistina bile najreligiozni,ovie ateisti. |
Ееее pica pica!
Поставуваш вакви прашања?! Му се
потсмеваш на Меси, а очигледно имаш некои нејасни работи. Да,
да, знам. Нема ова да го прифатиш и ќе најдеш соодветни зборови да ме негираш
(или недај боже да ме нападнеш).
Религија
сама по себе не значи исклучиво верување во бог. Тоа е многу поширок поим кој
неправедно е присвоен и наметнат од страна на теолозите.
Јас
можам да речам дека сум религиозен, бидејќи:
-
Верувам во материјални работи: пари, машини, ...
-
Верувам во идеолошки работи: пријателство, љубов ...
-
Верувам дека ќе ме разбереш што се обидувам да ти
кажам...
Има луѓе кои веруваат во бог и тие
се нарекуваат теисти. Но, исто така
има луѓе кои не веруваат во бог, тоа се атеисти.
Се чудиш и се смееш на Меси кога
вели дека атеистите веруваат дека постои
изворот и го бараат.
Па зарем не е така? Или можеби ти
под поимот барање на „изворот“ подразбираш исклучиво барање на бог?!
Точно, атеистите се тие кои бараат,
кои сакаат да дознаат се што е, што било и, врз основа на откриените појави,
добиените резултати, да претпостават што би можело да биде. Спознанието не доаѓа веднаш и тие тоа го знаат, но и покрај тоа упорно продолжуваат понатаму. Затоа денес сме на ова технолошко ниво.
За разлика од нас атеистите, теистите
ја немаат таа мака да го бараат изворот. Тие нема што да бараат. Ним веќе им
кажале и тие веќе си знаат кој е изворот. И што уште ќе бараат?
Ете, ова се последиците од
злоупотребата на светото писмо – стремење кон „американизирање“ на целата
популација.
------------- Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
Постирано од: viktorija123
Датум на внесување: 15.Април.2013 во 19:51
Fala mu na "boga" da prochitam neshto navistina vistinsko
------------- There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 15.Април.2013 во 20:23
Zlatnik, добре дојде назад.
Очекувај совршените и сезнајните, кои Бога го оковале во догми, го омеѓале меѓу кориците на обљубените цитати и кои во джебот го носат изворот уште од времето на своето раѓање, да те попрскаат со света водичка и така да те избават од ѓаолот и да те направат истомисленик, верник на единствената чиста, вистинска, непобитна, безгрешна, вечна и лично од Бога сертифицирана вера.
Уживај.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: Pica pica
Датум на внесување: 15.Април.2013 во 21:46
Zlatnik напиша:
Поставуваш вакви прашања?! Му се потсмеваш на Меси, а очигледно имаш некои нејасни работи. Да, да, знам. Нема ова да го прифатиш и ќе најдеш соодветни зборови да ме негираш (или недај боже да ме нападнеш). |
Златник,не го спомнувај марсовецот.. Се надмина себеси со зелени постови.
Zlatnik напиша:
Религија сама по себе не значи исклучиво верување во бог. Тоа е многу поширок поим кој неправедно е присвоен и наметнат од страна на теолозите.
Јас можам да речам дека сум религиозен, бидејќи: |
Исто така,и "јас" е предмет на верување!
Zlatnik напиша:
Верувам во материјални работи: пари, машини, |
И тие веруваат во тебе.
Zlatnik напиша:
Верувам во идеолошки работи: пријателство, љубов ... |
"Јас" не сака да биде осамен.
Zlatnik напиша:
Верувам дека ќе ме разбереш што се обидувам да ти кажам...
|
Како не,одлично те разбирам.
Zlatnik напиша:
Има луѓе кои веруваат во бог и тие се нарекуваат теисти. Но, исто така има луѓе кои не веруваат во бог, тоа се атеисти. |
Zlatnik напиша:
Се чудиш и се смееш на Меси кога вели дека атеистите веруваат дека постои изворот и го бараат. |
Да!
Zlatnik напиша:
Па зарем не е така? Или можеби ти под поимот барање на „изворот“ подразбираш исклучиво барање на бог?! |
Сакаш да кажеш "јас" така? Секој човек во себе го има тој извор,потрагата по Бог е потрага по самиот себе,ама оние кој се цврсто убедени во своето постоење не се бараар себеси,туку бараат потеклото на верувањето пручувајќи ги сите верувања,религии,догми,филозофии без притоа да чуствуаат страв или казна.Едноставно бараат и веруваат дека еден ден ќе најдат соодветно објаснување прифатливо со здрав човечки разум,од каде све тргнало,за подоцна истото да се подели.
Zlatnik напиша:
Точно, атеистите се тие кои бараат, кои сакаат да дознаат се што е, што било и, врз основа на откриените појави, добиените резултати, да претпостават што би можело да биде. Спознанието не доаѓа веднаш и тие тоа го знаат, но и покрај тоа упорно продолжуваат понатаму. Затоа денес сме на ова технолошко ниво.
|
Аха,токму поради тоа технолошко ниво,пред да откриете ќе се самоуништите. (се мисли на поимот човек)
Zlatnik напиша:
За разлика од нас атеистите, теистите ја немаат таа мака да го бараат изворот. Тие нема што да бараат. Ним веќе им кажале и тие веќе си знаат кој е изворот. И што уште ќе бараат? |
Немаат потреба да бараат,бидејќи знаат дека иворот е најголемото порклество кое може да ги снајде,па подобро да веруваат и да се плашат од истото отколку да станат проклети и проколнати.
Zlatnik напиша:
Ете, ова се последиците од злоупотребата на светото писмо – стремење кон „американизирање“ на целата популација. | Да,"ЈАС" стана голема закана за светот. А ти во што рече дека веруваш..
|
Постирано од: Zlatnik
Датум на внесување: 16.Април.2013 во 09:50
A?
------------- Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
Постирано од: Pica pica
Датум на внесување: 16.Април.2013 во 10:57
da be zlaten "Јас" Сум Господ, твој Бог
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 17.Април.2013 во 17:59
Zlatnik напиша:
Ante scriptum. За да дојдам до саканата цел која се однесува на темава, сакам на почетокот да дадам едно мало објаснување за подобро да бидам разбран.
________
Којзнае колку пати досега сме гледале анкети на американци во кои доаѓа до израз нивната наобразуваност, познавања од разни области ... и, да не редам понатаму, за да не бидам погрешно сфатен.
Отсекогаш сум се прашувал на кого му е поубаво? Дали на тие кои ама буквално абер немаат за светот околу нив (а не пак за пошироко) но имаат пари и живеат безгрижен живот или на тие кои имаат сестрани познавања, но поради сплет на субјективни и објективни околности, немаат пари и живеат мизерен живот?
Нашиот народ измислил убава поговорка: „Прост народ–силна држава“.
Иако звучи парадоксално, во горенаведениов пример за американците, тоа ептен доаѓа до израз. Токму поради тој факт тие се најразвиена земја во светот.
Зошто го велам ова?
Едноставно, за разлика од огромната маса „обични“ смртници, постои и една многу, ама ептен многу паметна и образувана група луѓе кои се на власт и управуваат со државата (а богами и со светот). И тие паметни, образувани но и бескорпулозни и немилосрдни луѓе во намерата да стекнат енормни богатства и моќ, се стремат да ги задоволат основните животни потреби на „остатокот“, овозможувајќи им доволно пари за убав и лагоден живот, се со цел да „седат“ мирно, да не се занимаваат со други работи, да не се интересираат што се случува околу нив.
Во оваа нивна намера сесрдно им помага и црквата, која пак од своја страна врши додатен притисок врз населението, со тоа што цврсто гo држи во претходно воспоставената и добро разработена догма – вербата во бог! Да не бараме докази за оваа соработка меѓу световната и духовната власт. Доволно е само да го спомнам доларот и познатото:„IN GOD WE TRUST“! Токму во овој факт се гледа злоупотребата на светото писмо. Ова е суштината на верата во бог – држење на народот под контрола и во покорност.
А тој, народот, со сите негови претходно наведени карактеристики, без притоа подлабоко да размисли, ја прифаќа соодветната вера во бог и ќе се нафрли на секого кој во очи ќе им го каже ова, притоа сметајќи дека со тоа ќе се одбранат себеси (сопственото, индивидуалното его).
Ах, само да се свесни кого навистина бранат!
Како што се шири влијанието од материјално развиениот запад (Америка) на овие простори, се почесто се јавуваат луѓе кои во своето незнаење не ја согледуваат гл ... смешноста на своите изјави.
|
Пред да ти се придружам во критиката кон лицемерите кои поради егоизмот и парата се одкажале од БОГА и верата, ајде да погледнеме малку во нас и да видиме дали можеби омразата кон од тебе споменатите е само една пројекција на нашата сенка за која (сеуште потполно) не сме свестни?
Што се работи за америка како држава и најголема сила (царство) на планетата земја, за жал навистина таа се’ повеќе и повеќе станува гнездо и центар на многу антихристијански движења и души, но сепак да не заборавиме дека и таква каква што е, се’уште е поарна од многу земји кадешто правото на слободен верски избор воопшто нее дадено, а зборот presumption of innocence не само што е стран збор, туку е несфатлив поим за многу држави и култури!
Гледано од оваа перспектива, сепак Светото Писмо во америка нее само злоупотребувано, туку и - слава БОГУ - до некаде и правилно употребувано!
Поздрав
п.с. Нити една исламистичка (кураишка) или атеистичка (комунистичка) земја - кадешто се’уште има смртна казна и нема право на слободен верски избор - неможе да се пофали дека е во поглед на слободата и човековите права поарна од америка, иако таа (засигурно) се’уште е далеку од Царството БОЖЈЕ и Неговата правдина!
------------- https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace, we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 17.Април.2013 во 19:26
Zlatnik,
ти си лицемерен, надувен, егоист, зелен, против Бога, десна рака на Ѓаволот, изгубен... доколку 100% не се сложуваш со вредностите на некој кој се заредил зад некакво верување или убедување.
И затоа тој некој ќе си ја наметне крстоносната руба и постојано ќе ти виси на вратот плукајќи те на секој твој коментар за да те потсетува дека ти си во криво, а тој е во право и да ги спасува останатите луѓе од твоето негативно влијание.
Така си го заработува спасението од минатите гревови и си го резервира десното место од Бога во Царството Божје.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: spiros
Датум на внесување: 17.Април.2013 во 19:59
|