|
Ич око не ми трепнува! |
Внеси реплика | страница <12 |
Автор | |||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Извни, ама прашањево нема логика . Ако е државна тајна тогаш не е јавна информација и подлегнува под посебна државна заштита. Како таква не смее да се објавува. Токму поради заштита на државната тајна законодавецот предвидува казни за нејзино јавно објавување. Ако прашуваш дали државата треба за осудува објавување државна тајна, тогаш без обзир дали јас и ти не се сложуваме со тоа, таа тоа ќе го направи по сила на законот. А ако прашуваш дали луѓето треба да го осудуваат објавувањето на државни тајни јас можам да ти го дадам само моето мислење - бидејќи некои нешта мораат да останат државни тајни поради заштита на државата тогаш сметам оти нивното објавување треба да биде осудено. Тајната е тајна затоа што за неа не се разговара по чаршијата. А за некои работи најдоборо е чаршијата да се заобиколи. Јасно ми е дека некоја морално банкротирана личност поставена на висока позиција може да ја злоупотреби државната тајна, но тоа не е причина таа да биде потполно избришана од своето постоење. |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
Buggyman
Сениор Регистриран: 26.Јуни.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1308 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
сепак.... Те молам објасни, навистина не ми е јасно, како успеа да поврзеш "откривање на државна тајна" со преговори за името? Мешањето на темите во нашето општество е вообичаена работа, ке ги сплеткаме работите и реката ке ја насочиме кон својата воденица! Воопшто не ни помислив кога ја отварав темата да во неа има тематика за преговорите за името, напротив, СЛУЧКАТА со "откривање на државна тајна" е актуелна и разбирливо е да се дискутира за неа. Твојот одговор или поточно мислење (со почит кон мислењето) ми наликува како да е од кујната на една од нашите политички партии... Колку е исправно да се каже јавно државна тајна е темата за која сакав да се дискутира и што е толку тешко да се расчлени темата и да не се наметнува тема (како што самиот кажа дека сме дискутирале). Под име на државни тајни можат да се најдат многу неправилности (дали нашава земја или која било друга) и ако таа одлука не е исправна, таа е за осуда ОД НАРОДОТ. Што се однесува до Асанж, можеме и на оваа тема да дискутираме бидејки има голема поврзаност со издавање на информации на валканиот долен веш под името на државни тајни. Ке повторам, дали е криминал ако сум сведок на некое дело кое не е исправно, да го премолчам тоа бидејки е таканаречена државна тајна? Каде е моралот за кој многумина тука се удираат во градите? Бранко е рак рана во земјава, тоа и птиците на гранките го знаат но сепак се осмели и си кажа што кажа, имаше храброст да го изнесе тој документ (и така кариерата му е при крај) зошто да биде осудуван дека направи споредба со едниот и другиот предлог? Имам уште да кажам, опозицијата каква е таква е и таа ке постои, да немавме опозиција ке не означеа како диктаторска земја. Ке повторам, дали треба да се осудува објавување на документ под ознака државна тајна, и дали вистината треба да се крие пред народот? |
|||
Homo homini lupus est...
|
|||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Јас колку разбрав (од прочитаното а и од насловот) темата не е за преговорите околу името туку за ЗЛОУПОТРЕБАТА на документи од државна важност од страна на поранешните/сегашните функционери т.е. правење приватни архиви за лични цели и ПРАВОТО јавноста да биде целосно информирана за важни политички прашања. Колку нам да ни изгледа смешно- уште еднаш излезе на површина една фалинка во нашето државно раководење-СЛАБА ДРЖАВНА администрација. Токму ова (а и мавтањето со документи од некои функционери претходно) покажа дека кај нас има/нема администрација од која ќе се плашат нашите политичари, напротив администрацијата се плаши, им се поклонува да земја на политичарите. И порано зборувавме, а и странците од кои ни зависи влезот во ЕУ и НАТО најголемите замерки ги имаат на партизираната администрација. Дури сега нашето обвинителство се “засекира“ да види кој и зошто си земал “документи“ односно дали некој воопшто знае какви се документи фалат, кој ги земал, за што ги земал, требало/смеело ли да ги земе??????? Истрага за „тајниот документ“ за иметоИнтересен е написот во Дневник и многу убаво објаснето како и зошто се прават приватните архивиПаднаа првите казни за злоупотреба на државни тајни за името Страшното е што ваквава нахалност изгледа и не е од сега, ама за порано учевме дека поробителите си земале што им треба (разноразни артефакти) или уништувале разноразни документи од кои многу работи можело да се докажат. Прашањето е зошто и сега кога имаме самостојна джава, своја администрација се продолжува со ваква пракса на деархивирање на документите (внимателно го читав делот за одлив на документи во странство) и што смее/што не смее да се земе-украде? |
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Верувам дека за отварање на оваа тема те поттикна настапот на Бранко Црвенковски на Канал 5. Можби не си забележал, но ние веќе говоревме за тоа на темата ПРЕГОВОРИ ЗА ИМЕТО. Таму го изнесов мојот поглед на работава и бидејќи бараш наше мислење верувам дека таму дадов одговори на скоро сите твои прашања:
Како што може да се види од акциите кои излагаат од СДСМ лесно се преопознава дека сета работа било само предигра за пролетните и летните активности на ова партија и во суштина Бранковиот настап на телевизијата не е ништо друго туку јавно десеминирање на полувистини и дезинформирмации за тема стара 7 години која до бесвест беше анализирана и разјаснувана. Инаку, би сакал да додадам уште еден одговор во врска со твојата паралела направена од активноста на Асанж (за која повеќе дискутираме на друго место)... ... Оноа што го направи Асанж не е некаква автоматска дозвола за отркивање државни тајни, ниту анулирање на криминалната активност наречена "откривање државна тајна". Тука Законот е јасен и секакви интелектуализирања се правење дупка во вода. Тоа важи и за пратениците во парламентот кои не сe ништо друго туку претставници на народот за кои важат иститие закони како и за секој граѓанин на оваа држава. На крајот би завршил со цитат на којсумјас кој во моментов ја дава вистинската слика за матењево на водата:
|
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
ABC
Сениор Регистриран: 12.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 371 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Абе смешки, името на една држава да биде државна тајна, тогаш зошто би ни било име, или да си го криеме за да не го “почудат“?
|
|||
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Кога прво би се дефинирало што е тоа државна тајна...
ондак би можеле да дискутираме... инаку тоа пемпелето со кое мафта чичко Црвенковски... не гледам што работа ќе заврши на било кого... у однос на разрешување на спорот за името со Данајците... и то е очигледно за внатрешна употреба... а јадниве од СДСМ ниту знаат како... ниту знаат што... да направат за да се вратат на власт... затоа... не е баш дека ми се коментираат јалови приказни од овој тип... па овие бре од иста чинија пијат мукеница... и око не им трепнува... |
|||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Оооооо убава тема од другарчево кое те го има , те го нема, ама кога доаѓа е агилен
Инаку околу нашава политичка катадневница ( бев отсутна односно на работа по она максимата на владата 24/7 па не можев да читам ништо, ама ништо. Кога синоќа онака дремлива отворив на моите омилени места има што да видам-Бреееее па во Македонија настаните се менуваат со брзина на светлината, ако малку си зафатен-отиде-од минута во минута нештата стануваат “стара вест“. Е сега околу ова, читав, читав и не разбрав зошто бараат кривична одговорност за некогашниот претседател на државата? Да си беа другите “поштени“, да чуваа државни тајни, да се однесуваа соодветно по етиката за политичар, тогаш ќе моравме овој “еретик“ да го палиме на лоштадот. Арно ама, досега слушнавме, прочитавме милион работи кои не се за ушите на обичниот смртник (иако се согласувам со другарчето ми за она -Зошто да се крие, та нели тоа беше својствено за црвената буржоазија-та нели сме демократија?) Впрочем-Што е држава тајна? И што има тука тајно? Дава информации за распоред на војската на границата, за распоредот на тајната полиција Човеков- лидер на опозициска партија (кој за мене е одамна со “свилен гајтан“ на вратот-кога дозволи во Охрид еден штрајкувач со глад да умре оти не му обрати внимание-а требаше и за мене стана политички мртовец оти “згазна’ на најрадикалната форма на штрајк, но нејсе, ако другите не мислат така и сакаат тој да е нивни лидер-ок-почитувам туѓи желби и вкусови, ИМА право да се брани и да понуди докази дека и не е се така како се зборува. Кога јас тука јадев палачинки оти Латас и некои негови компањони го вратија СДСМето од клиничка смрт, никој не ме слушаше. Што мајка бараа да „повикуваат духови„, арно си добија политички нокаут. Арно ама, голема сурија од сегашниве владеачки аздисаа (Ко оној кој кажал-На власт сме ќе трошиме, абе ко да троши на татко му азното) и станаа копија на оние кои 2008 ги казнивме. Многумина мавтаа со тајни документи ко да им беа љубовните пораки на комшиките кон швалерите, арно ама кога почнаа овие од клиничкана смрт да се бранат ги доболе оти вистината излезе на виделина. И сега не зборуваме за работана која излезе лага, не зборуваме за тоа оти ги засакавме оти сметавме дека не не лажат и дека не се разликуваат од другите , (ова бре ко она-Утепај го курирот). Сегашниве властодршци цела своја платворма ја изградија на темелот на патриотизмот и непоколебливоста на заштита на името и идентитетот. Колку јас успеав да разберам, ние и немавме некој проблем со горенабројаното до периодот за кој зборува лидерот на опозицијата (леле јас ко она водителката на Евровизија-име не спомнувам на оние кои ги пизмам). Имам дилема- ваквиве потези биле со цел САМО да се убеди народот дека имаме мака со јужните соседи или да се остане подолго на власт? И да не должам-Да ! лидерот на опозицијата има право да се одбрани со докази кој си ги зачувал бидејки како што сме си без политичка култура, етика и морал и како се ни е паризирано, „доказите„ може и да бидат уништени без да се рамисли дека ги има и кај Нимиц. И како дополнување на прашањето- Може ли нешто да е државна тајна ако копија од документот има и кај некој друг, надвор од земјата ни наша? Државна ли тајна е кога има копија и кај Метју Нимиц? Ова сериозно го прашувам иииии пак имам дилема- може ли опозицијата како доказ да побара копија од белосветските? Абе со деца краставици не се сади, само што и едните и другите заборавија дека не се веке деца и дека пораснаа од кога се појавија на политичката сцена до сега. Та заедно растевме, ама ние со пинџур а тие со кавијар. За жал. Иииии ние си плаќавме со наши пари, тие со пари од државната каса. |
|||
Buggyman
Сениор Регистриран: 26.Јуни.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1308 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/crvenkovski-ich-oko-ne-mi-trepnuva
Дали изнесените државни тајни треба да бидат претставени пред јавноста? Дали и понатаму ке се кријат одлуки пред народот а да не бидат осудени тие кој ја кројат политиката зад грбот на народот а да се судат луѓе кој изнеле државна тајна пред народот? Јустинијана има меч со две оштрици, дај ние да пресечеме кој е во право? Мое мислење, Ако кон Асанж гледаме со симпатии бидејки се разоткрива подмолната Американска политика кон светот, зошто би бил криминален чин разоткривање на некоја државна тајна во Македонија? Кога ги избираме пратениците, не велиме кријте од нас и правете што сакате, напротив, народот треба да знае што се случува. Поради лични партиски интереси (исто и Бране го прави тоа) некој се осмелува да си игра со народот. Секој политичар пред се е граѓанин на Р.М. а функцијата му дава некој бенефит но НЕМА НИКАКВО ПРАВО да прикрива од гражаните кава судбина им се крои. Ваше мислење!! |
|||
Homo homini lupus est...
|
|||
Внеси реплика | страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |