|
Практичната настава за студентите задолжителна |
Внеси реплика | страница <12 |
Автор | |
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еве, така било
Прво 30 дена практика, па упис на нова студиска годинаЗа секојдневните активности студентите ќе водат дневник. Во него ќе запишуваат што научиле при практичната настава во некоја од компаниите или установите. |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Идејата е за поздравување.Недостатоците ќе се надминуваат во од.
Факт е дека нашите студенти учат само теорија. Последиците од тоа се гледаат првиот ден на работа. Не знаат едно документче како се евидентира,каде се наоѓаат установте со кои им е поврзана дејноста-едноставно не знаат ништо. Околу непознавањето на законите на студентите од пониските години. Па ..да земам пр. адвокатството не е само законите- нив ке ги прочиташ. Ние имаме почетници кои незнаат заглавие на документ да напишат а камоли да толкуваат закони. -Неодамна имав прилика да бидам сведок на стажант (приправник) кај адвокат- не знаеше каде се наожа УЈП, градско собрание, завод за вработување, катастар.... а сегде таму треба да носи или вади документи Лично сметам дека треба и дека МОРА да се свати ова малку посеризно- да не се дозволи да се сведе само на потпишано ливче за присутност-туку напротив студентот да вод еден вид дневник за дневните активности од праксата. |
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Практичната настава за студентите задолжителна
Студентите од оваа година покрај полагањето на задолжителните испити ќе мора 30 дена да посетуваат пракса за да поминат во следното универзитетско ниво. „Универзитетите веќе имаат одговор на тоа прашање, повеќето од нив имаат контактирано и постигнато договор со повеќе компании и со повеќе истакнати стручњаците од праксата. Не станува збор само за приватни компании, станува збор и за јавни установи, судови, нотари“, додаде Никола Тодоров. Извор: А1 -------------------------------------- Ова е одлична идеја, иако има недостатоци во замислата. Навистина е нејасно на каква пракса ќе одат студентите од прва година, кои сеуште се запознаваат со основите на материјата која ја совладуваат. На каква пракса ќе биде пратен студент на правен и економски факултет, кога сеуште не се сретнале со примена на законите и сите економски теории во конкретни случаи, а да не говорам дека и повеќе од половина од нештата, потребни за работа во компанија или институција се учат понатаму. Истотака не е објаснето дали тоа важи за новите студенти, или и за апсолвентите. Дали некој знае нешто повеќе за ова и што мислите околку воведување вакво нешто? Изменето од Македон - 10.Септември.2010 во 01:27 |
|
Внеси реплика | страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |