Практичната настава за студентите задолжителна
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Образование
Опис на форумот: Улично, основно, средно, високо...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=23189
Датум на принтање: 08.Ноември.2024 во 23:36 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Практичната настава за студентите задолжителна
Постирано од: Македон
Наслов: Практичната настава за студентите задолжителна
Датум на внесување: 10.Септември.2010 во 01:05
Практичната настава за студентите задолжителна
Студентите од оваа година покрај полагањето на задолжителните испити ќе мора 30 дена да посетуваат пракса за да поминат во следното универзитетско ниво.
„Универзитетите веќе имаат одговор на тоа прашање, повеќето од нив имаат контактирано и постигнато договор со повеќе компании и со повеќе истакнати стручњаците од праксата. Не станува збор само за приватни компании, станува збор и за јавни установи, судови, нотари“, додаде Никола Тодоров.
Извор: http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=127222 - А1
--------------------------------------
Ова е одлична идеја, иако има недостатоци во замислата. Навистина е нејасно на каква пракса ќе одат студентите од прва година, кои сеуште се запознаваат со основите на материјата која ја совладуваат. На каква пракса ќе биде пратен студент на правен и економски факултет, кога сеуште не се сретнале со примена на законите и сите економски теории во конкретни случаи, а да не говорам дека и повеќе од половина од нештата, потребни за работа во компанија или институција се учат понатаму.
Истотака не е објаснето дали тоа важи за новите студенти, или и за апсолвентите.
Дали некој знае нешто повеќе за ова и што мислите околку воведување вакво нешто?
|
Коментари:
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 10.Септември.2010 во 06:41
Идејата е за поздравување.Недостатоците ќе се надминуваат во од. Факт е дека нашите студенти учат само теорија. Последиците од тоа се гледаат првиот ден на работа. Не знаат едно документче како се евидентира,каде се наоѓаат установте со кои им е поврзана дејноста-едноставно не знаат ништо. Околу непознавањето на законите на студентите од пониските години. Па ..да земам пр. адвокатството не е само законите- нив ке ги прочиташ. Ние имаме почетници кои незнаат заглавие на документ да напишат а камоли да толкуваат закони. -Неодамна имав прилика да бидам сведок на стажант (приправник) кај адвокат- не знаеше каде се наожа УЈП, градско собрание, завод за вработување, катастар.... а сегде таму треба да носи или вади документи Лично сметам дека треба и дека МОРА да се свати ова малку посеризно- да не се дозволи да се сведе само на потпишано ливче за присутност-туку напротив студентот да вод еден вид дневник за дневните активности од праксата.
-------------
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 10.Септември.2010 во 13:47
Еве, така било
http://www.time.mk/read/f8bb0ded55/398f16a03e/index.html - Прво 30
дена практика, па упис на нова студиска година За секојдневните активности студентите ќе водат дневник. Во него ќе
запишуваат што научиле при практичната настава во некоја од компаниите
или установите.
-------------
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 10.Септември.2010 во 15:23
Ova se praktikuva od pamtivek vo dugite zemji.
Fala Bogu, na krajot pristigna i kaj nas.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 10.Септември.2010 во 16:16
Ние имавме 80 часа пракса (мислам 80 дека беа)
Добро е што на сите ќе им биде овозможено ова. Само да видиме како ќе функционира
------------- Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
Постирано од: Ninja 35
Датум на внесување: 10.Септември.2010 во 21:30
Кога студирав, имав пракса 2 месеци....можам да кажам дека за тие два месеци научив многу повеќе отколку за цела година студирање....
------------- Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 11.Септември.2010 во 00:59
mamamd напиша:
Еве, така било<h2 ="title"> http://www.time.mk/read/f8bb0ded55/398f16a03e/index.html - Прво 30
дена практика, па упис на нова студиска година </h2> За секојдневните активности студентите ќе водат дневник. Во него ќе
запишуваат што научиле при практичната настава во некоја од компаниите
или установите.
|
Несомнено дека ова е мошне потребно.
Сепак, не објаснија дали за сите ова ќе важи, или само за оние кои сега почнуваат со студии.
Истотака не кажаа дали е ова услов и апсолвентите, кои не треба да запишуваат наредна студиска година, туку се запишуваат на последипломски (мастер) студии.
-------------
|
Постирано од: Ninja 35
Датум на внесување: 11.Септември.2010 во 01:10
Го слушав размислувањето на Борче Давитковски, Декан на Правен...убаво би било за тоа да се добива и финансиска награда....
------------- Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
Постирано од: keravn
Датум на внесување: 11.Септември.2010 во 12:23
Иницијативата е за поздравување,практичната работа е од голема полза при вработување,но и со тоа се зголемува знаењето при областа која ја опфаќа праксата,како и се стекнува работна навика.
------------- “Laugh as much as you breathe and love as long as you live.”
|
Постирано од: vlad0
Датум на внесување: 11.Септември.2010 во 14:13
шо не ќе измислат ново.
да посетувам 30 часа пракса за да се запишам во друга година.
ај ионака имаме по пет часа пракса секој петок па од 6 петоци се праат 30 часа.
------------- Која е таа љубовна состојка која не држи поврзани за оние кои ги сакаме и покрај тоа што ни нанесуваат многу голема болка?!
|
Постирано од: sanja-a
Датум на внесување: 11.Септември.2010 во 19:52
колку што јас разбрав праксата нема да биде сите 30 дена тука еден час неделно и ако е така мене ми се чини премалку...
инаку време беше нешто вакво да се реализира...
------------- Обожавам луѓе кои ме смеат. Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу. Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот. Одри Хепберн
|
Постирано од: aco_t
Датум на внесување: 12.Септември.2010 во 18:57
Праксата е прекрасна работа....мене не ми беше задолжителна, ама бев еден месец во банка...запознав прекрасни луѓе,се запознав со работата внатре во банката, нешто што одамна сакав да го знам, дури добив и финансиска награда само напред, мислам дека идејава е супер !
|
Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 12.Септември.2010 во 19:43
sanja-a напиша:
колку што јас разбрав праксата нема да биде сите 30 дена тука еден час неделно и ако е така мене ми се чини премалку...
инаку време беше нешто вакво да се реализира... |
Срцка не верувам дека ќе биде само по еден саат неделно. Нема шанси тоа.
И онака велат:
Министерот за образование денеска објави два нови правилници според кои студентите на јавните и приватните универзитети најмалку 1, а не повеќе од 8 часа во денот ќе ги поминуваат во институциите и компаниите за да се стекнат со практични знаења.
Значи најмалку еден час дневно..но тешко дека кога веќе одиш на пракса ќе ти дадат да седиш само по еден час
------------- Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 13.Септември.2010 во 18:45
sanja-a напиша:
колку што јас разбрав праксата нема да биде сите 30 дена тука еден час неделно и ако е така мене ми се чини премалку...
инаку време беше нешто вакво да се реализира... |
Не знам дали ќе има фиксно време за пракса, бидејќи праската ќе се остварувала очигледно на различни начини, не само како работа во компаниите, бидејќи, сепак, некои професии имаат потреба од пракса во државни институции и судови.
-------------
|
Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 13.Септември.2010 во 19:25
Тоа треба да се одреди според струката, некаде доволно е 15 дена, некаде е подобро 30 и не мора секоја година, а некаде можеби е најдобро пред дипломирање да се појде неколку месеци.
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 19.Септември.2010 во 07:59
Majkl напиша:
Тоа треба да се одреди според струката, некаде доволно е 15 дена, некаде е подобро 30 и не мора секоја година, а некаде можеби е најдобро пред дипломирање да се појде неколку месеци. |
Па не би се согласила дека е доволно 15 дена. Според мене, студентот треба да се распореди каде ќе обави пракса, а во фирмата каде ќе го прави тоа да му се одреди ментор кој ќе за својата едукативна дејност ќе си биде платен, но и ќе сноси одговорност колку практикантот научил. Мислам дека ние имаме еден друг многу поголем проблем- Наставните планови и програми. Пренатрупани со општо образовни предмети, а малку со практика. На педагошките факултети повеќе учат што рекол Коменски, Пијаже и незнам кој отколку да видат и осетат како е да работиш со деца. Според мене студентот треба “да осети, да навикне“ на 1000 зошто , да навикне дека на секое раче треба да му покаже како се пишува буква, број, дека час не се држи седнат на столот зад катедра.
-------------
|
Постирано од: sanja-a
Датум на внесување: 11.Февруари.2012 во 16:53
ништо од праксата наша... затоа сега сама си барам место за волонтирање
човек да влезе да работи негде нема поим ни од апарати ни ништо...
------------- Обожавам луѓе кои ме смеат. Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу. Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот. Одри Хепберн
|
|