IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - УДБАШКА РЕПУБЛИКА
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

УДБАШКА РЕПУБЛИКА

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака Обратен редослед
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2010 во 16:27
Ќе ви раскажам за еден недефиниран феномен кој не е повеќе меѓу живите. Информациите за него, се разбира оргинал, ги најдов (ќе погодите!) под черџето .Во 1957 год. во Брисел, Белгија, е формирано едно дружество по име „Тодор Александров“. На чело на истото застанува Алексо Стојменов од с. Вељуса, Струмичко. Да нема бунење и дилеми, тој е прв братучед на Борис Стојменов, оној де, поранешниот министер за финансии во владата на бугарскиот Македонец Љ. Георгиевски, подоцна коалиционен партнер на Бранкота, сега лидер на некое си таму едно од многуте ВМРО, сојузник на Грујо и сопственик на ТВ Канал 5. Во таа бриселска збирштина, според пристигнативе информации, влегувале: Методи Димов - Мечката од Битола (овој пак прв братучед на Томе Димов - Ачано, сопственикот на синџирот маркети во Битола, Шик), Васил Ролев од Берово, Бранко Смичков од Прилеп, Ристо Паргов од Битолско (кој сега се преставува како задграничен секретар на ДПМНЕ и сее магла меѓу младите лавови во Битола), Ѓорѓи Данев, Борис Михајлов, Марко Марков и Ристо Челебиев. Ова лепо друштво било испостава на агентурата на г-дин Ванчо Михајлов кој сé контрилираше од Рим.Кога во 1968 год. умира личниот секретар на Ванчо, преличниот Асен Аврамов, на сожаление од Брисел ќе му дојде Алексо Стојменов. Инаку, Алексо не е суден за ВМРО, туку за ванчомихајловизам во траење од 12 плус 8 години затвор во Идризово и Забела. До крајот на животот ќе му остане верен на Ванчота во ропагирањето на бугарштината те. дека историското ВМРО се формирало за обединување на сите Бугари. До смртта живеел во славното Ватерло и го водел ресторанот „Кошарата“.Е сега, по осамостојувањето на државава, Алексо ми ти дошол во стари крај и ми ти останал некој месец да скивни што се има во Републикава. Видел што видел, се вратил кај неговите сомисленици во Белгија и уште неодморен пратил писма за МПО во САД и Канада.Во нив, чудесии невидени! - напишал за состојбиве во нашава татковина. Господинов како душмански и натаму ги смета соседите на Република Македонија но за најзлокобен од всички врагови го смета МАКЕДОНИЗМОТ предводен од ВМРО-ДПМНЕ која била формирана од српската тајна служба за да бидат според него и волкот сит и овците на број. Натаму во Република Македонија народот живеел во страв и недоверба, УДБА била во функција на србокомунистите, насекаде виселе портрети од Тито, сите имиња на фирми колку што ги имало започнувале со префиксот југо: југонафта, југошпед, југотабак, југобанка, сите улици носат имиња на комунисти и Срби, сите киосци се полни со српски весници, а бугарски весници и литература се најстрого забранети.Алексо пишува дека низ македонските градови шетале кодошите на УДБА со пиштоли и го заплашувале мирното население. Натаму, за да не бидат сите Македонци заедно, се формирале фракции на ДПМНЕ, а една од нив била Движењето на ветераните во која членувале лица на кои мозоците им биле пореметени од тортурите на УДБА и тие преставувале најголемата опасност за бугарштината ширејќи некаква идеја за македонска нација (овој не да бега од ѓонија?)Фрла отровни стрели Стојменов врз се и сешто во Република Македонија, ништо не го бендисува, грака дека без Бугари нема Македонија, дека заменици за Чкартов и Ѓузелов не нашол освен един млад и свесен Бугарин по име Димитар Црномаров (е, ова не може да биде... Стојменов е неинформиран и забеган).Зборува Алексо дека ДБ (Драган Богдановски де) му прави опозиција на Љ. Георгиевски и формира задграничен комитет на ДПМНЕ во Берлин каде се делеле шефовски места и тоа: Мане Јаковлевски - претседател, возобновениот Ристо Паргов - секретар, Љубо Јовановски - началник на тајната полиција на ДПМНЕ и се со цел да се докаже србоманството на Љ. Георгиевски и Б. Змејковски кои според Алексо играле мрсна ролја во самата ДПМНЕ. За излез од ситуацијава Стојменов му предлага на раководството на МПО во САД и Канада исто како што Милан Паниќ за премиер бил поставен од српската емиграција и тие да го стореле истото, без никакви посредници. Демек, со платформата на изветреаниот А. Стојменов да се влезе во Република Македонија и да се работи со народот непосредно( кутри народ македонски, на што дереџе мислеле да го донесат непрокопсаниве). За таа цел планирале да одржат конгрес во веќе оформената држава Република Македонија и јасно да ја изнесат позицијата на нивната борба како национално определување на народот во земјата, политичката платформа, државното уредување и границите на земјата, социјалната стуктура, решението на етничките проблеми и односите со соседните држави. Тие требало да ја одредат физиономијата на РМ оти тоа им било должност, за тоа биле заколнати и тоа требало да го направат „веднага“.Блазе си им на умовите сперливи. Ништо не ме чуди што и денес постојат вакви недоквакани гилиптери.Можеби во право беше дедо ми кога велеше дека и народот крвта си ја менал. Изгледа бил во право... како се викаше она... македонско национално единство ли?

Изменето од mungos80 - 27.Август.2010 во 16:29
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.